боливија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 06:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png боливија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешната претседателка на Боливија обвинета за геноцид, се соочува со 30 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-pretsedatelka-na-bolivija-obvineta-za-genotsid-se-soochuva-so-30-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-pretsedatelka-na-bolivija-obvineta-za-genotsid-se-soochuva-so-30-godini-zatvor/#respond Tue, 24 Oct 2023 06:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=892371

Јавното обвинителство на Боливија бара 30-годишна затворска казна за поранешната претседателка Жанин Ањес на која и се суди за геноцид за смртта на демонстрантите по изборите во 2019 година, соопштија денеска боливиските власти. Повеќе од 30 луѓе, главно поддржувачи на поранешниот претседател Ево Моралес, беа убиени за време на немирите кон крајот на 2019 година по гласањето на кое Моралес беше избран, но подоцна поднесе оставка и ја напушти земјата поради обвинувања за изборна измама. Ањес потоа ја презеде власта и помина помалку од една година на таа позиција. Генералниот обвинител Хуан Ланчипа на прес-конференција рече дека специјалните воени сили употребиле „оружје со боева муниција против цивили“, што доведе до смрт и повреди на демонстрантите. - Овие настани се случија по планирани армиски и полициски операции, кои беа наредени од владата и спроведени преку воени и полициски команданти, рече Ланчипа. Обвиненија официјално се поднесени против Ањес и некои од нејзините поранешни колеги од владата, како и полициски и воени началници, додаде Ланчипа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-pretsedatelka-na-bolivija-obvineta-za-genotsid-se-soochuva-so-30-godini-zatvor/feed/ 0
Боливија заплени 9,2 тони листови кока од Перу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolivija-zapleni-9-2-toni-listovi-koka-od-peru/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolivija-zapleni-9-2-toni-listovi-koka-od-peru/#respond Tue, 23 May 2023 06:12:52 +0000 https://kurir.mk/?p=837725

Боливија заплени 9,2 тони листови кока од Перу, соопшти боливиското Министерство за внатрешни работи, истакнувајќи дека тоа е една од најголемите заплени до сега. При претрес на пат на Андите, полицијата пронашла вкупно 795 пакети во еден камион, соопшти министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите такви заплени. Операцијата се случила кон средината на минатата недела, но официјално беше потврдена синоќа. Дел Кастиљо рече дека листовите кока биле наменети за шверц на дрога и нелегална продажба на територијата на Боливија, преку која минува шверцерската рута од Перу до Бразил и други земји. Според податоците на перуанскиот национален совет за развој и живот без дроги, плантажите со кока во Перу во 2021 година опфаќале 80.381 хектари, а 10 отсто од нив се користат легално, за џвакање и чај. Според Обединетите нации, Перу е еден од главните производители на кока и кокаин, заедно со Колумбија и Боливија. ссм/ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolivija-zapleni-9-2-toni-listovi-koka-od-peru/feed/ 0
Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-150-000-hektari-shuma-unishteni-vo-pozari-vo-bolivija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-150-000-hektari-shuma-unishteni-vo-pozari-vo-bolivija/#respond Sun, 08 Aug 2021 09:13:41 +0000 https://kurir.mk/?p=547913

Речиси 150.000 хектари шума беа уништени во пожарите оваа година во Боливија, особено во областа близу границата со Бразил, соопштија тамошните власти. Изгореа точно 147.254 хектари, наведоа властите и додадаваат дека на некои места пламенот бил висок над пет метри со чад над 30 метри. Пријавени се повеќе од 800 пожари од почетокот на август, и околу 15.500 од почетокот на годината. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-150-000-hektari-shuma-unishteni-vo-pozari-vo-bolivija/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Страшна несреќа во Боливија, авион се урна врз семејна куќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-strashna-nesrekja-vo-bolivija-avion-se-urna-vrz-semejna-kukja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-strashna-nesrekja-vo-bolivija-avion-se-urna-vrz-semejna-kukja/#respond Thu, 25 Mar 2021 08:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=487438

Најмалку едно лице загина, а две се повредени откако авион на Военот воздухопловство на Боливија се урна врз станбен објект. Жртвите живееле во куќата, а двајцата пилот пред падот наводно успеале да се катапултираат и засега не е познато што се случило со нив. Видео снимки кои кружат на интернет покажуваат како луѓе се обидуваат да го изгаснат пожарот кој настанал од ударот. Неофицијално оштетени се пет домови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-strashna-nesrekja-vo-bolivija-avion-se-urna-vrz-semejna-kukja/feed/ 0
Авион во Боливија удри во станбена зграда – има мртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avion-vo-bolivija-udri-vo-stanbena-zgrada-ima-mrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avion-vo-bolivija-udri-vo-stanbena-zgrada-ima-mrtvi/#respond Wed, 24 Mar 2021 15:24:56 +0000 https://kurir.mk/?p=487206

Авион на боливиското воено воздухопловство денеска удри во станбена зграда, пренесуваат светските медиуми. Според „Спутник“, најмалку едно лице е убиено, а две се повредени. Жртвите живееле во таа куќа, а засега не е познато што се случило со пилотот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avion-vo-bolivija-udri-vo-stanbena-zgrada-ima-mrtvi/feed/ 0
Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес се врати во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-boliviski-pretsedatel-evo-morales-se-vrati-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-boliviski-pretsedatel-evo-morales-se-vrati-vo-zemjata/#respond Tue, 10 Nov 2020 08:29:55 +0000 https://kurir.mk/?p=427200

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, се врати во земјата од егзилот во Аргентина и веднаш тргна на тридневно патување од 1.000 километри до неговото упориште во централниот дел на земјата. -Дел од мојот живот остана во Аргентина, по 11 месеци прогонство, рече поранешниот претседател, кој пешки го мина делот од границата меѓу градот Ла Квика, на северот од Аргентина, до Вилазон, во јужниот дел на Боливија, јави Хина. Моралес во Аргентина беше придружуван од левоцентристичкиот претседател Алберто Фернандез, кој во неделата присуствуваше на церемонијата на давање заклетва на новиот претседател на социјалистичка Боливија, Луис Арце. Моралес му се заблагодари на аргентинскиот претседател за гостопримството, додавајќи дека „му го спаси животот“. По преминувањето на границата, Моралес беше пречекан од стотици приврзаници. Моралес се врати во Боливија откако неговата социјалистичка партија МАС се врати на власт, една година откако мораше да поднесе оставка и да ја напушти земјата поради насилните протести на опозицијата. Поранешниот боливиски претседател (2006-2019) прво неколку недели беше во бегство во Мексико, а потоа се засолни во Аргентина. Левичарскиот поранешен претседател, кој владееше со земјата 14 години, ја напушти Боливија во ноември 2019 година, откако се обиде да го освои четвртиот претседателски мандат на изборите, што беа обележани со обвинувања за измама. Неговото враќање ги зголеми тензиите во и онака напнатата политичка сцена во земјата, каде новиот Конгрес со социјалистичко мнозинство ја наметнува својата политичка агенда во услови на жестоки протести на опозицијата. Засега не се знае каква улога ќе има Моралес во политичкиот живот на Боливија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-boliviski-pretsedatel-evo-morales-se-vrati-vo-zemjata/feed/ 0
Обид за убиство на новиот претседател на Боливија: Му фрлиле динамит во седиштето на партијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obid-za-ubistvo-na-noviot-pretsedatel-na-bolivija-mu-frlile-dinamit-vo-sedishteto-na-partijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obid-za-ubistvo-na-noviot-pretsedatel-na-bolivija-mu-frlile-dinamit-vo-sedishteto-na-partijata/#respond Fri, 06 Nov 2020 17:23:38 +0000 https://kurir.mk/?p=425985

Динамитот бил фрлен во моментот додека во зградата се одржувал состанок. На седиштето на партијата на новиот претседател на Боливија, Луис Арсе, бил фрлен динамит во моментот кога внатре во тек бил состанок, но, за среќа, никој не бил повреден. Инцидентот се случил откако десничарските групи започнале штрајк поради резултатите од претседателските избори одржани на 18-ти октомври со цел парализирање на државата неколку дена пред инаугурацијата на Арсе. Портпаролот на Движењето за социјализам, Себастијан Мичел, по овој инцидент ги критикувал безбедносните служби затоа што не го штителе новоизбраниот претседател, пренесуваат светските медиуми. Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес на Твитер го осудил нападот и истакнал дека мали групи се обидуваат да креираат клима на збунетост и насилство, но дека нема да успеат во тоа. Арсе ги победил ривалите обезбедувајќи 55,1 процент од гласовите. Главен противник му бил Карлос Меса, кој добил 29 проценти од гласовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obid-za-ubistvo-na-noviot-pretsedatel-na-bolivija-mu-frlile-dinamit-vo-sedishteto-na-partijata/feed/ 0
Боливија го повлече налогот за апсење на Ево Моралес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolivija-go-povleche-nalogot-za-apsenje-na-evo-morales/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolivija-go-povleche-nalogot-za-apsenje-na-evo-morales/#respond Tue, 27 Oct 2020 06:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=420995

Правосудството на Боливија синоќа го повлече налогот за апсење на поранешниот претседател Ево Моралес, кој е во егзил во Аргентина. Таквата одлука е донесена една недела по победата на неговиот привразаник Луис Арсе на претседателските избори. – Неговите (на Моралес) права се прекшени, првенствено правото на одбрана бидејќи не беше уредно повикан на сослушување,изјави претседателот на судот во Ла Паз, Хорхе Квино. Главниот обвинител на Боливија на 6 јули побара покренување на кривична постапка против Моралес поради бунт и тероризам. Тогаш беше наложено притворање на Моралес. Поранешниот боливиски претседател на 10 ноември 2019 година под притисок на армијата и протестите на опозицијата беше принуден да даде оставка. Моралес беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolivija-go-povleche-nalogot-za-apsenje-na-evo-morales/feed/ 0
Кандидат на партијата на Моралес победи на претседателските избори во Боливија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kandidat-na-partijata-na-morales-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-bolivija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kandidat-na-partijata-na-morales-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-bolivija/#respond Tue, 20 Oct 2020 05:11:18 +0000 https://kurir.mk/?p=418325

Кандидатот на левичарската партија на поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес победи во првиот круг на вчерашните претседателски избори. Победата на кандидатот на Движењето Моралес за социјализам, Луис Арсе (57), значи ненадеен пресврт на Боливија од конзервативната политика на претходната привремена влада поддржана од САД. Привремената влада ја презеде власта во ноември минатата година откако Моралес (60), долгогодишен левичарски претседател, поднесе оставка и ја напушти земјата под притисок на демонстрантите и војската. Главниот ривал на Арсе на изборите, центристот Карлос Меса, го призна поразот на изборите, како и привремената претседателка на Боливија, Жанин Ањес, противничка на Моралес. Иако официјалните резултати не се објавени, две независни агенции, спонзорирани од Римокатоличката црква и граѓанскиот сектор, објавија дека Арсе освоил нешто повеќе од 50 проценти од гласовите и има предност од околу 20 проценти во однос на Меса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kandidat-na-partijata-na-morales-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-bolivija/feed/ 0
Социјалистот Луис Арче е најверојатен победник на изборите во Боливија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/socijalistot-luis-arche-e-najverojaten-pobednik-na-izborite-vo-bolivija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/socijalistot-luis-arche-e-najverojaten-pobednik-na-izborite-vo-bolivija/#respond Mon, 19 Oct 2020 06:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=417899

Социјалистичкиот кандидат, Луис Арче, најверојатно е победник на претседателските избори во Болиција без да има потреба од втор круг гласање, со што најверојатно на власт во земјата се враќа партијата на протераниот поранешен претседател Ево Моралес, јавуваат британските медиуми. Според податоците објавени од телевизијата Унител околу полноќ по локално време, Арче освоил 52,4 проценти од гласовите, што е за околу 20 проценти повеќе од кандидатот на центристичката партија, Карлос Месе, кој има 31,5 проценти од гласовите. Според официјалните податоци, преброени се само пет проценти од гласовите, а излезните анкети беа одложени за неколку часа по затворањето на избирачките места. Како што се наведува, за победата на кандидатот му се потребни 40 проценти од гласовите и 10 проценти предност пред противкандидатот. За резултатите од изборите од Аргентина се огласи и Ево Моралес, кој побегна од земјата откако беше симнат од власт, потенцирајќи дека според сите податоци води „Движењето кон социјализам“. Арче, кој беше министер за економија во владата на Моралес, по затворањето на избирачките места рече дека е сигурен во победата. -Ќе го продолжиме процесот на промени без омраза. Ќе ги научиме и надминеме грешките што ги направивме како „Движење кон социјализам“, рече Арче. Вршителот на должноста претседател на Боливија, Жанин Ањес призна дека Арче најверојатно е победник на изборите и му честиташе. -Сите мора да бидеме трпеливи и да ги сочекаме резултатите од изборите без прибегнување кон какво било насилство. Ве уверувам дека резултатите ќе бидат веродостојни, рече политичарката во видео порака. Политичкиот аналитичар Карлос Валверде изјави дека изборите се најважни од 1982 година. Право на глас на изборите имаа 7,3 милиони избирачи, кои избираа меѓу шест кандидати за претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/socijalistot-luis-arche-e-najverojaten-pobednik-na-izborite-vo-bolivija/feed/ 0