болни од коронавирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Jan 2023 10:06:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png болни од коронавирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пораст на бројот инфицирани во Шангај, лекар тврди дека 70 отсто од граѓаните имаат Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-brojot-inficirani-vo-shangaj-lekar-tvrdi-deka-70-otsto-od-gragjanite-imaat-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-brojot-inficirani-vo-shangaj-lekar-tvrdi-deka-70-otsto-od-gragjanite-imaat-kovid-19/#respond Tue, 03 Jan 2023 10:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=783434

Виш лекар во една од најдобрите болници во Шангај изјави дека 70 отсто од населението во метрополата е заразено со Ковид-19, објавуваат денеска кинески државни медиуми. Големиот број заразени доаѓа по минатомесечното олабавување на строгите ограничувања што кинеските власти ги воведоа за контрола на ширењето на заразата. Чен Ержен, потпретседател на болницата „Руиџин“ и член на градскиот Експертски советодавен комитет за Ковид, проценува дека во 25-милионскиот град со коронавирус се инфицирани повеќе од половината од популацијата. „Сега ширењето на епидемијата во Шангај е многу поинтензивно и опфаќа 70 отсто од населението, што е 20 до 30 пати повеќе отколку во април и мај“, изјави Чен за државните медиуми. Шангај од април беше во двомесечен карантин, период кога во градот имаше повеќе од 600 илјади заразени, од кои многумина префрлени во големи карантински центри. За другите поголеми градови како Пекинг, Тијанџин, Чонгкинг и Гуангжу, кинеските здравствени власти сугерираат дека бранот веќе го достигнал врвот, додека за Шангај предвидуваат тоа да се случи на почетокот на оваа година. Чен додаде дека во неговата болница имало 1.600 итни приеми на ден, двојно повеќе од бројот пред да бидат укинати ограничувањата, од кои 80 проценти биле пациенти со Ковид.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-brojot-inficirani-vo-shangaj-lekar-tvrdi-deka-70-otsto-od-gragjanite-imaat-kovid-19/feed/ 0
Салах донираше опрема за лекување на болни од Ковид-19 во родното египетско село https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/salah-donirashe-oprema-za-lekuvanje-na-bolni-od-kovid-19-vo-rodnoto-egipetsko-selo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/salah-donirashe-oprema-za-lekuvanje-na-bolni-od-kovid-19-vo-rodnoto-egipetsko-selo/#respond Tue, 12 Jan 2021 16:39:18 +0000 https://kurir.mk/?p=454456

Напаѓачот на англискиот фудбалски првак Ливерпул, Мохамед Салах донираше кислород и друга медицинска опрема во своето родно село во египетската област Гарбија, помагајќи му на локалното население во лекување на заболени од Ковид-19, во време кога државата се соочува со вториот бран на коронавирус. -Во хуманитарната организација „Мохамед Салах“ имаме 14 боци со кислород. Тука се за да им помогнат на луѓето од селото Нагриг и околните места. Располагаме, исто така, и со амбуланта што ја изгради Салах и функционира од мај минатата година, изјави раководителот на здружението Хасан Бакр. Салах, кој и самиот беше заразен со коронавирус во ноември минатата година, одржува тесни врски со родното Нагриг, мало и сиромашно село на околу 130 километри северно од Каиро. Египетскиот репрезентативец секоја година донира 64.000 долари на хуманитарното здружение кое го носи неговото име. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/salah-donirashe-oprema-za-lekuvanje-na-bolni-od-kovid-19-vo-rodnoto-egipetsko-selo/feed/ 0