болни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Nov 2022 15:49:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png болни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од болница пуштени 57 повредени по нападот во Истанбул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-bolnica-pushteni-57-povredeni-po-napadot-vo-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-bolnica-pushteni-57-povredeni-po-napadot-vo-istanbul/#respond Mon, 14 Nov 2022 15:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=760429

Од болница се пуштени 57 лица, кои беа повредени во вчерашниот терористички напад во Истанбул а лекувањето на 24 лица продолжува, јавува агенцијата Анадолија (AA). „Ослободени се 57 наши повредени кои беа згрижени во болницата поради експлозијата во улицата Истиклал. Од 24 пациенти, шестмина се на интензивна нега. Состојбата на двајца пациенти се уште е сериозна“, изјави гувернерот на Истанбул Али Јерликаја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-bolnica-pushteni-57-povredeni-po-napadot-vo-istanbul/feed/ 0
БОЛНИТЕ ДЕНЕС ТРЕБА ДА НАПРАВАТ ЕДНА РАБОТА – се слават браќата Козма и Дамјан https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bolnite-denes-treba-da-napravat-edna-rabota-se-slavat-brakjata-kozma-i-damjan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bolnite-denes-treba-da-napravat-edna-rabota-se-slavat-brakjata-kozma-i-damjan/#respond Thu, 14 Jul 2022 07:26:21 +0000 https://kurir.mk/?p=704868

Браќата Козма и Дамјан кои се нарекуваат господови лекари и Свети бесребреници имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар). Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година. Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат. Исто така на овој ден болните даваат завет на Светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето. Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите. На денешен ден, по народното верување не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bolnite-denes-treba-da-napravat-edna-rabota-se-slavat-brakjata-kozma-i-damjan/feed/ 0
Утре исто така е значаен празник: На овој ден болните треба да направат една работа за овие свети браќа! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-isto-taka-e-znachaen-praznik-na-ovoj-den-bolnite-treba-da-napravat-edna-rabota-za-ovie-sveti-brakja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-isto-taka-e-znachaen-praznik-na-ovoj-den-bolnite-treba-da-napravat-edna-rabota-za-ovie-sveti-brakja/#respond Wed, 13 Jul 2022 13:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=704539

Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар). Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година. Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат. Исто така на овој ден болните даваат завет на Светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето. Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите. На денешен ден, по народното верување не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-isto-taka-e-znachaen-praznik-na-ovoj-den-bolnite-treba-da-napravat-edna-rabota-za-ovie-sveti-brakja/feed/ 0
Утре ќе гласаат болните, немоќните, затворениците и лицата заразени со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-kje-glasaat-bolnite-nemokjnite-zatvorenicite-i-licata-zarazeni-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-kje-glasaat-bolnite-nemokjnite-zatvorenicite-i-licata-zarazeni-so-koronavirus/#respond Fri, 29 Oct 2021 21:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=588006

Гласањето почнува во сабота кога се изјаснуваат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците и притворениците. Според податоците на ДИК ќе гласаат 1.409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови и шест внатрешно раселени лица. Од ДИК информираат дека во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари. Во недела нема да се гласа за градоначалник во Маврово- Ростуше и Центар Жупа. Во овие две општини ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-kje-glasaat-bolnite-nemokjnite-zatvorenicite-i-licata-zarazeni-so-koronavirus/feed/ 0
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, вкупно од коронавирус се лекуваaт 473 лица https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-kovid-centrite-vo-skopje-za-24-chasa-se-hospitalizirani-24-pacienti-vkupno-od-koronavirus-se-lekuvaat-473-lica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-kovid-centrite-vo-skopje-za-24-chasa-se-hospitalizirani-24-pacienti-vkupno-od-koronavirus-se-lekuvaat-473-lica/#respond Sat, 01 May 2021 08:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=504227

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, ниту на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 195 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 113 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 19 болни. Вкупно 473 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 280 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-kovid-centrite-vo-skopje-za-24-chasa-se-hospitalizirani-24-pacienti-vkupno-od-koronavirus-se-lekuvaat-473-lica/feed/ 0
Корона вирусот предизвика „катастрофа“ врз лекувањето на болните од канцер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/korona-virusot-predizvika-katastrofa-vrz-lekuvanjeto-na-bolnite-od-kancer/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/korona-virusot-predizvika-katastrofa-vrz-lekuvanjeto-na-bolnite-od-kancer/#respond Thu, 04 Feb 2021 12:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=464149

Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз лекувањето на рак е „катастрофално“, соопшти Светската здравствена организација за Европа.Тие нагласија дека има нарушувања во услугите за онкологија во една третина од европската зона. – Влијанието на пандемијата врз третманот на карциномот во регионот не може да се нарече поинаку од катастрофа, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, по повод Светскиот ден на борбата против ракот. Меѓу 53-те земји опфатени со СЗО за Европа, која вклучува неколку земји од Централна Азија, една од три земји има делумно или целосно суспендирани услуги за пациенти со карцином поради мобилизација против панемија на коронавирус или ограничувања на патувањето. – Исто така, имаше недостиг на лекови против рак во некои земји и многумина имаат значително намалување на новодијагностицираните случаи на рак, дури и во најбогатите земји, наведе Клуге во изјавата, истакнувајќи дека има натамошно влошување на нееднаквоста поради економската криза. Во Холандија и Белгија, при првото затворање во пролетта 2020 година, бројот на нови случаи на рак се намали за 30 до 40 проценти, во Киргистан за 90 проценти во април минатата година, изјави претставникот на ОН. Според СЗО, во Велика Британија, одложувањата во дијагностицирањето и лекувањето може да ја зголемат смртноста од рак на дебелото црево за 15 проценти и смртноста од рак на дојка за девет проценти во следните пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/korona-virusot-predizvika-katastrofa-vrz-lekuvanjeto-na-bolnite-od-kancer/feed/ 0
Мета: Болните од Ковид-19 не смеат да чекаат во амбулантни возила до ослободување кревет, Владата да не штеди https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bolnite-od-kovid-19-ne-smeat-da-chekaat-vo-ambulantni-vozila-do-osloboduvanje-krevet-vladata-da-ne-shtedi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bolnite-od-kovid-19-ne-smeat-da-chekaat-vo-ambulantni-vozila-do-osloboduvanje-krevet-vladata-da-ne-shtedi/#respond Mon, 07 Dec 2020 10:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=439883

По влошената епидемолошка состојба со Ковид-19, посебно потребата од болнички капацитети, албанскиот претседател Илир Мета побара од Владата да не штеди за „граѓаните да не остануваат пред болниците во амбулантни возила до ослободување легло“. Мета искажа длабока загриженост за влошената состојба, зголемениот број починати, заразени и се поголемот број лица на кои им е потребно болничко лекување и порача дека тоа треба да биде главен приоритет. Според него, потребна е силна организација, која дава итни одговори на многуте и често болни проблеми на граѓаните поврзани со Ковид-19. -Зголемувањето на случаите на граѓаните погодени од Ковид-19 кои се во сериозна состојба, кои доаѓаат во болниците во Тирана и се принудени да чекаат долго во амбулантни возила, бара итни мерки, за оваа ситуација да не се повтори, наведува Мета. Додава дека секоја поплака на граѓаните треба да се третира со максимална одговорност и итност, бидејќи секое одложување е опасно по живот и тоа е неприфатливо. -Владата мора да даде се од себе во оваа борба против пандемијата, не штедејќи на потребното финансирање и организираната мобилизација на сите ресурси за справување со неа. Ковид-19 е опасен непријател и треба да се третира како таков, со цел да се заштитат здравјето и животот на секој граѓанин, порачува Мета. Од друга страна медиумите пренесуваат снимки и информации дека пред болниците има амбулантни возила со болни во тешка здравствена состојба кои остануваат долго на болничкиот паркинг додека се ослободи болнички кревет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bolnite-od-kovid-19-ne-smeat-da-chekaat-vo-ambulantni-vozila-do-osloboduvanje-krevet-vladata-da-ne-shtedi/feed/ 0
Што мразат најмногу хороскопските знаци додека се болни? https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/shto-mrazat-najmnogu-horoskopskite-znaci-dodeka-se-bolni-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/shto-mrazat-najmnogu-horoskopskite-znaci-dodeka-se-bolni-2/#respond Sun, 08 Nov 2020 13:53:14 +0000 https://kurir.mk/?p=426440

Со доаѓањето на есента почнува и сезоната на настинки, па често се случува да имате симптоми и да треба да останете дома. Прочитајте што го нервира секој хороскопски знак додека е болен. Овен Мразите да бидете непродуктивни. Ве нервира тоа што знаете дека можете да правите други работи, но сте премногу уморни за да ги остварите. Бик Ве нервира тоа што не можете да го бакнете вашиот партнер. Мразите да држите дистанцата за да избегнете да го заразите партнерот. Близнаци Мразите што физички не можете да ги правите работите за кои сте ментално заинтересирани да ги правите. Мразите што се чувствувате беспомошно. Рак Мразите да се потпирате на другите за да ви помогнат. Мразите да ги принудувате да одат во продавница за вас, да ви готват и да ви носат лекови. Лав Ве нервира што вие сте дома додека сите други се забавуваат. Се чувствувате како да пропуштате нешто возбудливо. Девица Мразите да бидете мрзеливи. Знаете дека го слушате вашето тело и ја правите вистинската работа, но сепак чувствувате вина затоа што не правите ништо. Вага Мразите да се гледате во огледало затоа што изгледате и се чувствувате лошо. Скорпија Мразите да се прашувате дали вашиот шеф ќе биде лут затоа што не сте на работа. Мразите да се чувствувате како да не ги исполнувате очекувањата. Стрелец Го мразите начинот на кој другите луѓе ве гледаат кога сте болни, како вие да сте виновни. Јарец Мразите да отсуствувате од работа или од часови. Не сакате да заостанувате. Водолија Мразите што не уживате во слободното време затоа што се чувствувате лошо и не можете да го искористите како што сакате. Риби Мразите да спиете со часови. Ве нервира тоа што залудно ги трошите убавите денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/shto-mrazat-najmnogu-horoskopskite-znaci-dodeka-se-bolni-2/feed/ 0
Болните од КОВИД-19 ќе се примаат во модуларната болница, на Инфективна нема место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnite-od-kovid-19-kje-se-primaat-vo-modularnata-bolnica-na-infektivna-nema-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnite-od-kovid-19-kje-se-primaat-vo-modularnata-bolnica-na-infektivna-nema-mesto/#respond Sun, 11 Oct 2020 13:53:27 +0000 https://kurir.mk/?p=415104

Капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера за хоспитализација и третман на пациенти со КОВИД-19 е целосно подготвена модуларната болница, со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда. Министерството за здравство соопшти дека активно се работи на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации на пациенти со КОВИД-19. Тоа во изјава го потврди и министерот Венко Филипче кој соопшти дека од денеска во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар – доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8 Септември“. Појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да не трпат останатите одделенија и здравствени работници. Здравствениот систем е подготвен, но од Министерството за здравство апелираат до граѓаните на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnite-od-kovid-19-kje-se-primaat-vo-modularnata-bolnica-na-infektivna-nema-mesto/feed/ 0
„Борка“ дел од „Race for the cure“, со дигитално учество може да им се помогне на болните од рак на дојка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borka-del-od-race-for-the-cure-so-digitalno-uchestvo-moze-da-im-se-pomogne-na-bolnite-od-rak-na-dojka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borka-del-od-race-for-the-cure-so-digitalno-uchestvo-moze-da-im-se-pomogne-na-bolnite-od-rak-na-dojka/#respond Fri, 04 Sep 2020 12:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=399226

Здружението „Борка – За секој нов ден“ е дел од најголемата хуманитарна трка/прошетка во Европа „Race for the cure“. Овој спортски и хуманитарен настан што ги обединува луѓето погодени од рак на дојка и нивните семејства и пријатели ќе се одвива на 25, 26 и 27 септември преку глобална дигитална платформа преведена на 24 светски јазици на која луѓето ширум Европа се поврзуваат преку онлајн регистрација за прошетка или трка во нивниот град, населба, локална заедница, беше истакнато на денешната прес-конференција на Здружението. Со учество во дигиталната „Race for the cure“ граѓаните им помагаат на луѓето кои страдаат од рак на дојка со собирање на потребните средства и подигање на јавната свест за оваа болест. Преку донации или плаќање на симболична сума за регистација од 300 денари на платформата www.raceforthecure.eu, станувате дел од дигиталната заедница, ја подигнувате свеста за ракот на дојка и придонесувате за различни форми на помош за болните од рак на дојка. Собраните средства се исклучително важни, бидејќи годишно во Европа се дијагностицираат 500.000 нови случаи на рак на дојка, а за жал 130.000 луѓе го губат животот, информираат од Здружението. Поради епидемиолошката состојба, како што посочуваат годинава нема да можат да направат класична трка, но извесно е дека ќе ја продолжат традицијата и нивната добро позната Розова прошетка, што ќе ја реализираат по 12-ти пат. Годинава под името „Race for the cure” Розовата прошетка ќе се одвива во 14 градови во Македонија, а истовремено ќе може да се следи и онлајн на социјалните мрежи. – Во сите градови каде што имаме наши координатори ќе направиме прошетки и ќе го одбележиме овој настан. Среќни сме што наидовме на огромна поддршка од градоначалниците и сите со кои имавме средби безрезервно ќе ни се приклучат. Веќе имавме среби со градоначалниците на Ресен, Охрид, Битола и Прилеп, а во деновите што следат листата на градови значително ќе се зголеми, вели Биба Додева, претседател на „Борка“. Сè што треба граѓаните да направат е да се регистрираат на пратформата, да направат тим и да се подготват за три километри прошетка или пет километри трка. Може да бидат каде сакаат, почитувајќи ги здравствените препораки од Министерството за здравство. Може да пешачат или трчаат во нивното соседство, град или село, дури и да трчааат во затворено на трака за трчање, орбитрек, статичен велосипед или во теретана и да се поврзат со илјадници луѓе низ цела. Прирегистрацијата може да се избере личност или мотив за учеството, да се посвети персонализирана порака, да се прикачи фотографија или видео за поддршка на одредена личност или организација. Под мотото – „Да останеме безбедни, да останеме поврзани“, а со споделувањето на социјалните мрежи сите придонесуваме за подигнување на јавната свест за оваа болест, потенцираат од Здружението. – Ковид пандемијата ги стави на чекање пациентите кои се борат со ракот. Затоа, повеќе од кога било им е потребна нашата поддршка. Статистиките велат дека на глобално ниво во 2018 година бројот на новодијагностицирани од карцином на дојка биле 2.088.849 нови случаи, додека бројот на смртност бил 626.679. Во Македонија се дијагностицираат три до четир случаи секој ден, вели Додева. Од Здружението ги повикуваат сите граѓани, активисти, волонтери, поддржувачи, медицински лица, пациенти и излекувани од оваа болест да ни се придружат и да пешачат или трчаат во чест на оние кои се борат, како и во чест на оние кои ја изгубиле битката со карциномот на дојка и прерано не напуштиле. „Борка“ е полноправен член на „Think Pink Europe“, европска Алијанса за борба против рак на дојка, а веќе 11 години секој октомври ја организира националната кампања за борба против ракот на дојка и манифестацијата „Напред розово”, која од годинава прераснува во „Race for the cure“, информираат од Здружението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borka-del-od-race-for-the-cure-so-digitalno-uchestvo-moze-da-im-se-pomogne-na-bolnite-od-rak-na-dojka/feed/ 0