болница битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Apr 2023 14:33:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png болница битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утре вонреден инспекциски надзор во битолската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-bitolskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-bitolskata-bolnitsa/#respond Mon, 10 Apr 2023 14:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=822491

Министерот Фатмир Меџити по информацијата за починатото новороден денеска ја посети Клиничката болница Битола, за на лице место да увиди што се случило. Од Министерството за здравство информираат дека министерот се сретнал и со родилката и изрази длабоко сочувство. -Директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски изјави дека во текот на породување настапила брадикардија, која покрај срцево-белодробно оживување е констатирана смрт. Од директорот е даден налог за обдукција. По налог на министерот утре ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на текот на лекување на починатото новороденче, информираат од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-bitolskata-bolnitsa/feed/ 0
Ново видео од хоророт на Филипче наречен „се е под контрола“, со чадор се штитат од фекалии во битолската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-video-od-hororot-na-filipche-narechen-se-e-pod-kontrola-so-chador-se-shtitat-od-fekalii-vo-bitolskata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-video-od-hororot-na-filipche-narechen-se-e-pod-kontrola-so-chador-se-shtitat-od-fekalii-vo-bitolskata-bolnica/#respond Wed, 25 Nov 2020 07:02:40 +0000 https://kurir.mk/?p=433965

Со закачен чадор, пациентите во битолската болница се штитат од фекалии додека се во тоалет. За лошите услови во Клиничката болница во Битола сведочи пациент, кој на социјалните мрежи објави видео на кое покажува во каква состојба е болница. Пациентот вели дека се работи за дел од болницата каде болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност. Додава дека во едниот тоалет пациентите сами поставиле нова светилка за да може да имаат светло. Јавноста вчера преку социјалните мрежи имаше можност да види уште една ситуација на „се е под контрола“ исто така од битолската болница, односно во дневната болница. Пациент објави фотографија на која јасно се гледа како додека примаат инфузија, до нив на креветите има починати пациенти чии тела се покриени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-video-od-hororot-na-filipche-narechen-se-e-pod-kontrola-so-chador-se-shtitat-od-fekalii-vo-bitolskata-bolnica/feed/ 0
Битолската болница на респиратор, заболен здравствен кадар, Филипче уверува ситуацијата е под контрола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitolskata-bolnica-na-respirator-zabolen-zdravstven-kadar-filipche-uveruva-situacijata-e-pod-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitolskata-bolnica-na-respirator-zabolen-zdravstven-kadar-filipche-uveruva-situacijata-e-pod-kontrola/#respond Fri, 13 Nov 2020 12:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=429043

Болницата во Битола на респиратор. Расте бројот на заразени лекари и медицински сестри во битолската болница. Ако кривата продолжи да расте, болницата ќе колабира, ќе нема кој да ги лечи заразените граѓани од КОВИД-19 предупредуваат лекарите. ИСТОШТЕН ЗДРАВСТВЕН ПЕРСОНАЛ Здравствениот персонал во оваа болница е преморен, истоштен и дезорганизиран. Началничката од интерно одделение не соопштува јавно колку има заразено од здравствениот персонал, колку се хоспитализирани, колку се во изолација и што ќе се преземе за да не колабрира болницата, бидејќи токму во таа болница се лечат луѓето и од околните градови. Здравствените работници од Битола велат дека им се потребни основни средства за работа бидејќи, без алат, нема занает. Таму се соочуваат со недостиг на основен материјал како што се маски, заштитна опрема, па дури и централен кислород. На пацинетит им треба кислород со боци. Но освен боци потребен е и кадар, бидејќи во моментов нема доволно здравствени лица кои ќе внимаваат дали има доволно кислород во боцата на пациентот. Ако нема доволно кадар може и пациентот да почине, пример за тоа е додека еден пружа помош на ургентен случај, тој од другата страна за кој мисли дека е стабилен, во меѓувреме помодрел и починал зошто му завршил кислородот во боцата. Друг проблем се смените кои се значително напорни, а во моментот многу малку луѓе има кои го носат товарот на болница, се жалат здравствените работници. Дополнително, со заразените медицински лица и лекари се намалува капацитетот на медицинскиот персонал кој е во првите редови во битката против корона вирусот. (НЕ)СТАБИЛНА СИТУАЦИЈА Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена за медиуми изјави дека состојбата со КОВИД-19 во државата е под контрола. -На интерните клиники има слободни кревети, пристап до кислород и сé што е потребно за лекување на пациентите. Огромен е притисокот во изминатите денови меѓутоа со ова дополнително обезбедување болнички капацитети, оспособување на интерните одделенија, подготовката на кадарот, системот на ротација, обезбедени се слободни капацитети. И за периодот којшто доаѓа имаме план за сместување на пациенти и на други интерни клиники и секако план за распоред на стручниот кадар, лекари интернисти и медицински сестри коишто ќе работат со ковид пациенти. Во овој момент сé уште нема потреба да се менува системот за закажување МојТермин меѓутоа, подготвени сме да ако дојде до тоа, практично, се намали редовниот програм во повеќе болнички установи, не само со цел да се обезбеди доволно сместувачки капацитети туку и кадарот да биде на располагање, изјави министерот Филипче. Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ критикуваат дека Владата и министерот не се справуваат добро со ситуацијата. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија од пред неколку дена посочи дека власта не знае да се справи со КОВИД-19. -Мене ме плаши состојбата која што се случува во здравството. Во Македонија денес има блокирани болници, немате место каде обичниот граѓанин да отиде и да направи тест за КОВИД-19. Граѓаните чекаат по седум – десет дена, некои не ни стигаат воопшто да се тестираат, слушаме и гледаме еден куп повици на социјалните мрежи за помош. До тој степен е отидено здравството во Македонија. За жал таква е реалноста моментално во државата. Тоа е жалното, истакна Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitolskata-bolnica-na-respirator-zabolen-zdravstven-kadar-filipche-uveruva-situacijata-e-pod-kontrola/feed/ 0
Кузмановска: Доста со реваншизам врз медицинскиот кадар во Болницата во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuzmanovska-dosta-so-revanshizam-vrz-medicinskiot-kadar-vo-bolnicata-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuzmanovska-dosta-so-revanshizam-vrz-medicinskiot-kadar-vo-bolnicata-vo-bitola/#respond Fri, 28 Jun 2019 13:37:58 +0000 https://kurir.mk/?p=213671

Доста е од реваншизми и партиски отпуштања во јавните здравствени установи. И премиерот тоа го вети, дека нема да има реваншизам. Но, наместо реализација на ветувањето има поплаки од вработени во Болницата во Битола. Има реваншизам во Болницата во Битола бидејќи дел од вработените, персоналот одржал прес конференција во која се вели дека не работат некои апарти како ангиографот, кабинетот за инсеминација е вон употреба и слично. Зошто реваншизам кај овие луѓе, праша пратеничката Лилјана Кузмановска на собраниската седница наменета за пратенички прашања. Таа посочи дека информацијата е од искусни и докажани доктори. -Информацијата е од доктори со околу 20 годишно работно искуство во медицината. Зошто вакво постапување, вака ли ќе ги задржувате лекарите, медицинскиот персонал? Не е проблем за смена на директори, но доста со вакви поспаки кај оваа фела, немојте со вакви постапки кај докторите. Таков притисок и омаловажување немало кај оваа фела, речи Кузмановска. Пратеничката укажа дека при претставувањето на новиот министер за локална самоуправа, Горан Милевски,  Заев укажа дека е договорено зголемување на ДДВ за општините од 4 на 10 проценти, зголемување на блок дотации. -Дали вие знаете дали се општините подготвени да ги земат овие дополнителни обврски, кога и  самите сте свесни дека не можат да направат репроценка на имот, а не собирање на данок на имот. Имам сомнеж дека оваа избрзана децентрализација е политички договор за да може на некои градоначалници да им се префрлат повеќе пари, односно на оние кои не си ја ни работат својата работа.  Дали имате и план локалната самоуправа да ја направите од едностенена во двостепена, за ова треба да бидат информирани граѓаните, праша Кузмановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuzmanovska-dosta-so-revanshizam-vrz-medicinskiot-kadar-vo-bolnicata-vo-bitola/feed/ 0