болница штип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jan 2022 12:39:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png болница штип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште три слободни кревети во штипската болница, повозрасната популација на удар од омикрон https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ushte-tri-slobodni-kreveti-vo-shtipskata-bolnica-povozrasnata-populacija-na-udar-od-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ushte-tri-slobodni-kreveti-vo-shtipskata-bolnica-povozrasnata-populacija-na-udar-od-omikron/#respond Fri, 28 Jan 2022 12:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=623927

Вирусот омикрон се шири меѓу поврасната популација во штипскиот регион, покажуваат последните анализи на Центарот за јавно здравје – Штип. Според директорката Марија Димитрова, деновиве меѓу заболените доминира популацијата над 55 години. -Околу Новогодишните празници со коронавирусот беше заразена пред помладата популација од 18 до 39 години, поради забавите и седенките во затворен простор. Деновиве имаме спорадични случаи на заразени. Последните извештаи покажуваат дека деновиве доминира популацијата над 55 години, вели Димитрова за МИА. Штипското Инфективно одделение на работ на исполнетост. Според денешниот здравствен билтен има само три слободни болнички кревети, а се пополнети вкупно 57. Вкупно 39 пациенти се на постојана кислородна поддршка. Во дневната амбуланта инфектолизите имале 50 прегледи на пациенти, а битката со вирусот ја има загубено штипјанец на возраст од 81 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ushte-tri-slobodni-kreveti-vo-shtipskata-bolnica-povozrasnata-populacija-na-udar-od-omikron/feed/ 0
Починаа тројца пациенти во штипскиот ковид центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochinaa-trojca-pacienti-vo-shtipskiot-kovid-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochinaa-trojca-pacienti-vo-shtipskiot-kovid-centar/#respond Thu, 02 Dec 2021 12:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=603057

Во штипскиот ковид центар починаа тројца пациенти, од кои двајца од Кочани на возраст од 55 и 82 години и еден штипјанец на возраст на 78 години. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен информира дека во Инфективното се лекуваат 39 пациенти. Но, загрижува тоа што 36 се на кислородна поддршка, а во текот наизминатите 24 часа примиле и шест нови пациенти. Пациентите кои се лекуваат во овој ковид центар доаѓаат во тешка здравствена состојба, затоа и инфектолозите постојано апелираат на имунизација на населението, но и веднаш да се јават кај матичниот лекар. Во моментов на Инфективното одделение има 21 слободен кревет, а на Кожното одделение немаат хоспитализирано пациенти со лесна клиничка слика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochinaa-trojca-pacienti-vo-shtipskiot-kovid-centar/feed/ 0
Мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mazi-na-vozrast-od-35-i-38-godini-pochinaa-vo-shtipskiot-kovid-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mazi-na-vozrast-od-35-i-38-godini-pochinaa-vo-shtipskiot-kovid-centar/#respond Mon, 08 Nov 2021 08:57:58 +0000 https://kurir.mk/?p=592494

Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен. Се очекува во текот на денот раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од 35 и 38 години. Штипскиот Ковид-центар веќе десетина дена континуирано се полни со пациенти од источниот регион. Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кисолородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти. Во штипскиот Ковид центар има шест слободни болнички кревети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mazi-na-vozrast-od-35-i-38-godini-pochinaa-vo-shtipskiot-kovid-centar/feed/ 0