болничарка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 11:29:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png болничарка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стабилна е состојбата на болничарката од Инфективна заболена од конго-кримска хеморагична треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stabilna-e-sostojbata-na-bolnicharkata-od-infektivna-zabolena-od-kongo-krimska-hemoragichna-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stabilna-e-sostojbata-na-bolnicharkata-od-infektivna-zabolena-od-kongo-krimska-hemoragichna-treska/#respond Tue, 08 Aug 2023 11:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=864621

Засега стабилна е состојбата на болничарката од Инфективната клиника која заболе од конго-кримска хеморагична треска, истакна денеска докторт Добринка Наунова Јовановска. Параметрите континуирано се следат за да не дојде до влошување на состојбата. Докторката истакна дека кај оваа болест многу е важна супортивната терапија со која се надогнадува се што организмот губи. -Таа е петти ден болна. Самата болест има своја еволуција, првите денови не се лоши, но подоцна може да се влоши состојбата. Затоа добро се следат сите параметри кај пациентката за да може да се интервенира. Сега нема крварења, појасни Наунова Јовановска. Таа посочи и како можеби болничарката дошла во контакт со заразениот материјал од пациентката која со оваа болест претходно беше хоспитализарана, и која за жал почина. -Шансите за зараза се многу мали, но пациентката имаше ненормално големи количини на секрет, крварења итн, тие се заразните содржините кои можеле да бидат пренесени. Болничарката била заштитена додека работела со пациентката, но потоа кога ги симнала ракавиците, маската можно е да прсне нешто во слузницата или очите. Се е можно кога постои толку голема количина на заразен материјал и затоа треба многу да се внимава, појасни Наунова Јовановска. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Рената Младеновска, истакна дека 40 лица се под здравствена надзор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stabilna-e-sostojbata-na-bolnicharkata-od-infektivna-zabolena-od-kongo-krimska-hemoragichna-treska/feed/ 0
Болничарка од скопската градска болница суспендирана поради “селфи“ со човек пред умирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicharka-od-skopskata-gradska-bolnica-suspendirana-poradi-selfi-so-chovek-pred-umiranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicharka-od-skopskata-gradska-bolnica-suspendirana-poradi-selfi-so-chovek-pred-umiranje/#respond Tue, 03 Jul 2018 19:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=72675

Болничарката која речиси пред една година се сликаше селфи со пациент пред умирање е суспендирана од своето работно место на Одделението за Неврологија во Градската болница „8 Септември“, потврди за „Фокус“ директорот на болницата Христијан Костов. -Болничарката е суспендирана од работа и сега треба да одлучиме како ќе биде санкционирана. Во моментов е формирана петчлена комисија која утре треба да заседава и да донесе одлука. Уште еднаш ќе повторам дека такви работи не смеат да се случуваат во болниците. Тоа е страшно. Пациентот е починат веќе една година, истакна директорот Костов. Болничарката  се фотографирала селфи со пациент на невролошкото одделение. На една од фотографиите можеше да се забележи дека болничарката носи болничка маска, а во нејзина задина е пациентот кој лежи во лоша здравствена состојба, целиот со цевки и приклучен на апарати за дишење]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicharka-od-skopskata-gradska-bolnica-suspendirana-poradi-selfi-so-chovek-pred-umiranje/feed/ 0