болнички капацитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 May 2022 09:31:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png болнички капацитети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинеските власти подготвуваат нови болнички капацитети за пациенти со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vlasti-podgotvuvaat-novi-bolnichki-kapaciteti-za-pacienti-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vlasti-podgotvuvaat-novi-bolnichki-kapaciteti-za-pacienti-so-koronavirus/#respond Tue, 03 May 2022 09:31:19 +0000 https://kurir.mk/?p=671016

Кинеските власти подготвуваат болнички капацитети во Пекинг во случај на нов бран на епидемија на коронавирусот, иако бројот на новозаразени е сè уште низок. Државните медиуми денеска објавија дека болницата со 1.000 кревети во Сјаотангшан во североисточното предградие на Пекинг, која е изградена во 2003 година за лекување на лица заразени со САРС, била обновена во случај да се појави нов бран на инфекција на Ковид-19. Неофицијалните онлајн објави наведуваат дека илјадници кревети се подготвени во карантинскиот центар во близина на аеродромот, но државните медиуми не ја потврдија веста, веројатно во обид да не предизвикаат страв во јавноста. Во изминатите 24 часа во Пекинг се потврдени уште 62 новозаразени лица, од кои 11 не покажуваат симптоми на инфекција. Во текот на двонеделниот бран од избивањето на епидемијата во главниот град на Кина се евидентирани околу 450 нови случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vlasti-podgotvuvaat-novi-bolnichki-kapaciteti-za-pacienti-so-koronavirus/feed/ 0
ГОЛЕМ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ: Неврологија, Кожна клиника и ГОБ „8 Септември” повторно ковид центри, изолацијата скратена на седум дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-broj-zaboleni-nevrologija-kozna-klinika-i-gob-8-septemvri-povtorno-kovid-centri-izolacijata-skratena-na-sedum-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-broj-zaboleni-nevrologija-kozna-klinika-i-gob-8-septemvri-povtorno-kovid-centri-izolacijata-skratena-na-sedum-dena/#respond Thu, 27 Jan 2022 06:39:07 +0000 https://kurir.mk/?p=623386

Се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на пациентите хоспитализирани поради КОВИД-19 и се поголемиот број заразени со вирусот, кој во изминатите денови изнесува над 2000. Истовремено, со одлука на Владата, пак, од синоќа е намален периодот на изолација или карантин поради КОВИД-19 за асимптоматските случаи и за лицата кои биле во контакт со заразен. Клиниките за кожни болести и за неврологија наредните денови повторно треба да почнат да работат како ковид центри, а во ГОБ „8 Септември” да се отвори дополнителен ковид оддел, препорача Комисијата за заразни болести на вчерашната седница на која беше разгледувана најновата епидемиолошка состојба во државава. Истовремено, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација, да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на КОВИД пациентите. Во однос на медицинскиот персонал, јавните здравствени установи се известени и задолжени да назначат лица – среден медицински кадар за вклучување во работата на КИБФС (медицински сестри и болничари). Со одлука на Владата на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест, односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метра, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање), наведе владината прес-служба. За лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи, треба да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура. Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на КОВИД-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита. Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин, според владината одлука, има за оние лица кои исполнуваат еден од критериумите: вакцинирани со Ковид-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза да не поминале повеќе од шест месеци; прележани со Ковид-19, а позитивниот тест да не е постар од шест месеци; лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај. Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден. Од Министерството за здравство вчера информираа дека согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите хоспитализирани се вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата. Вчера од направени 6119 тестови беа регистрирани уште 2019 заразени, од кои 254 реинфекции, а бројот на активни КОВИД случаи во државава изнесува 21 883. Вчера беа пријавени и нови 19 починати поради компликации од вирусот, како и 973 оздравени пациенти. Од 254-те реинфекции две се втора реинфекции. Повеќе од половината од активните случаи во државава, 11 802, се во Скопје, по што следи Битола со 1691, Куманово, Кавадарци и Прилеп со по околу 700, Охрид 635, Тетово 548. Најмалку активни случаи, 16, има во Дојран. Бројот на новозаболени не стивнува и во Србија, каде вчера се евидентирани 19063 заразени лица, како и 37 починати, што претставува речиси ист рекорден број на заболени како и завчера кога беа евидентирани 19.901 случај. Во српските болниците се хоспитализирани 3 206 ковид пацинти од кои 138 се на респиратор. Епидемиологот Зоран Радовановиќ за Н1 изјави дека реалната бројка на новозаболени е многу поголема од бројките што ги најавуваат надлежните, како и дека големите редици пред ковид амбуалнтите и неколкучасовното чекање на пациентите покажуваат дека здравствениот систем е во „колапс”. Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 вчера беа регистрирани и во Романија, Хрватска, Словенија, Бугарија,… Романија постави апсолутен рекорд на нови случаи на Ковид-19 во претходните 24 часа, откако бројот на нови случаи достигна 34 255. И во Хрватска, неофицијално, во претходните 24 часа е забележан нов црн рекорд според бројот на заразени – вкупно 18 517 лица, а во Словенија се потврдени повеќе од 17 000 нови инфекции, што е најголем број заразени случаи во еден ден од почетокот на епидемијата. Медиумите пренесуваат загрижувачки податоци од болниците во Словенија во кои коронавирусот се проширил речиси во сите оддели, како и зголемен број на заразени меѓу медицинскиот персонал кој се повеќе останува во изолација или е инфициран. Бугарија и вчера пријави рекордни 12 399 новозаразени со коронавирус за еден ден, а повеќето случаи се предизвикани од позаразниот сој Омикрон, како и 73 смртни случаи. Неодамнешниот скок на бројот на деца со позитивен тест за коронавирус ги поттикна бугарските власти да размислат за продолжување на еднодневниот одмор на девет дена, почнувајќи од 29 јануари. Над 38 отсто од учениците се префрлија на онлајн настава, додека рестораните, кафулињата и баровите во Софија од денеска ќе треба да работат со 50 отсто капацитет и до 22 часот. Паралелно со објавите за рекордни бројки на новозаразени дел од државите најавуваат и укинување на ограничувањата. Данска, која потврди 46 590 новозаразени објави дека планира следната недела да ги укине сите преостанати ограничувања против Ковид-19, откако слична најава имаа Велика Британија и Холандија минатата недела, и покрај големиот број заразени со омикрон во Европа. Земјата веќе ги олесни ограничувањата пред две недели, по едномесечното заклучување им дозволи повторно отворање на кината и концертните сали. Сепак, остануваат некои правила, како ограниченото работење на рестораните и задолжителното носење маски. Во писмото до Парламентот, министерот за здравство Магнус Хеунике наведува дека Владата има намера да ги следи препораките издадени од експертски панел со цел да се укинат сите ограничувања до 1 февруари. Ако одлуката на Владата биде одобрена од Парламентот, тоа ќе биде најдалекусежното олеснување на ограничувањата меѓу нордиските држави. Ноќните клубови може повторно да се отворат, а рестораните ќе можат да служат алкохол по 22 часот, гостите не мора да приложат ковид-потврда пред да влезат. Патниците можат да се возат во автобус без маска, а продавниците можат да го укинат ограничувањето на бројот на клиенти. Доколку измените бидат одобрени, во сила ќе остане само правилото за тестирање и изолација за влез во Данска, што ќе се применува уште четири недели. Велика Британија, Ирска и Холандија објавија слични одлуки минатата недела за укинување на повеќето ограничувања против коронавирусот, иако бројките за инфицирани лица со омикрон остануваат високи. Австрискиот канцелар Карл Нехемар, пак, најави дека од понеделник во Австрија ќе биде укинат „локдаунот” за невакцинираните лица против Ковид-19. – Сојот омикрон ни донесе промена на парадигмата во однос на делта варијантата. Надлежната комисија будно ги следи сите бројки на новозаразени лица и искористување на болничките капацитети. Ситуацијата во болниците е стабилна, истакна Нехамер на прес-конференција. Во Австрија има се повеќе позитивни ПЦР тестови на ученици и паралелки кои поради заразени ученици преминале на онлајн настава. Во моментов, 1.900 паралелки се префрлени на онлајн часови поради болни ученици. Како што соопшти Светската здравствена организација, во текот на изминатата недела во светот се регистрирани 21 милион нови случаи на заразени со коронавирус – најголем неделен број новозаразени од почетокот на пандемијата. Бројот на смртни случаи, пак, остана главно непроменен, над 50 000. Во својата неделна проценка на пандемијата, СЗО наведе дека бројот на новозаразени со коронавирусот е зголемен за пет проценти, но оти стапката на раст исто така се чини дека забавува. СЗО информираше дека најголем пораст на случаи на коронавирус е забележан на Блискиот Исток, со пораст од 39 отсто, по што следи скок од 36 отсто во Југоисточна Азија. Исто така, бројот на смртни случаи се зголемил во Југоисточна Азија, Блискиот Исток и Јужна и Северна Америка, но се намалил во другите региони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-broj-zaboleni-nevrologija-kozna-klinika-i-gob-8-septemvri-povtorno-kovid-centri-izolacijata-skratena-na-sedum-dena/feed/ 0
СЕ ПРОШИРУВААТ БОЛНИЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ – во „Мајка Тереза“ овие две клиники стануваат ковид одделенија, истото следува и во ГОБ 8 септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-proshiruvaat-bolnichkite-kapaciteti-vo-majka-tereza-ovie-dve-kliniki-stanuvaat-kovid-oddelenija-istoto-sleduva-i-vo-gob-8-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-proshiruvaat-bolnichkite-kapaciteti-vo-majka-tereza-ovie-dve-kliniki-stanuvaat-kovid-oddelenija-istoto-sleduva-i-vo-gob-8-septemvri/#respond Wed, 26 Jan 2022 14:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=623215

На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваше министерот за здравство, д-р Беким Сали беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со Ковид–19 во земјава. Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата препорача од клиниките кои претходно работеа како ковид-центри во рамки на првата фаза, Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје во наредните денови да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”. За ова сите три јавни здравствени установи веднаш се известени за преземање на сите неопходни активности. Согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата. Воедно, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на пациентите болни од Ковид-19. Во однос на медицинскиот персонал, јавните здравствени установи се известени и задолжени да назначат лица – среден медицински кадар за вклучување во работата на КИБФС (медицински сестри и болничари). Исто така, Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-proshiruvaat-bolnichkite-kapaciteti-vo-majka-tereza-ovie-dve-kliniki-stanuvaat-kovid-oddelenija-istoto-sleduva-i-vo-gob-8-septemvri/feed/ 0
Растот на новозаболени може да го доведе во прашање капацитетот за згрижување пациенти на интензивна нега во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rastot-na-novozaboleni-moze-da-go-dovede-vo-prashanje-kapacitetot-za-zgrizuvanje-pacienti-na-intenzivna-nega-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rastot-na-novozaboleni-moze-da-go-dovede-vo-prashanje-kapacitetot-za-zgrizuvanje-pacienti-na-intenzivna-nega-vo-pariz/#respond Mon, 29 Mar 2021 05:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=488984

Зголемувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19 наскоро може да го доведе во прашање капацитетот за згрижување пациенти на интензивна нега во болниците во Париз.  Таков апел упатија лекари од таа држава кои нагласуваат дека таквата ситуација може ги доведе да изберат кој пациент ќе го спасат. Таквите предупредувања беа објавени во весникот Журнал ди Диманш, а ги потпишаа неколку десетици лекари од Париз. Лекарите од 41 париска болница во текстот наведоа дека тие никогаш не биле во таква ситуација, дури и за време на терористичките напади во градот. Лекарите наведуваат дека олеснетите мерки овој месец во Париз и некои други делови на Франција нема брзо да ја стават под контрола епидемијата. Тие предупредија дека болничките ресурси нема да можат да бидат во чекор со потребите, принудувајќи ги да практикуваат „медицина за случаи на катастрофи“ во следните недели се додека бројот на случаи не достигне врв. Друга група од девет лекари од одделот за интензивна нега во Париз за весникот „Ле Монд“, исто така, предупреди дека единиците за интензивна нега можеби ќе треба да одбијат некои пациенти. „Сегашната состојба се движи кон приоритизација – кога е достапен само еден кревет, но двајца пациенти можат да имаат корист од интензивна нега, ние одлучуваме кој од нив ќе биде примен (и евентуално ќе преживее) и кој нема да биде примен (и веројатно ќе умре). Одиме кон тоа“, се наведува во писмото на лекарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rastot-na-novozaboleni-moze-da-go-dovede-vo-prashanje-kapacitetot-za-zgrizuvanje-pacienti-na-intenzivna-nega-vo-pariz/feed/ 0
Лекарска Комора: Расте бројот на заразени здравствени работници, секојдневно бараме дополнителен кревет за згрижување на болните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-raste-brojot-na-zarazeni-zdravstveni-rabotnici-sekojdnevno-barame-dopolnitelen-krevet-za-zgrizuvanje-na-bolnite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-raste-brojot-na-zarazeni-zdravstveni-rabotnici-sekojdnevno-barame-dopolnitelen-krevet-za-zgrizuvanje-na-bolnite/#respond Thu, 18 Mar 2021 11:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=484197

Комисијата за заразни болести треба сериозно да го земе предвид воведувањето дополнителни рестриктивни мерки и протоколи, бидејќи се наоѓаме во исклучително сериозна состојба, од која може да излеземе само ако сите почнеме одговорно да се однесуваме и да ги почитуваме мерките за заштита, соопшти Лекарската комора. – Треба да сфатиме дека секој од нас и сите ние заедно, преку своите постапки, можеме значително да влијаеме на намалување на бројот на новозаболени и на тој начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријатели, колеги и сите други граѓани. Со доследно и трајно спроведување на мерките за заштита може да го спречиме ширењето на вирусот, смета Комората. Тие како здравствени професионалци признаваат дека овие мерки се крајно непопуларни, но сметаат дека во интерес на одржливост на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје повеќе од потребно е нивно воведување. – Само со холистички пристап и земање на сите фактори предвид и со промптна реакција на сите полиња можеме целосно да се избориме со вирусот, посочуваат од Лекарската комора. Од Лекарската комора ги повикуваат сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на Ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи понатамошното ширење на вирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем. Комората посочува дека податоците од Институтот за јавно здравје укажуваат на тоа дека третиот бран на вирусот зема голем замав и веќе на дневно ниво се регистрираат над 1.000 заболени, а само од 1 март, кога имало 8.369 регистрирани активни случаи, до денеска овој број се зголеми на 12.819 болни. – Паралелно растат и бројките на пациенти кои поради сериозноста на здравствената состојба и компликациите предизвикани од Ковид-19 имаат потреба од болничко лекување. Капацитетите на болниците речиси се исполнети, секојдневно бараме дополнителен кревет за згрижување на тешко болните. Голем проблем за одржливоста на здравствениот систем претставува и намалувањето на бројот на активни здравствени работници, бидејќи и меѓу нив расте бројот на заразени и на оние кои се во самоизолација, а дополнително е и тоа што се соочуваме и со премореност, бидејќи епидемијата трае многу долго. Голем дел од кадарот кој работи во ковид – центрите одамна не работи по систем на ротации, а многу здравствени работници немаат користено годишен одмор. Во услови на намален број на здравствени работници и непостоење на начин за кратко време тој да се зголеми станува јасно дека помал број на лекари, медицински сестри и болничари треба да се грижат за значително поголемиот број пациенти што неминовно влијае на квалитетот на здравствената нега која се добива, истакнуваат од Лекарската комора. Со ангажирање на здравствените капацитети во лекувањето на Ковид-19, се посочува во соопштението, неминовна последица е сведување на минимум на капацитетите за дијагностицирање, лекување и згрижување на болни со не-ковид патологија, што дополнително го загрозува здравјето на популацијата. – Со доследно и трајно спроведување на мерките за заштита, со држење на безбедна дистанца, носење заштитна маска, почесто миење на рацете и одбегнување на групирања и собирања, особено во затворен простор, може да го спречиме ширењето на вирусот, а со тоа и долго и тешко лекување на компликации, загуба на животи и уривање на здравствениот систем. Во услови кога сѐ уште се очекува да бидат обезбедени вакцини за поширок опфат на населението, единствено со придржување до овие едноставни мерки може пандемијата за кратко време да се стави под контрола, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-raste-brojot-na-zarazeni-zdravstveni-rabotnici-sekojdnevno-barame-dopolnitelen-krevet-za-zgrizuvanje-na-bolnite/feed/ 0
И хируршките клиники се отвораат за ковид пациенти, бројката на новозаболени и натаму над 1.000 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-hirurshkite-kliniki-se-otvoraat-za-kovid-pacienti-brojkata-na-novozaboleni-i-natamu-nad-1-000/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-hirurshkite-kliniki-se-otvoraat-za-kovid-pacienti-brojkata-na-novozaboleni-i-natamu-nad-1-000/#respond Mon, 23 Nov 2020 07:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=432966

Министерството за здравство и трите најголеми приватни болници, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, синоќа се договорија да соработуваат во борбата против КОВИД-19. До крајот на неделава старата гинеколошка болница на „Систина“, поранешна „Мала богородица“, ќе биде пренаменета во инфективно одделение каде ќе може да се лекуваат 100 пациенти. Лекувањето ќе биде бесплатно, на трошок на државата, а за пациентите ќе се грижи лекарски тим од „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“. Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, и на хируршките клиники неделава ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за КОВИД-пациенти. Во меѓувреме, бројката на заразени не стивнува. Последниот биланс покажува 1112 нови случаи и 24 починати лица. Министерот сепак, уверува дека на скопските клиники засега има доволно кревети, а максимално е ангажиран и медицинскиот персонал. – Поставеноста на системот покажа дека добро функционира и дека дава резултати во поголем број оздравени пациенти и во доволен број слободни кревети, рече Филипче. Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата. -Постигнат е договор со трите најголеми приватни болници и обезбеден е дополнителен капацитет од 100 кревети за третман на КОВИД пациенти. Станува збор за ресурси што државата ќе ги користи од приватните болници. Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на „Систина“ каде може да се сместат 100 пациенти. Целосно ќе бидат опремени од страна на сите приватни болници со нивен заеднички договор. Од таму ќе биде обезбеден и кадар и материјали. И за сето тоа соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата, потенцираше Филипче по средбата со сопствениците на „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“. Тие потврдија дека се подготвени да помогнат и да максимално да излезат во пресрет за добро на граѓаните. -Постигнавме договор во интерес на граѓаните. Ако остане како што е договорено, сите три поголеми и другите помали приватни болници ќе бидат вклучени во помошта на граѓаните за борба против КОВИД-19 и сите наши ресурси со кои располагаме. Комплетно ги прифативме условите од Министерството, изјави сопственикот на „Систина“, Орце Камчев. Според сопственикот на „Филип Втори“, Жан Митрев, сите се на ставот дека треба да помогнат колку што можат. -Начелно имаме концепт и стоиме зад сето тоа. Министерот и Министертсвото треба да го водат сето тоа, ние сме тука да помогнеме и во опрема и во кадар и во логистика. Засега нема никакви недоразбирања или непто околу што би се расправале, напротив, мислам дека сме сите сме во тој правец – да помогнеме колку што можеме во оваа ситуација, истакна Митрев. Министерот Филипче вчера се сретна и со директорите на повеќето скопски клиники во кои се отворени КОВИД-центри, како и со раководството на ГОБ „8 Септември“. Овој критичен период, нагласи, ќе продолжи и во наредните недели, а ќе продолжи и притисокот врз болниците. Затоа, од клучна важност е, порача, граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД. Министерството за здравство синоќа соопшти дека во последните 24 часа бројката на КОВИД дијагностицирани е 54743, а направени се 2553 тестирања. Од новите 1112 случаи, најмногу се во Скопје, 321. Од починатите 24 лица, четири се од Скопје (76, 62, 67 и 70 години), еден од Куманово (64), еден од Штип (8г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79), двајца од Тетово (41 и 65), двајца од Велес (81 и 61), пет од Битола (70, 91, 48, 60 и 73), еден од Охрид (89), еден од Крива Паланка (47), еден од Крушево (60), еден од Кочани (41), еден од Македонски Брод (40) и еден пациент од Виница (66). Сите починале во болнички услови. Според последните бројки на Министерството, во КОВИД-центрите во Скопје се лекуваат 474 лица. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. Хоспитализрани се 35 нови пациенти, а на интерните клиники имало вкупно 20 приеми – еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид-центарот на Клниката за Неврологија, седум болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Клиниката за нефрологија, а пет во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 10 лица. На Кожната клиника во КОВИД-центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, од кои 9 деца и 21 возрасен. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-hirurshkite-kliniki-se-otvoraat-za-kovid-pacienti-brojkata-na-novozaboleni-i-natamu-nad-1-000/feed/ 0
Потресно сведоштво: Ќе спиеш ли мирно Филипче до Големиот суд каде ќе се мерат солзите и тагата на децата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresno-svedoshtvo-kje-spiesh-li-mirno-filipche-do-golemiot-sud-kade-kje-se-merat-solzite-i-tagata-na-decata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresno-svedoshtvo-kje-spiesh-li-mirno-filipche-do-golemiot-sud-kade-kje-se-merat-solzite-i-tagata-na-decata/#respond Mon, 23 Nov 2020 07:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=432983

Венко Филипче, солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 год., кој се бори за живот на респиратор, не ми дозволуваат да ти се обратам со „почитуван“, „господин“, „Вие“ или „министер“, во кого верувавме, освен со едно обично Венко Филипче. Повели, дојди, посети ги децата, па така смирено увери ги дека „се е под контрола“ и дека повторно ќе бидат во прегратките на својот татко, бидејќи ние не знаеме како тоа да го сториме, а ти си умешен во убедувањето „се е под контрола“. На нас, фамилијата, која со денови го гледа хорор филмот, кажете ни дека пациентите доцна се јавуваат на лекар!!!!! Имено, според убиствените протоколи кои се донесени, е постапено пријавувањето во ГОБ , каде што со мал наод на белите дробови и „не е страшно“, вратен на домашно лекување, за утредента на Инфективна клиника да биде критично, а за само 4 дена во Клинички центар, да се бара спас во приватна клиника. Не, не Венко, пациентот не е јавен доцна, туку пациентите се хоспилтализираат предоцна поради хаваријата на здравствениот систем. Ништо не е под контрола, напротив, твоето „се е под контрола“ убива луѓе. Ги убива срцето и душата на блиските и надежта на децата дека повторно ќе се радуваат со својот татко. Од твоето „се е под контрола, сега ни преостанува само на Господ да се молиме. Ќе спиеш ли мирно до ГОЛЕМИОТ СУД , каде што ќе се мерат солзите и тагата на децата, а и на други деца досега!!!!???  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresno-svedoshtvo-kje-spiesh-li-mirno-filipche-do-golemiot-sud-kade-kje-se-merat-solzite-i-tagata-na-decata/feed/ 0
Притисокот врз болниците сè уште голем, вкупно хоспитализирани 1225 пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritisokot-vrz-bolnicite-se-ushte-golem-vkupno-hospitalizirani-1225-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritisokot-vrz-bolnicite-se-ushte-golem-vkupno-hospitalizirani-1225-pacienti/#respond Wed, 18 Nov 2020 06:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=430923

Анализите на Министерството за здравство покажуваат дека е намалена преносливоста на коронавирусот. Факторот на преносливост R0 (ер нула), е намален од 1,5 на близу 1. Тоа значи дека еден човек при непосреден контакт заразувал 1,5 човек, а сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1, објасни вчера министерот за здравство Венко Филипче. Министерот рече дека мерките даваат резултати, но предупреди оти вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент, па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. – Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем, изјави Филипче. Министерот потенцира дека засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар. За разлика од пролетта и летото, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија, рече вчера Филипче. Преносливоста на вирусот е намалена, но притисокот врз болниците е сè уште голем. Според вчерашните информации, во инфективните оддели во Скопје и болниците низ земјава вкупно се хоспитализирани 1.225 пациенти. Во ковид-центрите во болниците низ земјава, пријавено е дека се лекуваат 640 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 792. – Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, информираат од Министерството. Во Скопје во ковид-центрите, претходното деноноќие биле хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од хоспитализираните се на кислородна поддршка, соопшти вчера Министерството за здравство. Од неделата, пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети. И покрај големиот број на приеми во текот на завчерашниот ден, вчера имало 20-тина слободни места. Во наредните неколку дена со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката за оториноларингологија. Во претходното деноноќие биле регистрирани 977 нови случаи на коронавирусот од направени 2930 тестирања, 843 оздравени пациенти, а починати 31 лице. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48613, бројката на оздравени пациенти е 28646, бројот на активни случаи изнесува 18591, а на починати 1376. За дел од смртните случаи Државниот санитарен и здравствен инспекторат иницира стручни надзори. Во тек се надзори за починати пациенти од КОВИД-19 во Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка Последните два месеца од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Министерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена документација, иницирани се четири стручни надзори за пациенти починати од Ковид-19, а во тек се надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка, информираа вчера од Министерството за здравство. – Стручни надзори за пациенти починати од Ковид-19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до МЗ, по извршен инспекциски надзор и обезбедена документација, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка, се вели во соопштението од МЗ. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени надзори за уште четири пациенти починати од Ковид-19. Во врска со случајот со починатата 41-годишна жена од Штип, штипската болница треба во рок од три дена да го извести ДСЗИ за нејзиното лекување. ЈЗУ Клиничка болница Штип треба во рок од три дена да го извести Државниот санитарен и здравствен инспекторат од ПО Штип за утврдената фактичка состојба за спроведеното лекување на починатата пациентка од КОВИД-19 и околностите кои довеле до смртен исход. По завчерашниот вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ директорот на ЈЗУ Клиничка болница Штип е задолжен веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет на здравствената установа. Независно од работата на Комисијата, во текот на вчерашниот ден е инициран стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациентката, до министерот за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritisokot-vrz-bolnicite-se-ushte-golem-vkupno-hospitalizirani-1225-pacienti/feed/ 0
Болниците полни, хоспитализирани над 1.000 пациенти со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-polni-hospitalizirani-nad-1-000-pacienti-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-polni-hospitalizirani-nad-1-000-pacienti-so-koronavirus/#respond Thu, 12 Nov 2020 07:37:44 +0000 https://kurir.mk/?p=428281

Во болниците во Македонија во моментов се лекуваат 1049 лица потврдени или сомнителни на Ковид-19. На Инфективната клиника, според податоците од Министерството за здравство, има 155 пациенти, од кои 134 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 27 возрасни пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ се 79 пациенти, а седум се на респиратор. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 пациент, на Кожната клиника 23 пациенти. Во болницата во Битола, пак, се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19. Од Министерството велат дека во меѓувреме се подобруваат сместувачките капацитети во болниците во Струмица, Гевгелија, Дебар, Ресен и Прилеп. Во Велес освен на Инфективно одделение кое е засебна зграда, од изминатиот викенд пациенти се примаат и на Одделението за физикална медицина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-polni-hospitalizirani-nad-1-000-pacienti-so-koronavirus/feed/ 0
Близу 1.000 хоспитализирани: Болниците полни, состојбата со коронавирусот критична https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blizu-1-000-hospitalizirani-bolnicite-polni-sostojbata-so-koronavirusot-kritichna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blizu-1-000-hospitalizirani-bolnicite-polni-sostojbata-so-koronavirusot-kritichna/#respond Mon, 09 Nov 2020 07:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=426677

Состојбата со Ковид-19 е критична, а болниците веќе ги полнат сите капацитети, порача вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Според вчерашниот медицински билтен, во болниците во земјава вкупно се хоспитализирани 973 заболени или сомнителни пациенти со Ковид-19. Поради се поголемиот број заразени на кои им е потребна хоспитализација, од саботата пациенти со Ковид-19 почнаа да примаат и интерните клиники на Клиничкиот центар во Скопје, каде има 150 болнички кревети. Како што информира вчера Министерството за здравство во деноноќието меѓу саботата и неделата биле направени 2667 тестирања на Ковид-19, при што се регистрирани 978 нови случаи. Во исто време, Институтот за јавно здравје вчера регистрира 24 оздравени пациенти, додека починаа 26 лица инфицирани со Ковид-19. Со овие последни бројки вкупната цифра на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 39760, од кои оздравеле 23035, 1136 починаа, а бројот на активни случаи изнесува 15589. Министерот за здравство во порака до граѓаните предупреди дека пред нас веројатно е најтешкиот период на справувањето со пандемијата со Ковид-19. – Барам сите да бидеме максимално одговорни и свесни за сериозноста на состојбата. Вирусот е широко проширен. Секое најмало невнимание или непочитување на мерките за заштита може да значи инфекција. Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци. Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку – само да го штитите сопственото здравје, порача министерот Филипче. Според Филипче, колку доследно ќе ги почитуваме мерките за заштита ќе биде одлучувачки за тоа колку дополнително ќе се жртвуваме до крајот на пандемијата, при што секој за себе треба да реши дали неговата жртва ќе е носењето маска, негрупирање, држење дистанца или пак жртвата ќе значи продолжување на здравствената и економска несигурност. Тој повика претстојните слави и празници оваа година да ги прославиме само со најблиските и да нема групирања по домовите, за да сеспречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19. Според вчерашните податоци на сајтот „Ворлдметер“ во светот досега од Ковид-19 биле инфицирани 50.377.799 лица, од кои починале 1.258.066, а оздравеле 35.620.816.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blizu-1-000-hospitalizirani-bolnicite-polni-sostojbata-so-koronavirusot-kritichna/feed/ 0