болнички кревети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Mar 2021 09:53:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png болнички кревети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Додека Филипче се фали дека има доволно болнички кревети, неговиот заменик Хасани вели дека тешко се наоѓа место и во приватните клиники https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-filipche-se-fali-deka-ima-dovolno-bolnichki-kreveti-negoviot-zamenik-hasani-veli-deka-teshko-se-naogja-mesto-i-vo-privatnite-kliniki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-filipche-se-fali-deka-ima-dovolno-bolnichki-kreveti-negoviot-zamenik-hasani-veli-deka-teshko-se-naogja-mesto-i-vo-privatnite-kliniki/#respond Thu, 18 Mar 2021 09:48:21 +0000 https://kurir.mk/?p=484114

Додека министерот за здравство, Венко Филипче убедува дека се е под контрола, дека на опозицијата само ѝ пречи тоа што дбро се менаџира со пандемијата и дека има доволно празни кревети во болниците, неговиот заменик Илир Хасани на Фејсбук пишува дека ситуацијата е алармантна, болниците преполни а слободен кревет тешко се најдува и во приватните болници. - И додека болниците се преполни со пациенти поради компликации од Ковид19, па скоро и во приватните болници тешко се наоѓа слободен болнички кревет, сепак забавата не застанува во кафичи и кафеани. Ова невнимание скапо ке не кошта. Внимание, внимание, внимание додека не е многу доцна, напиша заманик министерот за здравство Илир Хасани. Од тоа што го напиша Хасани на некој начин може да се сфати и дека потребни се и нови мерки, но властите сметаат дека нема потреба од такво нешто и покрај порастот на бројките па ќе треба да се остане само на полицискиот час кој не се очекува да даде некаков ефект бидејќи во тоа време улиците се и така празни бидејќи нема никаква економска активност. Но, министерот Филипче и на денешната прес-конференција повтори дека ситуацијата со зголемениот број на заболени добро се менаџира, па во координација со директорите на болниците се обезбедило сосема доволен број на болнички кревети за да се сместат сите пациенти кои имаат потреба од  хоспитализација. - Правевме систем на менаџирање, систем на координација со сите директори, прво на јавните установи, болниците тука во Скопје, а понатаму и со директорите од останатите болници во државата а во насока на прилагодување на капацитетите и отворање на нови одделенија со дополнителен број на болнички места. Во таа смисла, сите интерни клиники онака како што беа претходно сега се КОВИД центри. Тука има еден одреден број на слободни кревети, нешто помал од она што беше во текот на кризата во месец ноември и затоа во функција е и едно одделение на хируршките клиники, што за време на претходниот бран во ниту еден момент не се активираше. Меѓутоа со таа координација и со дополнителните одделенија во болницата 8-ми септември и во овој момент има сосема доволен број на болнички кревети за да се сместат пациенти како од Скопје и околината, така и оние кои се испраќаат од другите болници во државата, рече Филипче. На  тоа што граѓаните реагираат дека ситуацијата во болниците не е таква каква што се прикажува туку е застрашувачка, Филипче повторно си остана на ставот дека ситуацијата е под контрола и дека не е точно дека во болниците не се примаат пациенти. - Апсолутно не е точно дека пациенти не се примаат, тоа не е вистина. Можно е да има чекање, можно е да се префрлаат или да се пренасочат од едно место на друго, но не е точно дека некој пациент не е примен, порача Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-filipche-se-fali-deka-ima-dovolno-bolnichki-kreveti-negoviot-zamenik-hasani-veli-deka-teshko-se-naogja-mesto-i-vo-privatnite-kliniki/feed/ 0
Во штипската болница слободни само пет кревети- починати се четворица пациенти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-bolnica-slobodni-samo-pet-kreveti-pochinati-se-chetvorica-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-bolnica-slobodni-samo-pet-kreveti-pochinati-se-chetvorica-pacienti/#respond Wed, 11 Nov 2020 13:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=428027

Поради распишаните избори за градоначалник на Општина Штип, болницата иако е регионален центар за сите општини од источниот регион не може да распишува тендери по итна постапка. -Во моментов недостасуваат мерачи за сатурација, кои ни се потребни за пациентите кои болнички се лекуваат на Инфективното одделение. Поради изборите не може да ги набавиме под итна постапка, но со помош на општествено одговорни компании очекувам веќе утре да имаме 50 такви мерачи. Нивната цена се движи од 1.200 до 1.500 денари. Претходно со помош на општествено одговорни фирми набавивме и регулатори за боците со кислород, вели Ѓеорѓијев. На Инфективното и кожно одделение денеска има само пет слободни кревети, пополнети се вкупно 60, а 23 пациенти се во тешка состојба. Во болнички услови починати се четворица пациенти, 50 годишна штипјанка, 71 годишен од Кавадарци и двајца пациенти од Радовиш на возраст од 72 и 82 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-bolnica-slobodni-samo-pet-kreveti-pochinati-se-chetvorica-pacienti/feed/ 0
Нема слободни болнички кревети ни за лек, Владата цело лето не сработи ништо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-slobodni-bolnichki-kreveti-ni-za-lek-vladata-celo-leto-ne-sraboti-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-slobodni-bolnichki-kreveti-ni-za-lek-vladata-celo-leto-ne-sraboti-nishto/#respond Wed, 21 Oct 2020 12:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=419006

Потребата за отворање на дополнителни болнички капацитети заради справување со есенскиот бран на КОВИД-19 беше и повеќе од очигледна, но Владата го прокоцка летниот период во кој требаше да се направат ваквите подготовки и не презеде никаков чекор во таа насока. Сите експерти предвидуваа комплицирање на здравствената криза во есенските месеци, но Владата се одлучи есенскиот бран да го дочека со постоечките капацитети, а негативните последици од таквата одлука многу брзо настапија. И покрај тоа што во струмичката болница се пред само една недела се преместуваше хируршкото одделение со цел да се отворат дополнителни капацитети за сместување пациенти заразени со КОВИД-19, болницата повторно се исполни до последно место и нема . Ситуацијата е иста и во Инфективното одделение во штипската Клиничка болница каде во моментов се хоспитализирани 55 лица. Дека ситуацијата со болничките капацитети е отежната во повеќе градови потврди и министерот за здравство Венко филипче во неговата изјава во вестите на Канал 5. - Болниците забрзано се полнат, изјави вечерва Министерот за здравство Венко Филипче. Нема слободни болнички кревети на инфективните одделенија во Куманово, Штип и Струмица, а почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај инфективната клиника. Филипче рече дека болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако се оцени дека овие капацитети кои се треба да бидат резерва, се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме полициски час, рече Филипче кој уште во јули најавуваше изградба на 16 монтажни болници кои доколку беа изградени состојбата со капацитетите ќе беше многи по релаксирана. Филипче тогаш изјави дека се спремаат со за лошо сценарио со зголемен број на пациенти кои би ги окупирале постоечките капацитети на болниците и во тој контекст е подготовката на 16-те ковид-центри ко би требало да почнат со работа наесен, но тоа никогаш не се случи а како резултат на тоа на самиот почеток на бранот се соочуваме со преполни болници и не се знае како ќе се менаџира со целата ситуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-slobodni-bolnichki-kreveti-ni-za-lek-vladata-celo-leto-ne-sraboti-nishto/feed/ 0
ФИЛИПЧЕ ПРИЗНА: Болниците преполни до последниот кревет, наскоро следува полициски час во земјава! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-prizna-bolnicite-prepolni-do-posledniot-krevet-naskoro-sleduva-policiski-chas-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-prizna-bolnicite-prepolni-do-posledniot-krevet-naskoro-sleduva-policiski-chas-vo-zemjava/#respond Tue, 20 Oct 2020 17:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=418643

Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Нема слободни болнички кревети во повеќе инфективни одделенија во државата, во болницата во Куманово, Штип, Струмица. Почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Во Прилеп и Битола се менаџира меѓу двата центри. Во Охрид добро се менаџира бројот на хоспитализации и тука има слободни болнички кревети. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат, тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час. Ова вечерва го соопшти министерот за здравство Венко Филипче во вестите на Канал 5 телевизија, при што информираше за состојбата со болничките капацитети. Филипче истакна дека нашата земја ги следи препораките на Светската здравствена организација. – Мерките за заштита од Ковид-19 мора итно да се донесат. Апелирам до сите пратеници да покажат одговорност и да ги изгласаат промените во Законот за заштита на населението од заразни болести што поскоро. Да се покаже единство, нека се донесе законот едногласно, за да се покаже колку е важно за сите граѓани почитувањето на заштитните мерки, истакна Филипче. Додаде дека пред нас е најризичниот период од неколку месеци, есенски и зимски месеци во кои, како што нагласи, може да се комплицира епидемиската ситуација во земјата и со дополнителен број на случаи од други заболувања, сезонски грип и настинки. – Почитувањето на мерките, носењето на маските и одржувањето на дистанца освен што значи заштита на сопственото, јавното здравје, здравјето на најблиските, значи и почит кон работата на здравствените работници кои деноноќно од почетокот се борат со оваа криза, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-prizna-bolnicite-prepolni-do-posledniot-krevet-naskoro-sleduva-policiski-chas-vo-zemjava/feed/ 0
Македонија има 3 доктори и 4 болнички кревети на 1.000 жители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ima-3-doktori-i-4-bolnichki-kreveti-na-1-000-ziteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ima-3-doktori-i-4-bolnichki-kreveti-na-1-000-ziteli/#respond Sat, 08 Aug 2020 08:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=387952

На ниво на ЕУ на 1 000 жители во просек има пет болнички кревети. Најмногу имаат Германија и Бугарија со над седум, а најмалку Шведска и Данска со под 2.5 кревети на 1 000 жители. Нашата земја со 4,2 болнички кревети на 1 000 жители е некаде во средина. Од регионот Србија има 5,6 болнички кревети на 1 000 жители, по што следи Црна Гора со 3,9 и Албанија 2,8 – во 2013 година, за кога има последен пат податоци. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2008 до 2018 година во нашата земја има раст на бројот на лекари, но пад на бројот на болнички постели на 1 000 жители. Бројот на лекари во 2018 изнесува 6 364, од кои 3 831 специјалист. Со тоа бројот на лекари на 1 000 жители изнесува 3,1, што е раст во однос на 2008 година, кога имало 2,6. Ние, според податоците на намалување на бројот на болнички постели во споредба со пред десет години, од 4,5 на 1 000 жители во 2008, на 4,2 во 2018 година, покажуваат податоците на ДЗС На ниво на ЕУ просекот на болнички кревети изнесува 5 на 1 000 жители, покажуваат податоците на Евростат за 2018 година. Над 7 болнички кревети во ЕУ во 2018 имале Бугарија – 7,5, Австрија – 7,2 и Унгарија – 7, додека Германија во 2017, за кога има последно податоци е рекордер во ЕУ со 8 болнички кревети на 1 000 жители. На другиот крај од скалата се Данска со 2,4, Италија – 3,1 и Грција со 4,1 билнички кревет на 1 000 жители. На ниво на ЕУ најмногу доктори на 1 000 жители има Грција – 6, по што следат Австрија со 5,2 и Норвешка со 4,8, покажуваат податоците на Евростат за 2018 година. Германија има 4,3, додека Шпанија – 4 и Италија – 3,9. На другиот крај од скалата се Велика Британија со 2,8, Романија со 3 и Франција со 3,1 доктор на 1 000 жители во 2018 година. Во регионот со најмногу доктори, по Грција следува Бугарија со 4,2, Хрватска со 3,4, Словенија со 3,1, Србија со 2,9 и Црна Гора со 2,8 доктори на 1 000 жители. За Косово нема податоци, додека Албанија има 1,2 во 2013 година, за кога последно има податоци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ima-3-doktori-i-4-bolnichki-kreveti-na-1-000-ziteli/feed/ 0