болничко лекување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Nov 2020 08:20:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png болничко лекување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сведоштво за голготата на пациентите: Мајка ми почина во ходник, Филипче јавно да каже дека во „8-ми Септември“ е забрането да примаат пациенти над 70 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-za-golgotata-na-pacientite-majka-mi-pochina-vo-hodnik-filipche-javno-da-kaze-deka-vo-8-mi-septemvri-e-zabraneto-da-primaat-pacienti-nad-70-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-za-golgotata-na-pacientite-majka-mi-pochina-vo-hodnik-filipche-javno-da-kaze-deka-vo-8-mi-septemvri-e-zabraneto-da-primaat-pacienti-nad-70-godini/#respond Mon, 23 Nov 2020 08:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=433003

Членови на семејствата на пациенти, нивни блиски роднини секојдневно на социјалните мрежи ги споделуваат своите искуства во борбата со коронавирусот, која според нивните сведоштва станува најпрво борба за болнички кревет и кислород, а потоа борба со вирусот. И додека министерот за здравство Венко Филипче уверува дека ситуацијата иако критична е под контрола, социјалните мрежи вријат од објави во кои наместо позитивни искуства, се пишува за голготата на семејствата во борбата за болнички кревет за својот близок. Даниела вели дека нејзината мајка не добила хоспитализација навреме бидејќи имала 76 години, а во ГОБ „8 Септември“ кревет се чувал за помлади пациенти. -Неколку дена по смртта на мојата мајка, конечно собрав сила да ја опишам голготата низ која поминавме. 76-годишна жена, пациент на дијализа, позитивна на ковид, со пад на сатурација, висока температура и наод на плуќата, за што доктор претходно порача ИТНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, по извршената дијализа во ковид центарот во "8-ми Септември", оставена е во ходник сама без никаква медицинска нега. Чека да ја донесеме дома. Зошто? Затоа што немало кревет за неа, креветот се чувал за некој помлад. Нормално, дома без соодветна терапија ситуацијата драматично се влошува. Утредента во полукоматозна состојба доаѓа брза помош (секоја им чест) но и тие уплашени, кажуваат дека не знаат каде да ја носат, во болница не им ги примале пациентите, особено постарите. На наше настојување докторката решава да се обиде да ја примат во "8-ми Септември" како нивен пациент. По 30 минутно чекање во комбето, докторката се враќа и ни кажува дека нема да ја примат, едноставно над 70 години не примаат во "8-ми Септември". Сакаат да ја вратат дома, а сатурацијата е 60. На наше очајно инсистирање, сепак брзата помош се решава да се обиде на клиника. И таму чекање 30 минути во комбето, за на крај сепак да се смилуваат и да ја примат на гастро. Рекоа чекајте да дојде доктор и да ви земе податоци. Чекавме, 4 саати, доктор НЕ ДОЈДЕ, само се јавија да ни соопштаат дека починала. Чувајте се сите, а особено чувајте ги вашите постари сакани. Државата едноставно не им дава шанса да преживеат, а зошто, не знам. Можеби да го растеретат пензискиот фонд?! Па и тие луѓе можат да поживеат уште 10-20 години, но и покрај тоа што цел работен век плаќале здравствено осигурување, на нив им е скратено основното право, правото за лекување, оставени се на немилост, само затоа што се стари, а системот оптеретен. Разбирам дека е оптеретен здравствениот систем, но исто така и очигледно е дека министерот за здравство, кој слободно може да си ја смени титулата со министер за смрт (затоа што со овие бројки на смртност така и ќе биде запаметен) ниту е способен, ниту може да се справи со ситуацијата во која се најдовме. Би било добро да си се врати во болница и да го работи тоа што најдобро го знае, а раководството со здравствениот систем да го препушти на некој поспособен. И на крај, две прашања ќе ме мачат: - Дали мајка ми ќе преживееше ако место да ја исфрлеа во ходник, да и дадеа навремено соодветна венска терапија и кислород? - Дали ако Илија Филипче се зарази со ковид ќе го примат во "8-ми Септември", бидејќи нели тој има над 70 години?! И го повикувам Венко Филипче да излезе и јавно да објави дека во "8-ми Септември" е забрането да примаат пациенти над 70 години. Јавноста мора да знае, особено постарите каде да се обратат во случај на компликации од вирусот, пишува Даниела на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-za-golgotata-na-pacientite-majka-mi-pochina-vo-hodnik-filipche-javno-da-kaze-deka-vo-8-mi-septemvri-e-zabraneto-da-primaat-pacienti-nad-70-godini/feed/ 0
Србија: Секој трет е за болничко лекување, околу 20 отсто имаат тешка клиничка слика https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-sekoj-tret-e-za-bolnichko-lekuvanje-okolu-20-otsto-imaat-teshka-klinichka-slika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-sekoj-tret-e-za-bolnichko-lekuvanje-okolu-20-otsto-imaat-teshka-klinichka-slika/#respond Wed, 18 Nov 2020 09:08:52 +0000 https://kurir.mk/?p=431037

Директорот на Клиничкиот центар на Србија, Милика Ашанин, изјави денеска дека епидемиолошката состојба во Србија не е добра, дека е дури и неповолна и се заканува да излезе од контрола. Тој за белградски медиуми изјави дека во првиот бран имало максимум 445 заразени на дневно ниво, дека во вториот бран најголем број имало на 26 јули – 467 новозаболени и дека сега таа цифра е околу 5.000 новоинфицирани лица на дневна основа. Меѓу пет и 20 отсто случаи бараат интензивна нега или се за на респиратори. Најнеповолна е состојбата во Белград, а Ашанин потсетува дека во амбулантите во Ковид пред две-три недели имало околу 3.500 прегледи на дневно ниво, и дека вчера бил урнат неславниот рекорд од 5.600 прегледи на луѓе кои имале проблеми со дишењето или треска. – Нашите прогнози се дека ова ќе трае…Имавме околу 1.000 пациенти на Клиниката за инфективни болести за време на викендот од петок до недела и во текот на денот зад нас имаше 350 пациенти, рече Ашанин. Тој посочува дека се полни капацитетите на Клиниката за инфективни болести. Што се однесува до пациентите кои се на болничко лекување, Ашанин изјави дека на почетокот на третиот бран, повеќето пациенти биле на возраст од 20 до 40 години, нешто подоцна од 30 до 50 години, а сега доминираат пациенти над 60 години. – Секој трет пациент кој доаѓа во приемната-тријажна амбуланта денес е за на болничко лекување, потенцира тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-sekoj-tret-e-za-bolnichko-lekuvanje-okolu-20-otsto-imaat-teshka-klinichka-slika/feed/ 0
Голем е бројот на заболени со потешка слика на кои им треба болничко лекување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-e-brojot-na-zaboleni-so-poteshka-slika-na-koi-im-treba-bolnichko-lekuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-e-brojot-na-zaboleni-so-poteshka-slika-na-koi-im-treba-bolnichko-lekuvanje/#respond Fri, 13 Nov 2020 07:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=428804

Дневните бројки на заразени со корона-вирусот и натаму остануваат високи. Голем е бројот и на заболени кои имаат потешка слика и им е потребно болничко лекување. Надлежните велат дека засега не се размислува за воведување нови рестриктивни мерки, иако не го исклучуваат како можност, но, се надеваат дека мерките што веќе се на сила ќе дадат резултат, апелирајќи на нивно доследно почитување. Дали ќе има дополнителни рестриктивни мерки, Комисијата за заразни болести ќе одлучува на состанокот во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат. -Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, соопшти вчера Министерството за здравство. Во последните 24 часа на интерните клиники имало 12 приеми и тоа четири во ковид-центарот на Клиниката за дерматологија, пет приеми во центарот на Клиниката за неврологија и три пациенти се хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатото деноноќие имало 18 приеми, а во ковид- центарот во ГОБ „8 Септември“ биле примени девет нови пациенти. -Во моментов, на Клиниката за дерматологија во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни, информираат од Министерството за здравство. Нагласуваат дека слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. -На Интерните клиники во ковид центрите на Клиниката за неврологија и на Клиниката за дерматовенерологија покрај постоечките 64 кревети, ќе се стават во функција и дополнителни легла, а од сабота пациенти ќе се примаат и во новите ковид центри на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за нефрологија. Овие клиники располагаат со кислородни места за третман на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ капацитетите се генералнпо полни, но во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти и постепено се ослободуваат дополнителни места. Оваа клиника располага со 56 места за лекување на ковид пациенти, велат од МЗ. Потенцираат дека сите нови оддели на Интерните клиники располагаат со болнички места до кои имаат довод на кислород. Во тек е доопремување со останатата медицинска опрема која им е потребна на лекарите, а од денес покрај пулмолог и анестезиозолог, достапен за консултации на интерните клиники ќе биде и лекар анестезиолог од КАРИЛ. Во насока на зголемување на здравствените капацитети и обезбедување поддршка за заболените пет болнички возила на Армијата од вчера и се ставени на располагање на Брзата помош со цел да се зајакне транспортот на пациентите болни од Ковид -19 до болничките капацитети. Во текот на следните денови се очекува да бидат отстапени уште две возила од Армијата кои ќе се користат за другите градови. – Притисокот е голем и неопходен е брз транспорт. Оваа помош е драгоцена и ќе биде важна бидејќи ќе го зголеми бројот на тимови кои ќе бидат на располагање за транспорт на пациенти. Здравствениот ситем веќе неколку денови по ред е под огромен притисок. Ситуацијата е критична. Утринава имавме координативен состанок со директорите на интерните клиники и договаравме распоред на пациенти и дполнителни болнички капацитети. Формиран е дополнителен тим којшто е одговорен за третманот на пациентите на интерните клиники, истакна Филипче. За заштита на граѓаните и здравствениот кадар е и вакцинацијата против сезонски грип. Сезонава првпат е овозможено бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи, наместо да одат како и досега во Центрите за јавно здравје. Започна и вакцинацијата на ризичните категории граѓани, кои можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар. Министерството за здравство потенцира дека за оваа година, набавени се 40 илјади дози, 12 илјади дози повеќе од минатата година. Во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи со Ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти, и 26 починати. Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-e-brojot-na-zaboleni-so-poteshka-slika-na-koi-im-treba-bolnichko-lekuvanje/feed/ 0
,,Меѓународен Сојуз” се одложи по трет пат, Боки 13 на болничко лекување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-sojuz-se-odlozi-po-tret-pat-boki-13-na-bolnichko-lekuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-sojuz-se-odlozi-po-tret-pat-boki-13-na-bolnichko-lekuvanje/#respond Wed, 07 Oct 2020 08:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=413325

Судењето за предметот „Меѓународен Сојуз”  денеска се одложи по трет пат. Здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки13, кој моментално е на болничко лекување е причина за одложување на рочиштето. Судијката Софче Гаврилова-Ефремова посочи дека добиле известување од КПУ-Скопје за обвинетиот Јовановски дека е на болничко лекување. На почеток на месец септември обвинетиот Јовановски, по силни болки во желудникот неопходно било да му се изврши хируршка интервенција. Според неговата одбрана ова ситуација е како последица од несоодветната исхрана во затворот. Следното рочиште за овој предмет е закажено за 28 октомври. Во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Јовановски обвинети се и Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-sojuz-se-odlozi-po-tret-pat-boki-13-na-bolnichko-lekuvanje/feed/ 0