болници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 19:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png болници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО повика на безбеден пристап до болниците во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-bezbeden-pristap-do-bolnitsite-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-bezbeden-pristap-do-bolnitsite-vo-gaza/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=895926

Светската здравствена организација (СЗО) повика на безбедносни гаранции за испорака на медицинска помош до клиниките во Газа. Главниот кризен менаџер на СЗО, Мајк Рајан денеска во Женева изјави дека транспортот на хуманитарна помош на палестинската територија е попречен од завојуваните страни, бидејќи е речиси невозможно да се добијат безбедносни гаранции од нив. - Ми здодеа да ги слушам сите овие уверувања кои всушност не постојат на терен за луѓето со кои работиме, рече Рајан. Тој, исто така, нагласи дека СЗО не знаела за бази на Хамас во болниците во Газа. Иако СЗО е во близок контакт со медицинскиот персонал на теренот, она што може да се случува под овие клиники не ѝ е познато на СЗО, призна Рајан. Доколку болниците во Газа бидат евакуирани на барање на Израел, Израел, како окупаторска сила, ќе мора да го олесни безбедниот транспорт на пациентите до центрите за алтернативен третман во координација со одговорниот здравствен орган, нагласи Рајан. Во меѓувреме, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус повика на прекин на огнот и рече дека од одговорот на Израел на нападите на Хамас на 7 октомври, 218 здравствени установи и персонал во палестинските области биле нападнати. - Ситуацијата во Газа е неопислива. Болници преполни со повредени, мртовечници преполни, лекари кои вршат операција без анестезија, илјадници луѓе кои бараат засолниште од бомбардирањето, семејства во преполни училишта, очајни за храна и вода, преполни тоалети и ризик од ширење на епидемии на болести. И насекаде страв, смрт, уништување, загуба, рече Гебрејесус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-povika-na-bezbeden-pristap-do-bolnitsite-vo-gaza/feed/ 0
СЗО: Околу една третина од болниците во Газа не работат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-okolu-edna-tretina-od-bolnitsite-vo-gaza-ne-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-okolu-edna-tretina-od-bolnitsite-vo-gaza-ne-rabotat/#respond Thu, 02 Nov 2023 15:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895878

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, оцени дека ситуацијата во Газа е „длабоко загрижувачка“. Тој на социјалната мрежа Х напиша дека 14 од вкупно 36 болници во Газа не работат поради недостиг на гориво, како и поради напади и несигурност. Болниците кои успеаја да останат отворени работат со капацитет од 40 отсто, додаде тој. Шефот на СЗО во изјавата додаде: „Дваесет и три болници добиле наредба за евакуација од градот Газа и северниот дел на Газа, а присилната евакуација под овие околности ќе ги стави животите на стотици пациенти во опасна по живот ситуација“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-okolu-edna-tretina-od-bolnitsite-vo-gaza-ne-rabotat/feed/ 0
Хаотични сцени пред болница во Газа: Лекарите оперираат на земја и по ходници (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haotichni-stseni-pred-bolnitsa-vo-gaza-lekarite-operiraat-na-zemja-i-po-hodnitsi-voznemiruvachki-fotografii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haotichni-stseni-pred-bolnitsa-vo-gaza-lekarite-operiraat-na-zemja-i-po-hodnitsi-voznemiruvachki-fotografii/#respond Wed, 18 Oct 2023 10:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=890274

Снимките и фотографиите од Газа покажуваат хаотични сцени пред болницата Ал Ахли. Медицинскиот персонал се обидува да им помогне на повредените, но наведуваат дека се во исклучително тешка ситуација и дека не можат да санираат некои повреди бидејќи немаат средства. Ситуацијата во болницата Ал Ахли палестинското Министерство за здравство во Газа ја опиша како „неспоредлива и незамислива“, пишува Би-би-си. -Лекарите вршат операции на теренот и ходниците, а некои операции се изведуваат без анестезија, рече портпаролот на Министерството, д-р Ашраф Ал-Кудра во соопштението објавено на Фејсбук рано во средата. „Многу луѓе се уште чекаат операции, а медицинските тимови се обидуваат да им ги спасат животите. Тој додаде дека многу од жртвите се деца и жени и дека на многумина од нив не можат да им помогнат бидејќи нивните повреди се „надвор од можностите на нивните медицински тимови“. Израелските воздухопловни сили ја погодија болницата Ал-Ахли Араби во центарот на Газа, соопштија палестинските власти. Според последните информации на палестинското Министерство за здравство, бројот на загинати надмина 500. Предупредување: Фотографиите во продолжение се вознемирувачки       ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haotichni-stseni-pred-bolnitsa-vo-gaza-lekarite-operiraat-na-zemja-i-po-hodnitsi-voznemiruvachki-fotografii/feed/ 0
Ужас по ужасот: Болниците во Газа преполни и на работ на колапс, остануваат без храна, вода и лекови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-po-uzhasot-bolnitsite-vo-gaza-prepolni-i-na-rabot-na-kolaps-ostanuvaat-bez-hrana-voda-i-lekovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-po-uzhasot-bolnitsite-vo-gaza-prepolni-i-na-rabot-na-kolaps-ostanuvaat-bez-hrana-voda-i-lekovi/#respond Mon, 16 Oct 2023 13:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=889383

Жителите на Појасот Газа се засолнуваат во болници и училишта додека израелските бомбардирања продолжуваат, а храната, водата и лековите се при крај. Повеќе од еден милион луѓе ги напуштија своите домови пред очекуваната израелска копнена офанзива. Палестинците се надеваат дека ќе го отворат граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет, каде камионите чекаат со денови да ја достават потребната хуманитарна помош додека посредниците вршат притисок да се прогласи прекин на огнот за да можат да влезат во Газа и да им се овозможи на странците да ја напуштат. Рафа, единствената врска на Газа со Египет, е затворена речиси една недела поради израелските бомбардирања. Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри рече дека Израел не се согласил да го отвори преминот од Газа. Цели населби се срамнети со земја во израелските воздушни напади додека палестинските екстремисти продолжуваат да истрелуваат ракети кон Израел. Стотици илјади Палестинци кои се засолниле во зградите на ОН имаат на располагање помалку од еден литар вода дневно. Болниците предупредуваат дека се на работ на колапс, дека за генераторите кои овозможуваат работа на респиратотите и инкубаторите има гориво само за еден ден и дека медицинските материјали се речиси исцрпени. Во војната меѓу Израел и Хамас досега се убиени 2.750 Палестинци, а 9.700 се ранети. Во Израел загинаа повеќе од 1.400 луѓе. Оваа последна војна се смета за најсмртоносна за двете страни.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-po-uzhasot-bolnitsite-vo-gaza-prepolni-i-na-rabot-na-kolaps-ostanuvaat-bez-hrana-voda-i-lekovi/feed/ 0
ОН проценуваат дека болниците во Газа за два дена ќе останат без гориво, лекарите предупредуваат дека илјадници луѓе би можеле да умрат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-protsenuvaat-deka-bolnitsite-vo-gaza-za-dva-dena-ke-ostanat-bez-gorivo-lekarite-predupreduvaat-deka-iljadnitsi-luge-bi-mozhele-da-umrat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-protsenuvaat-deka-bolnitsite-vo-gaza-za-dva-dena-ke-ostanat-bez-gorivo-lekarite-predupreduvaat-deka-iljadnitsi-luge-bi-mozhele-da-umrat/#respond Sun, 15 Oct 2023 12:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=889041 Здравствените работници во Газа предупредуваат дека илјадници луѓе би можеле да умрат, бидејќи болниците полни со повредени остануваат без гориво и основни залихи. Според проценките на ОН, се очекува дека во рок од два дена болниците ќе останат без гориво за генераторите.

Во болницата Насер, во јужниот град Кан Јунис, собите за интензивна нега се полни со повредени пациенти, од кои повеќето се деца помлади од три години. Стотици луѓе со сериозни повреди од експлозијата пристигнаа во болницата, каде се очекува гориво да снема до утре, според д-р Мухамед Кандил.

Ако снема горивото, посочи тој, „тоа значи дека целиот здравствен систем ќе биде затворен.

„Се работи за уште една катастрофа, уште едно воено злосторство, историска трагедија. Сите овие пациенти се во опасност доколку ако струјата се исклучи“, додаде д-р Кандил.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-protsenuvaat-deka-bolnitsite-vo-gaza-za-dva-dena-ke-ostanat-bez-gorivo-lekarite-predupreduvaat-deka-iljadnitsi-luge-bi-mozhele-da-umrat/feed/ 0
Црвениот крст предупредува: Болниците во Газа без струја може да се претворат во мртовечници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrveniot-krst-predupreduva-bolnitsite-vo-gaza-bez-struja-mozhe-da-se-pretvorat-vo-mrtovechnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrveniot-krst-predupreduva-bolnitsite-vo-gaza-bez-struja-mozhe-da-se-pretvorat-vo-mrtovechnitsi/#respond Fri, 13 Oct 2023 11:03:48 +0000 https://kurir.mk/?p=888479

Болниците во Газа ризикуваат да се претворат во мртовечници без струја - велат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Единствената електрана во Газа остана без гориво во средата, а резервните генератори би можеле да престанат да работат за неколку часа, додава Би-Би-Си. Медицинските центри беа преполни откако Израел воведе „тотална опсада“ на Газа и ја нападна територијата со воздушни и артилериски напади. Израел вети дека нема да ја врати електричната енергија и нема да дозволи основни ресурси и хуманитарна помош во Газа додека Хамас не ослободи околу 150 заложници што ги киднапираше за време на нападите во саботата. „Како што Газа ја губи струјата, болниците ја губат електричната енергија, со што се изложени на ризик новороденчињата во инкубатори и постарите пациенти на кислород. Дијализата на бубрезите престана, а рендген не може да се направи“, рече Фабрицио Карбони, директор на МКЦК за регионот. „Без струја, болниците ризикуваат да се претворат во мртовечници“, предупреди тој, додавајќи дека болниците сè уште работат на генератори, но дека горивото ќе трае само „неколку часа“. Долги редици се гледаат пред болниците во Газа, а повредените чекаат помош. Потребната медицинска опрема е при крај, здравствените работници апелираат граѓаните да даруваат крв. Децата, од кои некои се тешко повредени, лежат во болнички кревети и плачат чекајќи да се лекуваат. Најголемиот јавно здравствен комплекс во Појасот Газа, болницата Ал-Шифа, е „преоптоварен“, изјави тамошниот лекар за Би-Би-Си. „Тешко дека можеме да се справиме со пациентите“, рече д-р Мохамад Матар, пренесува BBC.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrveniot-krst-predupreduva-bolnitsite-vo-gaza-bez-struja-mozhe-da-se-pretvorat-vo-mrtovechnitsi/feed/ 0
Болниците во Газа би можеле да останат без струја за неколку часа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolnitsite-vo-gaza-bi-mozhele-da-ostanat-bez-struja-za-nekolku-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolnitsite-vo-gaza-bi-mozhele-da-ostanat-bez-struja-za-nekolku-chasa/#respond Thu, 12 Oct 2023 10:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=888034

Болниците во Газа за неколку часа би можело да останат без струја, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Тие претходно предупредија за болниците кои остануваат без гориво за нивните генератори на електрична енергија во Газа. Регионалниот директор на МКЦК за Блискиот Исток, Фабрицио Карбони изјави дека, колку што разбрале, сè уште има гориво за генераторите, но веројатно само за неколку часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolnitsite-vo-gaza-bi-mozhele-da-ostanat-bez-struja-za-nekolku-chasa/feed/ 0
Израел немилосрден: Ситуацијата во Газа е страшна, болниците личат на кланици https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-nemilosrden-situatsijata-vo-gaza-e-strashna-bolnitsite-lichat-na-klanitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-nemilosrden-situatsijata-vo-gaza-e-strashna-bolnitsite-lichat-na-klanitsi/#respond Mon, 09 Oct 2023 10:56:40 +0000 https://kurir.mk/?p=886922

Илјадници Палестинци бегаат од опколениот Појас Газа по бранот одмазнички израелски воздушни напади предизвикани од воениот упад на Хамас на израелска територија. „Кога почнавме да прашуваме за ситуацијата во болниците, едно лице ја опиша како кланица“, рече Махмуд Шалаби од Медицинска помош за Палестинците, кој ја надгледува поддршката на болниците низ Појасот Газа. „Имаше тела легнати на земја, немаше доволно простор во одделот за итни случаи и тие се мачеа да се справат со напливот што го гледаа. „Ситуацијата е навистина страшна во моментов, ние се соочуваме со една од најтешките ескалации како Палестинци во Газа“. Цивилите ќе ја платат цената за најголемиот предизвик за Израел од 1973 година. Израел ја ракетираше Газа, тенок појас на земја каде живеат околу 2 милиони луѓе, удирајќи ја од морето и од воздухот во текот на ноќта и следниот ден. „За ваша безбедност, веднаш евакуирајте се од областите каде што живеете“, Авичај Адрае, воен портпарол, им наложи на цивилите во Газа. Многумина низ Газа стравуваа дека нема каде да се сокријат, на површина од 140 квадратни милји која долго време се сметаше за една од најгусто населените места на планетава. Шалаби рече дека хуманитарните групи кои работат во Газа проценуваат дека најмалку 20.000 луѓе биле раселени во првата ноќ од израелските воздушни напади. Илјадници избегаа во градот Газа, најгусто населената област на Појасот, која беше сведок на воздушни напади врз блокови од кули и друга инфраструктура.Израелските сили тврдат дека избрале цели поврзани со Хамас, додека Палестинците со седиште во Газа ја обвинуваат израелската војска дека напаѓа цивили и станбена инфраструктура со слаби врски со милитантната група, која владее со Газа од изборите во 2006 година. „Беше многу загрижувачки, имаше бомбардирање на секои 15 до 30 минути во текот на ноќта“, рече Мохамед Галајини, научник за квалитетот на воздухот кој живее во Манчестер, кој се вратил во Газа за да го види семејството. „Многу луѓе ги напуштаат своите домови за места кои се очигледно побезбедни – еден пријател во источна Газа има 80 роднини и соседи кои престојуваат со него во нивниот блок. Мојот вујко во Кан Јонис има пријатели кои престојуваат со него барајќи засолниште од нивните домови кои се на источната граница [на Газа]“. Воздушните напади со беспилотни летала и артилерискиот оган од бродови на Средоземното Море дојдоа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е „во војна“. Тој вети дека непријателот ќе плати „огромна цена“, откако милитантите на Хамас извршија невиден упад на јужната израелска територија, заробувајќи најмалку 100 Израелци и оставајќи најмалку 700 мртви. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 400 Палестинци биле убиени во израелските воздушни напади, меѓу кои и деца, а речиси 2.000 биле ранети. Галајини рече дека Палестинците се воодушевени од невидениот упад на Хамас на израелска територија. Но, додаде тој, тоа не е без широко распространет страв. „Луѓето исто така многу се плашат од она што следува. Палестинците, особено во Газа, претрпеа толку многу во изминатите 15 години од блокада и напад по напад од Израел, така што чувствуваат дека немаат што да загубат“, рече тој. Ветувањето на Нетанјаху дека ќе нанесе болка во Газа и ќе ги гаѓа милитантите на Хамас со седиште во појасот доаѓа по повеќе од една деценија повторувачки конфронтации меѓу палестинските милитанти и израелската војска, во кои загинаа илјадници цивили, како и 16-годишната блокада од страна на Израел на Газа. Блокадата ги спречува Палестинците да заминат, освен во исклучителни околности и го ограничува и контролира протокот на стоки во областа, особено градежни материјали, медицински материјали, па дури и храна. По состанокот со израелскиот безбедносен кабинет, канцеларијата на Нетанјаху објави дека го запреле снабдувањето со гас и електрична енергија за Газа и ја блокирале стоката што минува низ граничниот премин на северот од појасот. Израелскиот министер за енергетика, Израел Кац, нареди да се запре израелското снабдување со електрична енергија, намалувајќи го во Газа за 80%. „Интернетот е многу слаб и нема струја. Дури и резервните генератори, кои сега се секундарна мрежа за оние кои можат да си ги дозволат, се рационализираат“, рече Галајини. Шалаби опиша невидена итна ситуација за медицинскиот персонал низ појасот, влошена од недостатокот на електрична енергија, како и од повеќегодишните израелски напади кои ја ја „фрлија“ медицинската инфраструктура во Газа „на колена“. „Утрово разговарав со друг лекар, општ хирург, кој работи во централниот дел на Газа. Тој ми рече дека им недостасуваат медицински материјали, лекови, средства за еднократна употреба, сè што е потребно во итна ситуација. Но што е најважно нема доволно лекари да се справат со случаите и приливот на повредени. Едно лице штотуку ја започна својата обука за општа хирургија, но раководи со одделот за општа хирургија речиси два дена сам, додека другите постари лица се занимаваат со посериозни случаи“, вели Галајини. Тој рече дека неговата организација веднаш ја ослободила целата своја залиха на медицински ресурси, вклучително и резерви на крв, во необичен потег што ги надминува нивните одлуки за време на претходните израелски воздушни напади и напади врз Газа. „Ослободуваме сè во моментов бидејќи ситуацијата ќе стане навистина мрачна, навистина страшна“, рече тој. (Гардијан)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-nemilosrden-situatsijata-vo-gaza-e-strashna-bolnitsite-lichat-na-klanitsi/feed/ 0
Отпуштени над 2.000 повредени во земјотресот кои биле донесени во болниците во Истанбул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otpushteni-nad-2-000-povredeni-vo-zemjotresot-koi-bile-doneseni-vo-bolnitsite-vo-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otpushteni-nad-2-000-povredeni-vo-zemjotresot-koi-bile-doneseni-vo-bolnitsite-vo-istanbul/#respond Sun, 12 Feb 2023 09:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=799469

Граѓаните повредени од земјотресите што зафатија 10 провинции во медитеранските, југоисточните и источните региони на Анадолија се донесени во Истанбул со воени авиони на турските вооружени сили (ТСК) и амбулантни авиони на Министерството за здравство. Повредените со амбулантни возила од аеродромите се префрлени во јавните, приватните и универзитетските болници во градот. Од 3.405 повредени лица кои биле донесени во Истанбул, 2.193 се отпуштени, а лекувањето на 1212 жртви од земјотресот продолжува.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otpushteni-nad-2-000-povredeni-vo-zemjotresot-koi-bile-doneseni-vo-bolnitsite-vo-istanbul/feed/ 0
Старџен: Шкотските болници се речиси полни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-shkotskite-bolnici-se-rechisi-polni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-shkotskite-bolnici-se-rechisi-polni/#respond Mon, 09 Jan 2023 13:46:36 +0000 https://kurir.mk/?p=785112

Болниците во Шкотска се „речиси целосно полни“, со пополнетост на кревети над 95 отсто минатата недела, соопшти шкотската премиерка Никола Старџен и нагласи дека службите се соочуваат со притисоци „без преседан“. Потребата за болнички кревети е зголемена од „вонредните“ нивоа на зимски грип, зголемените стапки на инфекции со Ковид-19 и случаите на стрептокока А. Старџен рече дека треба да се направи повеќе за да се спречи непотребното присуство во болница и да се забрза отпуштањето. На посебен брифинг во шкотската влада, таа нагласи дека ова е „речиси сигурно најтешката зима досега за националната здравствена служба (НХС)“. Според Старџен, пандемијата му нанела „значаен шок на системот“ и тоа, заедно со „вонредни нивоа на други болести“, создава невиден притисок. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stardzen-shkotskite-bolnici-se-rechisi-polni/feed/ 0