бомбардери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 10:25:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бомбардери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Данските воздухопловни сили пресретнаа два руски бомбардери: „Летаа кон територија на НАТО“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskite-vozduhoplovni-sili-presretnaa-dva-ruski-bombarderi-letaa-kon-teritorija-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskite-vozduhoplovni-sili-presretnaa-dva-ruski-bombarderi-letaa-kon-teritorija-na-nato/#respond Mon, 14 Aug 2023 10:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=866489

Данските воздухопловни сили пресретнаа два руски бомбардери кои летаа над Данска и кон воздушниот простор надгледуван од Холандија во име на НАТО, соопшти холандското воено воздухопловство, пренесе Скај њуз. Холандските Ф-16 беа подготвени да ги пресретнат бомбардерите пред да влезат во воздушниот простор на НАТО, соопштија воздухопловните сили – но руските авиони се свртеа пред официјално да преминат на холандска територија, откако данските авиони беа испратени да ги пресретнат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskite-vozduhoplovni-sili-presretnaa-dva-ruski-bombarderi-letaa-kon-teritorija-na-nato/feed/ 0
Американски ловци пресретнале 6 руски бомбардери близу Алјаска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovtsi-presretnale-6-ruski-bombarderi-blizu-aljaska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovtsi-presretnale-6-ruski-bombarderi-blizu-aljaska/#respond Mon, 15 May 2023 07:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=834225

Група американски борбени авиони пресретнале шест руски бомбардери во близина на Алјаска, каде што во тек се американски воени вежби за обука, соопшти во неделата Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД). НОРАД соопшти дека во четвртокот откриле, следеле, позитивно идентификувале и пресретнале шест руски авиони кои оперирале во и во близина на зоната за идентификација на воздушната одбрана (АДИЗ) на Алјаска. Меѓу руските авиони имало бомбардери Ту-95, танкери ИЛ-78 и борбени авиони Су-35, пренесуваат медиумите. Заедничката американско-канадска одбранбена команда додаде дека руските летови се случиле во време кога на Алјаска се одвиваат неколку планирани големи воени вежби на САД. Тимот за пресретнување на НОРАД вклучувал ловци F-16, F-22, KC-135 „стратотанкер“ и E-3 „авакс“ авиони. Од НОРАД соопштија дека руските авиони останал во меѓународниот воздушен простор и не навлегле во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор. Во нивното соопштение се додава дека руската активност во северноамериканската АДИЗ се случува редовно и на неа не се гледа како на закана. Според проценките на НОРАД секоја година во АДИЗ се случуваат просечно по шест до седум упади на руски авиони. Инцидентот се случува во време кога тензиите меѓу Вашингтон и Москва остануваат високи откако американското воено надгледувачко беспилотно летало (MQ-9 Reaper) падна во Црното Море на 14 март по средба со руските борбени авиони Су-27 во меѓународниот воздушен простор во близина на територијата за која Русија тврди дека ја анектирала од Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovtsi-presretnale-6-ruski-bombarderi-blizu-aljaska/feed/ 0
САД планираат да распоредат бомбардери Б-52 во Австралија, тврди извор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-planiraat-da-rasporedat-bombarderi-b-52-vo-avstralija-tvrdi-izvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-planiraat-da-rasporedat-bombarderi-b-52-vo-avstralija-tvrdi-izvor/#respond Mon, 31 Oct 2022 06:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=752908

Во услови на зголемени тензии со Кина, САД планираат да распоредат до шест бомбардери Б-52 што можат да носат нуклеарно оружје во воздухопловна база во северна Австралија. Специјализирани објекти за бомбардерите ќе бидат изградени во оддалечената воздухопловна база Тиндал на околу 300 километри јужно од Дарвин, главниот град на австралиската Северна територија, изјави извор. За претстојното распоредување на бомбардерите првпат јави австралиската телевизија Еј-Би-Си, која се повика на американски документи. Според Еј-Би-Си, американското воено воздухопловство соопшти дека способноста на САД да распореди бомбардери со голем радиус на движење испраќа силна порака до потенцијалните противници за способноста на Вашингтон. Минатата година, САД, Велика Британија и Австралија склучија безбедносен договор со кој на Австралија ќе и се обезбеди технологија за набавка на подморници на нуклеарен погон. Лани, САД распоредија бомбардери Б-52 во својата воздухопловна база Андерсон на островот Гуам во Тихиот Океан.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-planiraat-da-rasporedat-bombarderi-b-52-vo-avstralija-tvrdi-izvor/feed/ 0
САД испратија бомбардери на Блиски Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ispratija-bombarderi-na-bliski-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ispratija-bombarderi-na-bliski-istok/#respond Fri, 11 Dec 2020 12:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=442069

Американската армија испрати два бомбардера Б-52Х на Блиски Исток во рамките на одвраќањето на потенцијалните напади од Иран, се наведува во соопштението на американската Централна команда (ЦЕНТЦОМ), која ги надгледува воените операции на Блиски Исток. – Летот не се однесува на некаква навредлива акција, се работи за одвраќање на Иран од акција, изјави неименуван американски воен претставник. Тој додаде оти американската армија неодамна забележала „загрижувачки индикатори во Иран“ односно дека Техеран или сили поврзани со него можеби планираат напади. – Тие показатели заедно со континуираното намалување на бројот на американските трупи во Ирак и престојната годишнина од убиството на командантот на иранските елитни сили Кудс, Касем Сулејмани создаваат „натпросечен“ ризик од погрешна проценка на Иран, истакна неименуваниот американски претставник. Двата бомбардери Б-52Х полетаа од базата Барксдејл во Лујзијана. – Способноста на летање на стратешките бомбардери преку половина свет во непрекидна мисија и брза интеграција со повеќе регионални партнери ги покажува нашите блиски односи и нашата заедничка посветеност на регионалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението на ЦЕНТЦОМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ispratija-bombarderi-na-bliski-istok/feed/ 0
САД почнаа со распоредување бомбардери на островот Диего Гарсија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pochnaa-so-rasporeduvanje-bombarderi-na-ostrovot-diego-garsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pochnaa-so-rasporeduvanje-bombarderi-na-ostrovot-diego-garsija/#respond Tue, 07 Jan 2020 17:00:56 +0000 https://kurir.mk/?p=286543

Американските воздухопловни сили почнаа со распоредување на шест стратешки бомбардери Б-52 во базата на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан по убиството на генералот Касим Сулејмани, јави Фокс Њуз. Тој потег следува по обидите на американските воени официјални лица да ги засилат ресурсите во близина на Блискиот исток, откако ирачката шиитска милиција Катаиб Хезболах навести за можни напади како одмазда за смртта на Сулејмани. Бомбардерите Б-52 се забележани како полетуваат од воздухопловната база „Баксдејл“ во Луизијана кон островот Диего Гарсија, што се наоѓа на околу 3.700 километри од јужната граница на Иран. Секој авион има осум мотори и е дизајниран да носи голема количина оружје, вклучувајќи крстoсувачки ракети, конвенционални бомби и ласерски наведувани бомби и нуклеарни гравитациски бомби. Американската армија претходно во мај испрати бомбардерска оперативна група во Катар, но бомбардерите ја напуштија по неколку месеци, изјави неименуван американски претставник за одбрана. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pochnaa-so-rasporeduvanje-bombarderi-na-ostrovot-diego-garsija/feed/ 0