бомбардирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 05:47:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бомбардирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израелските сили продолжуваат со бомбардирањето на Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-sili-prodolzhuvaat-so-bombardiraneto-na-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-sili-prodolzhuvaat-so-bombardiraneto-na-pojasot-gaza/#respond Thu, 12 Oct 2023 05:47:11 +0000 https://kurir.mk/?p=887863

Израелската војска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа како одговор на координираните напади на исламистичката група Хамас. Израелските одбранбени сили денеска на Телеграм објавија дека во моментов е во тек голем напад врз цели поврзани со Хамас во Појасот Газа. Израел беше изненаден од големиот напад на милитантите на Хамас од Појасот Газа во саботата и возврати со масовни воздушни напади на територијата. Повеќе од илјада загинаа на секоја страна, а повеќето од загинатите беа цивили. Израел собра околу 300 илјади резервни војници и оклопни возила на границата со Појасот Газа. Копнената офанзива ќе биде започната врз Газа „кога е погоднo за нашите цели, рече портпаролот на израелски одбранбени сили Џонатан Конрикус на дневен брифинг емитуван на „Х“. Тој додаде дека се надева дека четврток ќе биде потивок, бидејќи, како што кажа, „ни претстои долг и многу, многу опасен пат“. -Целта на израелската војска беше да стигне до Хамас во неговата мрежа од тунели и бункери под густо населениот Појас Газа, рече Конрикус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-sili-prodolzhuvaat-so-bombardiraneto-na-pojasot-gaza/feed/ 0
Појасот Газа под силно бомбардирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pojasot-gaza-pod-silno-bombardirane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pojasot-gaza-pod-silno-bombardirane/#respond Mon, 09 Oct 2023 17:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=887103

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека за три часа извршиле 130 воздушни напади врз цели на Хамас во Појасот Газа. - Во текот на изминатите 24 часа, авионите на воздухопловните сили извршија опсежни напади долж и низ Појасот Газа, предизвикувајќи хаос меѓу терористите на Хамас, се наведува во соопштението на ИДФ. Западните медиуми јавија дека има континуирано бомбардирање на една минута. Експлозии одекнува и низ Ашдод, град на околу 35 километри северно од енклавата. Во исто време, ракети продолжија да се истрелуваат од Појасот Газа, иако во многу помал број и беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pojasot-gaza-pod-silno-bombardirane/feed/ 0
Масовно бомбардирање на Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovno-bombardirane-na-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovno-bombardirane-na-gaza/#respond Mon, 09 Oct 2023 12:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=886983

Израелските воздухопловни сили извршија ново брутално бомбардирање на Газа. Очигледно, тоа е одговор на денешниот ракетен напад на Хамас врз израелските градови. Израелската војска објави дека извршила опширен напад врз командните центри на Хамас во Газа. Хамас: Израелците убија затвореници во воздушни напади Вооруженото крило на Хамас тврди дека четворица израелски затвореници, како и борците на Хамас, кои ги заробиле, биле убиени во израелските воздушни напади од вчера, пренесува „Ројтерс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovno-bombardirane-na-gaza/feed/ 0
На денешен ден започна бомбардирањето на Југославија од НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-deneshen-den-zapochna-bombardiraneto-na-jugoslavija-od-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-deneshen-den-zapochna-bombardiraneto-na-jugoslavija-od-nato/#respond Fri, 24 Mar 2023 08:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=815845

Сирените се слушаа 78 дена, а вкупниот број на жртвите никогаш не е утврден. Се проценува дека во текот на 11 недели загинаа меѓу 1.200 и 2.500 луѓе, од кои 89 деца, додека вкупната материјална штета е проценета на повеќе десетици милијарди долари. Нападот врз Србија, односно СРЈ, беше извршен без одобрение на Советот за безбедност на Обединетите нации, што беше преседан. Наредбата на тогашниот командант на сојузничките сили, американскиот генерал Весли Кларк, му ја издаде генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана. Кларк подоцна, во книгата „Модерно војување“, напиша дека планирањето на воздушната операција на НАТО против СРЈ „кон средината на јуни 1998 веќе на големо била во тек“ и дека завршило кон крајот на август таа година. Откако српското собрание потврди дека не ја прифаќа одлуката за странски трупи на својата територија и предложи сили на Обединетите нации да го надгледуваат мировното решение на конфликтот на Косово, НАТО на 24 март 1999 во 19:45 ги почна воздушните напади со крстосувачки ракети и авијација, во повеќе места во Србија и Црна Гора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-deneshen-den-zapochna-bombardiraneto-na-jugoslavija-od-nato/feed/ 0
Суд во Хаг: Холандското бомбардирање во Авганистан беше незаконско https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-hag-holandskoto-bombardiranje-vo-avganistan-beshe-nezakonsko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-hag-holandskoto-bombardiranje-vo-avganistan-beshe-nezakonsko/#respond Wed, 23 Nov 2022 14:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=765479

Холандскиот суд во Хаг денеска пресуди дека холандското гранатирање станбен комплекс во авганистанската провинција Урузган во јуни 2007 година, било нелегално и оти Холандија треба да им плати отштета на жртвите. Пред две години, холандското Министерство за одбрана побара од Обвинителството да го истражи гранатирањето во кое животот го изгубија десетици цивили. „Холандија е одговорна за гранатирање на тие куќи. Се знаеше оти тие куќи се населени со цивили. Холандската држава се повикуваше на фактот дека талибанците ги користеле куќите за воени цели и затоа бомбардирањето не било противзаконско“, наведе судот во Хаг. Судот истакнува дека холандската држава не појаснила доволно врз основа на што дошла до заклучокот дека тие куќи се користени од талибанците и оти поради тоа бомбардирањето е противзаконско.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-hag-holandskoto-bombardiranje-vo-avganistan-beshe-nezakonsko/feed/ 0
Украински милионер загина во бомбардирањето на Миколаев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-milioner-zagina-vo-bombardiranjeto-na-mikolaev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-milioner-zagina-vo-bombardiranjeto-na-mikolaev/#respond Sun, 31 Jul 2022 14:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=712248

Еден од најбогатите украински бизнисмени, Олексеј Вадатурски, загина во бомбардирањето на јужниот украински град Миколаев. Неговата сопруга Раиса, исто така, загинала кога ракета го погодила нивниот дом во текот на ноќта, пренесува Би-Би-Си информации до украинските медиуми. Тој беше сопственик на Нибулон, компанија за извоз на жито. Градоначалникот на Миколаев, Олександар Сенкевич, изјави дека тоа е еден од најбруталните напади врз градот. Николаев е на пат кон Одеса, главното пристаниште во Украина, и често е цел на напади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-milioner-zagina-vo-bombardiranjeto-na-mikolaev/feed/ 0
Русите пукале кон воз за евакуација при бомбардирањето на воената база кај Лавов, има и загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-pukale-kon-voz-za-evakuacija-pri-bombardiranjeto-na-voenata-baza-kaj-lavov-ima-i-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-pukale-kon-voz-za-evakuacija-pri-bombardiranjeto-na-voenata-baza-kaj-lavov-ima-i-zaginati/#respond Sun, 13 Mar 2022 08:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=646218

Осум проектили се истрелани кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност, соопшти регионалната воена управа на Лавов. Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри. Нападот на воената база во близина на Полска дојде откако заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков вчера предупреди дека западните конвои со оружје и воена опрема за Украина Русија ги третира како „легитимни цели за напад“. Гувернерот на областа Лавов изјави дека во нападот на воената база западно од Лавов загинале девет лица, а ранети се 57 луѓе. Украинскиот парламент на својот канал Телеграм објави дека гранатирањето го оштетило возот за евакуација во регионот на Доњецк. - Во ноќта меѓу 12 и 13 март беше погоден воз за евакуација во близина на станицата Брусин во регионот на Доњецк. Возот бил на пат кон градот Лиман за да ги евакуира жителите на регионите Доњецк и Луганск. Еден од кондуктерите на овој воз загина, а друг е повреден, соопшти украинскиот парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-pukale-kon-voz-za-evakuacija-pri-bombardiranjeto-na-voenata-baza-kaj-lavov-ima-i-zaginati/feed/ 0
Членка на мисијата на ОБСЕ во Украина загинала во бомбардирањето на Харков https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chlenka-na-misijata-na-obse-vo-ukraina-zaginala-vo-bombardiranjeto-na-harkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chlenka-na-misijata-na-obse-vo-ukraina-zaginala-vo-bombardiranjeto-na-harkov/#respond Thu, 03 Mar 2022 07:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=639855

Украинската членка на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Марина Фенина, загинала за време на руското бомбардирање на Харков, соопшти синоќа организацијата. „Фенина, локален член на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, беше убиена во бомбардирањето на Харков во вторникот (1 март) додека набавуваше храна за своето семејство во градот што стана воена зона“, се наведува во соопштението на ОБСЕ. Организацијата, која неодамна нареди заминување на својата набљудувачка мисија поради конфликтот, го осуди интензивното бомбардирање на цивилните градови и ја повика Русија да го прекине конфликтот и „да се вклучи во значаен дијалог“. Русија рано утрото на 24 февруари изврши напад врз Украина. Руската воена операција беше осудена од меѓународната заедница, а западните земји како свој одговор на агресијата воведоа економски санкции кон Москва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chlenka-na-misijata-na-obse-vo-ukraina-zaginala-vo-bombardiranjeto-na-harkov/feed/ 0
Етиопија го бомбардираше Мекеле – неколку цивили повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-go-bombardirashe-mekele-nekolku-civili-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-go-bombardirashe-mekele-nekolku-civili-povredeni/#respond Mon, 18 Oct 2021 14:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=581553

Неколку цивили се повредени во воздушните напади врз Мекеле, главниот град на регионот Тиграј во северниот дел на Етиопија. Во извештај на тиграјската телевизија се наведува дека нападот го извршиле премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед и владините сили кои тој ги предводи. Некои западни медиуми објавија дека не можеле да ја проверат веродостојноста на извештајот, бидејќи во тој регион нема новинари, но пренесени се зборовите на еден хуманитарен работник од Тиграј, кој потврдил дека нападот се случил. Војската на Етиопија и нејзините сојузници се борат против припадниците на Народноослободителниот фронт на Тиграј веќе 11 месеци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-go-bombardirashe-mekele-nekolku-civili-povredeni/feed/ 0
Израелски авиони бомбардираа позиции на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-avioni-bombardiraa-pozicii-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-avioni-bombardiraa-pozicii-na-hamas/#respond Tue, 24 Aug 2021 06:55:12 +0000 https://kurir.mk/?p=554277

Израелски воени авиони бомбардираа позиции на Хамас во Газа, како одговор на запаливите балони кои се пуштени од таа палестинска територија и предизвикаа пожари во јужниот дел на Израел, соопшти израелската војска. Засега нема податоци за жртви во нападите, чија цел биле, како што соопшти армијата, фабрика за производство на оружје и лансирна рампа за ракети, кои припаѓаат на Хамас. Откако во мај стапи во сила прекин на огнот по 11-дневни борби меѓу Израел и Хамас, од Газа повремено се пуштаат балони со запалив материјал кон Израел. Палестинците велат дека сакаат да извршат притисок врз Израел да ги ублажи рестрикциите кон Газа и да дозволи помош да стигне на таа територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-avioni-bombardiraa-pozicii-na-hamas/feed/ 0