бомбашки напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 20:14:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бомбашки напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бомбашки напади во Мексико, убиени шест полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bombashki-napadi-vo-meksiko-ubieni-shest-politsajtsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bombashki-napadi-vo-meksiko-ubieni-shest-politsajtsi/#respond Wed, 12 Jul 2023 20:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=856042

Шест полицајци и агенти на обвинителството се убиени, а 12 други се ранети во координирана серија бомбашки напади покрај патишта во западно Мексико. Официјалните лица тврдат дека станува збор за заседа поставена од нарко картел. Гувернерот на државата Халиско, Енрике Алфаро, рече дека стапицата во градот Тлајомулко била поставена кога анонимен јавувач известил за локацијата на наводните тајни гробишта. На терен веднаш биле испратени сили за лоцирање на спорната локација. Додека полицискиот конвој минувал покрај местото на заседата, седум рачно поставени експлозивни направи, поставени на патот, експлодирале истовремено, пренесуваат британските медиуми. Осмата направа не експлодирала. -Ова е брутален терористички напад, рече Алфаро на прес-конференција, обвинувајќи за смртта неименуван нарко картел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bombashki-napadi-vo-meksiko-ubieni-shest-politsajtsi/feed/ 0
Бомбашки напади или замајување на јавноста? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bombashki-napadi-ili-zamajuvanje-na-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bombashki-napadi-ili-zamajuvanje-na-javnosta/#respond Wed, 01 Dec 2021 10:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=602341

Најава за бомбашки напади во трговските центри веќе две недели ја активираше полицијата на највисок степен на подготвеност. Полициски службеници надвор и внатре во моловите, претреси на сите сомнителни лица ги загрижија македонските граѓани. А како капак на се, вчера центарот на Скопје, беше опколен со специјалци и членови на единицата за антитероризам, поради пријава за поставена бомба во МНТ. Па така сите објекти кои се наоѓаа во близина беа евакуирани, а центарот на градот блокиран. Ова се случува откако едно лице се јавило на билетарата на МНТ и пријавило дека во објектот има поставено бомба. Пред два дена редакцијата на КУРИР побара одговори од Министерството за внатрешни работи околу наводни најави за терористички напади во трговските центри, а оттаму ни одговорија дека лицата кои се заканувале биле уапсени. -По објава на два видео клипа на „Тик ток“ со, како што е подоцна утврдено, лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје на 28.11.2021 во 19 часот, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност. Преземени се потребните безбедносни мерки, а утврдени се и лицата- можни креатори на лажните видеа. Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во с.Студеничани и У.И. во Скопје. При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа. Приведени се Н.С., У.И., како инеговиот син А.И.. Во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, се вели во одговорот од Министерството за внатрешни работи. Но, покрај сите вакви најави за терористички напади доколку се земе во предвид актуелната политичка ситуација во Македонија, се поставува едно прашање. Дали најавите за терористички напади се начин да се замајува јавноста, со цел да не се зборува за катастрофалните политики на власта? Психолошки е јасно дека кога луѓето ќе слушнат и видат специјалци во центарот на Скопје кои бараат наводно поставена бомба паничат, загрижени се и не се мисли веќе на политиката. Зоран Заев е премиер во заминување, оставката која ја поднесе вечерта по поразот на локалните избори веќе втор месец ја одложува, по се изгледа каењето поради тој потег е голем, па со ваквите “бомбашки напади“ се купува време? На 12 декември СДСМ ќе бира нов лидер, Зоран Заев поднесе оставка и од претседателското столче во партијата, Димитар Ковачевски е најсериозниот негов наследник, како на претседателската така и на премиерската функција. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Ковачевски ќе биде само пиун на Заев кој треба само да ја продолжи лошата политика на СДСМ. До сега тој и Фросина Ременски се кандидати за претстојниот конгрес, дали ќе има нови останува да видиме до крајниот рок. Ако се земе во предвид дека во СДСМ веќе подолго време има внатрепартиски несогласувања, па така фамозното „скопско крило“ му сврте грб на актуелното раководство, се поставува прашањето, дали „скопското крило“ ќе има свој кандидат на конгресот? Но, веќе трет ден на македонската политичка сцена се случува и окрупнување на владејачкото мнозинство, па така партијата Алетернативна на Африм Гаши е на праг да влезе во владата со свои барања. Последните неофицијални информации велат дека Алтернатива на Албанците во владата ќе добијат неколку министерства и еден вицепремиер. Па оттука се доаѓа до заклучок дека целата оваа ситуација со наводно поставени бомби во објекти во главниот град се ништо друго само замајување на јавноста и оттргнување на вниманието од важните политики во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bombashki-napadi-ili-zamajuvanje-na-javnosta/feed/ 0
Два самоубиствени бомбашки напади во срцето на Багдад, најмалку 28 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-samoubistveni-bombashki-napadi-vo-srceto-na-bagdad-najmalku-28-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-samoubistveni-bombashki-napadi-vo-srceto-na-bagdad-najmalku-28-zaginati/#respond Thu, 21 Jan 2021 12:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=458035

Во двоен самоубиствен бомбашки напад загинаа најмалку 28, а повредени се 73 лица. Нападот беше изведен денеска на раздвижена трговска улица во срцето на Багдад, соопшти ирачката војска. Бригадниот генерал Хазем ал-Азави, директор на оперативната команда во Багдад, за Ирачката новинска агенција (ИНА) изјави дека „двојна експлозија“ го погоди преполниот пазар во областа Баб ал-Шарџи во близина на плоштадот Тајаран. Медицински извори за новинската агенција АФП, како што пренесува Ал Џезира, изјавија дека стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Министерството за здравство соопшти дека мобилизирало медицински лица во главниот град за да одговорат на смртоносниот напад. Воениот портпарол Јахја Расул изјави дека двајца бомбаши-самоубијци го активирале експлозивот додека биле гонети од припадници на безбедносните сили. Новинарот на АФП од местото на настанот соопшти дека бомбашите нападнале огромен отворен пазар за половна облека на плоштадот Тајаран. По повеќегодишно смртоносно секташко насилство по американската инвазија во 2003 година, самоубиствените бомбашки напади станаа релативно ретки во главниот град на Ирак. Последниот ваков напад се случи во јуни 2019 година и загинаа неколку лица. За денешниот напад засега ниту една група не презеде одговорност, но самоубиствените напади главно ги користи терористичката Исламска држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-samoubistveni-bombashki-napadi-vo-srceto-na-bagdad-najmalku-28-zaginati/feed/ 0
Најмалку 10 загинати, и повеќе десетици повредени во двата бомбашки напади во Филипини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-10-zaginati-i-povekje-desetici-povredeni-vo-dvata-bombashki-napadi-vo-filipini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-10-zaginati-i-povekje-desetici-povredeni-vo-dvata-bombashki-napadi-vo-filipini/#respond Mon, 24 Aug 2020 10:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=394587

Најмалку десет лица се убиени, а повеќе десетици се повредени во двојниот бомбашки напад, што денеска се случи во јужниот дел на Филипините, во исламистичкото упориште Сулу, во кои учестуваше и жена самоубиец. Нападот се случи во градот Холо, во мнозински муслиманската покраина Сулу, во која владините армиски сили долго време се борат со исламистичката бунтовничка група Абу Сајаф. -Во првата експлозија на импровизирана бомба, поставена на моторцикл паркиран пред трговски центар, загинаа петмина војници и четворица цивили, соопшти потполковник Корлето Винлуан. Набрзо на истата улица, која филипинската полиција ја опколи, се случи уште една експлозија, а самоубиствениот напад го изведе жена, при што почина уште едно лице, а повредени се шест припадници на филипинските безбедносни сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-10-zaginati-i-povekje-desetici-povredeni-vo-dvata-bombashki-napadi-vo-filipini/feed/ 0