бон-тон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Mar 2022 12:37:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бон-тон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шест бонтон павила кои секогаш треба да ги следиме: Мора секогаш да ги имате на ум https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shest-bonton-pavila-koi-sekogash-treba-da-gi-sledime-mora-sekogash-da-gi-imate-na-um/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shest-bonton-pavila-koi-sekogash-treba-da-gi-sledime-mora-sekogash-da-gi-imate-na-um/#respond Sun, 27 Mar 2022 12:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=654072

Грижете се за вашите манири и впечатокот што го оставате кај другите Бонтонот е збир на правила на убаво и учтиво однесување, а различни содржини се присутни во речиси сите општества. Зборот бонтон е од француско потекло и во превод значи елегантно однесување. Со текот на времето, правилата за добро однесување се променија, приспособувајќи се на модерниот начин на живот. На пример, порано беше сосема незамисливо жената да запали цигара, а припадниците на посилниот пол мораа да ја пресоблечат гардеробата што мириса на чад, доколку се во женско друштво. Кои правила важат денес? Влегување и излегување од ресторан Дамите имаат предност – речиси сите го знаат тоа. Сепак, постојат исклучоци. При влегување во угостителски објект, правило е мажот да влезе прв за жената прва да не наиде на непријатни ситуации. Односно, посилниот пол е тој што го трасира патот и избира маса во ресторан. Вадење на капата, шеширот или ракавиците И денес важи правилото дека кога мажот ќе сретне жена во некој премин или соба, ги симнува капата, шеширот, ракавиците, во зависност од тоа што носи во тој момент. Од друга страна, понежниот пол воопшто не го прави тоа. Прибор Кога станува збор за приборот за јадење, постојат многу правила и мислења за тоа како правилно да се намести и со каков прибор да се јаде. Но, постои едно правило кое е општо прифатено насекаде, а тоа е дека приборот за јадење никогаш не треба да се остава на рабовите на чинијата за време на ручекот. Вилушката и ножот се ставаат вкрстено во чинијата. Лифт Според бонтон, жената е таа која прва влегува и излегува во лифт. Постојат теории кои велат дека всушност мажот треба прв да влезе во лифтот за да ја провери безбедноста на лифтот. Цигарите, како и туркањето, бучавата, се сметаат за крајно непријатни за мали и тесни простори како што е лифтот. Придржување на палтото Скоро сите знаеме дека вистински џентлмен секогаш ќе го придржи женското палто и ќе донесе столче. Но, постои исклучок од ова правило! Имено, тоа е должност исклучиво на дамскиот придружник, но не и на келнерот. Доколку келнерот се понуди да го стори тоа, придружникот треба да ја одбие понудата и да ја преземе обврската. Поправање на шминката Ако вашата шминка е размачкана или расипана, правилата на учтивост налагаат да ја поправите само во тоалетот. Поправањето шминка во салата на ресторан или кафуле, на масата се смета за помалку пристојно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shest-bonton-pavila-koi-sekogash-treba-da-gi-sledime-mora-sekogash-da-gi-imate-na-um/feed/ 0
Овие СЕДУМ БОНТОН правила мора да ги знае секоја вистинска ДАМА https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-sedum-bonton-pravila-mora-da-gi-znae-sekoja-vistinska-dama/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-sedum-bonton-pravila-mora-da-gi-znae-sekoja-vistinska-dama/#respond Fri, 29 Oct 2021 07:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=587498

Бонтонот не е само прашање на однесувањето на мажите кон дамите, туку и на односот на самите дами кон себе и кон околината. За да може мажот да биде џентлмен и да се однесува кон женскиот пол, почитувајќи ги основните принципи на бонтон, жените мора да се однесуваат како дами во сите ситуации. Затоа, донесуваме некои основи на бонтон до кои жените мора да се придржуваат – без да коментираме дали тој бонтон го напишал маж или жена… 1.Дамата никогаш не ги држи лактите на масата. 2.Дали знаевте дека жената секогаш прва му подава рака на мажот? Исто така, постариот најпрво ја подава раката на помладиот, а обратно е знак на непочитување. 3.Ако шетате по улица со пријателка или некој друг, ако таа сретне и поздрави случаен минувач, треба да го поздравите и вие. 4.Во ресторан помладите стануваат кога на масата се приближува некој постар човек. Жената станува само ако е помлада, а некој постар по години се приближува до масата. Општо правило е дека кога некој ќе влезе во просторија каде што има луѓе, тој е првиот што ќе ги поздрави сите, без разлика на пол и возраст. 5.Човек кој е помлад на возраст, а е на висока позиција, не треба да очекува сите први да го поздрават. 6.Што се однесува до доаѓањето на состаноците, секогаш пристигнувајте на време и навреме извршувајте ги обврските – освен што сите ќе имаат само пофални зборови за вас, па ќе го почитувате туѓото и сопственото време. 7.Чувството за хумор е добредојдена особина, но вистинската дама никогаш не исмејува никого – само се шегувате на своја сметка!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-sedum-bonton-pravila-mora-da-gi-znae-sekoja-vistinska-dama/feed/ 0
Бон-тон правила: Не барајте сметка пред сите да се дојадат, извадeте ја ракавицата пред да се ракувате https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bon-ton-pravila-ne-barajte-smetka-pred-site-da-se-dojadat-izvadete-ja-rakavicata-pred-da-se-rakuvate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bon-ton-pravila-ne-barajte-smetka-pred-site-da-se-dojadat-izvadete-ja-rakavicata-pred-da-se-rakuvate/#respond Tue, 04 Dec 2018 17:14:43 +0000 https://kurir.mk/?p=135743

Ова се норми кои треба да ги почитуваат сите, бидејќи се создадени за луѓето да се чувствуваат пријатно во ваше присуство. Старите добри правила ни се веќе познати, но времето се менува и треба да научиме некои модерни правила на однесување.   Ова се дел од нив: На интернет Немојте да им правите „лиги“ на пријателите со прекрасни фотки од плажи ставајќи ја само температурата. Подобро е да ставите краток опис за местото што сте го објавиле. Не дискутирајте на теми кои ве засегаат само вас и вашата пријателка во коментари на слика. Постојат директни пораки за тоа. Не ги означувајте пријателите на лоши слики. Не користете големи букви – изгледа како да викате. Постојат 3 добри причини за да објавите слика од храна: ако сте го подготвиле јадењето сами, ако постои приказна зад храната (споделете ја) и ако храната е навистина невообичаена. Поздравување За вербално поздравување, мажите се поздравуваат прво со жените, младите со постарите, а инфериорните ги поздравуваат супериорните. Личноста на која странецот и е претставен е првиот кој ја пружа својата рака за ракување. Па така, жената ја пружа раката на мажот, постарата личност на помладата и шефот секогаш ја пружа неговата рака прва. Без разлика каков статус имате, кога влегувате во просторија, прво кажете „добар ден“ или „здраво“. Кога претставувате на некого некоја личност, дајте малку повеќе информации: „Ова е мојата пријателка Марија и таа е ветеринар.“ Така двете личности ќе имаат малку претстава еден за друг и ќе имаат за што да разговараат за почеток. Мажот треба да ја извади ракавицата (ако носи) пред да се ракува. Кога влегувате во такси, прво поздравете го возачот. Ако личноста што влегува во просторија ја пружи својата рака на некој што седи, другата личност треба да стане – ракувањето додека седите не е културно. Ако вашиот придружник се поздрави со некого, и вие треба да се поздравите или барем да кажете „здраво“. Никогаш не пружајте рака на некого додека сте во тоалет или на излез од него. Севкупно, ако рацете ви се мокри, нечисти или носите нешто тешко, подобро е да се извините и да не се ракувате.Не пружајте рака преку маса. Кога сте на гости или имате гости Не одговарајте на поканата со прашањето: „Кој друг ќе биде таму?“. Тоа е некултурно. Ако имате гостин, исклучете го телевизорот и не седете на компјутер или телефон. Ако мора да се јавите на телефон, не се задржувајте подолго од 5 минути. Ако сите гости седнете на маса, чекајте да ви се придружи и домаќинот пред да почнете да јадете. На почетокот додека повеќето гости се собираат, држете го пијалакот во левата рака. Во спротивно, раката со која се ракувате ќе ви биде мокра и ладна, што не е баш пријатно за другата личност. Ако си одите први од сите останати гости, поздравете се само со домаќинот. Во спротивно, ќе им дадете сигнал на другите дека и тие треба да си одат. Во ресторан Некултурно е да му се придружите на пријател кој седи на маса со непознат човек. Можете да го направите тоа само ако тие ве поканат. Не е препорачливо да побарате сметка додека другите на вашата маса не завршат со јадењето. Ако храната што сте ја нарачале ја сервираат со сос во посебен сад, ставете си од сосот во вашата чинија или побарајте нов само за вас. Немојте да натопувате парчиња храна во сосот кој е наменет за сите. Не го бирајте најубавото парче од храната сервирана за сите. Земете го парчето кое е најблиску до вас. Не си точете пијалак само за вас. Прво понудете ги тие што се до вас. На телефон Не користете пораки за да споделите важни вести. Секогаш гасете го звукот на ѕвонење кога сте во театар, кино, библиотека или читална. Ако некој не ви одговори на повикот по 5-тото титкање, треба да спуштите. Ако се допишувате со пријатели, во ред е да погледнете неколкупати во телефонот. Но, ако треба да се јавите, тргнете се неколку метри настрана за да не пречите на никого со вашиот разговор. Ако повикот бил прекинат или не сте можеле да го добиете тој што го барате, вие сте тие што треба повторно да заѕвоните подоцна. Ако ѕвоните на некого од непознат број, претставете се со целосно име и презиме, за соговорникот да не мора да се мисли со кого точно раговара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bon-ton-pravila-ne-barajte-smetka-pred-site-da-se-dojadat-izvadete-ja-rakavicata-pred-da-se-rakuvate/feed/ 0
Сите велат „наздравје“ кога некој ќе кивне, еве зошто тоа е погрешно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/site-velat-nazdravje-koga-nekoj-kje-kivne-eve-zoshto-toa-e-pogreshno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/site-velat-nazdravje-koga-nekoj-kje-kivne-eve-zoshto-toa-e-pogreshno/#respond Tue, 07 Aug 2018 19:59:16 +0000 https://kurir.mk/?p=85587

Бонтон правилата се правила на убаво однесување, кои означуваат убав начин на изразување и однесување на воспитани луѓе. Во модерниот свет во кој живееме, традицијата и старите вредности се повеќе се оставаат настрана, а во односите меѓу луѓето често владее хаос. Сите знаеме да ставиме рака на устата кога се прозеваме, кашламе, киваме, но дали сте знаеле дека не е во ред на некого да му кажете „наздравје“ откако ќе кивне. Секој познавач на убавото однесување ќе каже дека во такви ситуации најдобро е да не се каже ништо, бидејќи со тоа непотребно се придава внимание на личноста која кива, поради што може таа да се почувствува непријатно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/site-velat-nazdravje-koga-nekoj-kje-kivne-eve-zoshto-toa-e-pogreshno/feed/ 0