бон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jun 2022 06:18:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отсечена човечка глава пронајдена пред зградата на судот во Бон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otsechena-chovechka-glava-pronajdena-pred-zgradata-na-sudot-vo-bon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otsechena-chovechka-glava-pronajdena-pred-zgradata-na-sudot-vo-bon/#respond Wed, 29 Jun 2022 06:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=697083

Отсечена човечка глава е пронајдена во вторникот пред зградата на судот во западниот германски град Бон. „Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот“, изјави портпаролот на полицијата. „Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава“, рече тој. Торзо за кое се претпоставува дека е од истото тело било пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од историската царинска зграда Алтер Зол. Местата каде што се пронајдени деловите од телото се оддалечени околу еден километар. Во близина е приведен еден осомничен. Полицијата соопшти дека станува збор за 38-годишен маж кој им е познат во врска со наркотици. „Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници“, соопшти полицијата. До синоќа не беше пронајдено оружјето со кое е извршено делото. Инспекторите и натаму трагаат по сведоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otsechena-chovechka-glava-pronajdena-pred-zgradata-na-sudot-vo-bon/feed/ 0
Над илјада македонски граѓани ја искористија можноста за мобилно издавање пасоши во конзулатот во Бон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-iljada-makedonski-gragjani-ja-iskoristija-moznosta-za-mobilno-izdavanje-pasoshi-vo-konzulatot-vo-bon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-iljada-makedonski-gragjani-ja-iskoristija-moznosta-za-mobilno-izdavanje-pasoshi-vo-konzulatot-vo-bon/#respond Wed, 08 Dec 2021 09:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=605633

За помалку од три месеци, над илјада државјани на Република Македонија кои живеат во Сојузна Република Германија, се сликаа за нови патни исправи во Конзуларното одделение во Бон, каде во функција е ставена новата базна станица. Конзулот Боро Мирчески вели дека седумстотини биометриски пасоши се готови, а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која придонела за кратење на постапката и намалување на трошоците. -Oвој проект е исклучително полезен за нашата дијаспора. Од искуството во изминатиот период, како го отпочнавме проектот, можам да посведочам само на зголемување на задоволството кај странките. Во моментов, во нашата амбасада во Бон, странките добиваат изготвена патна исправа за помалку од 30 дена, вели Мирчески. Дијаспората е задоволна од новиот начин на издавање на биометриските исправи и од вработените во кознуларното одделение во Бон. -Подобрувањето на услугите на дипломатските и конзуларните претставништва на Република Македонија преку базните и мобилните станици е еден од многубројните проекти на Министерството за надворешни работи за дијаспората, велат од МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-iljada-makedonski-gragjani-ja-iskoristija-moznosta-za-mobilno-izdavanje-pasoshi-vo-konzulatot-vo-bon/feed/ 0
Управен суд забрани дизелаши во Келн и Бон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upraven-sud-zabrani-dizelashi-vo-keln-i-bon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upraven-sud-zabrani-dizelashi-vo-keln-i-bon/#respond Thu, 08 Nov 2018 15:08:33 +0000 https://kurir.mk/?p=125337

Градовите Келн и Бон ќе мора од април 2019 година да воведат забрани за движење возила на дизел погон што не задоволуваат најнови стандарди за ниво на испуштени штетни гасови. Тоа го одлучи денеска Управен суд во Келн, јави ДПА. Во образложението на судската одлука се наведува дека предолго се чекало за намалување на нивото на штетни гасови и дека сега единствената мерка што преостанува е – забрана. Забраната од април 2019 година ќе се однесува на возила до норма Еуро 4, а од септември за автомобили со ознака Еуро 5. Забраната ја побараа од еколошкото здужение Германска заштита на природата која вече во неколку германски градови по судски пат се избори за забрани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upraven-sud-zabrani-dizelashi-vo-keln-i-bon/feed/ 0