боно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 05:55:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png боно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Херојот на Мароко- Боно: Спуштам капа за целиот мојот тим https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/herojot-na-maroko-bono-spushtam-kapa-za-celiot-mojot-tim/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/herojot-na-maroko-bono-spushtam-kapa-za-celiot-mojot-tim/#respond Wed, 07 Dec 2022 05:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=772051

Јунак на мароканскиот состав беше голманот на Севиља, Боно, откако во пенал-рулетот ги обрани ударите на Солер и Бускетс. „Пеналите се малку интуиција, малку среќа. Најважно е што победивме. Спуштам капа за целиот тим, завршија неверојатна работа. Не е лесно да се остане сконцентриран 120 минути против Шпанија, која доминира во поседот на топката, Тешко е да се опишат овие моменти. Ќе се обидеме да останеме фокусирани и да се опоравиме што е можно поскоро. Брзо ни следи четвртфиналниот натпревар. Го пречекуваме со големо задоволство и желба. Тоа го гледам во очите на моите соиграчи“, заврши Боно. Во четвртфиналето Мароко ќе игра против Португалија која убедливо го совлада швајцарскиот тим со 6-1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/herojot-na-maroko-bono-spushtam-kapa-za-celiot-mojot-tim/feed/ 0
Боно снима документарец за Босна https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bono-snima-dokumentarec-za-bosna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bono-snima-dokumentarec-za-bosna/#respond Tue, 08 Nov 2022 10:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=757313

Пејачот Боно снима документарен филм под наслов „Бакни ја иднината“ (Kiss the Future) за концертот што групата „Ју-ту“ го одржа во Сараево, БиХ, 1997 година. Музичарот ја добил оваа идеја по посетата на Киев. Продуценти на филмот се Бен Афлек и Мет Дејмон. – Групата „Ју-ту“ отсекогаш покажувала солидарност со луѓето кои се угнетувани. Кога Еџ и јас патувавме за Киев, не размислував за Сараево. Сепак, набрзо се појавија сите спомени. Документарецот ќе ги поврзе нападите на Сараево со оние на Киев… Режисер е Ненад Цицин-Саин. Филмот, исто така, зборува за улогата на уметноста во давањето надеж на луѓето кои треба да живеат во војна, изјави Боно за „Индивајер“ (IndieWire). Пораката на филмот е: Жителите на Украина допрва ќе преживеат сѐ што преживеало Сараево. – Војната не е завршена. Инспиративно е да се види дека има 60 милиони луѓе во украинската армија, речиси целото население е дел од неа. Сите се свесни колку е вредна слободата и оти мора да ја одбранат, додаде тој. Врската меѓу поп-рок составот и Сараево постои од 1993 година, и турнејата „ZooTV“, каде што Ирците се обидоа да го свртат светското внимание на војната во БиХ. Американскиот новинар и хуманитарен работник Бил Картер вршеше пренос од концертот во Верона, Италија, од јули таа година. Поради војната, групата „Ју-ту“ не можеше да дојде во Сараево, но заветот го исполнија четири години подоцна. Го свиреа вообичаениот репертоар, но и песната „Мис Сараево“, напишана за натпреварот за најубава девојка што се одржа во Сараево, и тоа во војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bono-snima-dokumentarec-za-bosna/feed/ 0
Турнеја на Боно без „Ју-ту“, по повод неговите мемоари https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/turneja-na-bono-bez-ju-tu-po-povod-negovite-memoari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/turneja-na-bono-bez-ju-tu-po-povod-negovite-memoari/#respond Tue, 04 Oct 2022 06:53:08 +0000 https://kurir.mk/?p=740705

Следната турнеја на рок-пејачот Боно Вокс ќе биде без неговиот бенд „Ју-ту“, и без нов албум како причина, а ќе се однесува на претставувањето на неговите мемоари „Предавање: 40 песни, една приказна“, што ќе бидат објавени на 1 ноември. „Surrender“ (Преgавање) е наслов на песна од албумот „War“ на групата. Светскиот концертен гигант „Лајв нејшн“ (Live Nation) и издавачката куќа „Пенгуин рандом хаус“ (Penguin Random House) денеска објавија дека 62-годишната суперѕвезда ќе посети 14 градови ширум светот во ноември. Турнејата ќе почне на 2 ноември од театарот „Бикон“ во Менхетн, Њујорк, САД, а ќе заврши на 28 ноември во „Театро Колосеум“ во Мадрид, Шпанија. – Ми недостига сцената и да бидам близок со публиката „Ју-ту“. На овие настапи имам некои приказни да отпеам и некои песни да раскажам, изјави Боно. „Ју-ту“ е основана кон крајот на 70-тите во Ирска. Тие го привлекоа вниманието со нивниот прв албум „Boy“ (1980), а првиот поголем успех го постигнаа со третиот албум „War“ (1983), како и со петтиот албум „The Joshua Tree“ (1987). Групата сними вкупно 14 албуми, од кои последен е „Songs of Experience“ (2017).]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/turneja-na-bono-bez-ju-tu-po-povod-negovite-memoari/feed/ 0
Боно предупредува: ОН, ЕУ и НАТО се под закана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bono-predupreduva-on-eu-i-nato-se-pod-zakana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bono-predupreduva-on-eu-i-nato-se-pod-zakana/#respond Tue, 03 Jul 2018 06:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=72286

Ирската рок-ѕвезда Боно предупреди дека ОН и другите меѓународни институции, вклучувајќи ги и ЕУ и НАТО, се изложени на ризик, па ги повика државите да работат заедно, за да гарантираат дека овие организации ќе продолжуваат да постојат. Фронтменот на групата „Ју-ту“, кој е роден во Даблин, синоќа одржа говор пред неколку стотици дипломати и претставници на Светската организација на настан, посветен на кандидатурата на Ирска за место во Советот за безбедност во 2021-22 година. Иако Боно не именуваше ниту една земја одговорна за заканата за светските институции во овие „проблематични времиња", неговите зборови очигледно беа насочени кон американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја критикуваше ЕУ и НАТО, забележуваат американски медиуми. Трамп ги повлече САД од Паризскиот договор за климата - нешто, што го спомена и пејачот. Со новите американски царини за увоз, американскиот претседател, исто така, ја поткопа Светската трговска организација, која, според Боно, е загрозена. Живееме во време, кога се нападнати витални институции, како што се Обединетите нации, рече рок-ѕвездата во седиштето на ОН во Њујорк. Ирската влада ги покани постојаните претставници на 192-те земји-членки на ОН на концерт Боно во салата „Медисон сквер гарден“, кој ќе се одржи в недела. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bono-predupreduva-on-eu-i-nato-se-pod-zakana/feed/ 0