бонуси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 21:49:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бонуси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полскиот премиер се повлече од намерата за бонуси за фудбалерите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/polskiot-premier-se-povleche-od-namerata-za-bonusi-za-fudbalerite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/polskiot-premier-se-povleche-od-namerata-za-bonusi-za-fudbalerite/#respond Tue, 06 Dec 2022 21:49:25 +0000 https://kurir.mk/?p=771973

Соочен со растечката инфлација и тешката економска состојба во земјата, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, денеска се повлече од својата првична изјава да им биде доделен бонус на фудбалските репрезентативци за остварениот резултат на Светското првенство во Катар. Станува збор за неочекуван пресврт бидејќи премиерот отстапи од намерата само неколку часови откако изјави дека полските фудбалери заслужуваат бонус за пласманот во нокаут фазата на мундијалот во Катар. Последен пат Полска избори место во осминафиналето на светските првенства пред 36 години. Поттикнат од растот на инфлацијата и тешките услови за живот на граѓаните, Моравјецки преку социјалните мрежи објави дека „нема да има пари од буџетот“ за бонуси за фудбалерите. На испраќањето на полската репрезентација на мундијалот во Катар, премиерот Моравјецки им вети на фудбалерите „многу добра награда“ доколку работите се одвиваат во посакуван правец. Медиумите тогаш шпекулираа дека на состанокот се зборувало за парична награда од најмалку 6.7 милиони долари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/polskiot-premier-se-povleche-od-namerata-za-bonusi-za-fudbalerite/feed/ 0
По 4.000 евра бонус за сите вработени: Ваков газда секој посакува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-4-000-evra-bonus-za-site-vraboteni-vakov-gazda-sekoj-posakuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-4-000-evra-bonus-za-site-vraboteni-vakov-gazda-sekoj-posakuva/#respond Thu, 02 Jan 2020 14:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=284827

Норвешката компанија „Икеа“ ги израдуваа своите вработени со бонуси за Божиќ и Нова година. Компанијата своите вработени ги наградила со празничен бонус во вредност од 40.000 круни или околу 4.000 евра. Имено, на секој еден од вкупно 3.000 вработени во компанијата, без оглед на својата позиција, компанијата му исплатила божиќен и новогодишен бонус во вредност од 4.000 евра. -Секој работник што поминал најмалку шест месеци во нашата компанија ќе добие бонус, изјавија од компанијата која за празнички бонуси издвои околу 12 милиони евра. Ова е досега најголем износ што компанијата им го исплатила на своите вработени во Норвешка како бонус за новогодишните празници. -Кога ќе постигнеме добри резултати, тоа првенствено се должи на успешното работење на нашиот персонал. Затоа сакаме да им се оддолжиме на сите кои на одреден начин придонеле за тоа, а бонусите се добра можност да го сториме тоа, велат од Икеа. Инаку, Икеа бележи значителен раст во однос на 2018 година кога нивната продажба се намали за прв пат по 20 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-4-000-evra-bonus-za-site-vraboteni-vakov-gazda-sekoj-posakuva/feed/ 0
Најдобриот шеф на светот: На своите вработени им подари бонус 10 милиони долари, нивните реакции се бесценети (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najdobriot-shef-na-svetot-na-svoite-vraboteni-im-podari-bonus-10-milioni-dolari-nivnite-reakcii-se-besceneti-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najdobriot-shef-na-svetot-na-svoite-vraboteni-im-podari-bonus-10-milioni-dolari-nivnite-reakcii-se-besceneti-video/#respond Wed, 11 Dec 2019 14:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=276157

Декември е време кога работниците ширум светот се радуваат на своите божиќни бонуси, меѓутоа основачот и директор на градежна фирма во Балтимор, Едвард Сент Џон го покрена повисоко скалилото за сите шефови ширум светот. Имено, тој организираше божиќна забава за своите 198 вработени, каде објави дека ќе им подели на своите работници неверојатни 10 милиони долари. Работниците кои долго работат за фирмата Сент Џон Проперис добиле поголеми бонуси, но просечниот износ кој работниците го добиле изнесува 50 илјади долари. Меѓутоа, тоа не е се што добија овие работници. Тие покрај бонусот, добија и годишен бонус кој традиционално го добиваат секоја година. Како и што се очекувало, работниците воодушевени плачеа кога ги добија црвените пликови во кои се наоѓаше нивниот бонус. Едвард им рекол дека сите го добиваат својот бонус бидејќи компанијата ја достигнала својата цел, а тоа е изградба на површина од 20 милиони квадратни метри ширум САД. -За да ја прославиме прославата на нашата цел, сакавме да ги наградиме нашите работници на таков начин што ќе има значително влијание врз нивните животи. Благодарен сум му на секој од нашите работници, на нивната работа и не можев ниту да замислам подобар начин тоа да го покажам, изјави директорот на компанијата, пишува Метро. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najdobriot-shef-na-svetot-na-svoite-vraboteni-im-podari-bonus-10-milioni-dolari-nivnite-reakcii-se-besceneti-video/feed/ 0
Антикорупциска го следи случајот со бонусите на обвинителите од СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/antikorupciska-go-sledi-sluchajot-so-bonusite-na-obvinitelite-od-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/antikorupciska-go-sledi-sluchajot-so-bonusite-na-obvinitelite-od-sjo/#respond Mon, 25 Nov 2019 11:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=268765

Дополнителните приходи на обвинителите од работењето во СЈО ќе се најдат под лупа на Државната комисија за спречување на корупцијата. Од таму велат дека ги следат информациите со исплатата на бонусите кои ги добивале обвинителите, но велат дека засега нема да се оформи предмет. -Членовите на антикорупциската комисија првин на колегиум ќе го анализираат случајот. Со оглед дека и други институции најавиа истрага за сумите кои СЈО ги исплаќало на обвинителите, ќе почекаме да ги видиме резултатите од тие истраги па дури потоа ќе одлучиме дали комисијата ќе отвори предмет. И во тој случај, ние ќе бараме информации од институциите кои се надлежни за финансиското работење, како што се Управата за финансова полиција и Државниот завод за ревизија, велат од антикорупциска. Државниот обвинител Љубомир Јовески најави дека ќе се истражува дали додатоците на плата во СЈО биле исплаќани законски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/antikorupciska-go-sledi-sluchajot-so-bonusite-na-obvinitelite-od-sjo/feed/ 0