борбени авиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Apr 2023 14:08:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борбени авиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Романија планира да купи американски борбени авиони Ф-35 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanija-planira-da-kupi-amerikanski-borbeni-avioni-f-35/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanija-planira-da-kupi-amerikanski-borbeni-avioni-f-35/#respond Tue, 11 Apr 2023 14:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=822895

Романскиот Врховен совет за одбрана денеска соопшти дека Букурешт планира да купи американски борбени авиони Ф-35. Но, не е прецизира колку авиони ќе бидат купени, ниту кога ќе бидат набавени. - Поседувањето на робусни, кредибилни, интероперабилни, флексибилни и ефективни оперативни способности за воздушна одбрана, во рамките на нашите обврски како земја-членка на НАТО и на ЕУ, е клучно за постигнување на целите на одбранбената политика на Романија. Процесот на модернизација на воздухопловните сили ќе продолжи преку набавка на авиони Ф-35, соопшти Врховниот совет за одбрана. Минатата година романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека земјата размислува да го купи авионот Ф-35, кој го произведува американскиот производител на оружје „Локхид Мартин“, а минатиот месец беше најавено дека ќе ги купи и тенковите Абрамс произведени од „Џенерал Динамикс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanija-planira-da-kupi-amerikanski-borbeni-avioni-f-35/feed/ 0
Полска ќе и испорача на Украина 14 борбени авиони МиГ-29 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ke-i-isporacha-na-ukraina-14-borbeni-avioni-mig-29/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ke-i-isporacha-na-ukraina-14-borbeni-avioni-mig-29/#respond Wed, 05 Apr 2023 13:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=820595

Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека неговата земја ќе и испрати 14 борбени авиони МиГ-29 на Украина. Украина ги доби четирите наведени авиони и очекуваше испорака на уште четири, а сега Дуда потврди дека планира да испорача дополнителни шест авиони. Институтот за проучување на војната (ISW) претходно напиша дека украинските воздухопловни сили веќе управуваат со овие борбени авиони, што значи дека ќе можат да ги користат и во операции за противнапад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ke-i-isporacha-na-ukraina-14-borbeni-avioni-mig-29/feed/ 0
Полска и Словачка ги повикуваат сојузниците од НАТО да испратат борбени авиони во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-i-slovachka-gi-povikuvaat-sojuznitsite-od-nato-da-ispratat-borbeni-avioni-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-i-slovachka-gi-povikuvaat-sojuznitsite-od-nato-da-ispratat-borbeni-avioni-vo-ukraina/#respond Fri, 10 Mar 2023 06:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=810238

Властите во Полска и Словачка ги повикуваат своите сојузници да обезбедат борбени авиони за Украина и велат дека се подготвени да ги испратат своите советски суперсонични борбени авиони МиГ-29 во Киев како дел од меѓународната коалиција. Засега останува нејасно дали другите западни поддржувачи на Украина се подготвени на тој чекор. „Мислам дека е време да се донесе одлука. Луѓето во Украина умираат. Навистина можеме да им помогнеме“, напиша на Фејсбук словачкиот министер за одбрана Јарослав Над. Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави за Си-Ен-Ен дека Полска е подготвена да и ги даде на Украина своите МиГ-ови во коалиција со други земји. Над, исто така, во средата рече дека разговарал за ова со својот полски колега на состанокот во Шведска и дека двајцата се согласиле за тоа прашање. Полското Министерство за одбрана соопшти дека Варшава е подготвена да ги предаде своите борбени авиони МиГ-29 на Украина како дел од меѓународна коалиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-i-slovachka-gi-povikuvaat-sojuznitsite-od-nato-da-ispratat-borbeni-avioni-vo-ukraina/feed/ 0
Холандски борбени авиони пресретнаа руски авиони во близина на Полска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandski-borbeni-avioni-presretnaa-ruski-avioni-vo-blizina-na-polska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandski-borbeni-avioni-presretnaa-ruski-avioni-vo-blizina-na-polska/#respond Tue, 14 Feb 2023 08:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=800190

Министерството за одбрана на Холандија соопшти дека два холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во близина на полскиот воздушен простор и ги извеле од оваа област. - Ф-35-те мораа да ја идентификуваат и да ја водат формација на авиони. По идентификацијата, се покажа дека станува збор за три авиони: руски ИЛ-20М Кут-А придружуван од два СУ-27 Фланкери. Формацијата беше придружувана од далечина, а насоките им беа предадени на партнерите од НАТО, соопшти Министерството. Руските авиони се приближиле до воздушниот простор на НАТО и Полска од Калининград.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandski-borbeni-avioni-presretnaa-ruski-avioni-vo-blizina-na-polska/feed/ 0
Украина ќе бара борбени авиони откако ќе обезбеди тенкови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-ke-bara-borbeni-avioni-otkako-ke-obezbedi-tenkovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-ke-bara-borbeni-avioni-otkako-ke-obezbedi-tenkovi/#respond Thu, 26 Jan 2023 16:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=792448

Украина сега ќе бара борбени авиони од четвртата генерација, како американскиот Ф-16, откако ќе обезбеди борбени тенкови, изјави Јуриј Сак, советник на украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Украина вчера доби големо засилување на своите сили кога Германија и САД објавија дека ќе испратат тенкови во Киев, ставајќи крај на неколкунеделниот дипломатски застој околу ова прашање. „Следната голема работа сега ќе бидат борбените авиони“, изјави Сак. Воздухопловните сили на Украина располагаат со флота од застарени борбени авиони од советската ера кои биле произведени пред Киев да прогласи независност, пред повеќе од 31 година. Воени авиони се користат за пресретнување и напади на руски позиции. „Ако ги добиеме (западните борбени авиони), предностите на бојното поле ќе бидат огромни… Не се работи само за Ф-16 (американски повеќенаменски борбени авиони): авиони од четврта генерација, тоа е она што го сакаме“, рече Сак.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-ke-bara-borbeni-avioni-otkako-ke-obezbedi-tenkovi/feed/ 0
Зеленски ги поздрави одлуките за тенковите, побара ракети и борбени авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-gi-pozdravi-odlukite-za-tenkovite-pobara-raketi-i-borbeni-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-gi-pozdravi-odlukite-za-tenkovite-pobara-raketi-i-borbeni-avioni/#respond Thu, 26 Jan 2023 06:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=792034

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави одлуките на САД и Германија да испорачаат борбени тенкови на неговата земја. Во своето секојдневно видео-обраќање, тој синоќа им се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц и на американскиот претседател Џо Бајден за нивните ветувања да ги зајакнат одбранбените сили на Украина со тешки тенкови. -Благодарен сум на сите наши сојузници за нивната подготвеност да ни обезбедат модерни и многу потребни тенкови, рече Зеленски и додаде дека начинот на кој сите работат заедно за да ја зајакнат слободата, да ги бранат Украина и Европа е историско достигнување. -Сега се формира тенковска тупаница. Тупаница на слобода чии удари нема да дозволат тиранијата повторно да застане, нагласи тој. За таа цел, рече тој, важно е брзо да се обучат украинските тенковски екипажи и да се испорачаат борбените тенкови во Украина што е можно поскоро, пренесе ДПА. Сепак, потребен е напредок и за други воени прашања, рече Зеленски. Пред сè, на неговата земја сега и требаат ракети со долг дострел, борбени авиони и повеќе артилерија. -Ова е сон, ова е задача. Важна задача за сите нас, нагласи украинскиот претседател. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-gi-pozdravi-odlukite-za-tenkovite-pobara-raketi-i-borbeni-avioni/feed/ 0
Украина бара западни борбени авиони и воени бродови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-zapadni-borbeni-avioni-i-voeni-brodovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-zapadni-borbeni-avioni-i-voeni-brodovi/#respond Mon, 26 Dec 2022 14:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=780669

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина Андриј Мељник денеска побара западни борбени авиони, воени бродови и тенкови, по ветувањето на САД дека ќе испратат противракетни системи „Патриот“ во Украина. „Украина е многу благодарна за храбрите нови потези на САД. Но, се знае дека постојат иште табуа што треба да се прекинат. Итно ни се потребни западни тенкови, борбени авиони, воени бродови, повеќецевни ракетни фрлачи, муниција“, рече Мељник. „Тоа е нашата единствена желба за Божик“, истакна поранешниот амбасадор на Украина во Германија. Во спротивно, тој рече деака војната ќе предизвика уште повеќе страдања, смрт и уништување на Украина. Мељник оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ја подготвува армијата и граѓаните за долготрајна војна и ги мобилизира сите расположливи ресурси. „Украинците се подготвени да се борат за ослободување на својата татковина, вклучувајќи го и Крим, до последниот здив. Тоа е сигурно, без оглед на тоа што ќе направат нашите сојузници“, истакна тој. Мељник одби да преговара со Русија и наводната желба на Кремљ за преговори ја нарече „целосен блеф“. Тој категорично ја отфрли можноста Украина да се откаже од кој било дел од својата територија. „Киев смета дека е неприфатливо. Тоа нема да се случи“, рече Мељник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-zapadni-borbeni-avioni-i-voeni-brodovi/feed/ 0
Шолц соопшти дека Германија ќе купува американски борбени авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-soopshti-deka-germanija-kje-kupuva-amerikanski-borbeni-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-soopshti-deka-germanija-kje-kupuva-amerikanski-borbeni-avioni/#respond Mon, 05 Dec 2022 14:01:36 +0000 https://kurir.mk/?p=771241

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги потврди плановите на неговата влада да купи американски борбени авиони Ф-35 како дел од големата надградба на германската војска. – Германија ќе продолжи да ја почитува својата посветеност на договорите за нуклеарна поделба на НАТО, вклучително и купување на борбени авиони Ф-35 со двојна способност“, напиша тој во напис за американското списание „Форин аферс“. Терминот „двојна способност“ се однесува на авиони кои можат да носат и нуклеарни и ненуклеарни проектили. Германија со децении учествуваше во нуклеарното одвраќање на НАТО со постари борбени авиони Торнадо. Тие се стационирани во воздухопловната база Бушел, во западната провинција Рајнска област-Пфалц. Но, скапите нови авиони меѓу пратениците предизвикуваат загриженост за буџетот. „Билд ам Зонтаг“ викендов објави дека германското Министерство за одбрана предупредило на значителни ризици во договорот, вклучително и можни временски одложувања и пречекорувања на трошоците. Шолц во написот за Форин аферс посочува т.н „глобална пресвртница“ во однос на безбедносната политика. „Германците планираат намера да станат гарант на европската безбедност, каква што очекуваат нашите сојузници“, пишува Шолц.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-soopshti-deka-germanija-kje-kupuva-amerikanski-borbeni-avioni/feed/ 0
Тензично: Северна Кореја лансираше 80 артилериски проектили, Јужна Кореја подигна борбени авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tenzichno-severna-koreja-lansirashe-80-artileriski-proektili-juzna-koreja-podigna-borbeni-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tenzichno-severna-koreja-lansirashe-80-artileriski-proektili-juzna-koreja-podigna-borbeni-avioni/#respond Fri, 04 Nov 2022 07:52:05 +0000 https://kurir.mk/?p=755557

Северна Кореја во текот на ноќта истрела околу 80 артилериски проектили во поморската погранична зона, соопшти денеска Јужна Кореја. Северна Кореја вчера истрела повеќе проектили во морето, вклучително и можно неуспешно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), што ги натера СAД и Јужна Кореја да ги обноват воздушните вежби што предизвикаа незадоволство и протест кај Пјонгјанг. Војската на Јужна Кореја соопшти дека регистрирала повеќе од 80 артилериски гранати истрелани во морето од страна на Северна Кореја, почнувајќи непосредно пред полноќ, а потоа и во текот на ноќта. Војската на Јужна Кореја соопшти дека подигнала борбени авиони откако открила околу 180 севернокорејски воени авиони што летале северно од воената граница повеќе од четири часа. Севернокорејски авиони летале северно од таканаречената тактичка линија, повлечена на 20 километри северно од Воената демаркациона линија, објави во соопштението јужнокорејската војска. Како одговор, Јужна Кореја лансираше 80 авиони, вклучително и стелт-ловци Ф-35А. На состанокот во Вашингтон, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп, ја потврдија нивната посветеност да бараат нови мерки за двете земји, со цел да ја покажат „решителноста и способностите“ на алијансата, по повторените провокации на Северна Кореја, според заедничко соопштение. Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемуваат откако Пјонгјанг изврши рекорден број ракетни лансирања оваа година, вклучувајќи најмалку 23 проектили само во средата и интерконтинентални балистички ракети во текот на вчерашниот ден. Дипломатите објавија дека Вашингтон денеска побарал на отворена седница, Советот за безбедност на ОН да расправа за Северна Кореја, што го поддржале и некои други членки – Велика Британија, Франција, Албанија, Ирска и Норвешка. Во последниве години, 15-члениот Совет за безбедност на ОН беше поделен околу Северна Кореја, а во мај, Кина и Русија ставија вето на напорите на САД да воведат дополнителни санкции на ОН како одговор на новите ракетни лансирања на Пјонгјанг.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tenzichno-severna-koreja-lansirashe-80-artileriski-proektili-juzna-koreja-podigna-borbeni-avioni/feed/ 0
Кина испраќа борбени авиони на воена вежба со Тајланд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-isprakja-borbeni-avioni-na-voena-vezba-so-tajland/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-isprakja-borbeni-avioni-na-voena-vezba-so-tajland/#respond Sat, 13 Aug 2022 12:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=718023

– Кинеските воздухопловни сили ќе испратат борбени авиони на заедничка воена вежба со Тајланд, потврди Министерството за одбрана на Кина, јавува Анадолија. Во соопштението се наведува дека кинески борбени авиони и бомбардери ќе учествуваат во вежбата „Falcon Strike“, која ќе започне утре во Тајланд. Во вежбата, која ќе се одржи во кралската воздухопловна база Удорн на северот на земјата, во близина на границата со Лаос, „ќе се спроведуваат тренинзи во областа на воздушна поддршка, напади на копнени цели, мал и голем транспорт на трупи“. Вежбата следува по кинеските воени вежби што се одржаа околу Тајван, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот. Вежбите спроведени во шест региони, со учество од воздух, копно и море, создадоа де факто блокада околу островот. Во средата Кина објави крај на воените вежби во близина на Тајван. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-isprakja-borbeni-avioni-na-voena-vezba-so-tajland/feed/ 0