борби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Jun 2023 10:51:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинска армија: Жестоки борби во источна Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainska-armija-zhestoki-borbi-vo-istochna-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainska-armija-zhestoki-borbi-vo-istochna-ukraina/#respond Sun, 11 Jun 2023 10:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=844592

Украинската војска денеска извести за жестоки борби на истокот на земјата додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз делумно окупираните региони Луганск и Доњецк. „Противникот продолжува да ги фокусира своите главни напори на обидите за целосно окупирање на регионите Луганск и Доњецк“, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Жестоките борби продолжуваат“, се вели во соопштението. Фокусот на руските сили во регионите Луганск и Доњецк доаѓа додека украинската војска води голема контраофанзива чија цел е да ја врати украинската територија окупирана од Москва. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека долгоочекуваната контраофанзива започнала. „Во Украина се случуваат контраофанзивни и одбранбени дејствија, но нема да кажам детално во која фаза се“, рече Зеленски. Тој додаде дека најтешките битки се водат на источниот и јужниот фронт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainska-armija-zhestoki-borbi-vo-istochna-ukraina/feed/ 0
Би-Би-Си: Тешки борби ноќеска во Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-teshki-borbi-nokeska-vo-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-teshki-borbi-nokeska-vo-zaporozhje/#respond Fri, 09 Jun 2023 07:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=843891

Руски официјални лица и воени блогери објавија дека во текот на ноќта се воделе тешки борби во клучниот регион Запорожје, на југот на Украина, пренесе Би-Би-Си. Тие велат дека украинските војници се обидуваат да напредуваат јужно од градот Орехово, каде заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар вчера изјави дека непријателот е во „активна одбрана“. Неколку воени експерти рекоа дека украинската војска најверојатно ќе се фокусира на Запорожје во обид да го врати пристапот до Азовското Море и да ги подели окупаторските руски сили во регионот. Тоа ќе ги ослаби нивните борбени способности и ќе го елиминира копнениот мост до Крим, јужниот украински полуостров илегално анектиран од Русија во 2014 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-teshki-borbi-nokeska-vo-zaporozhje/feed/ 0
Во Судан владее целосен хаос- нема примирје, борбите продолжени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudan-vladee-tselosen-haos-nema-primirje-borbite-prodolzheni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudan-vladee-tselosen-haos-nema-primirje-borbite-prodolzheni/#respond Thu, 20 Apr 2023 13:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=825968

Суданските армиски сили и побунетите парамилитарни Силите за брза реакција (РСФ) и денеска со нов судир го прекинаа најавениот прекин на огнот. На социјалните мрежи има снимки од борбите во Картум, градот во кој локалните жители и илјадниците странци немаат каде да се сокријат, а храна речиси и да нема. Во Бахри се слуша пукање, а локални жители пријавија судири и западно од Омдурман, каде што армијата е префлена за да го блокира пристигнувањето на засилувањата на РСФ, откако двете страни го прекршија и вчера договорениот 24-часовен прекин на огнот. РСФ издаде соопштение во кое се вели дека нивните сили биле нападнати во Омдурман и одговориле со нанесување загуби на армијата, во кои е вклучено и соборување на два хеликоптера. Жители на Картум наведуваат дека илјадници лица го напуштаат главниот град, а некои се запрени на контролните пунктови. -Нема храна, супермаркетите се празни, ситуацијата не е безбедна, искрено кажано, луѓето си заминуваат, изјави жител на Картум. Од болниците известуваат дека телата на загинатите лежат на улиците. Светската здравствена организација ги повика двете страни во Судан да престанат со борбите за да се дозволи испорака на медицинска помош и отворање хуманитарни коридори за здравствените работници, пациентите и амбулантите, изјави регионалниот директор на СЗО за источен Медитеран Ахмед Ал-Мандари. Судирите избија во саботата, а досега во нив загинаа најмалку 330 лица, додека 3.300 се ранети, по неколкудневната тензија околу Акцискиот план за транзиција на земјата кон цивилна управа. Еден од главните проблеми е планот за интегрирање на Силите за брза поддршка (РСФ) со своите 100.000 членови во суданската армија и назначувањето на лидерот на новите воени сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudan-vladee-tselosen-haos-nema-primirje-borbite-prodolzheni/feed/ 0
Борбите во Судан продолжуваат и покрај договореното примирје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borbite-vo-sudan-prodolzhuvaat-i-pokraj-dogovorenoto-primirje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borbite-vo-sudan-prodolzhuvaat-i-pokraj-dogovorenoto-primirje/#respond Tue, 18 Apr 2023 19:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=825164

Борбите во Судан продолжија и вечерва и покрај надежите за прекин на огнот договорен претходно од завојуваните страни, јави ДПА, повикувајќи се на очевидци и извештаи на медиумите. Во Картум се уште се слушаат експлозии и пукотници и по 18 часот, кога требаше да стапи на сила прекинот на огнот. Претставниците на завојуваните страни претходно денеска се договорија да ги прекинат воените дејствија на 24 часа. Во објава на Твитер во 18:14 часот, паравоените сили за брза поддршка ја обвинија суданската армија дека „го нарушила примирјето кое беше договорено со меѓународно посредништво“. Портпаролот на ОН рече дека досега светската организација не гледа „никакви знаци дека борбите во Судан престанале“. Неочекуваната ескалација на борбите во Судан принуди многу луѓе да се кријат со денови во своите домови и во јавни згради, како што се училиштата. Според ОН, илјадници луѓе се без пристап до храна и здравствена заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borbite-vo-sudan-prodolzhuvaat-i-pokraj-dogovorenoto-primirje/feed/ 0
Русија не успеа да ја превземе контролата врз електраната во Вулехирск, борбите продолжуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ne-uspea-da-ja-prevzeme-kontrolata-vrz-elektranata-vo-vulehirsk-borbite-prodolzuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ne-uspea-da-ja-prevzeme-kontrolata-vrz-elektranata-vo-vulehirsk-borbite-prodolzuvaat/#respond Sat, 23 Jul 2022 08:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=709216

Руските сили не успеаја да ја преземат контролата врз втората по големина електрана во Украина во Вулехирск, североисточно од Доњецк, соопшти Генералштаб на украинската армија, додавајќи дека руските трупи се обиделе да напредуваат западно од градот Лисичанск, но биле одбиени. Додека во руското гранатирање на јужниот град Никопољ на реката Дњепар загина најмалку едно лице. Врз Никопољ минатата недела беа истрелани повеќе од 250 ракети, при што се оштетени 11 објекти, уништени се гасоводната и водоводната мрежа, како и железничката пруга. Украинските власти соопштија и дека армијата опколила повеќе од илјада руски војници во регионот Херсон во јужна Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ne-uspea-da-ja-prevzeme-kontrolata-vrz-elektranata-vo-vulehirsk-borbite-prodolzuvaat/feed/ 0
Украина: Борбите во Донбас со „максимален интензитет“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-borbite-vo-donbas-so-maksimalen-intenzitet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-borbite-vo-donbas-so-maksimalen-intenzitet/#respond Thu, 26 May 2022 13:02:53 +0000 https://kurir.mk/?p=681921

Украинските власти денеска соопштија дека борбите во источниот регион Донбас во земјата го достигнале најжестокото ниво досега, бидејќи руските сили навлегуваат подлабоко во индустрискиот регион. – Борбите го достигнаа својот максимален интензитет, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Гана Маљар на брифинг со новинарите. Таа предупреди дека претстои „исклучително тежок“ и „долг“ период на борби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-borbite-vo-donbas-so-maksimalen-intenzitet/feed/ 0
Градоначалникот на Мариупол: Се водат борби во центарот на градот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-mariupol-se-vodat-borbi-vo-centarot-na-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-mariupol-se-vodat-borbi-vo-centarot-na-gradot/#respond Sat, 19 Mar 2022 11:32:34 +0000 https://kurir.mk/?p=649926

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјави денеска за Би Би Си дека во центарот на градот се водат улични борби, што, според него, ги попречува напорите за извлекување на неколку стотици луѓе кои се блокирани во подрумот на театарот, за што украинските власти тврдат дека Русија го бомбардирала во средата. Тој за британската медиумска куќа истакна дека специјални тимови можат да ги расчистат урнатините и да ги заштитат луѓето само ако прекинат борбите. – Има тенкови, гранатирања, се пука од разни видови оружје. Нашите сили прават се што можат за да ја задржат својата позиција во градот, но непријателските сили се побројни од нашите, за жал, рече Бојченко. Тој не можеше да процени колку луѓе успеале да побегнат од таа област во претходните 24 часа. – Украинските власти не забележале дека има значително поместување на границите на одвојување меѓу украинските и руските сили, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович. Во онлајн обраќањето тој нагласи дека се водат борби во Мариупол, Николаев, Керсон и Изум, каде руската армија е во офанзива. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-mariupol-se-vodat-borbi-vo-centarot-na-gradot/feed/ 0
Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borbi-vo-mariupol-za-edna-od-najgolemite-chelicharnici-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borbi-vo-mariupol-za-edna-od-najgolemite-chelicharnici-vo-evropa/#respond Sat, 19 Mar 2022 10:01:58 +0000 https://kurir.mk/?p=649894

Во опколениот пристаништен град Мариупол, украинските и руските сили се борат за фабриката за челик Азовстал, една од најголемите во Европа, изјави денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко. – Сега е борбата за Азовстал. Можам да кажам дека го загубивме овој економски гигант. Всушност, една од најголемите металуршки фабрики во Европа тукушто се уништува, истакна Денисенко во телевизиско обраќање. Мариупол, со својата стратешка позиција на брегот на Азовското Море, е мета од почетокот на војната на 24 февруари. Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека при руската опсада на Мариупол е изгубен пристапот до Азовското Море. Русија вчера соопшти дека нејзините сили го „затегнуваат обрачот“ околу Мариупол, каде се проценува дека се оштетени 80 отсто од зградите и куќите, а се сомнева дека околу 1.000 луѓе се уште се блокирани во импровизирани засолништа под уништениот театар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borbi-vo-mariupol-za-edna-od-najgolemite-chelicharnici-vo-evropa/feed/ 0
Виталиј Кличко: Ноќеска во борбите во Киев повредени се 35 лица, меѓу кои и деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vitalij-klichko-nokjeska-vo-borbite-vo-kiev-povredeni-se-35-lica-megju-koi-i-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vitalij-klichko-nokjeska-vo-borbite-vo-kiev-povredeni-se-35-lica-megju-koi-i-deca/#respond Sat, 26 Feb 2022 09:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=637028

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека 35 лица се повредени во борбите што се воделе низ улиците на Киев изминатата ноќ. Меѓу повредените има и две деца. Не е разјаснето дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица. Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти се активни групи руски саботери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vitalij-klichko-nokjeska-vo-borbite-vo-kiev-povredeni-se-35-lica-megju-koi-i-deca/feed/ 0
И покрај примирјето продолжуваат борбите во Нагорно-Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-pokraj-primirjeto-prodolzuvaat-borbite-vo-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-pokraj-primirjeto-prodolzuvaat-borbite-vo-nagorno-karabah/#respond Sun, 11 Oct 2020 19:25:22 +0000 https://kurir.mk/?p=415190

Иако од вчера на пладне е во сила прекин на огнот, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека силите на Нагорно-Карабах го одбиле нападот на азербејџанската армија. Претходно и претставници на силите на Нагорно-Карабах соопштија дека одбиле напад на армијата на Азербејџан во северо-источен правец. – Нашите единици го пресекоа нападот на непријателските сили и уништија две оклопни возила и нанесоа загуби во живата сила, се наведува во соопштението. Претходно, Баку соопшти дека ерменската армија го гранатирала вториот по големина град во Азербејџан, Ганџа. Шефот на азербејџанската дипломатија Џејхун Бајрамов го извести рускиот копретседавач на Минск групата, Игор Попов дека и покрај договорот за прекин на огнот од хуманитарни причини, ерменската армија намерно гаѓала цивилни објекти и граѓани во Азербејџан. Тој додаде дека во гранатирањето на Ганџа повредени се 35 цивили. Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан ги негираше обвинувањата на Азербејџан дека Ереван не го почитува примирјето. Во меѓувреме, Црвениот крст соопшти дека чека апсолутен прекин на огнот во Нагорно-Карабах за да почне со хуманитарната мисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-pokraj-primirjeto-prodolzuvaat-borbite-vo-nagorno-karabah/feed/ 0