Борче Давитковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 19:44:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Борче Давитковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Давитковски: Целокупната администрација е во функција на владата, се случува ерозија на правниот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-tselokupnata-administratsija-e-vo-funktsija-na-vladata-se-sluchuva-erozija-na-pravniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-tselokupnata-administratsija-e-vo-funktsija-na-vladata-se-sluchuva-erozija-na-pravniot-sistem/#respond Mon, 26 Jun 2023 19:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=849855

„Овие нашиве итарпејовци особено од Судскиот совет и Обвинителскиот совет, јас поголеми шегаџии не сум сретнал во нашиве институции. Целиот Судски совет, самата работа последниве на пример едно 6-7 месеци, они немаат никаков интегритет“, истакна Борче Давитковски при гостување во емисијата „24 анализа“. Давитковски додаде дека жално е да две вакви институции не функционираат. „Се случува ерозија на правниот систем. Ова е комплетна ерозија. Очигледно институциите не функционираат“, нагласи тој. Тој посочи дека целокупната администрација е под политичката власт. „Целокупната администрација е во функција на политичката власт, на владата. Администрацијата не е во функција на правата на граѓаните“, укажа Давитковски. Професорот посочи дека реформите кои што ги налага ЕУ не се прават само за зачленување туку за самата држава, за граѓаните. Околу случајот со градоначалникот Мерко тој нагласи дека во Македонија не може политички да се разреши, освен со пресуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-tselokupnata-administratsija-e-vo-funktsija-na-vladata-se-sluchuva-erozija-na-pravniot-sistem/feed/ 0
Давитковски: Ако државата не реагира, бугарските културни центри со контроверзни имиња ќе изникнат како печурки во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-ako-drzavata-ne-reagira-bugarskite-kulturni-centri-so-kontroverzni-iminja-kje-izniknat-kako-pechurki-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-ako-drzavata-ne-reagira-bugarskite-kulturni-centri-so-kontroverzni-iminja-kje-izniknat-kako-pechurki-vo-makedonija/#respond Mon, 10 Oct 2022 09:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=743483

Универзитетскиот професор, Борче Давитковски, гостуваше во „Студио 10“, на телевизија 24. -Нашата држава мора да ги почитува интересите на граѓаните и да спречи отворање на здруженија со провокативни имиња и програми, истакна професорот. Тој во гостувањето говореше за темата која се однесува на отворањето бугарски културни центри во земјава со имиња на контроверзни личности, кои предизвикаа огромни реакции во јавноста. -Во насока на актуелните отворања на нови здруженија, како држава мора да покажеме заби и дигнитет. Мора да се почитуваат нашите закони. Уписот во регистарот на здруженија кои имаат имиња и програми кои ги иритираат граѓаните, мора да се поништи. Оние кои ги  одобруваат овие работи пред се мора да ги проверат името и програмата. Ако не се реагира од државата, има како печурки секаде да изникнат. Морам да напоменам дека сами се ставаме во непријатни ситуации. Доколку некој смета дека е ускратен да отовори организација со провокативни натписи, слободно нека се обрати Стразбург. Ние веруваме за македонската држава која треба да си ги штити интересите на нашите граѓани, вели Борче Давитковски. Давитковски, искажа став за гормирањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, во Охрид. Рече дека уште референтот на филијалата на Централен регистар во Охрид не смеел да дозволи негов упис. -По право на надзор, може да се бара поништување на регистрација, а тие имаат право на жалба кое може да дојде до Управен суд и таму да се повикаат вештаци кои треба да дадат свое мислење за тоа кој бил Цар Борис Трети. Но уште тие на шалтерот на Централен регистар во Охрид, референтот требало да ги пролиста програмата, статутот и името и да не изврши упис, смета професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Давитковски потенцира дека ако не се спречи овој тренд на регистрирање вакви клубови од страна на државата, тогаш како што истакнува тој, ситуацијата ќе се смета за преседан и таквите регистрации ќе продолжат до недоглед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-ako-drzavata-ne-reagira-bugarskite-kulturni-centri-so-kontroverzni-iminja-kje-izniknat-kako-pechurki-vo-makedonija/feed/ 0
Професор Давитковски: Институциите не функционираат, немаме вистинска демократија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-davitkovski-instituciite-ne-funkcioniraat-nemame-vistinska-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-davitkovski-instituciite-ne-funkcioniraat-nemame-vistinska-demokratija/#respond Mon, 13 Sep 2021 08:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=562915

Не ни функционираат институциите. Ние немаме вистинска демократија, затоа што нема демократија во самите партии. Оној кој ја има власта мисли дека располага со се, смета универзитетскиот професор Борче Давитковски. Нашите институции служат сервисно ориентирани кон власта. Треба да се ориентирани кон граѓаните. Секоја институција сама треба да функционира, согласно законот, да бидат сервис на граѓаните. Оној кој ќе влезе во администрација се додека тоа не го разбере, попусто. Да направиме ветинг, да земеме за секое ниво едно тестирање. Имаме парадокс пред 10-тина години, најдобрите кои имаат над 30 години стаж, требаше да се раководители на сектор, државен советник, а тие беа во втора група, а тие што беа по 3-4 години во администрацијата, го заземаа нивното место. Скалата мора да се помине, изјави Давитковски во Студио 10 на ТВ24.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-davitkovski-instituciite-ne-funkcioniraat-nemame-vistinska-demokratija/feed/ 0
Давитковски: Во државата фали отчетност- министерството за здравство требаше да објави колку пари планира да потроши за набавка за вакцини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-vo-drzavata-fali-otchetnost-ministerstvoto-za-zdravstvo-trebashe-da-objavi-kolku-pari-planira-da-potroshi-za-nabavka-za-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-vo-drzavata-fali-otchetnost-ministerstvoto-za-zdravstvo-trebashe-da-objavi-kolku-pari-planira-da-potroshi-za-nabavka-za-vakcini/#respond Thu, 04 Feb 2021 17:57:02 +0000 https://kurir.mk/?p=464334

Борче Давитковски, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ во своето гостување во 24 Анализа“ зборуваше за тоа каква е ситуацијата во државата и посочи дека е потребна отчетност на носителите на јавни функции. Според него дека сега е период на пандемија министерството за здравство требало да даде отчетност колку пари министерството планира да даде за вакцини. -Нас елементарно што ни фали, покрај транспарентноста, најбитно по мене е отчетноста која треба да се даде после година дена од работењето, да каже толку сме потрошиле, колку сме дале и слично. Никој носител на јавна функција во Македонија не дал отчет за својата работа. Може е згрешена нешто во работата, може идеално работел, отчетност треба да се даде. Еве пример министерот одговара тројно, тој одговара за одлуките кои ги носи во влада, тој одговара за состојбата во својот ресор и одговара за својата лична работа. Кај нас за овие три сегменти никој не одговара. Еве се купуваат вакцини, пандемија е може да дадат на некој страна отчет колку пари ќе се дадат или слично, рече Давитковски во своето гостување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-vo-drzavata-fali-otchetnost-ministerstvoto-za-zdravstvo-trebashe-da-objavi-kolku-pari-planira-da-potroshi-za-nabavka-za-vakcini/feed/ 0
Давитковски: Лицитирањето со датуми не ми се допаѓа и тоа ги нервира граѓаните! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-licitiranjeto-so-datumi-ne-mi-se-dopagja-i-toa-gi-nervira-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-licitiranjeto-so-datumi-ne-mi-se-dopagja-i-toa-gi-nervira-gragjanite/#respond Wed, 03 Jun 2020 09:22:16 +0000 https://kurir.mk/?p=353194

Универзитетскиот професор Борче Давитковски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говореше за административната подготвеност за изборите, но и за состојбата со корона вирусот во нашата земја. -Очигледно ДИК чека да престане вонредната состојба, па да продолжи со активностите што сметам дека е голема грешка. Треба час поскоро да земат согласно мерките за однесување во време на пандемија, да ги обучат луѓето, да ги видат просториите и да се фатат со работа. Министерството ги дава списоците на ДИК и таа со решение им кажува кој каде се позиционира. Од ДИК имаат обврска да ја припремат изборната администрација согласно изборниот законик, истакна Давитковски. Како што додава тој, надлежните органи морале многу порано да интервенираат, со оглед на тоа дека Чаир, Бутел, Гази Баба и Сарај се општини со најголем број на заразени. -Доколку спласнуваше пандемијата како што беше пред некој ден, изборите на 5 јули ќе можеа да се спроведат. Но, ова лицитирање со датуми мене не ми се допаѓа и прави нервоза кај граѓаните. Од една страна укинати се вонредните мерки, а се најавува карантин во некои општини. Ние Дебар го ставивме во карантин, бидејќи географски е лесно да го контролираш, но како Чаир, Бутел, Гази Баба или Сарај? Мислам дека повеќе требаше да се мисли порано и надлежните органи да дејствуваат навремено, изјави професорот Давитковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-licitiranjeto-so-datumi-ne-mi-se-dopagja-i-toa-gi-nervira-gragjanite/feed/ 0
Законот за обвинителство на СДСМ удира во ѕид, неуставен е и недоволен во борбата против криминалот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-obvinitelstvo-na-sdsm-udira-vo-dzid-neustaven-e-i-nedovolen-vo-borbata-protiv-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-obvinitelstvo-na-sdsm-udira-vo-dzid-neustaven-e-i-nedovolen-vo-borbata-protiv-kriminalot/#respond Thu, 30 Jan 2020 09:07:04 +0000 https://kurir.mk/?p=296760

Експертите со стручни анализи, предлози и критики ги рушат сите обиди на СДСМ да го протурка неуставниот закон за обвинителство. Изминативе денови, на собраниски расправи, говори одржаа низа универзитетски професори кои ги обезличија изјавите на нивната колешка, инаку министерка за правда, Рената Дескоска. Додека тие го бранеа Уставот, Дескоска го бранеше СДСМ. Од собраниската говорница се обратија Гордана Силјановска Давкова, Борче Давитковски, Гордан Калајџиев, Никола Тупанчевски, Тања Каракамишева и Александар Климовски, сите универзитетски професори со стручни ставови.

Силјановска Давкова: Законот за ЈО директно се меша во надлежностите на Советот на јавни обвинители

Универзитетската професорка по уставно право, Гордана Силјановска Давкова, на јавна расправа за Законот за Јавно обвинителство посочи дека член 109, став 1 и став 2 е потребно да се корегираат бидејќи директно се мешаат во Советот на јавни обвинители. -Член 109 апсолутно и став 1 и став 2 не им е место во Законот за јавно обвинителство, зошто значи директно мешање на законот во работата на советот на јавни обвинители. Имено во рок од 30 дена од влегувањето на сила на овој закон се вели дека Основно јавно обвинителство ќе донесе одлука за зголемување на бројот на јавни обвинители за гонење на висок криминал, не може закон тоа да надреди, тоа е нивна работа врз основа увидот на јавните обвинители и мислам дека ова не е страшно да се корегира. И втората се вели дека во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката од ставот 1, Советот на јавни обвинители ќе распише оглас, ниту ова не може во овој закон да го пишува, бидејќи не е работа на овој закон, изјави Силјановска Давкова. Професорот на Правниот факултет, Борче Давитковски, рече дека реформските закони не се носат на крајот, туку на почетокот на мандатот.

Калајџиев со остри критики

Универзитетскиот професор по право Гордан Калајџиев на јавна дискусија за Предлог законот за ЈО остро искритикува дека се смешни и дилетански одредбите во законот како и дека продолжувањето на постапките не е нова сезона од серијата „Френдс“. -Не ми е јасно што беше толку важно во овие неколку случаи за „Поштенска банка“, „Империја“ и останати за кои по мене се незаконски поведени, за да се одолговлечат и да се обезличат за да не згаснат тие спорни истраги, што беше толку важно за да се одолговлечат сите останати постапки за овие случаи ? – праша Кајалџиев. -За оваа непотребна жртва која резултираше со фијаско во евроинтеграциите, резултираше во фијаско во донесување на законот . И во овој предлог закон има неколку многу нејасни одредби постапките ако тоа е идејата да продолжат истрагите, член 108 вели дека постапките треба да продолжат, WOW што е ова нова сезона на „Friends“, зошто обвинителот не го покаже писмото од Катица Јанева, и јас ќе го повикам уште еднаш обвинителот да го покаже писмото, зошто Катица не е суспендирана и тогаш и сега пишува кога ќе одела во притвор ќе се суспендирала, како можела Катица да му ги даде предметиите на Марко, а можела да ми даде на Јовески?, праша Калајџиев. Тој остро искритикува дека постапките кои се спорни не може политички субјект да ги воскресне, дека се смешни и дилетански одредбите во законот за Европската конвенција чии одредби требало да ги имплементира сега новото обвинителство.

Тупанчевски: Крупни грешки и создаваее правна несигурнос!

Тупанчевски во однос на предлог законот за Јавно обвинителство посочи дека законот има крупни номотехнички грешки и создава правна несигурност -Членот 32 од предлог законот е каде што се уредуваат надлежности на ОЈО за организиран криминал и корупција, во еден ист член се користат 4 различни техники за типот на кривичните дела. Значи став 1 се однесува за злосторничко здружение, понатаму времетраењето, значи првиот стандард зборувам за цела наука, доктрина не би требало во еден член 4 пати различно да се настапува во елементи бидејќи се проудицира правна несигурност, вели професорот Тупанчевски.

Каракамишева: Предлагачот го користи овој закон да ги вдоми кадрите на СЈО

Свои забелешки на предлогот на законот за јавното обвинителство на јавната дискусија организирана во Собранието на Македонија изложи и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, професор по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. -Предлог законот е лоша имитација на оној од 2007 година, да беше реформски ќе имавме сосема нов закон, а не лоша компилација од претходниот за кој имаше забелешки од Венецијанската комисија и истите да бидат вметнати во овој закон. Полтронско вметнување на одредби од забелешките од 2007 год. Ќе ви дадам еден пример ако, некоја девојка во 2007 побарала мислење од моден креатор за облека, дали после 13 години кога таа е веќе оформена жена би ја носела таа креација. Сметам дека предлагачот го користи овој закон да ги вдоми кадрите на СЈО, рече Каракамишева. Таа додава дека законот е против уставен и дека во ваква верзија не треба воопшто да се носи, туку да се изработи нов закон. -Кога сме кај почитување на правото, ме интересира дали за овој предлог на закон е испочитуван Деловникот на Собранието, односно дали овој предлог на закон е официјално доставен до Собранието? Познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требал да помине прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно тело. Седница на Собранието за прво читање на предлог на закон се одржува во рок од десет работни дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставувањето на предлогот на законот до пратениците. Според член 144 од Деловникот, по општата расправа Собранието одлучува дали предлогот на законот може да се даде на второ читање. Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка. Според член 145 за предлогот на закон кој е од поширок интерес, Собранието по општата расправа, може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело што ќе ја организира јавната дискусија. Прашањето ми е зошто не е почитувана деловничката процедура, праша Каракамишева. За професорот Александар Климовски работниот текст на законот е спротивен на Уставот, како и претходно законот за СЈО. За него носењето на овој закон нема врска со евроинтеграцискиот процес и не е услов за добивање датум. Тоа прашање, според него, ќе биде отворено кога ќе започнат разговорите за поглавјето за правосудство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-obvinitelstvo-na-sdsm-udira-vo-dzid-neustaven-e-i-nedovolen-vo-borbata-protiv-kriminalot/feed/ 0
Професорите не и дадоа пролазна оценка на власта на полето на реформите, велат ништо не е сработено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorite-ne-i-dadoa-prolazna-ocenka-na-vlasta-na-poleto-na-reformite-velat-nishto-ne-e-sraboteno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorite-ne-i-dadoa-prolazna-ocenka-na-vlasta-na-poleto-na-reformite-velat-nishto-ne-e-sraboteno/#respond Tue, 14 May 2019 20:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=197957

Професорската и експертската јавноста не е задоволна со реформите во Македонија кој според нив се одвиваат со незадоволително темпо. Дискутирајќи на тема ,,Дали имаме реформи и зошто не?’’, тие посочија дека јавната администрација и натаму е сектор во кој најтешко се спроведуваат промени. Професорот на правниот факултет Борче Давитковски вели дена ништо не е сработено во однос на реформите во јавната администрација. -Фактички ништо не е сработено во поглед на реформите во јавната администрација. Жалам што морам така да констатирам, но сепак е тоа вистина. Се уште немаме единствени ставови за државните интереси, ние имаме партиски интереси, тоа е многу лошо за развој особено за реформирање на јавниот сектор, вели професорот Борче Давитковски. Професорот Гордан Калајџиев се согласи со својот колега дека власта не спроведуваат реформи, бидејќи според него ова што е сега во тек не може да се поразбере како реформа. -Ова што е во тек, тешко и да може да се именува со реформа, бидејќи зборот реформа подразбира или менување на некои модели или менување сериозно на организацијата. Се работи за палијативни решенија за илузионизам реформски, во однос дека очекуваме законите со некакви ситни измени да направат голема реформа, што е впрочем невозможно. Ниту пак начинот на кој ги спроведуваме вистински и инклузивно, вели професорот Гордан Калајџиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorite-ne-i-dadoa-prolazna-ocenka-na-vlasta-na-poleto-na-reformite-velat-nishto-ne-e-sraboteno/feed/ 0
Давитковски до Манчевски: Реформи се донесуваат на почеток од мандатот не на крај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-do-manchevski-reformi-se-donesuvaat-na-pochetok-od-mandatot-ne-na-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-do-manchevski-reformi-se-donesuvaat-na-pochetok-od-mandatot-ne-na-kraj/#respond Thu, 18 Apr 2019 08:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=188051

Во вчерашната емисија „Печат на неделата“ гостуваше Борче Давитковски кој на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски му порача дека реформи се започнуваат на почеток од мандат на владата, а не на крај. „Примената на закони кај нас односно волјата на секоја власт е дали сака тие закони онака како што е напишано во реалниот живот да се спроведуваат. Тоа е кај нас проблемот. На пример догодина е изборна година, им истече мандатот, секој пат барем светските искуства, демократските земји значи кога ќе се дојде на власт веднаш се почнува со реформи, ако нешто се сака, бидејќи тоа е и во програмата. А, не на крај на мандатот. Сега веќе сме на крај, мислам се ова што ќе биде нема никаков ефект“, изјави Давитковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-do-manchevski-reformi-se-donesuvaat-na-pochetok-od-mandatot-ne-na-kraj/feed/ 0
Според Давитковски под чадорот на државата има многу институции кои се ставени за да имаме повеќе функционери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-davitkovski-pod-chadorot-na-drzavata-ima-mnogu-institucii-koi-se-staveni-za-da-imame-povekje-funkcioneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-davitkovski-pod-chadorot-na-drzavata-ima-mnogu-institucii-koi-se-staveni-za-da-imame-povekje-funkcioneri/#respond Wed, 06 Mar 2019 10:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=171813

Универзитетскиот професор Борче Давитковски, вчера гостуваше во емисија на 1ТВ и говореше за одредени институции кои се ставаат под чадорот на државата со цел да има повеќе функционери. Давитковски рече дека, ние во Македонија имаме 32 инспектората од кои 13 се легални по него. -Во рамките на министерствата каде што има инспекторати и тие се нарекуваат државни инспекторати итн. за труд на пример, а имаме плус 17 кои со мали закончиња со lex specialis како печурки егзистираат и вршат исто така инспекциски надзор. Сега имаме разно разни агенции, управи кои што немаат никакви управни или државни функции тоа за унапредување на култура итн. тоа не е државна класична функција, ги измешавме многу лончињата и се во еден кош ставаме. А, сето тоа се прави за да имаме повеќе функционери. Токму тоа е идејата, инаку тие онака би биле како обични институции или условно речено парадржавно или јавни служби кои ќе немаат атрибут на класичен државен орган, објаснува Давитковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-davitkovski-pod-chadorot-na-drzavata-ima-mnogu-institucii-koi-se-staveni-za-da-imame-povekje-funkcioneri/feed/ 0
Давитковски: Македонската влада наликува на африканска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-makedonskata-vlada-nalikuva-na-afrikanska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-makedonskata-vlada-nalikuva-na-afrikanska/#respond Wed, 06 Mar 2019 09:25:08 +0000 https://kurir.mk/?p=171785

Во вчерашното централно издание на вестите на 1ТВ гостуваше Борче Давитковски, универзитетски професор кој говореше за проширувањето на Владата со уште едно ново министерство. Поради зголемувањата на бројот на министерства очигледно ни е судбина да имаме африкански влади. Во Африка имаат, тие се мераклии и имаат министер за спорт, министер за младина, министер за ова или министер за она, нагласи Давитковски. Давитковски говорејќи за нашата влада рече дека министри без ресор е стар систем кој што модерните демократии пред 40 години го напуштиле, но ние си ги задржавме. И кај нас имаме повеќе потпретседатели, а секаде низ развиените земји владата има еден потпретседател, обично министерот за надворешни работи, за финансии, за полиција зависно за која држава станува збор. Но воглавно имаат еден потпретседател, а ние имаме многу. Имаме потпретседатели на ранк за евроинтеграции наместо да направиме Министерство за евроинтеграции и кога ќе влеземе во Европа да престане, но ние направивме секретаријат. Па еве за Рамковен договор па ако го донесовме сега законот и со тоа да се заокружи имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и амандманите тогаш јас очекував тој секретаријат да се укине, а не да прерасне во Министерство, појасни Давитковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-makedonskata-vlada-nalikuva-na-afrikanska/feed/ 0