борче спасовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Feb 2022 16:46:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борче спасовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отчет за првите 100 дена од мандатот на градоначалникот на Ранковце, Борче Спасовски https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otchet-za-prvite-100-dena-od-mandatot-na-gradonachalnikot-na-rankovce-borche-spasovski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otchet-za-prvite-100-dena-od-mandatot-na-gradonachalnikot-na-rankovce-borche-spasovski/#respond Wed, 23 Feb 2022 16:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=635563

Градоначалникот на општина Ранковце, Борче Спасовски даде отчет за сработеното во првите 100 дена од неговиот мандат. Во продолжение интегрален текст од отчетот на градоначалникот Спасовски: Почитувани, Членови на Советот, претставници на општинската администрација, претставници на јавното комунално претпријатие, претставници на општинското основно училиште, претставници на Територијалната противпожарна единица Ранковце, претставници на Министерство за внатрешни работи, претставници на бизнис секторот, почитувани граѓани на Општина Ранковце. Изминаа првите 100 дена од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Ранковце, 100 дена исполнети со одговорност, посветеност и желба да се направи нешто повеќе за своите сограѓани. Па во суштина луѓето се разликуваат токму по тоа. Колку се одговорни и колку се работливи, колку се професионални и колку знаат да се носат и да бидат посветени на она што го работат. Јас сметам дека се нафатив на оваа функција токму од тие причини, што за себе сметам дека ги поседувам, барем дел од тие квалитети коишто ги спомнав, а генерално се раководам од мотото дека Општината и Градоначалникот како функција секогаш треба да бидат во функција на развојот на општината, на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во општината. Колку сум јас задоволен, лично, најмалку е важно. Во моментов најважно е колку се граѓаните задоволни барем од она што го сработивме во изминативе 100 дена. Мислам дека со проектите кои што ги реализираме, со оние проекти кои веќе ги реализиравме во овој кус временски период, граѓаните треба да се задоволни, меѓутоа тоа ќе треба тие најдобро да го кажат и да судат за сработеното. И не само за она што го сработивме во изминатите 100 дена туку и со повеќе други проекти кои ги започнавме и коишто се во тек, граѓаните, наскоро, ќе можат да почувствуваат подобрување на квалитетот на нивното живеење. Општината ја затекнав со долг од приближно 3.000.000 денари кон доверители по основ на набавени стоки и извршени услуги. Во изминатите 100 дена она што го променив во функционирањето на Општина Ранковце во поглед на приходите и расходите е сведување на непродуктивните расходи на минимум и зголемување на приходите пред се од локални даноци и такси за да со домаќинско работење го забрзаме локалниот економски развој на општината. Досега се започнати и реализирани следниве проекти: -Изградба на дел од канализација во с.Љубинци, во должина од 711 метри; -Изградба на дел од локален пат с.Герман, во должина од 887 метри; -Реконструкција на ООУ Христијан Тодоровски Карпош, с.Радибуш; -Заврши изградбата на дел од локален пат с.Радибуш - маала Којкарци, во должина од 500 метри; -Започна првата фаза од изградбата на водоснабдителниот систем за населено место Псача, инвестицијата во вкупна вредност од 30.123.838,00 денари; -Обезбедив финансиски средства за Изградба на улица во село Ранковце – крак 1, за кој е во тек спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка, -За поставување на урбана опрема и реквизити на детско игралиште во село Ранковце; - За изградба на локален пат во село Ветуница-Стојкова Маала, во должина од 440 метри, Изградба на дел од улица во село Ранковце (Десетак-Млин), во должина 450метри, Изградба на дел од локален пат во село Радибуш-Маала Којкарци, во должина од 480метри; - и одобрен проект од УНДП, за меѓу општинска соработка со општина Крива Паланка, обезбедена техничка опрема за Територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце. Во овие 100 дена се одржаа 5 седници на Советот на Општина Ранковце, одлуките на Советот во Општина Ранковце се носат еднгласно. Тоа најдобро зборува дека политичка обоеност нема, дека она што е во интерес на граѓаните, она што е во интерес на Општината, она што е во интерес на подобрувањето на квалитетот на живеењето на граѓаните на Општина Ранковце, секогаш и секаде ќе биде прифатено. Гледајќи како се одвиваат овие седници на Советот на Општина Ранковце, јас мислам дека добрата соработка ќе продолжи. Ние секогаш сме отворени, подготвени за конструктивни идеи, за конструктивни предлози што сметам дека тоа го прифаќа и опозицијата, односно советниците кои доаѓаат од опозицијата и сметам дека секој конструктивен предлог ќе биде прифатен и од Советот и од мене како градоначалник и ќе биде подржан, бидејќи интересите на граѓаните и квалитетот на нивното живеење и сето она што ја чини севкупната атмосфера во Општината не признава партии, не признава бои, не признава религии, туку напротив, дупките на патиштата, неосветлените улици, нерешените комунални проблеми секојдневно се соочуваме сите подеднакво. И токму решавањето на тие проблеми ќе биде подеднакво за сите граѓани во Општина Ранковце. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otchet-za-prvite-100-dena-od-mandatot-na-gradonachalnikot-na-rankovce-borche-spasovski/feed/ 0
Спасовски: За 100 дена во Ранковце го реконструиравме основното училиште во село Радибуш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-za-100-dena-vo-rankovce-go-rekonstruiravme-osnovnoto-uchilishte-vo-selo-radibush/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-za-100-dena-vo-rankovce-go-rekonstruiravme-osnovnoto-uchilishte-vo-selo-radibush/#respond Tue, 15 Feb 2022 12:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=631664

„Изминаа првите 100 дена од преземањето на функцијата градоначалник на општина Ранковце. Тоа се 100 дена исполнети со одговорност, посветеност, и желба да се направи нешто повеќе за своите сограѓани. Па, во суштина и луѓето се разликуваат токму по тоа, колку се одговорни и колку се работливи, колку се професионални и колку знаат да се носат и да бидат посветени на она што го работат“,истакна, Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Мултикултурниот центар во општина Кочани. Спасовски додаде дека тој е градоначалник бидејќи сака неговата општина да е развиена и модерна општина која ќе е во функција на граѓаните. „Колку сум јас задоволен лично најмалку е важно, во моментот најважно е колку се задоволни граѓаните од сработеното во изминативе 100 дена. Мислам дека со проектите кои што ги реализиравме со оние проекти кои веќе ги реализираме во овој кус временски период граѓаните треба да се задоволни. Тоа граѓаните треба најдобро да го кажат и да судат за сработеното“, рече Спасовски. Спасовски посочи дека граѓаните веќе го чувствуваат подобрувањето на квалитетот на нивното живеење. „Општината ја затекнав со 15-тина тужби, со долг од приближно 3 милиони денари кон доверители по основ на набавени стоки и извршени услуги. Во изминатите 100 дена она што го променив во функционирањето на општина Ранковце во поглед на приходите и расходите е сведување на непродуктивните расходи на минимум и зголемување на приходите пред се од локални даноци, такси за да со домаќинско работење го забрзаме локалниот економски развој на општината. Досега се започнати и реализирани следниве проекти, изградба на делот на канализација во село Љубинце во должина на 711 метри, изградба на дел од локален пат во село Герман во должина од 900 метри, реконструкција на основно училиште во село Радибуш во вредност од 7 милиони денари, заврши изградбата на асфалтирање на дел од локален пат во село Радибуш во должина од 500 метри. Започна првата фаза од изградба на водоснабдителен систем за населеното место Сача, инвестиција во вкупна вредност од над 30 милиони денари“, појасни Спасовски. Спасовски укажа дека обезбедил финансиски средства за изградба на улица во село Ранковце, крак 1, за кое е во тек спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка. „Обезбедив средства за урбана опрема и реквизити на детско игралиште во село Ранковце“, рече Спасовски. Спасовски додаде дека има одобрен проект од УНДП за меѓуопштинска соработка со општината Крива Паланка, обезбедена техничка опрема за територијалните противпожарни единици од Крива Паланка – Ранковце. „Во овие 100 дена се одржаа пет седници во Советот на Општина Ранковце. Одлуките на Советот во Општината Ранковце се носат едногласно. Тоа најдобро зборува дека политичка обоеност нема. Она што е во интерес на граѓаните, она што е во интерес на општината, она што е во интерес на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општина Ранковце секогаш и секаде ќе биде прифатено“, нагласи Спасовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-za-100-dena-vo-rankovce-go-rekonstruiravme-osnovnoto-uchilishte-vo-selo-radibush/feed/ 0
Спасовски: Изградба на локални патишта и реновирање на амбулантата во Ранковце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spasovski-izgradba-na-lokalni-patishta-i-renoviranje-na-ambulantata-vo-rankovce/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spasovski-izgradba-na-lokalni-patishta-i-renoviranje-na-ambulantata-vo-rankovce/#respond Wed, 13 Oct 2021 14:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=578392

„Со заеднички сили, со упорност и верба, со нашата непоколебливост и сплотеност  ќе ја урнеме досегашната власт, која во изминатите години работеше само за одреден  број на луѓе, лојална и фаворизирана клиентела  и привилегирани поединци. Ги знаеме  ветувањата, знаеме што направија, односно не направија  во изминатите години“, истакна Борче Спасовски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце на митингот. Спасовски додаде дека тој како иден градоначалник ќе се залага и  неуморно ќе работи на подобрување на сите стандарди за поквалитетен и подостоинствен живот  во  Ранковце. „Се обврзувам  дека конечно ќе го изградиме водоводниот систем во с. Псача кој  го  ветуваа, а не го изградија изминативе години. Ветувам нови захвати за вода во Биљино и Пклиште за селата Радибуш, Гиновце, Ранковце и Отошница. Ќе ја изградиме канализационата мрежа во  Љубинце, Опила и дел од Псача“, вети Спасовски. Спасовски посочи дека тековно и квалитетно ќе има одржување на сите постоечки  водоводни и канализациони мрежи на територијата на општина Ранковце и нивно редовно и навремено сервисирање и одржување. „Во делот на инфраструктурата ќе се посветиме на изградба на локалните патишта во селата: Петралица, Баратлија, Псача, Гиновце, Ранковце и другите населени  места. За младите и најмалите ќе изградиме повеќе наменско игралиште и мини парк во с. Ранковце, како и игралишта за спорт и рекреација во другите населени места, а за најмалите градинка во с. Ранковце“, појасни Спасовски. Спасовски вети дека ќе се преземат и мерки за реновирање и опремување на амбулантата во с. Ранковце и создавање услови за работење на истата за потребите на граѓаните на Ранковце. „Моето име, работа мојот успешен бизнис и изградено име и бренд, посакувам и се надевам дека за вас ќе биде мотив да го дадете својот глас за мене, за ВМРО-ДПМНЕ, за иднината на Ранковце, за промени, проекти и победи во Ранковце,  гласајте за број 7, добитен број, седумка и нема да згрешите“, нагласи Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spasovski-izgradba-na-lokalni-patishta-i-renoviranje-na-ambulantata-vo-rankovce/feed/ 0
Десетина инспектори утрово влегле во дуќанот на Борче Спасовски, кандидатот за градоначалник на Ранковце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/desetina-inspektori-utrovo-vlegle-vo-dukjanot-na-borche-spasovski-kandidatot-za-gradonachalnik-na-rankovce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/desetina-inspektori-utrovo-vlegle-vo-dukjanot-na-borche-spasovski-kandidatot-za-gradonachalnik-na-rankovce/#respond Tue, 31 Aug 2021 10:22:53 +0000 https://kurir.mk/?p=557211

Нецели 24 часа од објавувањето на името на кандидатот за градоначалник на општина Ранковце од ВМРО-ДПМНЕ тој се соочува со инспекциски контроли од повеќе државни институции под контрола на владата на СДСМ и ДУИ. Десетина инспектори утрово влегле во дуќан на кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ од ВМРО-ДПМНЕ Борче Спасовски, јавуваат членови на неговата поширока фамилија. Според очевидци само еден ден откако беше објавена неговата номинација вкупно 12 инспектори од пазарна, финансиска полиција и УЈП влегле да прават контроли во дуќанот на Спасовски. Семејството на Спасовски е убедено дека инспекторите се дојдени по налог на вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски кој е од Крива Паланка и е одговорен во партијата за овој крај на Македонија. Дел од сограѓаните на Спасовски кој важи за фаворит за победник на изборите се чудат на огромниот број на инспектори во нивната општина и на фактот што дуќанот на Спасовски се контролира од повеќе институции веднаш откако тој е избран за кандидат за градоначалник на Ранковце. „Кандидат за градоначалник на општина Ранковце е Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија и е мал стопанственик”, изјави вчера пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски при номинацијата на Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/desetina-inspektori-utrovo-vlegle-vo-dukjanot-na-borche-spasovski-kandidatot-za-gradonachalnik-na-rankovce/feed/ 0