борел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Mar 2023 17:54:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борел: ЕУ практично ги исцрпи сите можности за санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-eu-praktichno-gi-istsrpi-site-mozhnosti-za-sanktsii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-eu-praktichno-gi-istsrpi-site-mozhnosti-za-sanktsii-protiv-rusija/#respond Fri, 10 Mar 2023 17:54:01 +0000 https://kurir.mk/?p=810596

 Шефот на европската дипломатија  Жозеп Борел, во интервју за европскиот портал „Еурактив“ денеска изјави дека ЕУ практично ги исцрпила сите можности за санкции против Русија.

„Нема што повеќе да се направи од гледна точка на санкциите, но можеме да продолжиме да ја зголемуваме финансиската и воената поддршка за Украина“, рече Борел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ и Стокхолм.

На прашањата на новинарите на прес-конференцијата во Европската комисија, дали ЕУ подготвува нов пакет санкции, портпаролите не можеа да дадат прецизен одговор и се ограничија на изјавата дека земјите членки разговараат за тоа и дека расправата не може да биде јавна.

„Навистина, една година по инвазијата, доаѓаме до крајот на нашите опции“, призна Борел, на прашањето за следните потенцијални чекори што ЕУ би можела да ги преземе како одговор на руската инвазија на Украина.

Тој верува дека одговорот е да се продолжи со поддршката на Украина, да се спречи избегнувањето санкции и да се користат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.

„На Украина и требаат многу пари само за да продолжи да работи машинеријата, земјата во војна има големи финансиски потреби. Тоа ќе бара многу напор од наша страна, така што санкциите и воената поддршка не се сè“, вели тој.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-eu-praktichno-gi-istsrpi-site-mozhnosti-za-sanktsii-protiv-rusija/feed/ 0
Борел: Во борбата со Ковид-19 на светот му треба американско лидерство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-borbata-so-kovid-19-na-svetot-mu-treba-amerikansko-liderstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-borbata-so-kovid-19-na-svetot-mu-treba-amerikansko-liderstvo/#respond Wed, 20 Jan 2021 07:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=457297

На светот му треба американско лидерство во борбата против Ковид-19, смета шефот на европската дипломатија, кој упати повик до новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден да преземе акција откако администрацијата на Трамп беше широко критикувана за бавниот одговор на пандемијата. – Бидејќи богатите земји преговараат за многу повеќе дози на различни вакцини за коронавирусот отколку посиромашните, шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, вели дека САД мора да го заземат своето место како „мотор на светот“ и да помогнат. – Светот ќе се соочи со еден од најголемите предизвици при вакцинирањето на човештвото оваа година. Ќе бара многу солидарност, многу соработка и многу ресурси”, изјави Борел. – Ова е прва глобална криза во која недостасува раководството на САД и на светот му треба американско лидерство“, рече Борел ветувајќи поддршка од ЕУ за Вашингтон. Борел предложи и враќање на трансатлантските врски по ерата на Трамп. – Само со две работи, штом САД се вратат на климатскиот договор и се приклучат на нуклеарниот договор со Иран, светот ќе стане многу подобар и побезбеден, рече тој. – По управување преку твитови, можеби можеме да преминеме на управување користејќи друг начин за комуникација, дефинирање позиции и земање предвид на проблемите и интересите на другите, рече Борел. Во врска со првите чекори што може да ги преземе администрацијата на Бајден, Борел нагласи: Престанете да се заканувате со санкции за секој што е дел од економските односи со Иран. Борел (73), рече дека ќе го покани кандидатот на Бајден за државен секретар Ентони Блинкен на неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Лисабон на 4-5 март, за да ја обнови соработката по четири години во кои администрацијата на Трамп се обиде да го отстрани блокот од 27 нации. Борел наведе и други прашања на кои Вашингтон и Брисел може да направат промени, вклучително и обликување на дигиталната регулатива, како и за односите со Кина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-borbata-so-kovid-19-na-svetot-mu-treba-amerikansko-liderstvo/feed/ 0
Борел телефонски разговарал со Лавров: ЕУ сака отворени линии на комуникација со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-telefonski-razgovaral-so-lavrov-eu-saka-otvoreni-linii-na-komunikacija-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-telefonski-razgovaral-so-lavrov-eu-saka-otvoreni-linii-na-komunikacija-so-rusija/#respond Tue, 13 Oct 2020 17:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=415958

Шефот на европската дипломатија Јозеп Борел, кој денеска телефонски разговораше со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Европската унија сака да одржува отворени канали за комуникација со Русија и дека сака ја подобрува соработката за прашањата од заеднички интерес. Борел изјави дека ЕУ ќе продолжи да ги брани своите интереси и вредности во односите со Москва, вклучително и почитување на меѓународното право и основните права, наведе Европската служба за надворешни работи. Борел, исто така, го известил Лавров дека во рамките на ЕУ е постигнат договор да се почне да се работи на санкционирањето на лица поврзани со обидот за убиство на рускиот опозиционер Алексеј Навални. Тој ја повика руската Влада да стори се истрагата за злосторството да биде темелна, транспарентна и во целосна соработка со Организацијата за забрана на хемиско оружје, додаде Европската служба за надворешни работи. Во соопштението се додава дека Борел му се заблагодарил на Лавров за напорите во преговорите за договор за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан, истакнувајќи дека ЕУ е подготвена да придонесе за тие напори. Говорејќи за Белорусија, Борел го истакна демократското право на белорускиот народ да избере свој претседател преку нови, слободни и фер избори, без надворешно мешање и ја повика Русија да го поддржи повикот за инклузивен национален дијалог во Белорусија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-telefonski-razgovaral-so-lavrov-eu-saka-otvoreni-linii-na-komunikacija-so-rusija/feed/ 0
Телефонски повик Борел – Гебреисус за состојбата со СЗО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-povik-borel-gebreisus-za-sostojbata-so-szo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-povik-borel-gebreisus-za-sostojbata-so-szo/#respond Thu, 16 Apr 2020 16:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=333286

Високиот претставник за надворешни работи и безбедност на Европска Унија, Јосеп Борел денеска телефонски разговараше со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус, кому му е пренесена поддршката на ЕУ за организацијата во борбата против новиот коронавирус. Телефонскиот разговор доаѓа откако американскиот претседател, Доналд Трамп најави замрзнување на фондовите од САД за СЗО. Борел му рекол на Тедрос дека во „овој критичен момент е потребна соработка преку мултилатералниот систем„ за да се победи пандемијата на Ковид-19“. ЕУ се заложи дека ќе придонесе со 114 милиони евра како одговор на повикот на СЗО за финансиска поддршка. Шефот на европската дипломатија повторно изрази загриженост од американската одлука за замрзнување на фондовите и вети дека ќе се обиде да мобилизира „дополнителни ресурси“ за СЗО, но не наведе детали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-povik-borel-gebreisus-za-sostojbata-so-szo/feed/ 0
Борел: Не е време за обвинувања, туку за глобална соработка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ne-e-vreme-za-obvinuvanja-tuku-za-globalna-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ne-e-vreme-za-obvinuvanja-tuku-za-globalna-sorabotka/#respond Mon, 23 Mar 2020 16:57:41 +0000 https://kurir.mk/?p=320901

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел изјави дека короновирусот предизвика глобална криза која може да се реши само со зајакнување на солидарноста и соработката меѓу луѓето, регионите и државите. Тој истакна дека ЕУ помага колку што може во сегашната ситуација и оти секоја помош од надвор е добредојдена. – Затворање и обид да пронајдете решение самостојно не е начин да одговорите туку само испраќање проблем на соседот, рече Борел. По видео-состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, посветен на кризата со Ковид-19, Борел повика на засилена глобална соработка и солидарност. Тој предупреди дека посебно мора да се засили поддршката за земјите со најголем ризик, како што се африканските земји, Иран и Венецуела. – Во Африка избувнувањето на епидемија лесно може да излезе од контрола, а Иран е втора по големина земја по јачина на епидемијата во светот, каде што ситуацијата станува драматична, оцени Борел. Шефот на дипломатијата на ЕУ подвлече дека во кризната состојба поради избувнување на пандемијата на Ковид-19, можат да се слушнат многу дезинформации за европската помош за другите земји. – Ние работиме многу, но тоа не е забележано. Некои земји се жалат дека не им се помогнало, а всушност ние најмногу им помагаме. Ние и понатаму ќе бидеме одговорни партнери и ќе работиме на соработка, а не на натпреварување, рече Борел. Тој додаде дека секоја помош што доаѓа од земји како Кина или Русија е добредојдена, но исто така истакна дека ЕУ значително и помогна на Кина на почетокот на епидемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ne-e-vreme-za-obvinuvanja-tuku-za-globalna-sorabotka/feed/ 0