Боријан Борозанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Apr 2022 08:06:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Боријан Борозанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џонсон Мети ја лансираше следната генерација „Програма за професионален и лидерски развој“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzonson-meti-ja-lansirashe-slednata-generacija-programa-za-profesionalen-i-liderski-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzonson-meti-ja-lansirashe-slednata-generacija-programa-za-profesionalen-i-liderski-razvoj/#respond Tue, 19 Apr 2022 08:06:07 +0000 https://kurir.mk/?p=665166

Џонсон Мети, традиционално, ги поддржува студентите. Надоврзувајќи се на веќе успешната програма за практикантска работа со можности за вработување, компанијата ја лансира новата пилот програма во Скопје – Програмата за професионален и лидерски развој на студентите. Програмата е наменета за талентирани студенти од завршните години на студии во кои покрај професионален развој, на студентите ќе им се овозможи и развој на лидерски и меки вештини. Програмата за лидерство е единствена, бидејќи вклучува 4 различни ротации на работни места, 3 модули и вкупно 270 дена обука, а директорот на фабриката Џонсон Мети во Скопје e еден од директните ментори. „Програмата има цел да ги идентификува идните млади лидери, да ја продлабочи соработката со универзитетите, да го поврзе образовниот процес со реална работна средина каде младите студенти ќе имаат можност да работат со врвни професионалци на реални проекти. Во текот на целиот процес, студентите ќе бидат следени и менторирани од врвни професионалци во својата област кои во иднина, ќе им помогнат во нивниот кариерен развој“, вели Ана Апостолова, менаџер за човечки ресурси во Џонсон Мети. Во првата фаза од пилот проектот учествуваат 4 учесници: Јана Митреска, Јаков Лазаровски, Ајлена Беќири и Зехра Ќуфлију. Џонсон Мети обезбедува соодветен финансиски надоместок, транспорт, храна, ИТ опрема и позитивна работна атмосфера за сите учесници во програмата, вели покровителот и ментор на програмата Боријан Борозанов, генерален директор на Џонсон Мети Скопје. За Џонсон Мети, ова е долгорочна инвестиција во идните бистри умови и во градењето долготрајна врска со Машинскиот и Електро-техничкиот факултет. Тоа е програма која е наградувачка и за менторите и за практикантите, кои имаат силни позитивни повратни информации за програмата. Практикантот Јаков Лазароски коментира дека досегашното искуство е повеќе отколку што очекувал. „Моментално сум во одделот Clean Air Production Systems (системи за производство на чист воздух). Сосема сум задоволен затоа што мојот ментор Александар и покрај неговата работа и обврски успева да ми помогне да го добијам знаењето за системот и работата, да ми посвети посебно внимание и да ми помогне таму каде што не можам да успеам сам. Потребно е да ја нагласам и добрата работна атмосфера. За само неколку недели научив толку многу практични работи. Ова стажирање ќе има големо позитивно влијание врз мојот работен живот“. Неговата колешка Зехра Ќуфлију, исто така, препознава дека луѓето и поддршката што ја добива имаат огромно влијание на нејзината мотивација и со нетрпение ги очекува следните предизвици. „Мојот програмски модул се состои од четири ротации низ Џонсон Мети: Автоматика, CAPS, Снабдувачки синџири и Квалитет. За време на мојата прва ротација, работев во одделот Автоматика на реални проекти, каде што бев изложена на сите видови програми за контрола на процесите, вклучувајќи широк спектар платформи за автоматизација, опции за следење и техники за мрежно поврзување. Најдобриот дел од мојата работа е што учам нешто ново секој ден, додека се справувам со сложени проблеми заедно со поединци кои имаат заедничка цел“. Јана Митреска е уште еден практикант со позитивен впечаток за програмата и за Џонсон Мети. „Мило ми е што ќе бидам дел од „лансирањето“ на оваа програма и се надевам на понатамошно учење и развивање. Ми се допаѓа како работи и функционира целиот тим и како секој член и покрај своите работни обврски, секогаш е ангажиран и подготвен да не научи и да објасни што и како функционираат“. Ајлена Беќири е четврта практикантка и има слично искуство: „Почнувајќи од самиот процес на регрутирање, се почувствував ценета од претставниците на компанијата. Иако немав јасна слика за тоа што да очекувам од оваа програма, воодушевена сум од секојдневните предизвици со кои се соочувам. Прво нешто што забележав беше колку добро беше организирана работата од сите вработени и колку тие се придржуваа до правилата за работа, однесување и безбедност, особено правилата поврзани со КОВИД-19. Очигледно, успехот на самата компанија е показател за тоа колку сите се однесуваат одговорно и професионално“, додаде Беќири. Сите практиканти се приклучија и на глобалната програма “Sustainability activities” („Одржливи активности“), во која ќе работат со глобални претставници на компанијата и надворешни експерти. *** Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист и поздрав свет. Џонсон Мети е светски лидер во производството на катализатори за автомобилската индустрија и системи за контрола на катализаторите. Џонсон Мети работи во повеќе од 30 земји во светот и вработува повеќе од 15.000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори на Џонсон Мети. Џонсон Мети ја избра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzonson-meti-ja-lansirashe-slednata-generacija-programa-za-profesionalen-i-liderski-razvoj/feed/ 0
Џонсон Мети со најбројна спортска екипа на Wizz Air Скопски маратон 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzonson-meti-so-najbrojna-sportska-ekipa-na-wizz-air-skopski-maraton-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzonson-meti-so-najbrojna-sportska-ekipa-na-wizz-air-skopski-maraton-2021/#respond Fri, 08 Oct 2021 11:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=575418

Повеќе од 350 вработени лица од компанијата Џонсон Мети беа дел од овогодинешниот Wizz Air Скопски маратон 2021. За менаџментот на компанијата, ова е само доказ дека вработените трчаат за своето здравје и за поддршка на корпоративното мото за подигнување на свеста за здравјето и безбедноста „Безбедноста на прво место - Безбедни на работа - Безбедни дома“. Организаторот на маратонот додели пехар на Џонсон Мети семејството како најбројна екипа.
„Горди сме на големиот број на претставници од нашата компанија кои земаа учество на овогодинешниот маратон. Честитки и благодарност на сите колеги за истрчаните километри, постигнатите времиња и освоените награди! Нашите вработени, учесници на Скопскиот маратон покажаа храброст и колегијалност, единство и победнички дух. Само тој начин е вистинскиот за реализација на нашите цели и постигнување на резултати!“, додава извршниот директор Боријан Борозанов.
Од компанијата изразуваат благодарност за организаторите на маратонот и до Британската Амбасада, како и до амбасадорката на Обединетото Кралство. Рејчел Галовеј и до нејзиниот тим.
„Се надеваме дека интересот на вработените за учество на спортски и други настани и понатаму ќе расте и понатаму ќе издвојуваме големи успеси. Џонсон Мети е постојано посветен на придонесување кон зачувување и унапредување на физичката и менталната добросостојба на вработените, а освоената награда го потврдува тоа“, вели Борозанов.
Во прилог дел од атмосферата, резултати и повеќе детали на страната на скопски маратон Резултати 2021 | Виз Ер Скопски маратон | Wizz Air Skopje Marathon (skopskimaraton.com.mk).
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzonson-meti-so-najbrojna-sportska-ekipa-na-wizz-air-skopski-maraton-2021/feed/ 0
Вработените од Џонсон Мети чистеа јавни површини во Скопје, Велес и Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-dzonson-meti-chistea-javni-povrshini-vo-skopje-veles-i-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-dzonson-meti-chistea-javni-povrshini-vo-skopje-veles-i-kumanovo/#respond Thu, 30 Sep 2021 12:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=570751

Повеќе од петстотини вработени од компанијата Џонсон Мети Македонија се вклучија во волонтерски активности за масовно чистење на јавни површини во Скопје, Велес и Куманово. Оваа активност е дел од корпоративната Програма за волонтирање на вработените во заедницата, во рамки на Стратегијата за општествена одговорност на Џонсон Мети. Мото на оваа активност е „Два дена да направите разлика“ (Two days to make a difference“) Можеби сите не можеме да направиме сé, но сите можеме да направиме по нешто. Џонсон Мети е една од ретките компании со Глобална политика за волонтирање, која овозможува вработените да искористат два работни дена за помош и поддршка на заедницата преку волонтерски активности. Во првата акција се вклучија 234 волонтери, додека во втората акција се вклучија 275 волонтери.
„Горди сме што постигнавме рекорд во бројноста на вработените кои се вклучија во акциите. Над 500 наши вработени беа дел од акцијата за чистење на јавни површини. Еден ден искористивме да го исчистиме кејот на реката Вардар на потег од Аеродром и Карпош 4, еден ден резервиравме за Градскиот парк и околината и еден за плоштадот Филип Втори и околината. Џонсон Мети е инклузивна компанија и поради фактот што голем дел од нашите вработени се од градовите Велес и Куманово, сметавме дека наша должност е да организираме акции и таму“, вели Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија.
Ова не се први општествено одговорни акции на компанијата, која традиционално го одбележува стартот на учебната година со акција за донирање на училиштен прибор. Исто така, годинава, Џонсон Мети организираше донаторска акција на тема “Секое дете заслужува еднаков почеток”.
„И оваа година нашите вработени ја покажаа својата хуманост на дело и донираа огромен број училиштен прибор. Досега сме биле дел и од акција за готвење храна за лицата во социјален ризик, сликарска работилница со лица со старски дом, предавања низ училишта на тема „Безбедноста на прво место за деца”, изработка на сензорни табли, разубавување на училиштен двор, дружење со дечињата од „Аутизам МК“ и други активности. Среќни сме што ја нудиме можноста за искористување на два работни дена за волонтирање во нашата локална заедница. Нема да застанеме тука, имаме уште многу планови кои се надеваме ќе ги реализираме во блиска иднина“, дообјаснува Борозанов.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-dzonson-meti-chistea-javni-povrshini-vo-skopje-veles-i-kumanovo/feed/ 0