борис тадиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Mar 2023 08:41:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борис тадиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тадиќ: Потпишувањето на француско-германскиот договор е прифаќање на косовската независност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadik-potpishuvaneto-na-frantsusko-germanskiot-dogovor-e-prifakane-na-kosovskata-nezavisnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadik-potpishuvaneto-na-frantsusko-germanskiot-dogovor-e-prifakane-na-kosovskata-nezavisnost/#respond Wed, 01 Mar 2023 08:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=806461

Потпишувањето на француско-германскиот договор, што начелно беше усвоен пред два дена во Брисел како Договор за пат кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, нема да биде чин на формално признавање на независноста на Косово, но несомнено ќе биде чин на официјално прифаќање на независноста на Косово како политичка реалност, изјави денеска претседателот на Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ. Тадиќ, кој е и поранешен претседател на Србија, за весникот Данас изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ во изјавата по средбата со косовскиот премиер Аљбин Курти во Брисел, едноставно прескокнал да претстави некои клучни аспекти од разговорите. -Имено, тој упорно вели дека допрва треба да се договори план за имплементација, за да се создаде впечаток во јавноста дека ништо значајно не се случило, а не вели дека тој и Курти ја прифатиле содржината на договорот, како беше објавено (претходната вечер). Тој се обидува да создаде забуна во јавноста и дека полека ги „воведува нашите граѓани во студена вода““, рече Тадиќ. Тадиќ смета дека е трагично што режимот ја прикажува Заедницата на српските општини на Косово како предуслов за потпишување на овој договор, „создавајќи привид дека тоа е нешто што нашата страна го добива“. На прашањето што добива Србија, Тадиќ одговори дека „доколку се потпише и спроведе ваков договор, не не’ чека нас иднина на донации и решени проблеми, туку иднина на национална фрустрација и уште поголема опасност од конфликти“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadik-potpishuvaneto-na-frantsusko-germanskiot-dogovor-e-prifakane-na-kosovskata-nezavisnost/feed/ 0
Тадиќ: Власта во Србија покажа целосна неспособност да се соочи со косовскиот проблем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadik-vlasta-vo-srbija-pokazha-tselosna-nesposobnost-da-se-soochi-so-kosovskiot-problem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadik-vlasta-vo-srbija-pokazha-tselosna-nesposobnost-da-se-soochi-so-kosovskiot-problem/#respond Tue, 24 Jan 2023 10:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=791076

Претседателот на Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ денеска изјави дека власта во Србија покажала целосна неспособност да се соочи со косовскиот проблем, но дека се уште има простор да се бара компромисно решение. Тадиќ за телевизијата Н1 изјави дека треба да има национален консензус за изнаоѓање компромисно решение и дека во тоа треба да учествуваат претставници на власта, на опозицијата, но и граѓаните. Според него, најавата дека Србија денес треба да направи некои отстапки кон Косово и дека за конечното решение ќе се разговара за десетина години, кога на дневен ред ќе биде членството во ЕУ, е „постепено влегување во ладна вода“. Тадиќ предлогот на ЕУ го оцени како „лицемерна уцена“, чија суштина е „ќе ви дадеме членство доколку пасивно учествувате во независноста на Косово“. Тој рече дека е неопходно да се започне дипломатска офанзива, а не да се „подигне борбената готовност и заканата од војна, како што тоа го прави Владата предводена од претседателот на Србија и Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ“. Тадиќ додаде дека членовите на опозицијата кои го разбираат проблемот треба да учествуваат во разговорите за Косово, наведувајќи дека меѓу нив не е Драган Ѓилас, претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), кој „нема поим што е Косово“. Борис Тадиќ оцени дека најавата на Вучиќ дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на СНС е дадена „во страв да не го изгуби новиот култ“ што го градел десет години, што, како што рече, е „бесрамно“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadik-vlasta-vo-srbija-pokazha-tselosna-nesposobnost-da-se-soochi-so-kosovskiot-problem/feed/ 0
Борис Тадиќ е позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/boris-tadikj-e-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/boris-tadikj-e-pozitiven-na-koronavirus/#respond Sat, 05 Dec 2020 08:53:27 +0000 https://kurir.mk/?p=439057

Лидерот на Социјадемократската партија и поранешен претседател на Србија, Борис Тадиќ објави дека е позитивен на коронавирусот. – Синоќа ги добив резултатите од тестот, кои покажуваат дека сум позитивен на Ковид-19. Затоа ги информирам сите со кои сум бил во директен или индиректен контакт. Почитувајте ги сите мерки за заштита и чувајте се себеси и другите, напиша Тадиќ на Твитер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/boris-tadikj-e-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0
Тадиќ ќе ги бојкотира паламентарните, ама ќе излезе на локалните избори во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadikj-kje-gi-bojkotira-palamentarnite-ama-kje-izleze-na-lokalnite-izbori-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadikj-kje-gi-bojkotira-palamentarnite-ama-kje-izleze-na-lokalnite-izbori-vo-srbija/#respond Wed, 27 May 2020 12:29:44 +0000 https://kurir.mk/?p=350716

Поранешниот српски претседател и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), Борис Тадиќ, изјави денеска дека неговата партија ќе излезе на локалните избори во белградската општина Врачар во коалиција со Новата партија на Зоран Живковиќ и Движењето на слободни граѓани (ПСГ)) на Сергеј Трифуновиќ, на листата „Да го ослободиме Врачар“. Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Тадиќ на прес-конференција изјави дека таа партија останува на одлуката да ги бојкотира парламентарните избори. Од друга страна, со учество на локалните избори, СДС не сака на Српската напредна странка (СНС) да ги остави „на милост и немилост“ граѓаните кои се директно зависни од локалната власт. Тадиќ изјави дека на локалните избори на 21 јуни, опозициските партии мора да се изборат за „острови на слободата“ во градовите и општините каде можат да победат. Поранешниот шеф на државата оцени дека „режимот на Александар Вучиќ може да биде соборен само на претседателските избори“, поради што ќе се залага опозицијата на тие избори да има еден кандидат. Со реакција се јави лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ од Сојузот за Србија, кој оцени дека најавата на СДС, Новата партија и на ПСГ да излезат на локалните избори во Врачар е „несериозна одлука“ која може да предизвика понатамошно неединство во опозицијата. -Тоа е малку несериозно на 25 дена пред изборите. Ние порано разговаравме за тоа, но заклучивме дека е важен политичкиот принцип. Ако го потпишавме договор со народот и ако се обврзавме, тогаш важно е да останете на тоа и така да ја заслужите довербата на граѓаните, изјави Обрадовиќ. Тој оцени дека е очигледно дека бојкотот е нешто со кое власта има проблем и добар начин на кој опозицијата може да се избори за своите принципи во врска со слободата на медиумите и изборите. -Не ми се допаѓа таа најава на Борис Тадиќ дека тој ќе се врати во некој нов филм. Бидејќи ако тој филм се сведе на одбраната на Врачар, тоа е несериозно, кажа Обрадовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadikj-kje-gi-bojkotira-palamentarnite-ama-kje-izleze-na-lokalnite-izbori-vo-srbija/feed/ 0
Тадиќ ќе го бојкотира српскиот Парламент, Сергеј Трифуновиќ нов лидер на ПСГ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadikj-kje-go-bojkotira-srpskiot-parlament-sergej-trifunovikj-nov-lider-na-psg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadikj-kje-go-bojkotira-srpskiot-parlament-sergej-trifunovikj-nov-lider-na-psg/#respond Wed, 30 Jan 2019 16:02:29 +0000 https://kurir.mk/?p=158396

По двомесечните масовни граѓански непартиски протести во Белград и другите градови во Србија, од кои беше упатен повик до опозицијата да предложи јасен план и механизми за излез на земјата од „насилството, лошата општествено-политичката состојба и за смена на актуелната власт“, разиденатата српска опозиција се раздвижи. По завчерашниот бојкот на собраниската седница на говорот на словенечкиот претседател Борут Пахор, денеска поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), Борис Тадиќ на Твитер објави дека оваа партија ќе ги бојотира сите наредни седници на српското Собрание. Тој наведе дека за „нивоата и формата“ на бојкотот, СДС ќе продолжи да разговора со останатите опозициони партии. По оставката на Саша Јанковиќ на местото претседател на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), на седница на Главниот одбор на партијата за нов лидер е избран актерот Сергеј Трифуновиќ. Тој најави дека ќе работи на обединување на опозицијата и на „ослободување на луѓето од стравот кој владее во Србија“, но дека ПСГ нема да влезе во коалицијата Сојуз за Србија (СзС). Бо рамкита на СзС, предводен од Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ, кој од пред Новата година ја бојкотира работата на Градското собрание на Белград, деновиве се водеа разговори како да одговорат на повикот на Бранислав Трифуновиќ, кој ги предводи граѓанските протоести, за бојкот на можните вонредни парламентарни избори, доколку не се обзбедат фер и слободни услови и за формирање на експертска непартиска влада која, меѓу останатото, ќе овозможи услови за трансформација на слободно и демократско уредување во Србија и ќе спроведе лустрација. Денеска е соопштено и дека на Иницијативата на универзитетската подршка за протестите „Еден од Пет милини“ досега се потпишале 950 академици, професори и доценти, со што со досегашните потписи од факултетите на сите Универзитети во Србија, таа бројка изнесува над 1.500 лица, меѓу кои се и над 100 адвокати. За наредните денови се највени нови граѓански протести во повеќе граддови во Србија, меѓу кои и за в сабота во Белград, а за првпат протестен собир ќе се одржи и во Косовска Митровица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tadikj-kje-go-bojkotira-srpskiot-parlament-sergej-trifunovikj-nov-lider-na-psg/feed/ 0