Борис Тунџев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Nov 2022 12:07:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Борис Тунџев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цените на услугите на Катастар зголемени до 30 проценти, директорот вели дека се на реално ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/#respond Tue, 29 Nov 2022 12:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=768196

Цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во просек се зголемени за 25 до 30 проценти со стапувањето во сила на новите тарифници. Причина за поскапувањето е сублимирањето на услугите од петте тарифници во два, како и зголемените трошоци за електрична енергија и за одржување на катастарските ИКТ системи, информираше денеска на прес-конференција директорот на АКН, Борис Тунџев. Тој ги отфрли како неточни тврдењата на претседателот на Комората на геодетски друштва, Никола Рибаровски за „енормен раст на цените на катастарските услуги“ и посочи дека има зголемување за одредени производи, за одредени намалувања, а дел се останати на исто ниво. – Со новиот тарифен модел, поединечните цени на податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем и надоместот за впишување во Катастарот на недвижности, не се енормно зголемени. Напротив, тоа се цени кои се на ниво на реално направените трошоци за нормално функционирање и одржување на електронските системи, кои се од исклучителна важност, рече Тунџев. Тој најави дека доколку дојде до стабилизирање на енергетската криза, односно намалување на цената на електричната енергија и другите фактори кои имаат влијание на трошоците, Агенцијата ќе направи анализа и ќе излезе со свое видување во однос на потребата од корекција на цените на услугите. На брифингот за новинари сакаше да присуствува и претседателот на Комората Рибароски, што не му беше дозволено со образложение дека настанот е за информирање на медиумите, а тој може да побара прием за разговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/feed/ 0
Тунџев од Катастар: Не постои имотен лист со хациенда во сопственост на Петровска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tundzev-od-katastar-ne-postoi-imoten-list-so-hacienda-vo-sopstvenost-na-petrovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tundzev-od-katastar-ne-postoi-imoten-list-so-hacienda-vo-sopstvenost-na-petrovska/#respond Fri, 18 Nov 2022 18:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=763151

Директорот на Катастар, Борис Тунџев на прашање на „24инфо“ вели дека министерката за одбрана Славјанка Петровска нема хациенда како што обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Тунџев вели дека информациите се лага. „Тоа што лажно го прикажува Ковачки не е имотен лист, зашто таков имотен лист не постои. Петровска нема никаква хациенда. Министерката за одбрана била сосопственик на идеален дел и тоа на помалку од третина на земјиштето, кое го има продадено“, вели Тунџев за „24инфо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tundzev-od-katastar-ne-postoi-imoten-list-so-hacienda-vo-sopstvenost-na-petrovska/feed/ 0
Судот прави преседан: Антикорупциска утврди конфликт на интереси, директорот на СДСМ не можел да биде и вештак, но судијата игнорира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-pravi-presedan-antikorupciska-utvrdi-konflikt-na-interesi-direktorot-na-sdsm-ne-mozel-da-bide-i-veshtak-no-sudijata-ignorira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-pravi-presedan-antikorupciska-utvrdi-konflikt-na-interesi-direktorot-na-sdsm-ne-mozel-da-bide-i-veshtak-no-sudijata-ignorira/#respond Sat, 03 Jul 2021 14:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=531460

Судот прави преседан во случајот Топлик по утврден судир на интереси од Антикорупциска комисија во случајот со Борис Тунџев кој во исто време е вештак, но и директор на Катастар. Судијата Осман Шабани денеска одлучи да не го почитува мислењето на Анткорупциската. Одбраната побара мислење од ДКСК дали Борис Тунџев може да биде вештак во овој случај. Мислењето на ДКСК беше дека не смее и дека има судир на интереси. Наградата што би ја добил вештакот, смета Антикорупциска, не спаѓа во приходи кои службеното лице, во случајот директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, може да ги остварува. Но, за судијата Шабани ова мислење беше неважно и рече дека „Антикорупциска не е надлежна за спроведување на законот“. Претходно одбраната образложи дека  вештакот мора да биде изземен. -Ова не е став само на одбраната, туку и на Комисијата за спречување на корупција. И нема врска со тоа дали вештакот има или нема лиценца. Еве има, и што со тоа? Овде има конфликт на интереси, објасни адвокатот Дончо Наков. Вештачењето на Тунџев ќе биде на седми јули. КУРИР денес побара коментар од Тунџев, но до овој момент одговор немаме добиено. На оваа тема се огласија и од Коалиција „Сите за правично судење“. Ја истакна својата загриженост за постапувањето на судечкиот совет во предметот познат во јавноста како „Топлик“ во однос на вештачењето предложено од страна на јавното обвинителство како доказ во постапката. „Од аспект на начелото на непристрасно водење на судската постапка, судот има обврска да остане и ја задржи улогата на независен арбитар во постапката, при што не смее да зазема страна во текот на истата, односно судот е должен да гарантира еднаков натпревар помеѓу странките во постапката без притоа да биде оставен впечаток кај јавноста дека на една или друга страна во постапка помага да се докаже теоријата на случај која странката ја застапува“, се вели во реакцијата. Целосниот текст на реакцијата можете да го прочитате на следниот линк  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-pravi-presedan-antikorupciska-utvrdi-konflikt-na-interesi-direktorot-na-sdsm-ne-mozel-da-bide-i-veshtak-no-sudijata-ignorira/feed/ 0
Мислење од Антикорупциска: Има судир на интереси со вештакот на обвинителството со случајот за Сончев Град https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mislenje-od-antikorupciska-ima-sudir-na-interesi-so-veshtakot-na-obvinitelstvoto-so-sluchajot-za-sonchev-grad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mislenje-od-antikorupciska-ima-sudir-na-interesi-so-veshtakot-na-obvinitelstvoto-so-sluchajot-za-sonchev-grad/#respond Fri, 02 Jul 2021 08:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=530859

Судир на интереси кај вештакот во случајот „Топлик“, поврзан со Сончев Град, утврдува и Антикорупциската комисија во своето мислење. Во мислењето кое било побарано од нив, од ДКСК пред неколку дена одговараат дека директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, во целост треба да постапува согласно законските одредби за судир на интереси. Од Антикорупциска појаснуваат дека доколку службеното лице - директор на Агенција за катастар на недвижности прифати да биде вешто лице (вештак) во судска постапка која се води пред надлежен суд, ќе постапи спротивно на член 44 став 6 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите каде е утврдено дека: Член 44 (6) Службено лице може да остварува приходи од научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности и приходи од авторски, патентни и слични права, интелектуална и индустриска сопственост, освен ако со закон не е поинаку определено. Од горе наведеното и цитираната законска одредба, произлегува дека наградата, односно приходите остварени од вештачење како вешто лице (вештак), не спаѓаат во приходи кои службеното лице, во случајот директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, може да ги остварува, сметаат од ДКСК. Повикувајќи се на членот 72 став (1) и (2) од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, секое службено лице, во своето работење е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да презема мерки за негово одбегнување, а во случај на сомневање за постоење судир на интереси, службеното лице е должно да ги преземе сите неопходни мерки за да го спречи влијанието на неговиот приватен интерес или приватниот интерес на друго лице врз извршувањето на неговите овластувања и должности. Антикорупционерите се повикуваат и на одредбите од Законот за катастар на недвижности што го регулираат судирот на интереси. Според член 25, вработениот во Агенцијата за катастар на недвижности не смее да врши никаква друга функција, должност или дејност поврзана со остварување на профит која е во судир со извршувањето на неговите работни обврски, ниту да се регистрира како трговец поединец овластен геодет, ниту да врши дејност како сопственик или партнер во трговско друштво за геодетски работи. Исто така вработениот во Агенцијата не смее да врши работи од надлежност на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи. Кодексот на етика на вештаците предвидува и дисциплинската мерка одземање на лиценцата за вештачење, а истата се изрекува ако нестручно или несовесно го врши вештачењето во спротивност со правилата на науката и струката, етичките норми и конфликт на интереси. Одбраната во овој случај реагираше на вештачењето и бараше изземање на вештакот посочувајќи дека е пристрасно бидејќи било изработено од вештак чија ќерка работи во СЈО и кој е актуелен директор на Агенцијата за катастар и недвижности. Во 2018 година, медиумите пишуваа дека до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за Тунџев, за основано сомнение за фалсификување исправи и лажно претставување. Наводно, Тунџев немал лиценца кога го изготвувал вештачењето за продажбата на државно земјиште за изградба на Сончев град, во случајот „Топлик“ на СЈО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mislenje-od-antikorupciska-ima-sudir-na-interesi-so-veshtakot-na-obvinitelstvoto-so-sluchajot-za-sonchev-grad/feed/ 0
Трпески до Тунџев: Срамано е да се лаже македонската јавност за работи кои можат да се проверат на веб страната на Агенцијата за катастар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trpeski-do-tundzev-sramano-e-da-se-laze-makedonskata-javnost-za-raboti-koi-mozat-da-se-proverat-na-veb-stranata-na-agencijata-za-katastar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trpeski-do-tundzev-sramano-e-da-se-laze-makedonskata-javnost-za-raboti-koi-mozat-da-se-proverat-na-veb-stranata-na-agencijata-za-katastar/#respond Fri, 12 Oct 2018 19:10:16 +0000 https://kurir.mk/?p=114321

Поранешнито директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Славе Трпески со реакција на денешниот прес на директорот на Катастар, Борис Тунџев. Интегрално ви ја пренесуваме реакцијата на Славе Трпески: Во врска со денешната прес конференција на Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности би сакал да го искористам загарантираното правото на одговор во јавните медиуми и барам во целост да го објавите мојот демант. Денес македонската јавност виде еден исплашен директор кој само што се симна од авион од едно од многуте туристички патувања за време на неговиот мандат и заедно со комисијата за јавни набавки за тендерот за Адресниот регистар на прес конференција делумно ги призна наводите во вчерашниот мој одговор до медиумите, а за дел бесрамно ја лажеше македонската јавност. Во однос на реченото на прес конференцијата дека Кривичната пријава била врз основа на наод од Внатрешната ревизија, мора да укажам на член 34 став 2 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, кој предвидува дека Раководителот на единицата за внатрешна ревизија дава мислења за внатрешните правила и акти на субјектот од јавниот сектор во врска со прашања поврзани со внатрешната финансиска контрола и внатрешната ревизија пред овие правила и акти да влезат во сила, а со оглед дека Актот за Систематизација е донесен во 2015 година додека Решенијата за распоредување во 2016 година, јасно е дека е во прашање или мобинг или слепа партиска послушност. Во однос на реченото дека Кривичната пријава била поднесена и врз наод од Државниот управен инспекторат, доколку истиот е изработен стручно и професионално требаше истиот да биде доставен и до мене како би можел да се произнесам како по однос на Записникот кој претпоставувам го има, така и по евентуално Решение кое е законска обврска, вака кога директорот на Државниот управен инспекторат го именува Владата на Република Македонија нашиот народ има една поговорка „Кадија те тужи Кадија те суди“. Доставете ми го Записникот и Решението па да видиме дали напишаното во истиот ќе ја издржи судската постапка што би ја покренал против истите. Во однос на Унапредувањата кои се направени во периодот додека е директор, ги повикувам медиумите да проверат кои биле раководители на подрачните 29 одделенија  на катастарот во Републиката пред именувањето а кои се денес (сите се сменети освен Гостивар каде што има двајца раководители), кој е раководител на Центарот за катастар на недвижности Скопје тогаш а кој денес, како и кои  се раководителите на сектори и одделенија во Генералната дирекција тогаш и кои се денес. Повеќе од 50 ќе бидат!!! Срамано е да се лаже македонската јавност за работи кои можат да се проверат на веб страната на Агенцијата за катастар!!! Во однос на ИТ Секторот, кога Државниот советник за ИТ е суспендиран, кога раководителот на Сектор поради мобинг го напуштил катастарот, кога двајца раководители на одделенија исто поради мобинг си заминале од катастарот кога други ИТ лица од ИТ секторот се распоредени во други Сектори и одделенија а сите преостанати секојдневно бараат работа надвор од институцијата, најсовесно укажувам дека Електронскиот катастар го доведен во прашање а со тоа и сопственоста на сите граѓани и правни лица во Републиката. Во однос на актуелниот тендер за Адресен регистар бидејќи цела комисија била на прес конференција, директорот заедно со комисијата до органите на прогонот по поднесена кривична пријава од моја страна ќе треба да објаснат кој е законскиот основ за распишување на овој тендер кога законот за Адресен регистер сеуште не е донесен, претходниот тендер на кој се повикува директорот е Пилот проект одобрен од Владата на Република Македонија, каде во тендерската документација е наведено дека се бара теренско снимање за дел од Кисела Вода кога во тендерската документација е наведена цела општина Кисела вода, колку Фирми во Републиката имаат “ARCGIS WINDOWS10 Лиценца без притоа да се наведе дека и еквивалент на неа би го исполниле условот, нешто што го имаше во минатиот пилот проект, но не и сега, како и за други прашања. Во однос на ослободувањето од плаќање на правни и физички лица при повторно поднесување на барања во  катастарот, директорот на катастарот јавно го призна кривичното дело односно штетата која до ден денес се нанесува на Буџетот, бидејќи измените на законот за катастар на недвижности, со кои сака да се покрие ова дело сеуште не се донесени од Собранието на Република Македонија, па и за ова дело ќе биде поднесена кривична пријава. Почитуваниот директор денес не произнесувајќи се по мојот навод дека истовремено додека е директор извршувал и функција судски вештак призна уште една злоупотреба на службената положба и овластување, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава. Како со оштетувањето на Буџетот така и овде преку Автентично толкување на Законот за катастар на недвижности, кое треба да го донесе Собранието, сака да го покрие ова незаконито постапување. Во однос на бензинот и бројот на заостанати предмети, би рекол само, кога има драматичен пад на градежништвото кое е директно поврзано со предметите (издавање податоци и уписите во катастарот), кога запрена е легализацијата на дивоградбите, кога запрена е приватизацијата на дворни места, кога за 15 месеци нема ниту еден нов проект во катастарот, тогаш право пропорционално на обемот на работа се и потрошениот бензин и заостанати предмети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trpeski-do-tundzev-sramano-e-da-se-laze-makedonskata-javnost-za-raboti-koi-mozat-da-se-proverat-na-veb-stranata-na-agencijata-za-katastar/feed/ 0
Директорот на Катастар вештачел без лиценца, кривично ќе биде гонет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-katastar-veshtachel-bez-licenca-krivichno-kje-bide-gonet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-katastar-veshtachel-bez-licenca-krivichno-kje-bide-gonet/#respond Thu, 10 May 2018 20:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=52792

До Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за директорот на Агенцијата за катастар и недвижности, Борис Тунџев, за основано сомнение за фалсификување исправи и лажно претстваување, пишува порталот „Нетпрес“. Всушност, Тунџев немал лиценца кога го изготвувал вештачењето за продажбата на државно земјиште за изградба на Сончев град, во случајот „Топлик“ на СЈО. Имено, тој, лажно претставувајќи се како овластен судски вештак, на 1.6. 2017 година, во просториите на ЈО за гонење на кривични дела кои произлегуваат од незаконско прислушуваните телефонски разговори, доставил наод, со свој потпис на овластен вештак, свесен дека неговата лиценца е со истечен рок и важела до 21.12 2016 година, пренесува порталот. Неговиот изготвен наод со датум 26.5 2017 го заверил со свој потпис и назнака дека е изготвен од овластен судски вештак. Тој на 5.06.2017 година доставил и сметка за изработка на вешт наод во износ од 69.000, која што му е исплатена. Исто така, Тунџев, изготвил и употребил лажна исправа – Барање за упис во регистар на вештаци, а приложил лиценца со датум на издавање 6.06.2017, наводно како да е таа продолжена од лиценцата од 20.12.2011. Сепак, тоа не било продолжување на лиценцата од 20.12.2011, туку стекнување со лиценца за вештачење од областа на Геодезија, што претставува нова лиценца врз основа на кое лажно барање во Регистарот на вештаци. Освен што Тунџев вештачел со истечена лиценца, од судот се бараше тој да се изземе од вештачењето од списите во „Топлик“ и затоа што неговата ќерката е вработена во СЈО. Ова, пак, директно укажува на конфликт на интереси и се отвора сомнеж дека вештачењето било пристрасно, пишува „Нетпрес“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-katastar-veshtachel-bez-licenca-krivichno-kje-bide-gonet/feed/ 0