борисов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jul 2020 09:43:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борисов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борисов преживеа, бугарскиот Парламент не изгласа недоверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-prezivea-bugarskiot-parlament-ne-izglasa-nedoverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-prezivea-bugarskiot-parlament-ne-izglasa-nedoverba-na-vladata/#respond Tue, 21 Jul 2020 09:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=379085

Опозицијата не успеа да го добие потребниот број гласови за уште едно гласање недоверба на кабинетот „Борисов 3“ да биде успешно, јави агенцијата БГНЕС. За недоверба гласаа само пратениците од Бугарската социјалистичка партија (БСП), кои се баратели на гласањето и нивните колеги од Движење за права и слободи (ДПС), иако движењето официјално не ги поддржуваше мотивите за време на вчерашните двочасовни дискусии. Сепак, тие добија само 102 гласови. Според БГНЕС, со консолидирани напори, владејачкото мнозинство на ГЕРБ и Обединети патриоти лесно успеа да го собере потребниот минимум од 121 пратеник за зачувување на интегритетот на Кабинетот. Против гласаа 124, а 11 беа воздржани. Темата повторно беше поврзана со корупцијата, како во првиот обид на левицата, а согласно Правилникот, гласање за недоверба на истата тема не може да се одржи во наредните шест месеци. На вчерашната дебата не присуствуваше премиерот Бојко Борисов, кој беше во Брисел на Самитот на европските лидери. Немаше ниту двајца од тројцата министри чии оставки ги побара премиерот. Борисов не беше присутен ниту на денешното гласање.
– Премиерот денеска е во Бугарија, но тој повторно не е тука, рече Филип Попов од левицата.
Тој побара претседателката на Парламентот Цвета Карајанчева да го покани во салата.
– Вчера премиерот беше отсутен не по негова волја затоа што учествуваше во Европскиот совет, каде преговараше за 29 милијарди евра за Бугарија. Денеска, и покрај неговата голема желба да биде тука, тој не може, бидејќи сè уште патува, одговори Карајанчева. Двете вонредни седници на Националното собрание се одвиваа  наспроти постојаните антивладини протести, на кои граѓаните веќе две недели бараат оставка на целиот Кабинет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-prezivea-bugarskiot-parlament-ne-izglasa-nedoverba-na-vladata/feed/ 0
Бугарското Собрание во понеделник на вонредна седница ќе расправа за барањето за изгласување недоверба на владата на Борисов https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskoto-sobranie-vo-ponedelnik-na-vonredna-sednica-kje-rasprava-za-baranjeto-za-izglasuvanje-nedoverba-na-vladata-na-borisov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskoto-sobranie-vo-ponedelnik-na-vonredna-sednica-kje-rasprava-za-baranjeto-za-izglasuvanje-nedoverba-na-vladata-na-borisov/#respond Thu, 16 Jul 2020 07:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=376842

Бугарското Национално собрание во понеделник, на вонредна пленарна седница, ќе расправа за гласањето недоверба на владата на Бојко Борисов, поднесено од опозициската БСП. Предлогот за датумот на седницата го даде претседателот на Парламентот, Цвета Карајанчева, а доби поддршка од 172 пратеници, јавија бугарските медиуми. Ова ќе биде петти обид на опозицијата за соборување на владата на Борисов. Темата за разгледување и гласање повторно е поврзана со корупцијата и ќе биде дискутирана во заднината на тековните протести во Софија и во голем број градови низ целата земја. Левичарската опозиција во 2018 година првпат се обиде да ја собори владата на Борисов, врз основа на неговиот неуспех во областа на борбата со корупцијата. Другите три обиди во текот на последните две години беа поврзани со безбедносниот сектор, здравството и животната средина. Гласањето во пленарна сесија ќе се одржи 24 часа по завршувањето на дискусиите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskoto-sobranie-vo-ponedelnik-na-vonredna-sednica-kje-rasprava-za-baranjeto-za-izglasuvanje-nedoverba-na-vladata-na-borisov/feed/ 0
Борисов: Демократски начин за преземање на власта е на избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-demokratski-nachin-za-prezemanje-na-vlasta-e-na-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-demokratski-nachin-za-prezemanje-na-vlasta-e-na-izbori/#respond Sun, 12 Jul 2020 17:45:45 +0000 https://kurir.mk/?p=374771

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев, Владата и јавниот обвинител да поднесат оставка. – Јас сум демократ, постои демократски начин за преземање на власта, а тоа е на избори. Не е демократски да се воведе преодна влада на мала врата и да се презема законот во свои раце, објави Борисов во видео-пораката објавена на Фејсбук. Тој додаде дека Владата направила многу и оти е на власт поради одговорноста да ја спречи опозицијата да ја растури државата. – Тие не можат да управуваат со земјата, тоа го покажаа, секој пат кога се на власт, блокирани се фондовите на ЕУ, истакна Борисов. Во Софија и во другите бугарски градови синоќа се одржаа протести, трет ден по ред, поради полицискиот претрес на кабинетот на Радев. Бугарскиот претседател во синоќешното обраќање до нацијата побара оставки од Владата и од јавниот обвинител. Додека Борисов апелираше до демонстрантите да се воздржат од насилство и судири, при тоа додавајќи дека земјата ја очекуваат тешки месеци и години поради пандемијата со новиот коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-demokratski-nachin-za-prezemanje-na-vlasta-e-na-izbori/feed/ 0
Борисов ќе биде казнет со 300 лева, не носел маска во манастирот Рила https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-kje-bide-kaznet-so-300-leva-ne-nosel-maska-vo-manastirot-rila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-kje-bide-kaznet-so-300-leva-ne-nosel-maska-vo-manastirot-rila/#respond Tue, 23 Jun 2020 18:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=361723

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе биде казнет со 300 лева (174 долари) заради прекршување на обврската за носење маска во затворен простор, за време на денешната посета на црквата во манастирот Рила, пренесуваат британските медиуми. Министерот за здравство Кирил Ананиев вчера донесе одлука за повторна обврска за носење маски во затворено, откако минатата недела беше регистриран рекорден број случаи во земјата. -Сите лица кои не носеа маски во манастирот Рила, за време на посетата на премиерот, ќе бидат казнети, рече Ананиев. Тој потврди дека премиерот, како и новинарите, фотографите и снимателите кои го придружувале, ќе бидат казнети. Но, не одговори дали ќе се казни и свештеникот кој, исто така, не носел маска. Манастирот Рила, што се наоѓа во планинската област јужно од главниот град Софија, стар повеќе од 1.000 години, и е една од најголемите туристички атракции во Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-kje-bide-kaznet-so-300-leva-ne-nosel-maska-vo-manastirot-rila/feed/ 0
„Мерси“ бате Борисов, доста не „бранеше“! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mersi-bate-borisov-dosta-ne-braneshe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mersi-bate-borisov-dosta-ne-braneshe/#respond Sun, 10 May 2020 15:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=344237

Бугарската држава не признава постоење на национални малцинства. Сите се Бугари! Тоа е нешто слично како францускиот концепт на уредување на државата, ама на балкански начин. Во Франција сите се французи. Французи се оние кои што самите се сметаат за французи по род, наследниците на Галите, но и оние од Алзас, Лорен, Бретања, Баскија, Корзика па дури и дојдените од земјите на Магреб и останатите делови на Африка, а кои чувствуваат „малку“ поинаков идентитет. Задолжителна компонента, која што без исклучоци ги поврзува сите овие луѓе под француското знаме, е францускиот јазик. Говорењето на францускиот јазик е задолжително и само преку неговото познавање поединецот може да се стекне со правото на француско државјанство. Јазикот е основниот елемент врз кој се дефинира граѓанскиот идентитет на секој французин. Но, мора да се истакне дека јазичната разноликост, која што постои во Франција, се почитува и во тој контекст слободно можат да се користат и изучуваат јазици како што се алзашкиот, каталонскиот, баскискиот, бретањскиот, дури и галскиот фо форма на регионални јазици во Франција. „Истото“ е и во Бугарија. Иако е под силен притисок на Рамковната конвенција за национални малцинства на Советот на Европа, која од неразбирливи причини Бугарија ја има прифатено, земјата не признава малцинства. Не признава малцинства или тоа го прави сосема неволно со толкување на одредбите од Конвенцијата на свој уникатен начин. Тоа значи дека во Бугарија сите етнички групи, Македонци, Турци, Роми, Помаци и останати, бугарската држава ги идентификува исто како и мнозинскиот бугарски народ. Сите се Бугари! Во Македонија имаме сосема различен концепт. Малцинските права се признаени. Признаени се преку Уставот и националното законодавство, но и преку превземените обврски од прифатените меѓународни договори и конвенции. Тоа е сосема спротивен концепт од бугарскиот. Кај нас, покрај мнозинскиот македонски народ, признаено е постоењето на останатите заедници кои експлицитно се наведени во Уставот. Во Македонија свој неоспорен идентитет и права уживаат Албанците, Србите, Ромите, Власите, Турците и Бошњаците, но и сите останати, кои што се изјаснуваат на поинаков начин, и не се оспорувани од никого. Овде доаѓаме до суштината на споредбата на овие два концепти. Ако во Бугарија сите се Бугари, а бугарската политика смета дека Македонците се Бугари, дали тогаш, имајќи го во предвид бугарскиот концепт на поимање на идентитетот на сопствените граѓани, сите останати кои што живеат во Македонија, исто така се Бугари? Ако во Бугарија сите се Бугари, а во Макединија Македонците се „Бугари“, тогаш логично е и сите останати во Македонија да се „Бугари“?! „Бугари“ се и Албанците, и Србите, и Ромите, и Турците….сите се „Бугари“! Тоа би бил логичниот заклучок ако одиме по бугарските стандарди и вредности! Целата колумна на Петар Поп-Арсов можете да ја прочитате ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mersi-bate-borisov-dosta-ne-braneshe/feed/ 0
ВИДЕО: Борисов најави вето по самитот во Загреб ако Македонија не го исполни договорот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-borisov-najavi-veto-po-samitot-vo-zagreb-ako-makedonija-ne-go-ispolni-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-borisov-najavi-veto-po-samitot-vo-zagreb-ako-makedonija-ne-go-ispolni-dogovorot/#respond Wed, 06 May 2020 20:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=342696

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов имаше прес-конференција за самитот во Загреб на која најави вето ако Македонија не го исполни договорот. Според Борисов, сите земји го поддржале, односно дека исполнувањето на договорот е дел од заклучокот на ЕУ. https://www.facebook.com/btvnews/videos/913556612416771/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-borisov-najavi-veto-po-samitot-vo-zagreb-ako-makedonija-ne-go-ispolni-dogovorot/feed/ 0
Борисов: Прифаќањето на еврото е во корист на бизнисот и на Бугарите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-prifakjanjeto-na-evroto-e-vo-korist-na-biznisot-i-na-bugarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-prifakjanjeto-na-evroto-e-vo-korist-na-biznisot-i-na-bugarite/#respond Sat, 22 Feb 2020 11:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=307340

Бугарија продолжува напорно да работи за приклучување кон еврозоната, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на социјалната мрежа Фејсбук. Неговиот коментар доаѓа по објавувањето на добрата прогноза за Бугарија од страна на меѓународната кредитна агенција „Фич“. Таа го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Бугарија во странска и локална валута „БББ“ со позитивна перспектива. – Нашиот рејтинг е поддржан од силната надворешна позиција и традиционално добрите фискални параметри, како и од здравата политичка рамка како резултат на членството во ЕУ и јасната перспектива за влез во еврозоната, истакна премиерот Борисов. Тој вети дека „бугарската Влада ќе продолжи напорно да работи на мерките за влез во чекалната на еврозоната“. – Прифаќањето на еврото е во корист на бугарските граѓани и на бугарскиот бизнис. Исто така, тоа е фундаментално за позитивниот развој на нашата економија, тврди Борисов. Прогнозата на „Фич“ ја коментираше и претседателката на бугарскиот Парламент Цвета Карајанчева, која истакна на Фејсбук дека „Бугарија повеќе не е на дното на Европа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-prifakjanjeto-na-evroto-e-vo-korist-na-biznisot-i-na-bugarite/feed/ 0
Борисов: Ризиците за коронавирусот се големи, да не се патува во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-rizicite-za-koronavirusot-se-golemi-da-ne-se-patuva-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-rizicite-za-koronavirusot-se-golemi-da-ne-se-patuva-vo-kina/#respond Sat, 01 Feb 2020 14:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=297948

Бараме и ги повикуваме бугарските граѓани да не патуваат во Кина, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој денеска свика итна седница во врска со мерките за спречување и ширење на коронавирусот во Бугарија. Борисов нареди на аеродромите веднаш да се постават термокамери, како и внимателно да се следат кинеските државјани кои биле во својата земја за Нова година и сега се враќаат во Бугарија. – Ризиците се огромни. Не можеме да му забраниме на никој да оди таму, но во наредните неколку недели, и додека не најдат вакцина за овој вирус, мора да има највисоко ниво на контролни мерки, рече Борисов. На вонредната средба на Министерскиот совет присуствуваат вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, министерот за здравство Кирил Ананиев и министерот за внатрешни работи Младен Маринов. Во текот на денешниот ден во Бугарија се очекува да пристигнат евакуираните бугарски државјани, кои беа блокирани во кинескиот град Вухан. Тие веднаш ќе бидат пренесени во Военомедицинската академија, каде ќе останат под медицински надзор. Досега бројот на починати од коронавирусот достигна 259 луѓе, а речиси 12.000 лица се заразени низ светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-rizicite-za-koronavirusot-se-golemi-da-ne-se-patuva-vo-kina/feed/ 0