Борјан Цанев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Jun 2022 08:07:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Борјан Цанев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Звукот на идната генерација“ – концерт со студентите од ФМУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zvukot-na-idnata-generacija-koncert-so-studentite-od-fmu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zvukot-na-idnata-generacija-koncert-so-studentite-od-fmu/#respond Mon, 06 Jun 2022 08:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=687130

Овој четврток во 20 часот во Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Звукот на идната генерација“ на кој ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност. Диригент е Борјан Цанев, а на програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена КочоскаВиктор БогоевскиАнел Селим, Памела ВелковаИскра Атанасова МитушИвона Базгаловска и Ана Спасовска. Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Добитник е на наградата „Аугуст Манс“ за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис. Во наредните години маестро Цанев остварува многубројни концерти со Македонската филхармонија, како и со нејзиниот Камерен оркестар во Македонија и во странство (Рим, Париз, Истанбул, Прага, Нови Сад, Загреб, Њујорк, турнеи во Полска и Казахстан). Од 2002 година до денес е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Во 2005 година Цанев дебитира во Македонската опера и балет, каде што следната година ја поставува премиерата на „Волшебната флејта“ од Моцарт. Покрај гореспоменатите, Цанев диригирал и со Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ - Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Борјан Цанев како диригент се појавува во САД, Англија, Јапонија, Италија, Франција, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Казахстан, а има направено снимки за Македонската радио-телевизија, за Бугарското национално радио, како и за „F.A.M.E'S“ Македонија. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zvukot-na-idnata-generacija-koncert-so-studentite-od-fmu/feed/ 0
Звукот на идната генерација во Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zvukot-na-idnata-generacija-vo-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zvukot-na-idnata-generacija-vo-filharmonija/#respond Mon, 07 Jun 2021 08:39:00 +0000 https://kurir.mk/?p=519948

„Звукот на идната генерација“ е насловен концертот со студентите од државните факултети за музичка уметност кој ќе се одржи в четврток (10 јуни) во 20 часот. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Моцарт, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел. Како солисти ќе настапат Ана Спасовска (диригент III година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Борјан Цанев), Кристијан Кожумановски (контрабас IV година ФМУ- Скопје, класа: проф. Александар Поп Христов), Пандорка Јанакиева (флејта IV година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Страшо Темков), Дарко Гроздановски (виолина III година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Олег Кондратенко), Анастасија Гичевска (пијано III година ФМУ- Скопје класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Зорица Здравковиќ (вибрафон IV година ФМУ- Скопје,класа: проф. м-р Мојца Седеу) и Памела Велкова (виолина III година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Олег Кондратенко). Добитникот на македонското признание „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Добитник е на наградата „Аугуст Манс“ за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис. Во наредните години маестро Цанев остварува многубројни концерти со Македонската филхармонија, како и со нејзиниот Камерен оркестар во Македонија и во странство (Рим, Париз, Истанбул, Прага, турнеја во Полска, Загреб, Њујорк).Од 2002 година до денес е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Во 2005 година Цанев дебитира во Македонската опера и балет, каде што следната година ја поставува премиерата на „Волшебната флејта“ од Моцарт. Покрај гореспоменатите, Цанев диригирал и со Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ - Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др.Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Дејвид Герет, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Кристоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Сајака Шоџи, Бранимир Слокар, Ана Дурловски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: „Жорж Енеску“, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката и др. Борјан Цанев како диригент се појавува во САД, Англија, Јапонија, Италија, Франција, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Романија, а има направено снимки за Македонската радио-телевизија, за Бугарското национално радио, како и за „F.A.M.E'S“ Македонија. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zvukot-na-idnata-generacija-vo-filharmonija/feed/ 0