борка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Jun 2022 10:57:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Илинден и здружението Борка https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-ilinden-i-zdruzenieto-borka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-ilinden-i-zdruzenieto-borka/#respond Fri, 24 Jun 2022 10:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=695140

Општина Илинден, потпиша Меморандум за соработка со Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден” во насока на подобрување на здравственте услуги на жителите од општина Илинден. Меморандумот кој го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и претседателката на здружението ,,БОРКА – За секој нов ден”, Биба Додева има за цел воспоставување долгорочна соработка помеѓу двете страни во насока на подобрување на Заштитата на правата на пациентите во Општина Илинден и формирање и работа на Комисија за заштита на правата на пациентите во состав на Општината, согласно глава 4 од Законот за заштита на правата на пациентите, како краен резултат на соработката.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-ilinden-i-zdruzenieto-borka/feed/ 0
Митко Јанчев и Биба Додева од здружението „Борка“ потпишаа меморандум за соработка https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitko-janchev-i-biba-dodeva-od-zdruzenieto-borka-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitko-janchev-i-biba-dodeva-od-zdruzenieto-borka-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/#respond Wed, 13 Apr 2022 14:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=662548

Денес Градоначалникот Митко Јанчев и Биба Додева од здружението „БОРКА – За секој нов ден„ , потпишаа меморандум за соработка, а во насока на подобрување на здравствените услуги и јавното здравство на жителите на Општина Кавадарци. Во рамки на своите активности и заложби Здружението Борка иницираше проект за формирање и ставање на функција на Комисија за заштита на правата на пациентите во Единиците на локалната самоуправа, кој е во согласност со глава 4 од Законот за заштита на правата на пациентите. - Среќни сме и горди што Општина Кавадарци е лидер во овој процес и е првата општина со која Борка потпишува Меморандум за соработка. Тоа уште еднаш покажува дека се грижиме за здравјето на нашите сограѓани, за здравствените услуги што ги добиваат и секако со формирањето на Комисијата ќе придонесеме кон поздраво а со тоа и посреќно население – изјави Градоначалникот Јанчев. Инаку во наредниот период ќе биде изработен план за работа и динамика за имплементација на Комисијата. По нејзиното формирање и ставање во функција, ќе работиме на едукација на населението за нивните права о и обврски и секој кој има некој здравствен проблем, ќе може да се обрати до Комисијата и да добие совет или помош во остварување на правата. - Нашата соработка со општина Кавадарци и Градоначалникот Митко Јанчев од секогаш била на високо ниво и не случајно го одбравме Кавадарци да биде пионер во промените. Ние во Борка спроведовме анкета меѓу населението и увидовме дека Комисиите за заштита на правата на пациентите се неопходни. Затоа и инициравме вака голем и значаен проект - рече Претседателката на Борка, Биба Додева. Членовите на комисијата ќе бидат избрани согласно Законот и на транспарентен начин и очекуваме да биде ставена во функција до крајот на годината, за што навремено ќе информираме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitko-janchev-i-biba-dodeva-od-zdruzenieto-borka-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/feed/ 0
На Светскиот ден на здравјето: Во Битола иницијатива за формирање на Комисија за правата на пациентите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-svetskiot-den-na-zdravjeto-vo-bitola-inicijativa-za-formiranje-na-komisija-za-pravata-na-pacientite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-svetskiot-den-na-zdravjeto-vo-bitola-inicijativa-za-formiranje-na-komisija-za-pravata-na-pacientite/#respond Thu, 07 Apr 2022 13:03:16 +0000 https://kurir.mk/?p=659731

Под мотото „Наша планета, наше здравје“, денес се одбележува 7 април, Светскиот ден на здравјето. Во време на пандемија, загадената планета влијае на зголемување на бројот на лица со срцеви заболувања, рак, астма. Токму од тие причини, Светската здравствена организација, глобалното внимание на овој ден го фокусира на итни активности, потребни за зачувување на здравјето на луѓето и планетата и поттикнување на движењето за создавање општества фокусирани на благосостојба. Во тој контекст, на Светскиот ден на здравјето, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, имаа средба со претставници на Здружението „Борка - За секој нов ден“, на која со претседателката на здружението Биба Додева, разговараа за состојбата со заболени од рак на територијата на општината, за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица, како и за ресурсите кои може да бидат искористени на локално ниво за подобрување на состојбата на пациентите. Согласно спроведената  анкета за испитување на јавното мислење за функционирање на Комисии за права на пациентите во единиците на локалната самоуправа и резултатите од истата, се јави потреба за  дискусија за формирање на Комисија за права на пациентите, беше нагласено на денешниот состанок. Претседателката на „Борка“ предложи, општина Битола во својата програма да преземе активности за креирање на ваква комисија која ќе биде од голема важност за унапредување  и заштита на правата на пациентите, со оглед на тоа дека Битола треба да биде лидер во регионот и да ги искористи и унапреди сите постиечки капацитети за подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Иницијативата беше прифатена од страна на Коњановски и Илиевска, додека постапката за формирање останува да биде дефинирана и спроведена во следниот период, во кој се очекува поголема и долгорочна соработка помеѓу општината и здружението. Коњановски и Илиевска, истакнувајќи ја значајната улога на здравствените работници во изградбата на здравствениот систем, како и нивната посветеност, професионалност, и грижа за здравјето и животот на граѓаните, во име на општина Битола, испратија честитки по повод Меѓународниот ден на здравјето, нагласувајќи дека и во понатамошниот период ќе се зголемува соработката на локалната самоуправа со здравствените работници и други субјекти кои работат во оваа област на подигнување на јавната свест, со цел постигнување на резултати од бенефит за сите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-svetskiot-den-na-zdravjeto-vo-bitola-inicijativa-za-formiranje-na-komisija-za-pravata-na-pacientite/feed/ 0
„Борка“: Да се овозможат навремени прегледи за рано откривање на ракот на дојка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borka-da-se-ovozmozat-navremeni-pregledi-za-rano-otkrivanje-na-rakot-na-dojka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borka-da-se-ovozmozat-navremeni-pregledi-za-rano-otkrivanje-na-rakot-na-dojka/#respond Fri, 22 Oct 2021 11:45:28 +0000 https://kurir.mk/?p=583711

Во јавното здравство жените тешко доаѓаат до термини за ехо на дојка или мамограф особено во изминатата година и пол од почетокот на пандемијата со КОВИД-19. На одбележувањето на Месецот за борба со ракот на дојка, Здружението за борба против рак „Борка – За секој нов ден” и годинава укажа на важноста од навремени дијагностички прегледи со оглед дека се работи за болест што не може да се превенира и чиј позитивен исход зависи од раното откривање. -Ракот на дојка не може да се превенира, може да се открие рано, а за да се открие рано треба да им овозможиме на жените да имаат навремени прегледи. Да не чекаат на листи, да не се чека за ехо преглед и за мамограф и скрининг-програмите во полн ек да почнат да се имплементираат секаде во општините. Бидејќи се појавува друг проблем – доцното дијагностицирање. Имаме пропуштено многу голем број луѓе, кои поради страв да патуваат, невакцинирани, не ги прават навреме дијагностичките процедури и ќе се јават во подоцен стадиум кога и самиот третман е многу потежок, изјави Биба Додева, претседателка на „Борка“ на настан по повод Месецот за борба со рак на дојка. Апелираше да се надмине проблемот со процедурите за термини и да се овозможи радиологот веднаш да може да даде упат за биопсија, да се почне со скрининг-програмите и, конечно, како што рече, и кај нас да почне да се применува мултидисциплинарниот пристап како еден од релевантните начини на лекување на ракот воопшто, не само на дојка. Соопшти дека според предвидената бројка на СЗО за минатата година, кај нас има намалување на нови случаи, т.е. 988 и 316 кои починале од рак на дојка. -Трендот треба да биде во зголемување на инциденцата, да се зголемува раното откривање, а морталитетот да го намалуваме. За жал, така е и во Македонија, и во светот, и за тоа се зборува на последните конгреси за онколошките пациенти. Секаде во светот скрининг-програмите беа сопрени, дијагностичките процедури беа стопирани и намалени, се до еден период минатата година кога почна некако да се создаваат услови за дијагностички прегледи, рече Додева на настан во „Рамстор мол“ во Скопје, организиран по повод одбележувањето на Месецот за борба со рак на дојка. Справувањето со предизвиците во услови и на негативното влијание од пандемијата ќе биде тема на 14. Национална конференција што вечер од 18 часот ќе се организира онлајн, со цел да се поттикне решавањето на проблемите со кои се соочуваат жените. Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на државата Стево Пендаровски, на настанот во „Рамстор мол“ порача жените да посветат внимание, честопати да прават самопреглед, и редовни мамографии и при секоја промена да се јават на лекар. -Исклучително е важно да се регистрираат првичните промени зашто на таков начин може да се преземат мерки и да се спаси животот. На овој ден да се потсетиме и да оддадеме почит на сите кои ја загубија битката со болеста, да им дадеме поддршка на сите оние што денес се борат и да повикаме на превентивни мерки – здравиот начин на живот, кој има исклучително влијание да се спречи ова заболување. Пред сè, да не се користи алкохол и тутун во огромни количини, да се користи здрава храна и да се има физичка активност, рече Ѓоргиевска, која трета година е дел од активностите на „Борка“ и на други здруженија активни во подигање на свесноста за ракот на дојка. Генералната директорка на „Рамстор Македонија“, Даниела Адемоска истакна дека нивната компанија како општествено одговорна се придружува во одбележувањето на Месецот за борба со ракот на дојка, затоа што, рече, сите треба да покажеме солидарност кога е во прашање здравјето и оваа болест да не биде табу-тема и за неа отворено да се зборува. -Во нашата компанија над 60 отсто вработени се жени и со овој настан сакаме да ги поддржиме сите кои имале искуство со борба со рак на дојка и да ја подигнеме свеста за рано дијагностицирање и преземање превентивни активности, додаде Адемоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borka-da-se-ovozmozat-navremeni-pregledi-za-rano-otkrivanje-na-rakot-na-dojka/feed/ 0
MOZZART преку акцијата „Милион причини за гол“ донираше два милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/#respond Fri, 23 Jul 2021 11:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=540894

Македонската фудбалска репрезентација ова лето имаше историски настап на Европското првенство. Погодоците на Пандев и Алиоски донесоа голема радост на целата нација, но и одличен износ во хуманитарни цели. Mozzart за време на првенството организираше акција „Милион причини за гол“ каде за секој погодок на нашите репрезентативци донира милион денари во хуманитарни цели. Промотер на кампањата беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој предложи парите да се донираат во две здруженија – „Борка“ (Здружение за борба против рак) и „Дајте ни крилја“ (Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби).
„Ми претставува огромна чест што бев дел од ваков голем проект на компанијата Mozzart. Сите навивавме со цело срце за нашите репрезентативци, но со кампањата „Милион причини за гол“ имавме дополнителна причина да навиваме за што повеќе голови. Се надевам дека и во иднина ќе има вакви акции преку кои ќе се помага онаму каде што е потребно.“ – изјави Дарко Панчев.
Донацијата од еден милион денари за „Борка“ ја прими Биба Додева, претседател на здружението.
„Навистина сме пријатно изненадени, му благодариме на Дарко Панчев за предлогот и на Mozzart за оваа донација. На болните од рак им е потребна нашата поддршка, сега повеќе од било кога. Малигнитетот за жал е се уште причина број еден за смртност во светот.  Донираните средства ќе ни помогнат да продолжиме со нашите активности и да помагаме и влијаеме за суштински промени во нашиот здравствен систем. Квалитетни лекови, навремени прегледи и здравство достапно за сите е тоа кон што целиме. Среќни сме што ја препознавте нашата работа, општествени и одговорни компании и личности се клучни за нашата борба. Уште еднаш големо благодарам од името на сите Борки!“ – изјави Биба Додева, претседател на здружението.
На свеченото предавање на донацијата за „Дајте ни крилја“ присуствуваа Ребека Јанковска Ристески – почесен претседател на здружението и Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.
„Во името на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ – Скопје, би сакала да ја изразам нашата огромна благодарност до компанијата Mozzart. Уште еднаш се убедивме дека се уште постојат општествено одговорни компании како Mozzart, кои знаат да ја препознаат оваа маргинализирана група на граѓани која ја застапуваме ние и да го дадат својот придонес во подобрување на нивниот секојдневен живот. Се надеваме дека овој позитивен и хуман  гест  ќе биде пример и поттик и за останатите  компании да го дадат својот придонес за овозможување на достоинствен живот на оваа група на граѓани.“ – изјави Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.
„Навистина сме среќни кога успеваме да ги поврземе спортот и желбата да помогнеме некому. Би сакала да се заблагодарам на нашата фудбалска легенда Дарко Панчев што ја поддржа акцијата „Милион причини за гол“ каде преку донации во одбраните здруженија барем малку ќе создадеме насмевка на лицата и ќе го олесниме животот на поединците.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/feed/ 0
Многу причини за радост – два гола, два милиони денари од Mozzart! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mnogu-prichini-za-radost-dva-gola-dva-milioni-denari-od-mozzart/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mnogu-prichini-za-radost-dva-gola-dva-milioni-denari-od-mozzart/#respond Tue, 22 Jun 2021 13:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=526654

Заврши настапот на Македонија на Европското првенство, но сепак имавме многу причини за прослава! Компанијата Mozzart за време на првенството организираше акција „Милион причини за гол“ и најави дека за секој погодок на нашите репрезентативци ќе донира милион денари во хуманитарни цели. Промотер на кампањата беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој предложи парите да се донираат во две здруженија – „Борка“ (Здружение за борба против рак) и „Дајте ни крилја“ (Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби). На Европското првенство се славеа два гола на нашиот тим, па на адреса на овие установи ќе отидат по милион денари! Херој на акцијата за првиот милион беше Горан Пандев, кој во 28-та минута донесе изедначување против Австрија во првото коло, а нашите момци се држеа до овој резултат се до 78-та минута, кога противничката екипа повторно даде гол и на крајот забележа победа од 3:1. Македонија беше тажна заради поразот, но Пандев донесе голема радост и милион денари во хуманитарни цели! Ист случај беше и во второто коло против Украина. Алиоски во 57-та минута го намали водството на Украинците на 2:1, но тоа не помогна на нашата репрезентација да избегне пораз. Сепак, тоа беше огромна помош за акцијата на Mozzart „Милион причини за гол“, бидејќи компанијата повторно издвои милион денари во хуманитарни цели. Оваа општествено одговорна компанија редовно организира хуманитарни акции, како што се „Нови дресови за нови шампиони“, „Хуманитарен тикет за викенд“, а низ бројните донации помага на здравствениот систем и голем број на институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mnogu-prichini-za-radost-dva-gola-dva-milioni-denari-od-mozzart/feed/ 0
Кампања за Светскиот ден за рак на дојка: Заедно можеме да направиме промени (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampanja-za-svetskiot-den-za-rak-na-dojka-zaedno-mozeme-da-napravime-promeni-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampanja-za-svetskiot-den-za-rak-na-dojka-zaedno-mozeme-da-napravime-promeni-video/#respond Thu, 04 Feb 2021 14:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=464207

Ракот на дојката го надмина ракот на белите дробови како најчеста форма на болеста, сочинувајќи скоро 12% од новите случаи секоја година ширум светот, соопшти Светската здравствена организација во вторникот. „За прв пат, ракот на дојка претставува најчесто појавуван карцином на глобално ниво. Ракот на белите дробови е најчестиот вид во последните две децении, но сега е на второ место, пред карциномот на дебелото црево, кој е трет најраспространет, изјави за Ројтерс Андре Илбави, специјалист за карцином при СЗО, на брифингот на ОН пред Светскиот ден за борба против ракот. Светскиот ден на ракот е иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони животи и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста. Глобалната статистика на рак се проценува дека се искачила на 19,3 милиони нови случаи и 10,0 милиони смртни случаи во 2020 година. Едно од 5 лица ширум светот развива рак за време на својот живот, а еден од 8 мажи и една од 11 жени умираат од оваа болест. Околу 2,3 милиони нови случаи на рак на дојка биле дијагностицирани минатата година, што претставува 11,7% од сите случаи на рак, се вели во соопштението на СЗО. Кај жените, ракот на дојка е најчесто дијагностициран карцином и водечка причина за смрт од рак ширум светот. Како што расте глобалното население и се зголемува животниот век на луѓето, се вочекува ракот да стане почест а бројката да се зголеми на околу 30 милиони нови случаи годишно во 2040 година од сегашните 19,3 милионии во 2020 година. Според СЗО, предупредувајќи на ризик фактори, велат дека околу една третина од смртните случаи од рак се должат на употребата на тутун, висок индекс на телесна маса, слаб внес на овошје и зеленчук, недостаток на физичка активност и употреба на алкохол. Пандемијата со Ковид 19 изминатата година го наруши нормалниот тек на третманот на рак како во Македонија, така и во голем дел од земјите во светот, особено посочувајќи на доцнења во дијагнозата, следење на третманот со други дијагностички процедури, стопирање на скрининг програмите и сл. Од друга стрна здравствените работници се под екстремен стрес, зголемен е обемот на работа и отежнати се условите во кои работат, но исто така пандемијата влијеше и врз клиничките истражувањата. Зголемената инциденца на ракот значи дека здравствените буџети на државите во светот се загрозени и тоа е едно од клучните прашања што предизвикува економско и финансиско оптоварување во светот денес. Јавните буџети за лекови и медицинска опрема исто така се засегнати заради високата цена на лекувањето и достапноста на терапиите кои можат да спасат или да им го продолжат животот на пациентите. Затоа, инвестициите во превенција на ракот, раното откривање и контролата на ракот преку организирани програми и скрининзи е од клучно значење за да се помогне и да се спаси животот. Да не заборавиме дека импликацијата на буџетот и на пациентите и на државата е доста помал доколку ракот се лекува во ран стадиум. Некои од најчестите видови рак како што е ракот на дојка, ракот на грло на матката, меланомот, колоректалниот рак, ракот на простата, можат да се откријат рано. Тоа е важно да се знае, бидејќи раното откривање на рак речиси секогаш овозможува тој полесно да се третира или дури и да се излекува.Тоа значи подобрени шанси за преживување и квалитетен живот на луѓето дијагностицирани со рак. Владите, заедниците, работодавачите и медиумите сите имаат улога да се справат со сфаќањата за ракот за да се создаде култура кај населението, каде што има луѓе кои живеат со рак да не се соочуваат со дискриминација на работното место, во здравствениот систем или во општеството. Дискриминацијата за да се надмине, треба да се создадат и подеднакви услови за сите наши граѓани до пристап на здравствените услуги но и пристап до најновите тераписки опции. Во Македонија, пред 3 години за прв пат беше овозможен пристап до нови 30 биолошки и имунолошки терапии, нови иновативни лекови кои се набавуваат централизирано од посебен буџет, но овие лекови за жал сеуште не се ставени на позитивната листа, а нивната достапност е неопходна за онколошките и хематолошки пациенти со малигни болести. Постоењето и работењето на БОРКА преку организирање на голем број кампањи и едукации ни покажува дека е од огромно значење бидејќи директно го помага пристапот на информациите, но и информира и лобира за еднаквост до пристапот на услугите, дијагностичките процедури, скрининг програмите на национално ниво. Здравјето не е цена. Тоа е инвестиција. Зато треба да ја смениме приказната бидејќи фундаментално право на секој човек е здравјето. Да поттикнеме креирање на нови подобри услови за третман и терапија на нашите граѓании, да ги охрабриме и поддржиме сите во нивната борба со ракот бидејќи оваа борба е наша, заедничка. Заедно можеме да направиме промени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampanja-za-svetskiot-den-za-rak-na-dojka-zaedno-mozeme-da-napravime-promeni-video/feed/ 0
Конференција за предизвиците во третманот и лекувањето на ракот на дојка за време на КОВИД 19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-za-predizvicite-vo-tretmanot-i-lekuvanjeto-na-rakot-na-dojka-za-vreme-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-za-predizvicite-vo-tretmanot-i-lekuvanjeto-na-rakot-na-dojka-za-vreme-na-kovid-19/#respond Thu, 29 Oct 2020 06:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=421919

„Предизвиците во третманот и лекувањето на ракот на дојка за време на КОВИД 19″ е темата на 13. национална конференција за рак на дојка што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението за борба против рак “БОРКА – За секој нов ден“, кое и оваа година го одбележува Светскиот месец за борба против ракот на дојка. Од Здружението „Борка“ најавуваат дека на онлајн конференцијата ќе присуствуваат и министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпанска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-za-predizvicite-vo-tretmanot-i-lekuvanjeto-na-rakot-na-dojka-za-vreme-na-kovid-19/feed/ 0
„Борка“ дел од „Race for the cure“, со дигитално учество може да им се помогне на болните од рак на дојка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borka-del-od-race-for-the-cure-so-digitalno-uchestvo-moze-da-im-se-pomogne-na-bolnite-od-rak-na-dojka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borka-del-od-race-for-the-cure-so-digitalno-uchestvo-moze-da-im-se-pomogne-na-bolnite-od-rak-na-dojka/#respond Fri, 04 Sep 2020 12:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=399226

Здружението „Борка – За секој нов ден“ е дел од најголемата хуманитарна трка/прошетка во Европа „Race for the cure“. Овој спортски и хуманитарен настан што ги обединува луѓето погодени од рак на дојка и нивните семејства и пријатели ќе се одвива на 25, 26 и 27 септември преку глобална дигитална платформа преведена на 24 светски јазици на која луѓето ширум Европа се поврзуваат преку онлајн регистрација за прошетка или трка во нивниот град, населба, локална заедница, беше истакнато на денешната прес-конференција на Здружението. Со учество во дигиталната „Race for the cure“ граѓаните им помагаат на луѓето кои страдаат од рак на дојка со собирање на потребните средства и подигање на јавната свест за оваа болест. Преку донации или плаќање на симболична сума за регистација од 300 денари на платформата www.raceforthecure.eu, станувате дел од дигиталната заедница, ја подигнувате свеста за ракот на дојка и придонесувате за различни форми на помош за болните од рак на дојка. Собраните средства се исклучително важни, бидејќи годишно во Европа се дијагностицираат 500.000 нови случаи на рак на дојка, а за жал 130.000 луѓе го губат животот, информираат од Здружението. Поради епидемиолошката состојба, како што посочуваат годинава нема да можат да направат класична трка, но извесно е дека ќе ја продолжат традицијата и нивната добро позната Розова прошетка, што ќе ја реализираат по 12-ти пат. Годинава под името „Race for the cure” Розовата прошетка ќе се одвива во 14 градови во Македонија, а истовремено ќе може да се следи и онлајн на социјалните мрежи. – Во сите градови каде што имаме наши координатори ќе направиме прошетки и ќе го одбележиме овој настан. Среќни сме што наидовме на огромна поддршка од градоначалниците и сите со кои имавме средби безрезервно ќе ни се приклучат. Веќе имавме среби со градоначалниците на Ресен, Охрид, Битола и Прилеп, а во деновите што следат листата на градови значително ќе се зголеми, вели Биба Додева, претседател на „Борка“. Сè што треба граѓаните да направат е да се регистрираат на пратформата, да направат тим и да се подготват за три километри прошетка или пет километри трка. Може да бидат каде сакаат, почитувајќи ги здравствените препораки од Министерството за здравство. Може да пешачат или трчаат во нивното соседство, град или село, дури и да трчааат во затворено на трака за трчање, орбитрек, статичен велосипед или во теретана и да се поврзат со илјадници луѓе низ цела. Прирегистрацијата може да се избере личност или мотив за учеството, да се посвети персонализирана порака, да се прикачи фотографија или видео за поддршка на одредена личност или организација. Под мотото – „Да останеме безбедни, да останеме поврзани“, а со споделувањето на социјалните мрежи сите придонесуваме за подигнување на јавната свест за оваа болест, потенцираат од Здружението. – Ковид пандемијата ги стави на чекање пациентите кои се борат со ракот. Затоа, повеќе од кога било им е потребна нашата поддршка. Статистиките велат дека на глобално ниво во 2018 година бројот на новодијагностицирани од карцином на дојка биле 2.088.849 нови случаи, додека бројот на смртност бил 626.679. Во Македонија се дијагностицираат три до четир случаи секој ден, вели Додева. Од Здружението ги повикуваат сите граѓани, активисти, волонтери, поддржувачи, медицински лица, пациенти и излекувани од оваа болест да ни се придружат и да пешачат или трчаат во чест на оние кои се борат, како и во чест на оние кои ја изгубиле битката со карциномот на дојка и прерано не напуштиле. „Борка“ е полноправен член на „Think Pink Europe“, европска Алијанса за борба против рак на дојка, а веќе 11 години секој октомври ја организира националната кампања за борба против ракот на дојка и манифестацијата „Напред розово”, која од годинава прераснува во „Race for the cure“, информираат од Здружението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borka-del-od-race-for-the-cure-so-digitalno-uchestvo-moze-da-im-se-pomogne-na-bolnite-od-rak-na-dojka/feed/ 0
Биба Додева: Здравствените власти ја игнорираат одлуката дека болните од малигни болести се ослободени од партиципација, срамота! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biba-dodeva-zdravstvenite-vlasti-ja-ignoriraat-odlukata-deka-bolnite-od-maligni-bolesti-se-oslobodeni-od-participacija-sramota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biba-dodeva-zdravstvenite-vlasti-ja-ignoriraat-odlukata-deka-bolnite-od-maligni-bolesti-se-oslobodeni-od-participacija-sramota/#respond Fri, 17 Jul 2020 11:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=377690

Клиниката за радиологија им наплаќа партиципација на болните од рак, иако тоа не треба да го прави. За ова до редакцијата на ,,Слободен печат” претседателката на Здружението „Борка“, Биба Додева достави и писмени докази, фискални сметки со денешниот датум на нив, каде се гледа дека на пациентите што едвај фатиле термин за преглед, згора на тоа, им била наплатена и партиципација. Да биде иронијата поголема, ова се случува на 13-тиот роденден на Здружението од каде изразуваат голема разочараност и револт од начинот на кој во време на пандемијата со коронавирусот, пациентите со малигни заболувања биле ставени во заден план, а скратени им биле и голем број на права да бидат лекувани, да бидат следени од страна на доктор, со што во огромен ризик е ставен нивниот живот, освен тоа што им е преидзвикан психолошки стрес. – Со одлука во Службен весник од 29.12.2019 година број 277 е точно наведено дека пациентите со малигни заболувања се ослободуваат од партиципација. Но, ова до ден денешен е игнорирано, на штета на самите пациенти кои покрај за својата здравствена состојба, треба да се грижат и за ова, вели Додева за Слободен печат. Пациентки со малигни заболувања кои до нашата редакција доставија фискални сметки, велат дека плаќаат партиципација и за ехо, и за мамограм и за рентген и за земање крв, генетско молекуларни анализи и тоа не само во Скопје, туку и во Штип и во други градови. Оригиналниот текст прочитајте го овде. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biba-dodeva-zdravstvenite-vlasti-ja-ignoriraat-odlukata-deka-bolnite-od-maligni-bolesti-se-oslobodeni-od-participacija-sramota/feed/ 0