борко ристовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 09:34:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борко ристовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борко Ристовски со нова порака до Перо Антиќ: Пуштањето на химната нема да те спаси од тоа што следи… https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/borko-ristovski-so-nova-poraka-do-pero-antik-pushtaneto-na-himnata-nema-da-te-spasi-od-toa-shto-sledi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/borko-ristovski-so-nova-poraka-do-pero-antik-pushtaneto-na-himnata-nema-da-te-spasi-od-toa-shto-sledi/#respond Tue, 31 Oct 2023 09:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=894765

Поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација и актуелен извршен директор на РК Вардар 1961, Борко Ристовски беше гостин во„Лазаров подкаст“ каде отворено збореше за многу работи меѓу кои почетоците на неговата меѓународна кариера, несогласувањата со Кире Лазаров и Перо Антиќ. Ристовски меѓународната кариера ја започнал од Шпанија каде раскажа интересна анегдота која вреди да се чуе. Меѓу другото Ристовски откри зошто повеќе не разговараат со Кире Лазров, а на Перо Антиќ му испрати сериозна порака. -Како спортист е едно, никој не го оспорува неговиот квалитет, секоја чест... меѓутоа како функционер кој што е претседател на КФМ, мислам дека апсолутно е никаков пример за младото општество во Македонија. Гледам дека сега пробува нешто да биде патриот, да пушта на сите натпревари македонска химна мислејќи дека тоа ќе го спаси од тоа што доаѓа, апсолутно напоменувам дека тоа нема да го спаси, затоа што тоај е првиот функционер кој што го смени името на КФМ, од Кошаркарска федерација на Македонија  во Кошаркарска федерација на Северна Македонија... никакви пуштања на химна сега на кошаркарски натпревари нема да го спаси сега од една дебела и тешка и обемна ревизија КФМ, му порача Борко Ристовски на Перо Антиќ. Тој во „Лазаров подкаст“ ги кажа плановите за иднината на РК Вардар, активирањето во политичка партија... Повеќе погледнете на слединиот линк: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/borko-ristovski-so-nova-poraka-do-pero-antik-pushtaneto-na-himnata-nema-da-te-spasi-od-toa-shto-sledi/feed/ 0
Директорот на РК Вардар Борко Ристовски потпиша уште еден договор за соработка со Шпаркасе Лизинг https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/direktorot-na-rk-vardar-borko-ristovski-potpisha-ushte-eden-dogovor-za-sorabotka-so-shparkase-lizing/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/direktorot-na-rk-vardar-borko-ristovski-potpisha-ushte-eden-dogovor-za-sorabotka-so-shparkase-lizing/#respond Wed, 20 Sep 2023 14:11:12 +0000 https://kurir.mk/?p=879923

Добрите резултати на РК Вардар1961 сезонава, и позитивните ветришта што дуваат во клубот влијаат и на зголемувањето на бројот на компании кои се приклучуваат во постигнување на врвни резултати. Од денеска нов член на семејството на РК Вардар е Друштвто за лизинг ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ. Компанијата што повеќе од десет години функционира во Македонија го препозна квалитетот и потенцијалот на РК Вардар, и заедно почнуваат соработка кој најавува исполнување на стратешките цели на двата бренда. Поддршката од нашиот нов пријател е добредојдена во остварување на нашите цели. Присуството на Шпаркасе во РК Вардар ќе придонесе до подобрување и зголемувањето на потенцијалот на клубот за остварување на поголеми спортски резултаи, а истовремено нашиот нов спонзор ќе добие уште поголема видливост и пристап до нови потенцијални клиенти. Двата извршни директори, Марјан Манчев и Борко Ристовски го потпишаа договорот за соработка, и најавија дека е ова само почеток на квалитетна и успешна приказна. „Ни претставува чест и задоволство што ќе можеме да споиме два успешни бренда, и ќе имаме соработка со која покажуваме дека Шпаркасе Лизинг останува најголемиот партнер на кој клиентите му веруваат, а истовремено ќе останеме општествено одговорна компанија. Убедени сме дека Вардар ќе биде таму каде што заслужува, на врвот и дека ние ќе придонесеме за остварување на целите и плановите на клубот, изјави Марјан Манчев, Извршниот директор на Шпаркасе Лизинг. Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар изјави дека е среќен што се повеќе компании застануваат зад клубот. „Драго ми е што Шпаркасе Лизинг ја препозна работата на клубот и патеките по кои се движиме. Позитивниот бран што го зафати клубот продолжува и сигурен сум дека соработката со Шпаркасе Лизинг ќе му помогне на Вардар во исполнување на своите цели. Знаеме да ги цениме своите пријатели и ветуваме дека ќе им овозможиме многу радосни моменти заедно со нас, изјави Борко Ристовски, Извршниот директор на РК Вардар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/direktorot-na-rk-vardar-borko-ristovski-potpisha-ushte-eden-dogovor-za-sorabotka-so-shparkase-lizing/feed/ 0
Две вардарови икони во пензија: Михајловски им се заблагодари на Стоилов и Ристовски (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dve-vardarovi-ikoni-vo-penzija-mihajlovski-im-se-zablagodari-na-stoilov-i-ristovski-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dve-vardarovi-ikoni-vo-penzija-mihajlovski-im-se-zablagodari-na-stoilov-i-ristovski-foto/#respond Sun, 17 Sep 2023 19:27:02 +0000 https://kurir.mk/?p=878867

Пред големото дерби од македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер имаше мала свеченост. Почесниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски, им додели плакети и врамени дресови на двете легенди на „црвено-црниот“ тим – Стојанче Стоилов и Борко Ристовски. Двајцата на крајот на минатата сезона ги завршија богатите и успешни кариери, но решија да го продолжат својот ракометен пат во клубот каде што прекинаа со активното играње. Ристовски сега е извршен директор, додека Стоилов е асистент тренер и дел од стручниот штаб на Владо Недановски. Михајловски потенцираше дека од една страна му е жал двајцата ставија крај на играчките кариери, но од друга страна е среќен што останаа во Вардар во поинакви улоги. Извор: 24rakomet.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dve-vardarovi-ikoni-vo-penzija-mihajlovski-im-se-zablagodari-na-stoilov-i-ristovski-foto/feed/ 0
Интервју на Борко Ристовски: Никогаш не го отпишувајте Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/intervju-na-borko-ristovski-nikogash-ne-go-otpishuvajte-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/intervju-na-borko-ristovski-nikogash-ne-go-otpishuvajte-vardar/#respond Fri, 15 Sep 2023 12:02:49 +0000 https://kurir.mk/?p=878366

По години поминати на терен исполнети со клупски и репрезентативни радости, успеси па и тагувања, и многу испотени дресови, спортска кариера на Борко Ристовски продолжува повторно во ракометот, но во функција на Извршен директор во Вардар. Во намерата да се направи успешно стабилизирање, и играчки и финансиски, Ристовски e една од македонските легенди кои решија да помогнат во продолжување на патот на најуспешниот ракометен спортски бренд во Македонија. Емотивен, исто како играч, Ристовски и сега ги „преживува“ сите секунди од теренот, но на столчињата на трибините. Два месеци како Извршен директор е можеби малку, но доволно време да се запознае со работите за кои досега не се грижел како играч. -Различно е многу, обврските се поголеми, но кога нешто се сака, ништо не е тешко. Свесно влегов во ова, и ја сакам оваа работа. Сите овие големи обврски и предизвици што се надвиснати над Вардар само ми се мотивација да покажам дека можеме и во Македонија да создаваме добра и успешна спортска приказна. И сите компании кои се општествено одговорни да се почувствуваат дека имаат каде да вложат со цел да му се помогне на спортот, а и самите тие да бидат видени на најсоодветен начин, вели Борко Ристовски. За добра спортска приказна, за нормално функционирање потребни се пријатели, поддржувачи, спонзори кои ќе ве следат во растењето и постигнувањето на спортските резултаи. Сезонава, покрај оние традиционални спонзори што и претходните сезони му помагаа на клубот, сега и повеќе други компании решија да го поддржат Вардар и да бидат дел од тимот кој прави големи чекори кон враќањето меѓу најдобрите, и продолжување на востановената традиција – Вардар да биде секогаш во врвот. -Секако дека сум многу среќен што за вака кратко време успеавме да привлечеме нови спонзори, и да им покажеме и на оние што размислуваат дека треба што побрзо да се приклучат на нашето семејство. Во исполнувањето на нашите цели голем удел имаат финансиите. Затоа сметам дека треба поразлично да функционира Законот за спорт, да им овозможи на компаниите да се ослободат од сегашната стега и да можат повеќе пари да вложуваат во спорт, култура… Сите што ќе сакаат да вложат да бидат и пропорционално ослободени од даноците, како соодност за тоа што ќе го вложат. Така ќе се подгигне општествената одговорноста кај сите компании. А има многу компании кои сакаат да вложуваат во спортот. Треба нов Закон за спорт кој би бил поприфатлив за сите, поголема контрола и поттикнување да се вложува во спортот“ Летово беше период на реорганизација во клубот. Се искористи периодот за поставување на нови цели, на зајакнување на организационалата, играчката и финасиската стабилност на Вардар. Се покажа дека со добра кадровска политика може да се направи конкурентен тим, кој нема многу да чини, а пак ќе остварува добри резултати, и ќе се работи на остварување на поставените цели. -Целта годинава е фокусирана на два сегменти, финансика стабилизација и косолидација, а во исто време, резултатски и играчки да се следи таа финансика конструкција. Да бидат трошоците на минимум, и да имаме успешна трансформација. Досега добро одиме и чекориме. Двата трофеи, во Струга и Супер купот се одраз на тоа. За некои „неважен“, но за нас Струга е показател и навестување како ќе се случуваат работите сезонава. Ни покажа како треба да работиме понатаму. И освојувањето на Супер купот ни даде до значење дека ќе бидеме конкурентни сезонава, но, ни даде и нас како раководство задача да го исполниме нашиот дел, да бидеме финасиски стабилен клуб и да ги следиме резултаите што ги постигнуваат играчите. Направивме добра селекција со помош на стручниот штаб, на Недановски, Стоилов и Рогановиќ. Ние сме сервис на игралите, и правиме се тие да немаат притисок, туку тој да е кај нас. Со овие почетни резултати играчите ни дадоа на знаење дека треба да ги следиме. И ние сме подготвени на тоа, вели Ристовски. Целото интервју на Ристовски прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/intervju-na-borko-ristovski-nikogash-ne-go-otpishuvajte-vardar/feed/ 0
Ривали на терен – џентлмени во однесувањето: Ристовски и Стерјев со порака пред Супер купот https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rivali-na-teren-dhentlmeni-vo-odnesuvaneto-ristovski-i-sterjev-so-poraka-pred-super-kupot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rivali-na-teren-dhentlmeni-vo-odnesuvaneto-ristovski-i-sterjev-so-poraka-pred-super-kupot/#respond Wed, 06 Sep 2023 16:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=875308

Струмица и салата „Парк“ ќе бидат домаќини на шестото издание на Супер Купот, а за трофејот ќе се борат Вардар и Еурофарм Пелистер, пишува порталот 24ракомет.мк. Претседателот на шампионот, Зоран Стерјев и извршниот директор на освојувачот на Купот, Борко Ристовски, пред наптреварот упатија порака дека за разлика од претходната сезона овојпат треба да победи фер-плејот. По заедничкиот ручек на двете екипи, Стерјев и Ристовски посакаа спортско надигрување на теренот и порачаа дека посакуваат да победат фер-плејот и спортот. Двата клуба заеднички го поддржуваат спортското ривалство и се надеваат дека натпреварот во „Парк“ на кој е најавено присуство на двете навивачки групи – „Чкембари“ и „Комити“, ќе помине во најдобар ред. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра вечерва со почеток во 18:00 часот. Извор: 24ракомет]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rivali-na-teren-dhentlmeni-vo-odnesuvaneto-ristovski-i-sterjev-so-poraka-pred-super-kupot/feed/ 0
Борко Ристовски со поддршка за акцијата “Ранче за секое прваче” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borko-ristovski-so-poddrshka-za-aktsijata-ranche-za-sekoe-prvache/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borko-ristovski-so-poddrshka-za-aktsijata-ranche-za-sekoe-prvache/#respond Fri, 01 Sep 2023 12:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=873399

Директорот на РК Вардар Борко Ристовски активно се вклучи во акцијата “Ранче за секое прваче” која се спроведува во Општина Кисела Вода. Денеска тој во присуство на градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски делеше ранчиња со прибор на првачињата за кои денес започна учебната година. Успешниот проект “Ранче за секое прваче”, лани за првпат стартуваше од Општина Кисела Вода, а го имплементираа и многу други општини кои ја увидоа неговата вредност. Годинава сите 624 ученици запишани во прво одделение добиваат училишен ранец со прибор што значи дека сите тие имаат еднакви можности за почеток на учебната година. Првиот училишен ден треба да биде радост за сите деца и за нивните родители и не смееме да дозволиме тие да бидат оптоварени со финансиски грижи, додаваат иницијаторите на овој проект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borko-ristovski-so-poddrshka-za-aktsijata-ranche-za-sekoe-prvache/feed/ 0
Ристовски: Посебно драг трофеј, нека ова биде почеток на успешна сезона! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ristovski-posebno-drag-trofej-neka-ova-bide-pochetok-na-uspeshna-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ristovski-posebno-drag-trofej-neka-ova-bide-pochetok-na-uspeshna-sezona/#respond Sun, 20 Aug 2023 13:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=868861

По пауза од една година трофејот од турнирот во Струга повторно е во витрините на Вардар кој по 14. пат победува на најстариот ракометен турнир во Македонија. Вардар во финалето на Струшкиот турнир играше против тимот на Алкалоид и во неизвесен меч успеа да триумфира со пет гола разлика, 25:20. Новиот извршен директор на Вардар, Борко Ристовски, се огласи на социјалните мрежи и упати кратка порака. Турнирот во Струга беше вистински тест за Вардар, кој на 26-ти август ќе го започне настапот во Европа. Вардар пред својата публика ќе го пречека Рајн Некар во рамки од квалификациите од Лигата на Европа. Реванш средбата се игра на 3 септември во Германија, Победникот од овој двомеч ќе игра во групата А од Лигата на Европа со Нант, Кристијанштад и Бенфика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ristovski-posebno-drag-trofej-neka-ova-bide-pochetok-na-uspeshna-sezona/feed/ 0
Борко Ристовски нов извршен директор на Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/borko-ristovski-nov-izvrshen-direktor-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/borko-ristovski-nov-izvrshen-direktor-na-vardar/#respond Wed, 19 Jul 2023 10:19:39 +0000 https://kurir.mk/?p=858069

РК Вардар од денеска започнува нова ера, две ракометни легенди ја завршија кариерата, Борко Ристовски и Стојанче Стоилов, но и двајцата остануваат во клубот. Ристовски од денеска е нов извршен директор на Црвено-црните. „Благодарам на довербата од Михајловски. Вардар е европски бренд, најдобар македонски клуб и наша задача и цел е да го вратиме клубот на старите патеки. Јас ќе се обидам да работам најдобро што можам, подготвен сум за овој предизвик. Прва цел за новата сезона е да го стабилизираме клубот како на финансиски така и на играчки план. До овој момент имаме потпишано со шест играчи кои тренерите сметаат дека им се потребни. Нови играчи се Стефан Петриќ, левото крило Марко Сердаровиќ, Матија Николиќ од Словенија, Косуки Јасахира, Милтон Мело и Хансен Родригез. Сите овие ќе треба да ги вклопиме во екипата. Ја возобновуваме академијата Вардар, формиравме екипи во сите младински категории и цел ни е да произведуваме млади играчи, а не само да купуваме странци, е првата изјава на Ристовски како извршен директор на Вардар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/borko-ristovski-nov-izvrshen-direktor-na-vardar/feed/ 0
Борко Ристовски ги поддржа фудбалерите на Вардар на стартот на подготовките https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borko-ristovski-gi-poddrzha-fudbalerite-na-vardar-na-startot-na-podgotovkite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borko-ristovski-gi-poddrzha-fudbalerite-na-vardar-na-startot-na-podgotovkite/#respond Fri, 30 Jun 2023 19:01:51 +0000 https://kurir.mk/?p=851373

Ракометната легенда на Македонија, голманот Борко Ристовски го поддржа фудбалскиот клуб Вардар. „Црвено-црните“ денес означија старт на подготовките. Клубот добива ново сопствеништво, навивачката група „Комити“ ќе ги преземе сите акции од доскорешниот сопственик Слободан Крстевски. Вардаровиот голман пристигна на првиот собир, да им искаже поддршка на фудбалерите. Тој разговараше со претставниците на „Комити“, како и со тренерот Бобан Грнчаров. Ристовски во повеќе наврати ја искажа својата љубот кон Вардар, па веројатно сега ќе се обиде да помогне и на фудбалскиот клуб. Грнчаров ги свика фудбалерите за првиот тренинг и официјалниот старт на подготовките. Стартот на сезоната во ПМФЛ е закажан за почетокот на август. Извор: Гол.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borko-ristovski-gi-poddrzha-fudbalerite-na-vardar-na-startot-na-podgotovkite/feed/ 0
Ристовски: Не знам дали ќе продолжам да бранам, ќе одлучам заедно со семејството https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ristovski-ne-znam-dali-ke-prodolzham-da-branam-ke-odlucham-zaedno-so-semejstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ristovski-ne-znam-dali-ke-prodolzham-da-branam-ke-odlucham-zaedno-so-semejstvoto/#respond Sat, 13 May 2023 06:24:57 +0000 https://kurir.mk/?p=833700

Искусниот македонски голман Борко Ристовски сè уште нема донесено одлука за својата иднина. На гостувањето на ТВ Телма, членот на Вардар и поранешен репрезентативец изјави дека за своите идни чекори околку играчката кариера ќе решава заедно со семејството и моментално не знае дели и следната сезона ќе биде меѓу ракометните стативи или ќе замина во играчка пензија. „Не знам дали ќе продолжам да играм и следната сезона. За да ја донесам таа одлука морам прво да се консултирам со моето семејство, со мојата сопруга и заеднички да ги одбереме приоритетите. Јас сум татко на две малолетни деца, кои ми се повеќе од сè на светот. Ќе одлучиме понатаму“, рече Борко Ристовски за ТВ Телма. Поранешниот репрезентативец на Македонија последните две сезони е дел од шампионот Вардар, а краток период оваа сезона ги бранеше и боите на Лемго.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ristovski-ne-znam-dali-ke-prodolzham-da-branam-ke-odlucham-zaedno-so-semejstvoto/feed/ 0