Боро Стојчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 May 2020 21:02:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Боро Стојчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовски до Костадинов: Владата на СДСМ во време на пандемија доделува лиценца за одгледување на марихуана на синот на Боро Стојчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-do-kostadinov-vladata-na-sdsm-vo-vreme-na-pandemija-dodeluva-licenca-za-odgleduvanje-na-marihuana-na-sinot-na-boro-stojchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-do-kostadinov-vladata-na-sdsm-vo-vreme-na-pandemija-dodeluva-licenca-za-odgleduvanje-na-marihuana-na-sinot-na-boro-stojchev/#respond Thu, 14 May 2020 21:02:40 +0000 https://kurir.mk/?p=346031

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го запраша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов дали е информиран дека Владата на СДСМ во време на пандемија кога граѓаните ги губат своите работни места, доделува лиценци за одгледување на марихуана, а меѓу другите и на синот на поранешниот градоначалник на Ново Село од СДСМ Боро Стојчев, кој беше осуден за шверц на цигари. -Дали знаете дека вашата Влада во време на пандемија доделува неколку лиценци за одгледување на канабис?! Дали знаете која е едната лиценца?! ЕКО ЕНЕРЏИ-КОСМОС ДОО С. Зубово Ново Село. Дали знаете кој е управител на таа фирма?! Перо Стојчев, син на вашиот кадар кој што беше осуден за шверц на цигари, Боро Стојчев. Поентата ми е дека и во време на вонредна состојба, во време кога граѓаните не знаат како ќе се справат со целава криза, во време кога граѓаните остануваат без работен однос и немаат примања дома, вие како СДСМ и како Влада носите одлука за доделување на лиценца на фирма која што е блиска до СДСМ. Толку ви е дојдено до здравјето на граѓаните, заврши Арсовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-do-kostadinov-vladata-na-sdsm-vo-vreme-na-pandemija-dodeluva-licenca-za-odgleduvanje-na-marihuana-na-sinot-na-boro-stojchev/feed/ 0
Екс градоначалникот на Ново Село осуден за шверц на цигари излезе порано од затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-gradonachalnikot-na-novo-selo-osuden-za-shverc-na-cigari-izleze-porano-od-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-gradonachalnikot-na-novo-selo-osuden-za-shverc-na-cigari-izleze-porano-od-zatvor/#respond Wed, 12 Dec 2018 16:12:45 +0000 https://kurir.mk/?p=139350

Поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, наместо шест, издржа затворска казна од пет месеци. Тој денеска излезе од затворот во Струмица, каде ја извршуваше казната поради обид за шверц на цигари. Веста ја потврди директорот на струмичкиот затвор, Борче Цветков. Тој информираше дека Стојчев од затвор излегол еден месец порано, бидејќи имал примерно однесување и според член 206 од Законот за извршување санкции директорот на затворот може да му одобри 30 денови скратување на казната. Стојчев беше осуден на шест месеци затвор на 12 јули оваа година и требаше на слобода да излезе на 12 идниот месец. Владата на вчерашната седница ја констатираше неотповикливата оставка на поранешниот градоначалник на Ново Село и во најскоро време со одлука на Собранието и ДИК ќе бидат распишани избори во оваа општина за градоначалник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-gradonachalnikot-na-novo-selo-osuden-za-shverc-na-cigari-izleze-porano-od-zatvor/feed/ 0
Макфакс: Штипските судии процениле дека казната за градоначалникот-шверцер е престрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makfaks-shtipskite-sudii-procenile-deka-kaznata-za-gradonachalnikot-shvercer-e-prestroga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makfaks-shtipskite-sudii-procenile-deka-kaznata-za-gradonachalnikot-shvercer-e-prestroga/#respond Sun, 11 Nov 2018 10:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=126445

Штипските апелациски судии Славчо Тасев, Данка Ристова и Весна Димитриевска во образложението на пресудата за градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев и останатите осудени лица за обидот за шверц на цигари, напишале дека струмичкиот суд кој им изрече повисоки казни на обвинетите, ги преценил отежнувачките околности, а не ги ценел олеснувачките, пишува Макфакс. Во пресудата до која дојде „Макфакс“ штипските апелациски судии напишале дека нивните струмички колеги недоволно ценеле дека сите обвинети, со исклучок на градоначалникот Боро Стојчев, досега не биле осудувани. Но, и покрај фактот што Стојчев извршил ново кривично дело, судот заклучил дека двете дела се различни, па за две третини му ја намали казната. „Првостепениот суд во недоволна мера ги ценел олеснувачките околности, а ги преценил отежнувачките, поради што и во конкретниот случај неосновано прифатил дека изречените кривични санкции, како во изреката на првостепената пресуда, одговараат на видот и тежината на стореното кривично дело и дека со нив ќе се постигнат целите на казнувањето“, напишале судиите во образложението на пресудата. Целиот текст може да го прочитате на Макфакс]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makfaks-shtipskite-sudii-procenile-deka-kaznata-za-gradonachalnikot-shvercer-e-prestroga/feed/ 0
Одбиено барањето на ОЈО Струмица за активирање на условна пресуда на градоначалникот на Ново Село https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baranjeto-na-ojo-strumica-za-aktiviranje-na-uslovna-presuda-na-gradonachalnikot-na-novo-selo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baranjeto-na-ojo-strumica-za-aktiviranje-na-uslovna-presuda-na-gradonachalnikot-na-novo-selo/#respond Mon, 08 Oct 2018 13:33:14 +0000 https://kurir.mk/?p=112353

Кривичиот совет при Основниот суд во Струмица го одби барањето на ОЈО Струмица градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, да се упати на издржување казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година. Како што информираат од струмичкиот Суд, барањето е отфрлено како недозволено, бидејќи не постоела посебна постапка за отповикување на ново дело. Тоа можело да се направи само за време на постапката која се водела против него за кривичното дело обид за шверц на цигари. Градоначалникот на Ново Село е осуден за кривично дело „проневера во службата“ сторено во 2010 година. Во 2015 година бил осуден на условна затворска казна од две години, доколку не повтори дело во наредните четири години. За стореното кривично дело условната казна истекува на 30 април следната година. Боро Стојчев 10 јули годинава беше фатен во обид за шверц на цигари. За ова кривично дело Основниот суд во Струмица му изрече казна затвор во траење од 18 месеци, По жалбата на одбраната Апелацискиот суд во Штип ја намали казната на шест месеци затвор. Пред неколку денови досегашниот градоначалник на Ново Село поднесе неотповиклива оставка од функцијата. На одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд во Струмица, Основното јавно обвинителство има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип во рок од три дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baranjeto-na-ojo-strumica-za-aktiviranje-na-uslovna-presuda-na-gradonachalnikot-na-novo-selo/feed/ 0
ФОТО: Боро Стојчев поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Ново Село https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-boro-stojchev-podnese-neotpovikliva-ostavka-od-funkcijata-gradonachalnik-na-novo-selo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-boro-stojchev-podnese-neotpovikliva-ostavka-od-funkcijata-gradonachalnik-na-novo-selo/#respond Fri, 05 Oct 2018 12:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=111200

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев денеска во писмена изјава до Советот на општина Ново Село побара неотповиклива оставка од функцијата, поради морални причини. СДСМ, матичната партија на градоначалникот Стојчев, побара од него да си поднесе оставка од функцијата прв човек на општината. - Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ...Го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија, изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов. Основното јавно обвинителство од Струмица вчера побара градоначалникот Боро Стојчев, да се упати на издржување на казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година. Барањето на струмичкото Обвинителство е доставено до Основниот суд во Струмица, а оттаму информираат дека по него ќе одлучува кривичен совет. Боро Стојчев на 10 јули годинава беше фатен во обид за шверц на цигари. За ова кривично дело Основниот суд во Струмица му изрече казна затвор во траење од 18 месеци, По жалбата на одбраната Апелацискиот суд во Штип ја намали казната на шест месеци затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-boro-stojchev-podnese-neotpovikliva-ostavka-od-funkcijata-gradonachalnik-na-novo-selo/feed/ 0
Градоначалникот шверцер Стојчев имал бугарски пасош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-shvercer-stojchev-imal-bugarski-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-shvercer-stojchev-imal-bugarski-pasosh/#respond Thu, 04 Oct 2018 12:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=110709

Апелацискиот суд во Штип во јули годинава ја прифатил жалбата на Вишото јавно обвинителство кое приговарало на одлуката на струмичкот суд да му биде укинат притворот на градоначалникот шверцер Боро Стојчев од Ново Село, меѓу другото и поради фактот дека тој поседува бугарски пасош, пренесе Макфакс. Судот му определил притвор на градоначалникот бидејќи постоеле околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство. „Обвинетиот Б. С. поседува бугарска патна исправа, има сестри во странство – во Ш., во текот на месец февруари и март 2018 година обвинетиот патувал во Ш. од една страна, а од друга, пак, имајќи го предвид карактерот на кривичното дело што му се става на товар на обвинетиот во смисла на тоа дека тој заедно со останатите обвинети се обидел да криумчари – да пренесе стока (цигари) на илегален премин во Р.Б, повеќе од очигледно е дека доколку обвинетиот биде пуштен на слобода постои опасност да побегне и на тој начин да го осуети понатамошното успешно водење на кривичната постапка“, пишува во одлуката на штипска Апелација, пренесе порталот. Вчера СДСМ побара од градоначалникот Стојчев сам да поднесе оставка од градоначалничката позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-shvercer-stojchev-imal-bugarski-pasosh/feed/ 0
СКАНДАЛ: Апелација за две третини ја намали казната затвор за сдсмовскиот градоначалник шверцер на цигари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-apelacija-za-dve-tretini-ja-namali-kaznata-zatvor-za-sdsmovskiot-gradonachalnik-shvercer-na-cigari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-apelacija-za-dve-tretini-ja-namali-kaznata-zatvor-za-sdsmovskiot-gradonachalnik-shvercer-na-cigari/#respond Mon, 01 Oct 2018 14:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=109116

Апелацискиот суд во Штип ја намали казната на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев од 18 на шест месеци затвор. Информацијата ја потврдија од Основниот суд во Струмица. Апелација ја прифатила жалбата на одбраната на Стојчев на висината на казната со која беше осуден од првостепениот суд на 1,5 година затвор. Освен на градоначалникот на Ново Село намалени се и казните на неговиот син и внук од една година на три месеци затвор, а на петтообвинетиот, исто така, му е намалена казната од  9 на 3 месеци затвор. Казната, пак, на сопругата на Стојчев, која беше осудена на една година условно доколку не го повтори делото во наредните две години, остана иста. На пресудата на Основниот суд во Струмица и висината на казните се жалеше и Јавното обвинителство, но неговата жалба Апелацискиот суд во Штип ја одбил. На 10 јули годинава градоначалникот на Ново Село, заедно со уште четири лица, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница. При тоа беа запленети околу 3.300 штеки цигари во вредност од над три милиони денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-apelacija-za-dve-tretini-ja-namali-kaznata-zatvor-za-sdsmovskiot-gradonachalnik-shvercer-na-cigari/feed/ 0
Градоначалникот Боро Стојчев се враќа во притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-boro-stojchev-se-vrakja-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-boro-stojchev-se-vrakja-vo-pritvor/#respond Mon, 30 Jul 2018 13:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=82804

Градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, кој доби казна затвор од 18 месеци, се враќа во притвор до правосилноста на пресудата, одлучи Апелацискиот суд од Штип, откако Јавното обвинителство се жалеше на донесената пресуда од Струмичкиот суд тој да се брани од слобода сè до правосилноста, пренесе СДК.МК. Стојчев минатата недела беше ослободен од притвор, но по жалба на јавниот обвинител штипска апелација денеска донесе одлука градоначалникот да се врати во притворското одделение во Прилеп сè до правосилноста на пресудата, но не повеќе од 60 дена. Градоначалникот Стојчев кој беше фатен како шверцува цигари, минатата недела од Струмичкиот суд доби казна затвор од 18 месеци. Неговата сопруга доби условна казна, а синот и внукот казна затвор од 12 месеци. Петото лице кое имало за задача да го набљудува теренот доби 8 месеци казна затвор. Сите тие на главната расправа ја признаа вината. На 10 јули Стојчев со неговите најблиски, со две возила кај селото Бадилен на локалитетот Попова Чука на два километри од бугарската граница, беа фатени од струмичката полиција како превезуваат 33 илјади кутии цигари од марката „калипсо“ во вредност од  над 50.000 евра. СДК.МК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-boro-stojchev-se-vrakja-vo-pritvor/feed/ 0
Фарса истрагата и пресудата против градоначалникот Стојчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/farsa-istragata-i-presudata-protiv-gradonachalnikot-stojchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/farsa-istragata-i-presudata-protiv-gradonachalnikot-stojchev/#respond Fri, 27 Jul 2018 18:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=81915

Случајот со градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше фатен во шверц на цигари вредни 40.000 евра и кој експресно беше осуден, е обична фарса која треба да и ги замачка очите на јавноста од вистинските криминали кои се случуваат во земјава под водство на СДСМ и да покаже дека државата нема милост кон прекршителите на законот. Но дали е тоа навистина така?, пишува Нетпрес. Настрана што како и во случајот со премиерот Зоран Заев, кој беше обвинет во случајот „Поткуп“ па ослободен, основното јавно обвинителство го смени обвинението и против Стојчев, па тој, иако беше обвинет за криумчарење на крајот беше осуден за „обид“ за шверц на цигари, пишува порталот и додава: Да биде лицемерието поголемо, и него му беше адвокат бранителот на Заев. Како и да е, Стојчев доби 18 месеци затвор, неговиот син и внук добија казна затвор од еден година. Поради здравствени причини сопругата на градоначалникот доби условна казна, а лицето кое требало да го набљудува теренот од полиција, доби осумесечна казна затвор. Факт е дека Стојчев беше фатен жив со две возила натоварени со цигари, што само по себе подразбира дополнителни информации кои останаа непознати за јавноста. Секоја нормално спроведена истрага, во конкретниов случај за шверцот со цигари, би требало да утврди од каде Стојчев ги набавил цигарите, дали можеби самиот ги произведувал и на крај на кого му ги продавал. Тоа подразбира дека станува збор за организиран криминал, но според ОЈО, од тоа нема ништо. Според извори во полицијата, градоначалникот од порано бил познат по криумчарењето цигари, а познати се и неговите врски со подземјето во Арачиново и Бугарија, но и по целата источна граница. Значи дека шверцерите комуницирале со соработниците, а тоа лесно може да се провери по анализа на мрежата и вештачење на мобилните телефони на осудените. Како што дознава Нетпрес, претрес во домот на градоначалникот не бил извршен веднаш како што налагаат правилата на полициска истрага. Случајот е оставен како изолиран обид за шверц, иако според модус операнди може да се поврзе со еден куп поранешни случаи во кои се шверцувани цигари во Бугарија на идентичен начин, зад кои стоел Стојчев, но не бил директно вмешан туку ја организирал шверцерската мрежа. Зошто нема истрага дали имало и други обиди за шверц кои завршиле успешно? Со признание на вина на градоначалникот не треба да престане да се истражува ваков вид на кривично дело. Обвинителството и полицијата треба да одговорат каде се произведени цигарите „Калипсо“ кои се без бандероли- Арачиново, Косово или Албанија и како дошле до Ново Село? И можеби клучното прашање е зошто не се спроведе заедничка истрага пост фестум со Бугарија, која исто така го водела во оперативна обработка Стојчев. Кого прават будали убедувајќи ја јавноста дека ова му е прв пат? Зошто не се испита потеклото на имот на Стојчев? Зошто ОЈО не побара да му се заплени имот за кој ќе се утврди дека нема платено данок?, додава Нетпрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/farsa-istragata-i-presudata-protiv-gradonachalnikot-stojchev/feed/ 0
Се појави адвокатот на Заев, градоначалникот шверцер на цигари пуштен на слобода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pojavi-advokatot-na-zaev-gradonachalnikot-shvercer-na-cigari-pushten-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pojavi-advokatot-na-zaev-gradonachalnikot-shvercer-na-cigari-pushten-na-sloboda/#respond Wed, 25 Jul 2018 13:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=80962

Наместо „се занимавале“ со пренесување  на непријавена стока во „се обиделе“ да извршат пренесување на непријавена стока. Иако беа живи фатени од страна на полицијата при нивниот обид за шверц на 35 илјади кутии цигари во вредност од 5.5 милиони денари, петмината обвинети на чело со градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев добија преквалификација на делото за кое првично беа обвинети. Тоа, всушност, на целото дело му даде друга насока во извршувањето. Невидена фарса се одвиваше денес во просториите на струмичкиот суд.  Како адвокат на обвинетиот градоначалник од редовите на СДСМ се појави личниот адвокат на премиерот Зоран Заев. Потоа беше донесена одлуката, градоначалникот шверцер на цигари да биде пуштен на слобода. Тој излезе од притвор и до правосилност на пресудата ќе остане дома. Пред воопшто да започне судењето, уште пред изведувањето на обвинителниот акт, обвинителката задолжена за овој случај го преквалификува делото- наместо да бидат гонети за криумчарење на непријавена стока, тие се обвинети за обид за криумчарење. Вакво нешто се случи и при судењето на неговиот партиски шеф Зоран Заев во врска со неговото судење за случајот „Поткуп“ и на очиглед на целокупната македонска јавност делото му беше прекфалифкувано. Судењето на Стојчев како почна експресно така и заврши експресно. Пресудите изречени од страна на судот покажаа дека речиси целото потесно семејство на Стојчев било вклучено во „фамилијарниот бизнис“. Градоначалникот Стојчев доби 1.5 години затвор, неговата сопруга Јулијана Стојчева која исто така била вклучена во криумчарењето добила „само“ условна казна. Неговиот син, Виктор Стојчев 1 година, а исто толку доби и неговиот внук Горан Стојанов, додека неговиот пријател Митко Тодошевски доби 10 месеци. Познавачите посочуваат дека овие изречени казни се срам за судството и за добрите познавачи на законите со оглед ако се знае дека градоначалникот Стојчев и неговата сопруга и претходно се осудувани за други дела. Стојчев и во 2015 година е осуден со 2 правосилни судски пресуди. Едната е со условна затворска казна доколку делото не го стори во наредните 4 години, а втората е парична казна додека неговата сопруга е правосилно осудена во 2013-та година со парична казна.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pojavi-advokatot-na-zaev-gradonachalnikot-shvercer-na-cigari-pushten-na-sloboda/feed/ 0