боров дол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 Aug 2022 10:50:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png боров дол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Се надевам што поскоро ќе продолжи нормално да функционира Бучим и Боров Дол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-nadevam-shto-poskoro-kje-prodolzi-normalno-da-funkcionira-buchim-i-borov-dol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-nadevam-shto-poskoro-kje-prodolzi-normalno-da-funkcionira-buchim-i-borov-dol/#respond Sun, 28 Aug 2022 10:50:38 +0000 https://kurir.mk/?p=725050

„На сите оние рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа бидејќи ова е нивен ден. Иако за жал еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски денес од Берово.

Мицкоски рече дека се надева дека набргу ќе завршат технички зафати во Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму.

„Почитувани граѓани на Македонија ви посакувам здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, на православните христијани им го честитам овој голем ден Успение на Пресвета Богородица“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-nadevam-shto-poskoro-kje-prodolzi-normalno-da-funkcionira-buchim-i-borov-dol/feed/ 0
Бучим и Боров Дол привремено ќе го прекинат процесот на производство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchim-i-borov-dol-privremeno-kje-go-prekinat-procesot-na-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchim-i-borov-dol-privremeno-kje-go-prekinat-procesot-na-proizvodstvo/#respond Sun, 28 Aug 2022 09:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=725023

Од 1 септември годинава рудниците Бучим и Боров Дол ќе прекинат со процесот на производство на определен период во кој е планирано да се направи целосна замена на флотомашините во рудникот Бучим со нова опрема, која што е дизајнирана и изработена од светски реномираната компанија Метсо Оутотек, и да се изгради фотонапонска централа за производство на електрична енергија, со што ќе се постигне намалување на зависноста од цената на електричната енергија на отворениот пазар. Со тоа, како што информираат од компанијата, рудникот Бучим ќе има најсофистицирана опрема за обработка на бакарна руда и производство на бакарен концентрат. -Проектот за модернизација започна да се реализира уште од септември 2021 година, притоа, во наредниот период се очекува испораката на опремата, велат од компанијата и нагласуваат дека уште од јануари годинава започнале со активности за изградба на фотонапонска централа. За време на реализирањето на овие две капитални инвестиции, велат дека ќе се продолжи со континуираните геолошки истражувања. -До денешен ден се евидентирани дополнителни количини на руда кои што ќе го продолжат животниот век на рудниците за дополнителни 5 до 7 години. Исто така, несомнено е дека текот на привремениот застој, рудниците ќе се придржуваат и ќе ги исполнуваат своите обврски согласно издадените А-интегрирани еколошки дозволи‚ ќе се врши мониторинг, а воедно ќе се разгледуваат можности за унапредување на намалувањето на влијанието на рудниците врз животната средина, порачуваат од компанијата. Во текот на привремениот прекин со производство посочуваат дека вработените ќе бидат платени согласно законските прописи, при што дел од вработените ќе бидат задолжени за тековното одржување на опремата, а во текот на инвестициските зафати, вработените ќе бидат дополнително ангажирани зависно од потребата. -Претстојниот период на привремениот застој, рудниците ќе го искористат за ефикасна и брза реализација на стратегиските одлуки во однос на инвестициските проекти. Целта на компанијата е одговорно вложување во корист на сегашните и идните генерации, преку подобрување на производствените перформанси, подобрување на условите за работа на рударите и одржлив развој на заедниците и покрај опкружувањето полно со предизвици. Долгорочно гледано, овие инвестиции освен што ќе го продолжат социјалниот и економскиот развој на регионот и државата, ќе придонесат и за динамизирање на „зелениот” раст и развој, максимизација на производството и развој на одржливи работни места, истакнуваат од компанијата. Оттаму им го честитаат Денот на рударите – 28 Август, големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на рударитеи  на сите вработени во секторот и истакнуваат дека по повод празникот сите 674 вработени добија парични награди, а на најдобрите 27 рудари од страна на менаџментот им беа врачени плакети и специјални парични награди за нивниот особен придонес помеѓу двата празника. -На општините Радовиш и Конче, чествувајќи го Денот на рударите и потврдувајќи ја својата заложба за континуирана, конструктивна и колаборативна соработка во насока кон развој на заедниците, рудниците доделија донација во висина од по 5.000 евра, кои општините ќе ги искористат за реализација на проекти од областа на културата и инфраструктурата, информираат од компанијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchim-i-borov-dol-privremeno-kje-go-prekinat-procesot-na-proizvodstvo/feed/ 0
„Ако не добиеме дозвола за експлоатација во новото рудно тело Боров дол, ќе се затвори и Бучим и Радовиш“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ako-ne-dobieme-dozvola-za-eksploatacija-vo-novoto-rudno-telo-borov-dol-kje-se-zatvori-i-buchim-i-radovish/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ako-ne-dobieme-dozvola-za-eksploatacija-vo-novoto-rudno-telo-borov-dol-kje-se-zatvori-i-buchim-i-radovish/#respond Tue, 28 Aug 2018 15:10:51 +0000 https://kurir.mk/?p=93229

Денот на рударите денеска свечено беше прославен и во рудникот за бакар „Бучим “ во Радовиш. Заменик менаџерот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов на денешната свеченост истакна дека доколку не ја добијат дозволата за експлоатација во новото рудно тело „Боров дол“, тоа ќе значи и затварање на овој рудник. - Ако за најмногу 18 месеци не добиеме дозвола за експлоатација на рудното тело „Боров Дол“ тогаш се соочуваме со извесната можност на самиот почеток од 2020 година на рудникот да му ставиме катанец, рече Николов. Според Герасим Конзулов, градоначалник на општина Радовиш, ако се затвори рудникот тоа би значело и затворање на општината. - Рудникот Бучим во вкупниот буџет на општината учествува со 55 проценти. Замислете си што ќе стане од нашата општина ако овој наш темелен стопански капацитет се затвори, рече Конзулов. Министерот Зоран Шапуриќ кој беше на прославата вети дека до такво нешто нема да дојде. - Оваа Влада е исклучително посветена на стопанството. Ќе направиме се што е во наша моќ и, секако, во рамките на законите, „Боров Дол“ да може да се користи од страна на „Бучим“ и овој рудник да си остане како еден од примарните репрезенти на рударството во Македонија. Тоа е од исклучително значење ако се знае дека од рударството во државата живеат 12.500 лица, а оваа гранка остварува извоз од 250 милиони долари“, рече Шапуриќ. „Бучим“ денеска награди 46 работници, три смени и шестмина раководители. Во однос на бројот од 700 вработени, наградени се осум проценти од вработените. „Бучим“ како општествено силно одговорна фирма комуналното претпријатие „Плаваја“ му подари камион за собирање и изнесување на смет, а на Општинската организација на Црвениот крст автомобил за секојдневни потреби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ako-ne-dobieme-dozvola-za-eksploatacija-vo-novoto-rudno-telo-borov-dol-kje-se-zatvori-i-buchim-i-radovish/feed/ 0