борово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Dec 2022 20:55:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Блесок на Ристовски, Лемго оди во четвртфинале на германскиот Куп! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/blesok-na-ristovski-lemgo-odi-vo-chetvrtfinale-na-germanskiot-kup/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/blesok-na-ristovski-lemgo-odi-vo-chetvrtfinale-na-germanskiot-kup/#respond Wed, 21 Dec 2022 20:55:26 +0000 https://kurir.mk/?p=778828

Тимот на Лемго, каде што брани македонскиот голман Борко Ристовски, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Германија. Лемго во вториот дел го скрши отпорот на второлигашот Елбфлоренц и најмногу по заслуги на Ристовски славеше со 32-27. Македонскиот чувар на мрежата влезе во игра во 24 минута и бранеше до крајот на мечот. За тоа време успеа да одбрани осум удари, но со фантастичен процент од 43%! Покрај Лемго, во четвртфиналето пласман обезбедија Гумерсбах, Магдебург и Рајн Некар Левен, додека утре ќе бидат познати уште четири патника во фазата пред Ф4.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/blesok-na-ristovski-lemgo-odi-vo-chetvrtfinale-na-germanskiot-kup/feed/ 0
Пожарот кај Робово и Умлена активен, се уште постои опасност за мештаните https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozarot-kaj-robovo-i-umlena-aktiven-se-ushte-postoi-opasnost-za-meshtanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozarot-kaj-robovo-i-umlena-aktiven-se-ushte-postoi-opasnost-za-meshtanite/#respond Thu, 05 Aug 2021 07:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=546443

Огнената стихија се уште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово кои се најзагрозени од пожарот кој цела ноќ гореше во нивна близина. Александар Мачевски, жител на Робово, утрово информира дека најкритична сеуште е ситуацијата кај Умлена каде во текот на ноќта пожарот се гаснеше интензивно и посочува дека тој е се поблизу. – Утрово имаше хеликоптер во извидница, очекуваме наскоро да дојдат други хеликоптери и да почне да се гаси огнот. Голем број од мештаните синоќа беа на првата линија, заедно со Армијата и од утрово помагаа. Да се надеваме дека ситуацијата денес ќе биде подобра, изјави Мачевски. Во гаснењето од вчера се вклучи и тимот од 25 пожарникари од Бугарија. Комесарот на единицата од Благоевград, Георги Пармаков информираше дека веднаш по пристигнувањето им биле доделени задачи и дејствувале на поголем простор во Пехчевско до доцна во ноќта, а продолжуваат да пружаат помош и од утрово. Од полицијата информираа дека по стабилизирањето на ситуацијата е пуштен за сообраќај и патот Делчево – Пехчево – Берово, кој синоќа поради алармантната состојба беше пренасочуван преку алтернативни патни правци. -Патот е пуштен за сообраќај и возилата кои се движат на овој патен правец не се задржувани. Од она што можеме да го кажеме засега ситуацијата е помирна, велат од полицијата. Последните информации околу вториот пожар кај маалото Пасјак, во делчевското село Нов Истевник говорат дека истиот е под контрола. Во гаснењето на пожарот синоќа кај Пасјак беа ангажирани 2 возила и 40 луѓе кои дежураа во текот на ноќта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozarot-kaj-robovo-i-umlena-aktiven-se-ushte-postoi-opasnost-za-meshtanite/feed/ 0