борут пахор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Oct 2022 17:11:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png борут пахор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пахор: НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pahor-nato-mora-da-ja-ostavi-vratata-otvorena-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pahor-nato-mora-da-ja-ostavi-vratata-otvorena-za-ukraina/#respond Thu, 06 Oct 2022 17:11:14 +0000 https://kurir.mk/?p=742073

Претседателот на Словенија, Борут Пахор на денешниот состанок на групата Араиолос на Малта, изјави дека НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина, откако Киев деновиве побара членство во сојузот. Зборувајќи на маргините на состанокот во Валета, тој истакна дека потребно е да се зачува единството на НАТО алијансата. Околу барањето на Украина за полноправно членство во НАТО, тој смета дека земјата „има целосно право да ја избира сопствената надворешна и безбедносна политика“ и оти сојузот мора да ја остави вратата отворена за неа. Пахор додаде дека за тоа мора да одлучат сите 30 членки на НАТО. Според него, во соочувањето со последиците од војната во Украина како и во односот кон Руската Федерација за ЕУ е важно да се одржи и зајакне единството. Како што подвлече Пахор, Европа не смее да ја повтори грешката од 2014 година, кога недоволно одлучно одговорила на руската окупација на Крим. Тој ги повика лидерите на флексибилност кога е во прашање ширењето на ЕУ на регионот на Западен Балкан. Во Ла Валета се одржува состанокот на лидерите на земјите од групата Араиолос. Покрај Малта, членки на групата се и Естонија, Грција, Ирска, Италија, Летонија, Унгарија, Хрватска, Германија, Полска, Португалија, Словенија и Словачка. Во центарот на дискусијата годинава е размената на мислење за ефектите од војната во Украина на безбедноста и стабилноста во источниот и југоисточниот дел на Европа. Лидерите на земјите членки на Европската Унија во овој формат се состануваат еднаш годишно од 2003 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pahor-nato-mora-da-ja-ostavi-vratata-otvorena-za-ukraina/feed/ 0
Милановиќ и Пахор домаќини на челниците на Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milanovikj-i-pahor-domakjini-na-chelnicite-na-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milanovikj-i-pahor-domakjini-na-chelnicite-na-zapaden-balkan/#respond Mon, 12 Sep 2022 07:05:12 +0000 https://kurir.mk/?p=731490

Претседателите Зоран Милановиќ и Борут Пахор, копретседавачи на Процесот Брдо-Бриони, иницијатива покрената од Словенија и Хрватска, денеска во Брдо кај Крањ, се домаќини на претседателите на земјите од Западен Балкан. Целта на средбата, е, да се разгледаат можностите, како да се забрза патот на овие држави, кон членство во Европската Унија. На собирот се најавени албанскиот претседател Бајрам Бегај, членовите на претседателството на БИХ, Жељко Комшиќ, Милорад Додиќ и Шефик Џаферовиќ, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Средбата оваа година, ќе биде прилика за разговор околу моменталната состојба во регионот, но и повторно да се испрати нов повик до членките и институциите на Европската Унија, да го забрзаат процесот на проширување на Европската Унија, стои во најавата за овој настан. Србија и Црна Гора веќе преговараат со ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги отворија преговорите во месец јули, после застој од една година, а косово и БИХ се уште чекаат статус на земји кандидатки. Ваквите средби се одржуваат од 2013 година, на иницијатива на Хрватска и Словенија. Вообичаено е присуството на претставници и на држави надвор од подрачјето на Југоисточна Европа, но оваа година нема таква најава. Германската канцеларка Ангела Маркел беше присутна во Дубровник 2014 година, францускиот претседател Франсоа Оланд, на првата средба во Брдо 2013 година, а таму минатата година, присуствуваше францускиот претседател Емануел Макрон. Во 2015 година, на средбата во Загреб, беше тогашниот американски претседател, сега претседател, Џо Бајден. Милановиќ стигна во Словенија, уште вчера. Во Љубљана одржа работен состанок со Пахор, на кој се разговарало за темите на средбата, информираа од канцеларијата на хрватскиот претседател. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/milanovikj-i-pahor-domakjini-na-chelnicite-na-zapaden-balkan/feed/ 0
Изненадувачката изјава на Пахор: Можно е БиХ да добие кандидатски статус до крајот на неделата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iznenaduvachkata-izjava-na-pahor-mozno-e-bih-da-dobie-kandidatski-status-do-krajot-na-nedelata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iznenaduvachkata-izjava-na-pahor-mozno-e-bih-da-dobie-kandidatski-status-do-krajot-na-nedelata/#respond Sat, 03 Sep 2022 18:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=728325

Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска во Белград по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека има доволно политичка волја во регионот за зачувување на европската перспектива на Западен Балкан и стабилноста. -Војната во Украина не помага за мирот и стабилноста на Западен Балкан, но и Вучиќ и јас се согласуваме дека на Западен Балкан, без оглед на сите недоверби и билатерални проблеми, има доволно политичка волја да се зачува мирот и европската перспектива, рече Пахор. Тој изјави дека мисли дека постои можност сите лидери од регионот да се договорат за три централни прашања. -Првата работа е Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус до крајот на неделата, а ЕУ да ја исполни својата обврска за визна либерализација, рече тој. Пахор изјави дека го загрижува фактот што нивото на доверба во дијалогот меѓу Белград и Приштина е пониско од претходно и дека дијалогот не довел до решението кое сите го посакувале. -Мислам дека проектот „Отворен Балкан“ е создаден така што некои работи, доколку му се приклучат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, проблемите што сега изгледаат нерешливи би можеле полесно да се решат во духот на соработката, рече тој. На прашањето за ставот на Србија за санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија, тој одговори дека смета дека доколку има сигурна европска иднина пред Белград, повеќе ќе размислува за санкции, а не само за осуда на војната во Украина. -Не ја поддржувам одлуката на претседателот на Србија да не воведува санкции кон Русија, но можам да ја разберам неговата одлука. Мислам дека поголема и порешителна волја на Брисел за побрзо вклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ би придонела на таа одлука, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iznenaduvachkata-izjava-na-pahor-mozno-e-bih-da-dobie-kandidatski-status-do-krajot-na-nedelata/feed/ 0
Пахор: Единствен начин за решавање на проблемите на Западен Балкан е забрзување на процесот за членство во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pahor-edinstven-nachin-za-reshavanje-na-problemite-na-zapaden-balkan-e-zabrzuvanje-na-procesot-za-chlenstvo-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pahor-edinstven-nachin-za-reshavanje-na-problemite-na-zapaden-balkan-e-zabrzuvanje-na-procesot-za-chlenstvo-vo-eu/#respond Fri, 12 Aug 2022 14:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=717743

Долгорочно, единствениот начин за решавање на проблемите на Западен Балкан е да се забрза процесот на зачленување на земјите од регионот во Европската Унија, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор во интервју за Анадолија. Зборувајќи за руско-украинската војна, Пахор потсети дека и Балканот страдаше од слични конфликти. Тој рече дека долго време се обидува да го сврти вниманието на своите колеги во НАТО и ЕУ на настаните во Западен Балкан. – Некои земји се под директен притисок од Русија, предупреди Пахор. Тој подвлече дека сака што поскоро да ги види сите земји од Западен Балкан во ЕУ и рече: Единствено решение е да се забрза процесот за членство во ЕУ. Мислам дека ЕУ треба да стори повеќе. Сличен процес гледаме во односите меѓу Косово и Србија, како и во тензиите меѓу одредени етнички групи во Босна и Херцеговина, каде со стравување се очекуваат изборите. Долгорочно гледано, единствениот начин да се решат овие проблеми е да се забрза процесот за членство во ЕУ“. Истакнувајќи дека работи и на тоа Босна и Херцеговина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ до крајот на годинава, Пахор ја истакна важноста на почетокот на преговорите меѓу Северна Македонија и Албанија за состојбите на Западен Балкан. Тој рече дека има толку можности колку што има проблеми на Западен Балкан. Но, претседателот на Словенија потенцираше дека колку што има проблеми, толку има и можности на Западен Балкан. – Регионот ќе оди на една или на друга страна. Во овој момент акциите на НАТО се од големо значење. Ако продолжи да чека, Западен Балкан ќе биде уште повеќе изложен на Русија и може да има проблеми, рече словенечкиот претседател во интервјуто за Анадолија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pahor-edinstven-nachin-za-reshavanje-na-problemite-na-zapaden-balkan-e-zabrzuvanje-na-procesot-za-chlenstvo-vo-eu/feed/ 0
Пахор: Турција е важна земја за Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-turcija-e-vazna-zemja-za-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-turcija-e-vazna-zemja-za-slovenija/#respond Wed, 10 Aug 2022 14:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=716693

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска во Анкара изјави дека Турциија е важна земја за Словенија, а тоа го покажува и потпишаниот Документ за стратешко партнерство пред 11 години. – Словенија нема потпишано многу од овие договори. Ова укажува на важноста што Словенија и ја придава на Турција, истакна Пахор на турско-словенечката тркалезна маса на која присуствуваа и министерот за економија, развој и технологија Матјаз Хан и бизнисмени од двете земји. Пахор наведе дека обемот на трговска размена помеѓу двете земји надмина една милијарда евра. – Во Словенија има голем потенцијал за странски инвеститори. Турските компании водат два големи инфраструктурни проекти во Словенија. Еден од нив е тунелот Копар. Овој проект е особено важен во однос на поврзувањето на северниот дел на Јадранот со Европа, посочи Пахор. Тој во рамки на денешната посета на Турција ќе се сретне и со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-turcija-e-vazna-zemja-za-slovenija/feed/ 0
Пахор во Анкара: Ризикот се уште постои на Западен Балкан и во Босна и Херцеговина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-vo-ankara-rizikot-se-ushte-postoi-na-zapaden-balkan-i-vo-bosna-i-hercegovina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-vo-ankara-rizikot-se-ushte-postoi-na-zapaden-balkan-i-vo-bosna-i-hercegovina/#respond Wed, 10 Aug 2022 06:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=716326

Колку подолго трае процесот на проширување на Европската унија, толку повеќе земјите од Западен Балкан ќе бидат изложени на руски апетити, затоа ЕУ мора да ги забрза процедурите за прием на земјите од овој регион каде што ризикот се уште постои, нагласи словенечкиот претседател Борут Пахор. Говорејќи на 13-та конференција на амбасадорите во Анкара, Пахор рече дека руската војна против Украина „фундаментално ја поткопа и онака кревката доверба меѓу Западот и Русија“. Тој истакна дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина е изненадувачка и разочарувачка. Зборувајќи за добрите односи меѓу Словенија и Русија повеќе од 15 години до почетокот на војната во Украина на 24 февруари, Пахор рече дека неговата земја „никогаш не се чувствувала загрозена од Русија“, додека „пријателите од Источна Европа секогаш ја опишувале Русија како директна или индиректна закана за нивната безбедност“. Сепак, како што рече Пахор, војната ги промени нивните врски со Русија. Словенечкиот лидер рече дека со сегашната ситуација предизвикана од војната, „развојот на нова блоковска поделба изгледа речиси неизбежен“. „Во новата геополитичка поделба, Западен Балкан ќе биде дел од западниот свет. Но, тоа зависи од Брисел колку и од земјите од Западен Балкан. Колку подолго трае процесот на проширување на ЕУ, толку повеќе овие земји ќе бидат изложени на руски апетити или барем за зголемување на руското влијание“, рече Пахор. Тој додаде дека ризикот во Западен Балкан и Босна и Херцеговина се уште постои и дека ЕУ мора да ги забрза процедурите за прием на земјите од тој регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-vo-ankara-rizikot-se-ushte-postoi-na-zapaden-balkan-i-vo-bosna-i-hercegovina/feed/ 0
Пахор до Пендаровски: Словенците да беа Бугари, немаше да имате проблеми со нас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pahor-do-pendarovski-slovencite-da-bea-bugari-nemashe-da-imate-problemi-so-nas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pahor-do-pendarovski-slovencite-da-bea-bugari-nemashe-da-imate-problemi-so-nas/#respond Thu, 16 Jun 2022 16:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=691817

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска на својот Инстаграм профил објави интересен разговор кој го имал со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Охрид. -Со македонскиот претседател и пријател Стево Пендаровски разговараме за нерешениот проблем меѓу Северна Македонија и Бугарија. Во меѓувреме, малку на шега, а малку и вистина, велам Словенците да беа Бугари, немаше да имаат проблем со нас. Тој на шега одговори дека Македонците да беа Словенци ќе беа 20 години во Европската Унија, напиша Пахор на Инстаграм. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pahor-do-pendarovski-slovencite-da-bea-bugari-nemashe-da-imate-problemi-so-nas/feed/ 0
Пендаровски-Пахор: Формален старт за пристапни преговори со Северна Македонија мора да е императив за ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-pahor-formalen-start-za-pristapni-pregovori-so-severna-makedonija-mora-da-e-imperativ-za-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-pahor-formalen-start-za-pristapni-pregovori-so-severna-makedonija-mora-da-e-imperativ-za-eu/#respond Thu, 16 Jun 2022 14:43:25 +0000 https://kurir.mk/?p=691785

Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид, оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, во рамки на Преспа форум за дијалог, кој од 16 до 18 јуни 2022 год. се одржува под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. На средбата беа реафирмирани одличните билатерални односи без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство кое оваа година свечено беше одбележано по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија. Претседателот Пендаровски го поздрави формирањето на новата словенечка влада, истакнувајќи ја својата убеденост дека ќе продолжи силното стратешко сојузништво, партнерство и долгогодишната конструктивна соработка меѓу двете земји. Тој се заблагодари за конзистентната словенечка поддршка на билатерален, регионален и мултилатерален план, особено гласна за време на претседавањето на Словенија со Советот на ЕУ. Приоретизирањето на прашањето за европска интеграција на регионот е постојано високо на агендата на словенечката надворешно-политичка агенда, посочи претседателот Пендаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-pahor-formalen-start-za-pristapni-pregovori-so-severna-makedonija-mora-da-e-imperativ-za-eu/feed/ 0
Пахор предлага ЕУ да и додели кандидатски статус на БиХ веднаш и без услови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-predlaga-eu-da-i-dodeli-kandidatski-status-na-bih-vednash-i-bez-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-predlaga-eu-da-i-dodeli-kandidatski-status-na-bih-vednash-i-bez-uslovi/#respond Wed, 11 May 2022 09:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=674999

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска предложи промена на пристапот на Европската унија кон БиХ, односно брзо доделување кандидатски статус на земјата, по што ќе инсистира на спроведување на предусловите поставени од Европската комисија за БиХ во 2019 година. Говорејќи во Сараево на отворањето на деловна конференција, Пахор рече дека на сите им е јасно дека политичката стабилност е предуслов за економски развој и дека регионот на Западен Балкан останува област на политичка нестабилност. Тој оцени дека постојано му се заканува нестабилност предизвикана од бугарската блокада на македонските преговори за членство во ЕУ, која се прелева и во Албанија, немањето напредок во преговорите меѓу Србија и Косово, но и внатрешните проблеми што ги има БиХ. Пахор објасни дека интеграцискиот процес, поради неговата прекумерна бавност, предизвика раст на национализмот и поттикна неприфатливи идеи за промена на границите во регионот. Затоа, тој предложи за проширувањето да се размислува како за најважно прашање кое стана особено важно по руската агресија врз Украина. -Го поддржувам забрзаниот пристап на Украина, но сакам и забрзан пристап кога станува збор за БиХ, рече Пахор, додавајќи дека е неопходно да се искористи сегашниот момент и да и се помогне на БиХ, бидејќи тоа е клучно не само за БиХ, туку и за стабилноста на регионот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pahor-predlaga-eu-da-i-dodeli-kandidatski-status-na-bih-vednash-i-bez-uslovi/feed/ 0
Борут Пахор новиот медијатор на ЕУ меѓу Белград и Приштина? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borut-pahor-noviot-medijator-na-eu-megju-belgrad-i-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borut-pahor-noviot-medijator-na-eu-megju-belgrad-i-prishtina/#respond Wed, 20 Apr 2022 16:42:55 +0000 https://kurir.mk/?p=666140

Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува годинава, наводно е заинтересиран за функцијата да биде специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина во иднина, пишуваат регионалните медиуми повијкувајќи се на словенечкиот весник Дело. Запрашан од тамошните новински агенции дали се вистинити шпекулациите дека Пахор е заинтересиран за актуелната позиција на словачкиот политичар Мирослав Лајчак, од кабинетот на Пахор во соопштението за медиумите било речено дека Пахор „во моментов не размислува“ за ова прашање. Понатаму од кабинетот на претседателот Пагор се наведува дека по истекот на актуелниот мандат на крајот на оваа година, тој има намера да ги искористи привилегиите од законот за поранешни претседатели, кои му овозможуваат една година да користи бенефиции, за „поранешен претседател“ со одреден персонал и портпарол. Имајќи го во предвид дека вториот претседателски мандат на Пахор завршува на крајот на годината, по што тој повеќе не може да се кандидира за функцијата, медиумите пишуваат дека тој многу веројатно ќе ги искористи блиските релации со српските и приштинските политичари кои се интензивираа периодов да изнајде решение во односите меѓу Белград и Приштина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borut-pahor-noviot-medijator-na-eu-megju-belgrad-i-prishtina/feed/ 0