босанска свадба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Aug 2021 08:17:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png босанска свадба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Се појавија и првите снимки од босанската „свадба на годината“ на која кум беше Ердоган https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-se-pojavija-i-prvite-snimki-od-bosanskata-svadba-na-godinata-na-koja-kum-beshe-erdogan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-se-pojavija-i-prvite-snimki-od-bosanskata-svadba-na-godinata-na-koja-kum-beshe-erdogan/#respond Sun, 29 Aug 2021 08:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=556155

Вчера во Сараево се одржа свадбата на годината. Јасмина Изетбеговиќ и Шамил Хумашкиќ го имаа Ердоган за свој кум, а нивниот втор кум (како и тие самите) останаа во сенката на турскиот претседател. Босанските медиуми пишуваат за вториот кум на младенците, кој на венчавката пристигнал во кариран костум. Вториот кум на младенците е исто така интересен и има врски со Турција. Станува збор за Омар Мусабеговиќ, долгогодишен пријател на ќерките на Бакир и Себија Изетбеговиќ, кој живее и работи во Белград. Мусабеговиќ е претставник на турската компанија Тасиапи во Белград, која гради автопатишта во Србија и треба да го изгради автопатот меѓу Сараево и Белград, со средства од Турција, пишува Кликс. Да потсетиме, еден милион конвертибилни марки, или нешто помалку од половина милион евра, наводно биле потрошени за свадбата на годината во Босна и Херцеговина. На гостите пред влезот во сараевскиот хотел „Европа“ им биле одземени телефоните, а секој од 250 гости имале кодирани покани , за да се спречи влез на непоканети гости. Речиси сите медиуми во регионот ја пренесоа веста за венчавката на внуката на Алија Изетбеговиќ и ќерка на претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, а најголемото внимание на венчавката, наместо невестата, привлече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој беше сведок на верската и на граѓанската венчавка. Пред свадбата, Ердоган го посети гробот на дедото на Јасмина, Алија Изетбеговиќ, а подоцна едвај се проби низ Сараево низ толпата што сакаше да го види.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dnevni avaz (@dnevniavaz)

Медиумите од БиХ пишуваат дека младенците и нивните гости славеле до доцна во ноќта, а во еден момент ја пееле „Да те није, Алија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-se-pojavija-i-prvite-snimki-od-bosanskata-svadba-na-godinata-na-koja-kum-beshe-erdogan/feed/ 0