Бошко Цветковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Dec 2022 10:39:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бошко Цветковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цветковски: Инвестираме рамномерно во сите населени места во Општина Лозово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/cvetkovski-investirame-ramnomerno-vo-site-naseleni-mesta-vo-opshtina-lozovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/cvetkovski-investirame-ramnomerno-vo-site-naseleni-mesta-vo-opshtina-lozovo/#respond Thu, 08 Dec 2022 10:39:26 +0000 https://kurir.mk/?p=772668

Иако наследив голем број на финансиски обврски и доспеани долгови, со одговорно и домаќинско работење успеав поголемиот дел од тие долгови да се вратат, за сега да сме во позиција сами да го креираме буџет на Општината. Ова е дел од обраќањето на Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово на регионална средба и трибина на општините од Вардарскиот плански регион.

Цветковски се осврна на активностите кои како општина ги реализираат во областа на креирањето на буџетот за 2023 година, каде Општина Лозово е една од ретките општини што во изминатиот период ги имаат посетено сите домови во општината.

-Изминатава 2022 година успеавме да реализираме едно од големите предизборни ветувања, а тоа се инвестициите во опремувањето на основното општинско училишта „Методи Митевски-Брицо“, кое денес е едно од најдобро опремените училишта во централниот и источниот регион на Република Македонија. За буџетот за 2023 година планираме асфалтирање на 23 улици во соработка со Министерството за транспорт и врски, почеток на реализација или прва фаза од проектот за изградба на Зелен пазар и почнување на процедурите за втората фаза. Имаме планирано и хортикултурно и партерно уредување на централното подрачје во населеното место Каратманово, кажа Цветковски.

Цветковски потенцираше дека за него како градоначалник е императив општина Лозово рамномерно да инвестира и да ги развива сите населени места во општината.

Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/cvetkovski-investirame-ramnomerno-vo-site-naseleni-mesta-vo-opshtina-lozovo/feed/ 0
Населените места во Лозово повторно зафатени од невреме и поплави https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/naselenite-mesta-vo-lozovo-povtorno-zafateni-od-nevreme-i-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/naselenite-mesta-vo-lozovo-povtorno-zafateni-od-nevreme-i-poplavi/#respond Wed, 01 Jun 2022 06:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=684632

Пороен дожд и поплава вчеравечер околу 19 часот ги зафати населените места Милино и Ѓуземелци во општина Лозово и патот меѓу нив е непрооден поради кал и вода, информираше за МИА Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово. Општината подржана со механизација на ЈКП „Лозово“ од Лозово од вечерта интензивнo работи на расчистување и оспособување на овој патен правец помеѓу селата Милино и Ѓуземелци. Поради поројниот дожд, имаше оштетување и неколку часа прекин на електричната енергија во селото Ѓуземелци. Ова е трето невреме во Лозово за само една недела. На 28 мај околу 23 часот силно невреме со зрна од град поголеми од орев ги зафати населените места Лозово, Дурфулија и дел од Каратманово. Уништени беа лозовите и овошните насади ,пластениците под раноградинарски култири. Оштетени од градот и пробиени беа и некои од азбестните покриви на куќите, оштетени и голем број автомобили и искршени стакла како и возниот парк на Општина Лозово. Првото невреме со силен ветер беше на 25 мај вечерта во 18 часот, во кое беа откорнати дрвја, покрив од куќа, магацини, имаше оштетување на електромрежата во селата Милино, Сарамзалино, Дурфулија и Аџиматово,к ои по неколку часа останаа без електрична енергија. Советот на Општина Лозово формираше Комисија за утврдување на штетите, а локалната власт ги повика жителите кои претрпеле штета од невремето да пријават кај Комисијата, по што таа ќе излезе на терен за утврдување на штетата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/naselenite-mesta-vo-lozovo-povtorno-zafateni-od-nevreme-i-poplavi/feed/ 0
Цветковски: Ја отворивме Општина Лозово за сите граѓани, обезбедивме таблети за учениците од прво до четврто одделение како и набавка на смарт табли со LCD проектори и интерактивни панели за потребите на наставниот кадар и учениците https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/cvetkovski-ja-otvorivme-opshtina-lozovo-za-site-gragjani-obezbedivme-tableti-za-uchenicite-od-prvo-do-chetvrto-oddelenie-kako-i-nabavka-na-smart-tabli-so-lcd-proektori-i-interaktivni-paneli-za-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/cvetkovski-ja-otvorivme-opshtina-lozovo-za-site-gragjani-obezbedivme-tableti-za-uchenicite-od-prvo-do-chetvrto-oddelenie-kako-i-nabavka-na-smart-tabli-so-lcd-proektori-i-interaktivni-paneli-za-potrebi/#respond Sat, 26 Feb 2022 13:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=637172

Во изминатите 100 дена, заедно со мојот тим, пред вас граѓаните, на дело го спроведуваме концептот на транспарентно и одговорно работење, како и подготвеноста да излеземе во пресрет за сите потреби, информации и помош во решавање на проблемите кои се во домен на Локалната самоуправа, изјави градоначалникот на општина Лозово - Бошко Цветковски на денешниот настан во Велес „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“. Тој истакна дека најголем проблем со кој се соочи општината по преземањето на власта била затекнатата финансиска состојба и ликвидноста на Општината и Јавното Комунално Претпријатие, но и покрај тоа вложени се напори за реализација на ветените проекти. Во изминатите 100 дена jа отворивме општината за сите граѓани. Ги намаливме непродуктивните трошења, и досега немам потпишано ниту една сметка за репрезентација на товар на општината. Службените возила, денес се користат само за службени цели. Вработените во Јавното претпријатие ги добија сите заостанати плати, со што после подолг временски период имаат здравствено осигурување, рече Цветковски. Тој додаде дека во четири години конечно е ставен во функција бунарот во с. Ѓуземелци кој ќе се користи за потребите на системот за водоснабдување на корисници со питка вода во населено место Лозово. - Како одговорен татко на општината лично јас од сопствени средства и граѓански активизам извршивме санација на мостот кој се наоѓа на ул. Коле Неделковски во Лозово. Санирани се оштетените бетонски делови на надворешната страна и подлогата која не беше безбедна за сообраќај и движење на луѓе. Сега Коловозната конструкција на мостот е целосно обновена со армиран бетон. Во тек е изработка на техничка документација „За изградба на затворен пазар во Лозово“, проект кој е финансиран од UNDP преку повикот за градење на општинските капацитети „Фонд за техничка документација“. Како одговор на Одлуката за алоцирање на средства од договорот за заем „Проект за поврзување на локални патишта “, кои ќе бидат финансирани од Светка банка во соработка со Министерство за транспорт и врски, добиени се 5 проекти за реконструкции на 28 улици во 5 населени места на територијата на општина Лозово. Тој додаде дека потпишан е договор и распишана јавна набавка за реконструкција на Локален пат Гуземелци (Општина Лозово)-Кнежје (Општина Свети Николе) финансиран од Биро за регионален развој (Министерство за локална самоуправа) во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион и кофинансирање од општина Лозово и Општина Свети Николе. - Во тек е изградба на примарна водоводна мрежа во с.Каратманово финансирана преку ТАВ програма во вредност од над 7 милиони денари. Добиен е проект за изградба на Канализациона мрежа во с.Гуземелци во вредност од 140 000 евра. Овој Проект ќе биде финансиран од Европска Инвестициона Банка во соработка со Министерството за транспорт и врски и кофинансирање од буџетот на Општина Лозово. Отпочната е постапка за комплетирање на проектна документација за изградба на пристапен пат и прочистителна станица за вода од хидросистемот Злетовица,финансиран од МЗШВ, рече Цветковски. Тој додаде дека изработен е проект за Хортикултурно и Партерно уредување на Централното Основно Училиште Методи Митевски Брицо Лозово, извршена е бетонажа на Игралиште за баскет во дворот на подрачното училиште во с.Дорфулија, извршена е бетонажа на Пристапна патека во дворот на подрачните училишта во с.Дорфулија и с.Милино. - Одобрена е Апликација за обновување на Јавнотото осветлување преку поставување нови 440 фотоволтаични системи или ЛЕД арматури во сите населени места во општината, проект кој ќе биде финансиран преку заем од Светска банка во соработка со Министерство за финансии. Во време кога Република Македонија се соочува со недостаток на електрична енергија од голема важност е искористување на обновливите извори на енергија. Општина Лозово ќе го искористи потенцијалот што го поседува со искористување на ветровите во ова подрачје и сончевата енергија. За таа цел би сакал да ве известам дека отпочната е процедура од приватен инвеститор и наскоро во Општина Лозово ќе бидат изградени ветерни и фотоволтаични електрани во м.в. Кантон во с. Ќоселери, рече Цветковски. Тој додаде и дека поставена е мобилната амбуланта во која се обавуваат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од сите населени места за да се зголеми бројот на жени од ранливите групи, и од руралните и оддалечени места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. - Денес можеме со гордост да се пофалиме дека ООУ Методи Митевски Брицо, во овој момент е најдобро опремено Училиште во Централниот и Источниот регион во Република Македонија. За таа цел, извршивме набавка на техничка опрема, како за централното, така и за сите подрачни училишта при ООУ М.М.Брицо. Согласно препораките од МОН, обезбедивме таблети за Учениците од прво и четврто одделение со кои овозможивме услови за квалитетен наставен процес . Извршивме набавка на смарт табли со LCD проектори кои ќе бидат користени за одделенска настава во централното и подрачните училишта. Обезбедивме Интеракивни панели за потребите на наставниот кадар и учениците кои следат предметна настава, изјави Цветковски. Тој додаде дека во периодот што следи ќе продолжиме да се залагаме за подобри услови во реализација на воспитно-образовниот процес, осовременување на опремата и користење на нови нагледни средства во наставата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/cvetkovski-ja-otvorivme-opshtina-lozovo-za-site-gragjani-obezbedivme-tableti-za-uchenicite-od-prvo-do-chetvrto-oddelenie-kako-i-nabavka-na-smart-tabli-so-lcd-proektori-i-interaktivni-paneli-za-potrebi/feed/ 0
Во Лозово доделени уверенијата за градоначалник и за советници https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-lozovo-dodeleni-uverenijata-za-gradonachalnik-i-za-sovetnici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-lozovo-dodeleni-uverenijata-za-gradonachalnik-i-za-sovetnici/#respond Fri, 05 Nov 2021 12:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=591323

Во Општина Лозово денеска новиот градоначалник Бошко Цветковски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ го прими уверението за функцијата од претседателот на ОИК на Лозово, Ванчо Пешевски. Уверенијата им беа врачени и на членовите од новиот Совет на Општина Лозово од кои тројца се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, тројца од коалицијата на СДСМ, еден од ТМРО, еден назависен и еден од ДОМ. Како што информира за МИА, новиот градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, денеска не дошло до средба и физичко примопредавање на функцијата меѓу него и досегашниот градоначалник Ацо Велковски од коалицијата на СДСМ, бидејќи тој не дошол на свеченоста. -Ми беше оставен само лист од него и тоа што ми остава од движен имот во канцеларијата на Општина Лозово.Тој не дојде да поразговара со мене и физички да ми ја предаде функцијата, како и да ме информира што се’ од започнати проекти ми остава, појасни новиот градоначалник Цветковски. Тој најави дека идната недела ќе се одржи и конститутивна седница на Советот на Општина Лозово. Инаку, новиот градоначалник досега работеше во Министерството за информатичко општество и администрација во Скопје, а има завршено два факултети Применета политика и дипломатија, а на Правниот факултет специјализирал во делот на казнено право.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-lozovo-dodeleni-uverenijata-za-gradonachalnik-i-za-sovetnici/feed/ 0
Цветковски: Лозово ќе стане општина на социјална сигурност, повеќе пари за социјални трансфери https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/cvetkovski-lozovo-kje-stane-opshtina-na-socijalna-sigurnost-povekje-pari-za-socijalni-transferi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/cvetkovski-lozovo-kje-stane-opshtina-na-socijalna-sigurnost-povekje-pari-za-socijalni-transferi/#respond Fri, 15 Oct 2021 16:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=579788

„Како човек, кој досегашниот животен век го поминал во општина Лозово, ја знам душата на секое населено место. Ги познавам секојдневните маки и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, бидејќи тоа се и мои маки и проблеми“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Лозово, Бошко Цветковски. Цветковски додаде дека во изминативе четири години Лозово стана општина од која секојдневно младите заминуваат, а селата се празнат, со населени места кои во 21 век немаат здрава и чиста вода за пиење, со пад на електричниот напон при секоја промена на временските услови, села кои се уште се со септички јами, неисчистени улици и непроодни патишта во зимскиот период, депонии на секој чекор, се поголем број на граѓани и семејства кои живеат под прагот на сиромаштија или се наоѓаат во положба на социјален ризик, земјоделци кои мака мачат како да го продадат она што го произвеле, и кои едвај врзуваат крај со крај, нефункционални месни заедници, маргинална улога на младите, затворена и заробена општина, општина во која секојдневно административни службеници излегуваат пред телевизиските камери за јавно да бараат помош од институциите, како би ја запреле голготата која секојдневно ја доживуваат од локалните шерифи! „Како градоначалник на општина Лозово, пред граѓаните ке понудам концепт на одговорно работење и ќе бидам подготвен да  им излезам во пресрет за сите потреби, информации и помош во решавање на нивните проблеми. Ќе се залагам за зголемена ефективност и одговорност на локалните власти во нивното работење и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуки за прашања што за нив се од суштинско значење. Локалните претставници ќе бидат секојдневно со вас, како би биле во директна комуникација со граѓаните во сите населени места, спроведувајќи една од најдобрите светски практики за подобрување на распределба на локалните буџетски средства“, рече Цветковски. Цветковски посочи дека по принципот на партиципативно буџетирање сите граѓани би имале еднакви можности да бидат вклучени во донесувањето на одлуки за намена на општинските финансии. На тој начин, граѓанинот ќе го добие местото што го заслужувал отсекогаш. Тој е централна клетка од која поаѓаат и се разменуваат информации преку креаторите на локалната политика и корисниците на услугите. „Посебен акцент ќе ставиме на локалниот економски развој кој значи потреба од директна работа за економско зајакнување на локалните области за да се подобри квалитетот на живот на граѓаните“, нагласи Цветковски. Цветковски укажа дека на територијата на општина Лозово постои индустриска зона која опфака 40 парцели, но сведоци сме дека до сега нема заинтересираност кај ниту еден инвеститор. Во оваа насока тој и неговиот тим ќе изготват план и стратегија за промоција на индустриската зона, нејзините карактеристики и поволности со цел привлекување на инвеститори коишто ќе отворат нови производителни погони од областа на текстилната и прехранбена индустрија. Изградбата на индустриски комплекси од ваков вид би го олеснила секојдневниот живот на граѓаните од оваа област на начин што нема да патуваат и да бараат работа, како и да се отселуваат во друг град. „Во мојата програма се содржани многу детални проекти, поделени како итни и приоритетни и проекти со подолг рок кои се стратешки, поголеми и поскапи. Лозово е мала општина, но за нас кои сме се родиле, растеле и живееме тука е најважната општина. Токму затоа, наши основни приоритети ќе бидат: Стоп за регионалната ФАБРИКА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МРШИ; Градиме инфраструктура за сите населени места подеднакво; Лозово да биде чиста животна средина; Локален економски развој; Еднакви можности за сите; Општина на социјална сигурност – повеќе пари за социјални трансфери; Квалитетно образование за сите; Квалитетни и оддржливи комунални услуги; Младите во фокусот на локалните политики; Транспарентна, отчетна, услужна, правична, отворена општина за сите граѓани“, вети Цветковски. Цветковски додаде дека визијата, стратегијата и планираните активности треба да бидат реални и возможни за имплементација од страна на општината, а не само нејзини желби и соништа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/cvetkovski-lozovo-kje-stane-opshtina-na-socijalna-sigurnost-povekje-pari-za-socijalni-transferi/feed/ 0
Цветковски: Создаваме нова иднина – Најпрво ќе го решам проблемот со водата за пиење во Лозово, и ќе ги променам водоводните и канализациони мрежи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/cvetkovski-sozdavame-nova-idnina-najprvo-kje-go-resham-problemot-so-vodata-za-pienje-vo-lozovo-i-kje-gi-promenam-vodovodnite-i-kanalizacioni-mrezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/cvetkovski-sozdavame-nova-idnina-najprvo-kje-go-resham-problemot-so-vodata-za-pienje-vo-lozovo-i-kje-gi-promenam-vodovodnite-i-kanalizacioni-mrezi/#respond Thu, 30 Sep 2021 10:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=570607

„Во изминатиот период се случуваа работи, не по добро, има земање класични провизии. Има злоупотреба на финансиските средства, направени се проекти за една употреба. Ја барам поддршката од граѓаните затоа што сум чесен и имам визија и знам што се потребите на граѓаните, вели кандидатот за градоначалник на општина Лозово од ВМРО-ДПМНЕ Бошко Цветковски во гостување во емисијата Студио 10 на ТВ 24. Цветковски рече дека одлика на актуелниот градоначалник од СДСМ Велковски е да ја замајува јавноста, посочувајќи дека набавил две пинг понг маси, една корпа за отпадоци и две клупи за 15.000 евра, иронично кажувајќи за место каде што од 365 дена, ветер дува 366 дена. -Замајувањето на јавноста ви е одлука, само тоа и го правите. На граѓаните не им се потребни пинг понг маси на подрачје каде што од 365 дена 366 дува ветер, една клупа овде чини 14.160 денари, значи за две пинг понг маси, една корпа за отпадоци и две клупи имате платено 309.013 денари. Значи ова не се проекти со кои вие го подобрувате животниот стандард на граѓаните. Значи вие имате потрошено 15.000 евра, јас нема да потрошам 15.000 евра, вели Цветковски. Цветковски вети промена на водоводната и канализациона мрежа и решавање на проблемот со водата за пиење, укажувајќи дека жителите на Лозово пијат вода нечиста вода и покрај обидите на општината да го сокрие тоа. -Жителите на општина Лозово најпрво треба да очекуваат чиста и здрава вода за пиење она што е најважно во моментот да се обезбеди таа чиста и здрава вода за пиење. Во последниот период знаеме дека хемиски бактериолошки водата за пиење не е исправна, но ова е вешто сокриено од страна на општината. Градоначалникот Велковски ветуваше изградба на пречистителна станица за водоснабдување, меѓутоа до ден денеска немаме ништо од тоа. Напротив имаме нечиста вода за пиење, а во поголемиот дел од летниот период и воопшто ја нема, рече тој. Имаме испланирано да донесеме вода од системот Злетовица и да изградиме прочистителна станица. Во моментот има цевковод, донесена е водата до општина Лозово, меѓутоа ние предвидуваме филтер станица со 20 литри во секунда и цевковод од 12 километри до сите населени места. Мора еднаш засекогаш да се реши овој проблем. Во делот на Лозово знаеме дека имаме стара мрежа со железни цевки и истата мора да биде променета, нагласи Цветковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/cvetkovski-sozdavame-nova-idnina-najprvo-kje-go-resham-problemot-so-vodata-za-pienje-vo-lozovo-i-kje-gi-promenam-vodovodnite-i-kanalizacioni-mrezi/feed/ 0
Цветковски: Граѓани на Лозово ве повикувам сите заедно да ставиме крај на политиката на локално шерифување на поединци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetkovski-gragjani-na-lozovo-ve-povikuvam-site-zaedno-da-stavime-kraj-na-politikata-na-lokalno-sherifuvanje-na-poedinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetkovski-gragjani-na-lozovo-ve-povikuvam-site-zaedno-da-stavime-kraj-na-politikata-na-lokalno-sherifuvanje-na-poedinci/#respond Sat, 04 Sep 2021 13:53:39 +0000 https://kurir.mk/?p=559324

Напредокот на општината е цел кон која сите заедно мораме да работиме и да се залагаме. Како човек кој досегашниот животен век го поминал во општина Лозово ја знам душата на секое населено место, ги познавам секојдневните маки и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, бидејќи тоа се мои маки и проблеми,  истакнува Бошко Цветковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Лозово. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција: Лозово е нашиот заеднички дом, ама не вакво какво што е денес. Какво е тоа Лозово во кое секојдневно младите заминуваат, а селата се празнат. Со населени места кои во 21 век немаат здрава и чиста вода за пиење, со пад на електричниот напон по секоја промена на временските услови. Села кои се се уште со септички јами, неисчистени улици и непроодни патишта во зимскиот период. Депонии на секој чекор. Се поголем број на граѓани и семејства кои живеат под прагот на сиромаштија или се наоѓаат во положба на социјален ризик. Земјоделци кои мака мачат да го продадат она што го произвеле и едвај врзуваат крај со крај. Нефункционални месни заедници, маргинална улога на младите, затворена и заробена Општина. Општина во која секојдневно административни службеници излегуваат во јавност и јавно бараат помош од институциите како би ја запреле голготата која секојдневно ја доживуваат од локалните шерифи. За тоа јас и мојот тим преземаме голема обврска и сиот наш интегритет, интелектуален капацитет, секој атом од нашата сила и енергија ќе го вложиме во конечна победа на сите пречки што се исправиле на патот на прогресот на нашата општина. Како градоначалник на општина Лозово пред граѓаните ќе понудам концепт на одговорно работење и ќе бидам подготвен да им излезам во пресрет за сите потреби и информации и помош во решавање на нивните проблеми. Ќе се залагам за зголемена ефективност и одговорност на локалните власти во нивното работење и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуки за прашања што за нив се од суштинско значење. Токму за тоа наши основни приоритети ќе бидат: Стоп за регионалната фабрика за уништување на мрши. Градиме инфраструктура за сите населени места подеднакво. Лозово да биде чиста животна средина. Локален економски развој, повеќе пари кај граѓаните, еднакви можности за сите. Општина на социјална сигурност, повеќе пари за социјални трансфери. Квалитетно образование за сите. Квалитетни и одржливи комунални услуги. Младите во фокусот на локалните политики. Транспарентна, отчетна, услужна, правична и отворена општина за сите граѓани. Визијата, стратегијата и планираните активности треба да бидат реални и возможни за имплементација од страна на општината, а не само нејзини желби и соништа. Цврсто верувам дека со мојот начин на работа ќе успеам проектите содржани во програмата да ги исполнам во целост и да постигнам видливи резултати. За тоа ве повикувам сите заедно да ги започнеме промените и да означиме крај на омразата, на поделбите, и на нетрпеливоста, на политиката на локално шерифување на поединци. Ако си еден од тие кои ги потценија, ако ти направија неправди, ако пробаат да те излажат, ако мислат дека може да те поседуваат тогаш секој од вас знаат што е одговорот. И знам дека ќе ја добиеме оваа битка, сите заедно рамо до рамо сложно  овде во нашето заедничко Лозово ќе славиме нов почеток и промени за подобар живот за сите нас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetkovski-gragjani-na-lozovo-ve-povikuvam-site-zaedno-da-stavime-kraj-na-politikata-na-lokalno-sherifuvanje-na-poedinci/feed/ 0
СДСМ во Лозово спроведува популизам и лицемерие а ги прикажува како Еко Акција за чиста животна средина, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sdsm-vo-lozovo-sproveduva-populizam-i-licemerie-a-gi-prikazuva-kako-eko-akcija-za-chista-zivotna-sredina-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sdsm-vo-lozovo-sproveduva-populizam-i-licemerie-a-gi-prikazuva-kako-eko-akcija-za-chista-zivotna-sredina-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/#respond Tue, 01 Oct 2019 17:40:00 +0000 https://kurir.mk/?p=247166

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово, Бошко Цветковски со своја реакција упатена во јавноста ги критикуваше последните активности на активистите на СДСМ во нивната општина. Во врска со спроведената акција „Еко Акција за чиста животна средина” која што од Општинската организација на СДСМ од Лозово ја реализираа, Бошко Цветковски истата ја окарактеризира како „Популизам и лицемерие“ . Деновиве СДС под мотото „Еко Акција за чиста животна средина“ наводно има спроведено некаква акција за собирање смет по улиците и зелените површини…Јас би направил корекција во насловот и би ја нарекол „Популизам и лицемерие“, -соопштува Претседателот на опозицијата во Лозово и го аргументира своето тврдење во продолжение: Зошто „Популизам“? – Затоа што ако ги погледнете сликите во прилог,ќе забележите неколку интересни факти: 1.Нема отпадоци на местата каде што наводно собираат отпад. 2.Се шетаат со празни вреќи за отпадоци. 3.по завршувањето на аквијата,повторно празни кеси. 4.Коментари од граѓани кои кажуваат дека нема потреба од еко акција таму ,бидејки работниците на ЈКП веќе исчистиле.. Зошто „Лицемерие“ Повторно факти со слики и видеа во коментар.. 1.Најпрво бевме сведоци како се сечат повеќегодишни дрва во кругот на општината за кои се сомневаме дека не била издадена дозвола за сеча,што по закон е кривично дело. 2.Никој не знае каде завршиле и за кои цели биле искористени пресечените дрва. 3.Се грижиш за шивотната средина но ги уништуваш белите дробови на природата…Лицемерно нели? Во поткрепа на своите аргументи Бошко Цветковски во јавноста упати и фотографии на кои се гледаат како активисти на СДСМ ОО Лозово симулираат собурање отпад на веќе исчистени површини со празни вреќи за отпат и голем број исечени дрва на повеќе места во општината. Дел од овие фотографии ги објавуваме во продолжение:     Превземено од Брегалнички.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sdsm-vo-lozovo-sproveduva-populizam-i-licemerie-a-gi-prikazuva-kako-eko-akcija-za-chista-zivotna-sredina-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/feed/ 0