Бошко Ѓуровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Apr 2023 04:58:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бошко Ѓуровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓуровски: Капа долу за тебе мој пријателе Дарко, ти си права легенда https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gurovski-kapa-dolu-za-tebe-moj-prijatele-darko-ti-si-prava-legenda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gurovski-kapa-dolu-za-tebe-moj-prijatele-darko-ti-si-prava-legenda/#respond Tue, 25 Apr 2023 04:58:31 +0000 https://kurir.mk/?p=827092

Во име на актуелниот фудбалски шампион на Србија на промоцијата на филмот на Дарко Панчев - „Патот на Кобрата до ѕвездите“ - беше и некогашниот репрезентативец на Македонија, а сегашен тренер Бошко Ѓуровски. Тој имаше обраќање пред присутните во кое му честита на играчот за се што направи низ богатата кариера и посочи дека овој документарец е заслужен. „Даре мој, во името на Црвена Звезда и мое лично име сакам да ти пренесам поздрави од сите генерации на клубот. Зборував со големи играчи во изминатите денови. Имаш и голем поздрав од Милко. Фудбалерите во клубовите ги делам на легенди, мајстори и во трета група се тие што не се сеќаваат дека играле за Вардар и за Црвена Звезда. Жалам, ама тоа е вистината. Тука имаме многу легенди на Црвена Звезда и Вардар. Легенда се станува на два начина, со верност во клубот или со посебен допринос. Јас сум љубоморен на тебе малку Дарко, во три до четири години стана легенда, а јас терав десет години, па тогаш да ми каже некој легендо како си. Затоа, голема благодарност за се што даде на Црвена Звезда, ќе ги цитирам Французите - „chapeau mon ami“ (шапка долу, мајсторе н.з)“, изјави Ѓуровски. На промоцијата Бошко Ѓуровски му го подари новиот дрес на Црвена Звезда на Дарко Панчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gurovski-kapa-dolu-za-tebe-moj-prijatele-darko-ti-si-prava-legenda/feed/ 0
Бошко Ѓуровски нов тренер на јапонскиот второлигаш Кјото Санга https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/boshko-gjurovski-nov-trener-na-japonskiot-vtoroligash-kjoto-sanga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/boshko-gjurovski-nov-trener-na-japonskiot-vtoroligash-kjoto-sanga/#respond Sat, 12 May 2018 14:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=53495

Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски е назначен за нов тренер на јапонскиот второлигаш Кјото Санга. Ѓуровски, кој крајот на минатата сезона го заврши на клупата на српскиот фудбалски клуб Црвена звезда, од почетокот на оваа сезона беше помошен тренер во Кјото. Раководството на јапонскиот клуб го именуваше Ѓуровски за нов шеф на стручниот штаб, откако досегашниот прв тренер, Јапонецот Таканори Нунобе, доби отказ. За 56-годишниот фудбалски стручњак ова ќе биде втор тренерски ангажман во Јапонија, откако во 2016 година беше тренер на прволигашот Нагоја. Ѓуровски го очекува жестока битка за опстанок во втората лига, бидејќи Кјото Санга по 13 кола е последен на табелата со девет бодови. Во својата тренерска кариера тој ги водеше и екипите на швајцарски Сервет, како и српските Црвена звезда, Рад и Раднички Обреновац.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/boshko-gjurovski-nov-trener-na-japonskiot-vtoroligash-kjoto-sanga/feed/ 0