бостан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Aug 2020 21:11:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бостан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Четиристотини тони бостан во Егри чека за откуп: Жителите бараат помош од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetrstotini-toni-bostan-vo-egri-cheka-za-otkup-zitelite-baraat-pomosh-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetrstotini-toni-bostan-vo-egri-cheka-za-otkup-zitelite-baraat-pomosh-od-drzavata/#respond Wed, 19 Aug 2020 20:22:48 +0000 https://kurir.mk/?p=392856

Во битолското село Егри во моментот дури 400 тони бостан чека за откуп. Производителите на љубеници, кои највеќе успеваат во ова битолско село, не знаат што да прават со љубениците. Тракторите се преполни со бостан и веќе немаат каде да ги складираат, пишува Новамакедонија.ком.мк До пред извесно време откупот одел добро и трговците биле заинтересирани за откуп, бидејќи го извезувеле бостанот, меѓутоа сега и нив ги нема, зашто, како што велат жителите од Егрим лубениците стасале и во соседните земји, па затоа опаднал интересот. Тоа што најмногу ги плаши земјоделците од Егри е што на нивите има уште најмалку 400 тони бостан и тие се плашат дека најголемиот дел од него ќе остане на нивите. Затоа мештаните од Егри апелираат за помош од државата и откуп на бостанот. Фото:Димитар Петковски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetrstotini-toni-bostan-vo-egri-cheka-za-otkup-zitelite-baraat-pomosh-od-drzavata/feed/ 0
Родот речиси уништен, земјоделците мака мачат со откупот на бостан- министерот вели дека се било добро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodot-rechisi-unishten-zemjodelcite-maka-machat-so-otkupot-na-bostan-ministerot-veli-deka-se-bilo-dobro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodot-rechisi-unishten-zemjodelcite-maka-machat-so-otkupot-na-bostan-ministerot-veli-deka-se-bilo-dobro/#respond Tue, 10 Jul 2018 18:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=75348

Скоро 80% од бостанот скапува по нивите, а земјоделците најверојатно ќе останат со празен џеб, зашто пласманот бил катастрофален, се жалат производителите на лубеници. Тоа за министерот за земјоделство не било точно. Тој уште еднаш рече дека проблеми нема. Во изминатава една недела, вели, биле откупени околу 1.000 тони бостан, пренесува Алфа ТВ. И додека надлежните и натаму тврдат дека со бостанот нема никаков проблем, родот скапува по нивите или на откупните центри, Сликата од терен е алармантна. Производителите на лубеници се жалат дека мака мачат со откупот. Велат дека заработка речиси и да нема, зашто цената за килограм била многу ниска. Прстот го вперуваат во ресорниот министер, кој како што велат, не мрднал ни со прст, а камо да им помогне. Опозицијата го потсети министерот дека сегашната власт имала увезено шест ипол илјади тони бостан, а извезено само две и пол илјади тони, што директно влијаело на ниската откупна цена. Потсетија и дека во 2016 година од земјава биле извезени 11.000 тона бостан. Слабиот откуп и климатските промени освен бостанот, да скапуваат ги оставија и доматите, краставиците, пиперките, тутунот и житото,откако невремето во струмичкиот и битолскиот регион го уништи родот. Проценители се на терен и деновиве ќе се знае точно колкави се штетите. Оваа сезона за земјоделците е завршена. Убедени се дека ќе останат со празни раце, додека министерот од својот кабинет, вели дека штетите не биле толку алармантни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodot-rechisi-unishten-zemjodelcite-maka-machat-so-otkupot-na-bostan-ministerot-veli-deka-se-bilo-dobro/feed/ 0
ФОТО: Само за да не се фрли, бостанот се дели без пари на бензинска пумпа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-samo-za-da-ne-se-frli-bostanot-se-deli-bez-pari-na-benzinska-pumpa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-samo-za-da-ne-se-frli-bostanot-se-deli-bez-pari-na-benzinska-pumpa/#respond Sat, 07 Jul 2018 10:11:41 +0000 https://kurir.mk/?p=74099

На бензинска пумпа во Струмица и Кавадарци бостанот се дели без пари само за да се фрли во реката. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски нема слух за проблемите на земјоделците кои веќе подолго време се жалат на ниската откупна цена. Цената падна под 3 денари, а тие велат дека откупната цена не ги покрива ниту основните трошоци.

Земјоделците во изминатиот период неколку пати протестираа и го фрлаа бостанот на улици за да извршат притисок до министерот за да им помогне, но засега ниту тој, ниту ресорното Министерство немаат слух за нивните проблеми. Тие вчера го блокираа регионалните пат за Струмица кај клучката во близина на Смоларе. Земјоделците се жалат и на игнорантскиот однос на Владата и Министерството за земјоделство, кое не им помага во решавањето на проблемот со откупот.

-Претставуваат лажна слика, додека ние ќе го фрлиме бостанот бидејќи не се исплати да го даваме без пари. Имаме министер кој не знае ниту З од земјоделие, вели 45 годишниот Трајко Митрески производител на бостан од струмичко. -Мораме да блокираме, маката не тера, мора да се сврти вниманието за нашиот проблем бидејќи владата не` игнорира, вели Трајко Терзиевски од Струмица. Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски засега се на ставот дека нема посериозни проблеми со откупот на бостан и дека ја следат ситуацијата на дневна основа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-samo-za-da-ne-se-frli-bostanot-se-deli-bez-pari-na-benzinska-pumpa/feed/ 0
Револтирани земјоделци го блокираа струмичкиот регионален пат, незадволни се од откупот на бостан (Фото) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/revoltirani-zemjodelci-go-blokiraa-strumichkiot-regionalen-pat-nezadvolni-se-od-otkupot-na-bostan-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/revoltirani-zemjodelci-go-blokiraa-strumichkiot-regionalen-pat-nezadvolni-se-od-otkupot-na-bostan-foto/#respond Fri, 06 Jul 2018 12:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=73845

Денес од 9 часот изутринава, неколку часа беше блокиран регионалниот пат за Струмица кај клучката во близина на Смоларе. Производителите се незадоволни од откупот на бостан. Цената падна под 3 денари, а земјоделците велат дека откупната цена не ги покрива ниту основните трошоци. Тие се жалат и на игнорантскиот однос на Владата и Министерството за земјоделство, кое не им помага во решавањето на проблемот со откупот. -Претставуваат лажна слика, додека ние ќе го фрлиме бостанот бидејќи не се исплати да го даваме без пари. Имаме министер кој не знае ниту З од земјоделие, вели 45 годишниот Трајко Митрески производител на бостан од струмичко. -Мораме да блокираме, маката не тера, мора да се сврти вниманието за нашиот проблем бидејќи владата не` игнорира, вели Трајко Терзиевски од Струмица. Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски засега се на ставот дека нема посериозни проблеми со откупот на бостан и дека ја следат ситуацијата на дневна основа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/revoltirani-zemjodelci-go-blokiraa-strumichkiot-regionalen-pat-nezadvolni-se-od-otkupot-na-bostan-foto/feed/ 0
ВИДЕО: Бостанџиите почнаа да го кршат бостанот незадоволни од цената за откуп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-bostandziite-pochnaa-da-go-krshat-bostanot-nezadovolni-od-cenata-za-otkup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-bostandziite-pochnaa-da-go-krshat-bostanot-nezadovolni-od-cenata-za-otkup/#respond Tue, 03 Jul 2018 13:17:05 +0000 https://kurir.mk/?p=72525

Земјоделците почнаа да ги кршат бостаните незадоволни од откупната цена која е само три денари. Тие решија да го стопираат откупот, бидејќи како што велат цената која е моментално, не им е доволна ниту да ги вратат трошоците кои се направени за одгледувањето. Тие револтирани од односот на Владата, Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски, почнаа да го кршат бостанот од земја. Инаку, земјоделците веќе неколку дена реагираат на катастрофалната цена за откуп на бостанот. Не требаше да помина долг период за да се види дека владата на СДСМ ги остави земјоделците буквално на цедило. Минатата година земјоделците се жалеа на несериозноста од страна на министерот Николоски и во знак на револт беа принудени да протестираат и бостанот да го фрлаат  пред министерството за земјоделие. Истиот проблем земјоделците го имаат и оваа година кога владата нема слух за нивните проблеми. Според домашните одгледувачи, министерството за земјоделие воопшто не ги сфаќа сериозно нивните барања и проблеми. Граѓани стравуваат и за животна егзистенција за себе и за своите семејства, бидејќи одгледувањето на бостан им е единствен пат до доаѓање на парче леб за нивните семејства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-bostandziite-pochnaa-da-go-krshat-bostanot-nezadovolni-od-cenata-za-otkup/feed/ 0
Бостанџиите се кренаа на протест, Владата без слух за откупот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bostandziite-se-krenaa-na-protest-vladata-bez-sluh-za-otkupot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bostandziite-se-krenaa-na-protest-vladata-bez-sluh-za-otkupot/#respond Tue, 03 Jul 2018 11:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=72442

Откуп на бостанот нема ниту денеска, причината повторно е ниската цена за откуп. Земјоделците незадоволни од односот на Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски кој не презема ништо за решавање на овој проблем. Цената по која треба да се врши откупот денеска е три денари, а е главната причина поради која откупот е стопиран, а земјоделците се решија за протест. Бостанџиите велат дека цената на бостанот три денари, што според е катастрофа. Тие упатија повик и до министерот да дојде да ја среди работата. -Три денари, бостанот скапа по нивите, што не оди. Го повикувам министерот итно да дојде, да види каква е ситуацијата и Владата да засука ракави, да му помогне на земјоделецот, изјави еден од земјоделците. Тој кажа дека бостанот ќе скапа и дека Владата треба да помогне за оваа земјоделска гранка да не исчезне. Ова е втора година откако производителите на бостан маки мачат со ниската откупна цена откако СДСМ  е на власт нивните проблеми никако не завршуваат, а револтот е се поизразен деновиве поради слабата реакција на владата на СДСМ и министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој ветуваше „подобар живот за сите“. Инаку, земјоделците веќе неколку дена реагираат на катастрофалната цена за откуп на бостанот. -Нас три денари не не покриваат воопшто. Тука сме на нивата и ја гледаме каква е состојбата со бостанот. Бостанот ни е уништен веќе. 50 до 60% сигурно ќе ни остане на нивата. Лани се надевавме на некаков откуп, имаше некаков откуп, зедовме за трошоците пари ама таа година е многу поголема катастрофа од лани, кажа пред два дена Станислав Пујкиловиќ, земјоделец од струмичко, кој пред камерите на медиумите ја коментира трагедијата со која се соочуваат. Не требаше да помина долг период за да се види дека владата на СДСМ ги остави земјоделците буквално на цедило. Минатата година земјоделците се жалеа на несериозноста од страна на министерот Николоски и во знак на револт беа принудени да протестираат и бостанот да го фрлаат  пред министерството за земјоделие. Истиот проблем земјоделците го имаат и оваа година кога владата нема слух за нивните проблеми. Според домашните одгледувачи, министерството за земјоделие воопшто не ги сфаќа сериозно нивните барања и проблеми. Граѓани стравуваат и за животна егзистенција за себе и за своите семејства, бидејќи одгледувањето на бостан им е единствен пат до доаѓање на парче леб за нивните семејства.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bostandziite-se-krenaa-na-protest-vladata-bez-sluh-za-otkupot/feed/ 0
Откупот на бостан во застој, земјоделците бараат итна средба со Николовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkupot-na-bostan-vo-zastoj-zemjodelcite-baraat-itna-sredba-so-nikolovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkupot-na-bostan-vo-zastoj-zemjodelcite-baraat-itna-sredba-so-nikolovski/#respond Fri, 29 Jun 2018 17:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=71329

Површините со бостан се скоро преполовени во однос на лани, а откупот речиси во целост стагнира. Голем дел од производството се уште е по нивите и доколку не се преземе нешто најголемиот дел од родот ќе скапе, реагираат производителите на бостан од струмичкото село Колешино. За Сител велат од десет магацини во подбеласичкиот регион откуп вршел само еден и тоа најмногу по еден шлепер дневно. -Некни беше пет денари, сега три до два денари дали има и тоа на прекупците. Нема никаков откуп, а ако има, има за некој, за другите нема, за пет души само, вели Ванчо Мирле за Сител кој е производител на бостан. -Стои во нивите. Уште некое време ќе стои и може да скапе ако не се организира да дојдат од горе од Министерството за земјоделие, посочува Здравко Гуцев, производител на бостан. -Од лани е десеткувано производството. 60 па дури и 70%  е намалена површината со бостан општо во подгоријата. Се надевавме на некоја пристојна цена од 5 до 7 денари. Значи откупот е нула и во застој, нагласува Панчо Тилев кој исто така е производител на бостан. Освен на слабиот откуп производителите реагираат и на ниските откупни цени кои не ги покривале ниту основните трошоци. -Нас три денари не не покриваат воопшто. Тука сме на нивата и ја гледаме каква е состојбата со бостанот. Бостанот ни е уништен веќе. 50 до 60% сигурно ќе ни остане на нивата. Лани се надевавме на некаков откуп, имаше некаков откуп, зедовме за трошоците пари ама таа година е многу поголема катастрофа од лани, вели Станислав Пујкиловиќ. Производителите на бостан од Колешино бараат итна средба со министерот за земјоделие, да разговараат и заеднички да најдат решение за надминување на состојбата. Во спротивно, земјоделците не ја исклучуваат можноста и од масовни протести и блокада на граничниот премин Ново Село.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkupot-na-bostan-vo-zastoj-zemjodelcite-baraat-itna-sredba-so-nikolovski/feed/ 0
Има криза со откупот на бостанот, земјоделците бесни на Министерството за земјоделие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-kriza-so-otkupot-na-bostanot-zemjodelcite-besni-na-ministerstvoto-za-zemjodelie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-kriza-so-otkupot-na-bostanot-zemjodelcite-besni-na-ministerstvoto-za-zemjodelie/#respond Thu, 28 Jun 2018 09:57:54 +0000 https://kurir.mk/?p=70670

Производителите на бостан загрижени поради достигнатата ниска цена на бостанот. Тој овие денови се продава по само 5 денари за килограм што е исклучително ниска цена ако се знае дека тоа не ги покрива минимум трошоците за производство на овој земјоделски производ. Дополнително грижата е уште поголема ако се знае дека се откупени само 30 отсто од бостанот и таа цена ќе паѓа засилено наредниот период. Досега нема никаква реакција од Министерството за земјоделие и министерот Љупчо Николовски кон кого се насочени земјоделските барања за интервенција во откупната цена и зголемена поддршка. Но засега нема слух за земјоделските барања. Стојан Петрески од струмичко кој е долгогодишен производител на бостан изјавува дека бостанот наместо на трпеза заврши во реките, владата нема никаков слух. -15 години садам бостан, како што е оваа година лошо, никогаш не било порано. 5 денари е потценувачка  цена, не стига ниту за основните трошоци на крај поисплатлив ќе ни биде да го фрлиме во река, вели земјоделецот Петрески. Најпогоден регион е струмичкиот, струмичкото поле, Босилево, Василево, Ново село, но со истиот проблем го има и во другите делови од државатакаде има насадено бостан. Земјоделците најавуваат порадикални мерки доколку нема брза реакција од владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-kriza-so-otkupot-na-bostanot-zemjodelcite-besni-na-ministerstvoto-za-zemjodelie/feed/ 0