бостон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Aug 2023 18:15:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бостон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку седуммина повредени во пукање на карипска парада во Бостон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedummina-povredeni-vo-pukane-na-karipska-parada-vo-boston/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedummina-povredeni-vo-pukane-na-karipska-parada-vo-boston/#respond Sat, 26 Aug 2023 18:15:09 +0000 https://kurir.mk/?p=871296

Најмалку седум лица се повредени во пукање за време на карипска парада во бостонскиот кварт Дорчестер, соопшти денеска полицијата. Повредените биле пренесени во локалните болници. Тие имаат повреди кои не се опасни по живот, а неколку лица се уапсени и пронајдено е огнено оружје, изјави наредникот на бостонската полиција Џон Бојл. Пукањето се случило за време на парадата Жувер, која е дел од градскиот карипски карневал. Полицијата соопшти дека дојавите за пукањето почнале да пристигнуваат околу 7:45 часот по локално време. „Денешното масовно пукање ја нагласува кризата со оруженото насилство со која се соочуваме. Ова е вонредна состојба за јавното здравје и јавната безбедност“, рече претседателот на Градскиот совет на Бостон, Ед Флин. Пукањето се случило на почетокот на прославата на 50-годишнината од карневалските поворки во Бостон.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedummina-povredeni-vo-pukane-na-karipska-parada-vo-boston/feed/ 0
Сем Касел се сели во стручниот штаб на Бостон https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sem-kasel-se-seli-vo-struchniot-shtab-na-boston/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sem-kasel-se-seli-vo-struchniot-shtab-na-boston/#respond Mon, 05 Jun 2023 20:13:50 +0000 https://kurir.mk/?p=842488

Трофејниот поранешен американски кошаркар Сем Касел (53) се согласи да биде дел од стручниот штаб на НБА лигашот Бостон, кој и во следната сезона ќе го предводи Џое Мазула. Касел одигра 15 НБА сезони во својата кошаркарска кариера и освои три шампионски титули, две со Хјустон (1994 и 1995) и една со Бостон (2008). Последните девет години ги мина како помошник на Док Риверс, од 2014 до 2020 во ЛА Клиперс, и од 2020 до 2023 во Филаделфија. Касел претходно беше помошник тренер во Вашингтон од 2009 до 2014 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/sem-kasel-se-seli-vo-struchniot-shtab-na-boston/feed/ 0
Џо Мазула останува на клупата на Бостон https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dho-mazula-ostanuva-na-klupata-na-boston/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dho-mazula-ostanuva-na-klupata-na-boston/#respond Sat, 03 Jun 2023 06:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=841635

Американскиот кошаркарски тренер Џо Мазула и следната сезона ќе го предводи НБА лигашот Бостон. Младиот 34-годишен Мазула дојде во Бостон на почетокот на оваа сезона на местото на Име Удока, кој доби отказ поради кршење на клупските правила. Во својата дебитантска сезона Мазула го предводеше Бостон до финалето во Источната конференција во кое загуби од Мајами (3-4). „Станува збор за одличен водач, а со искуството кое го стекна оваа сезона, можеме да бидеме само подобри, бидејќи секогаш се обидува да научи нешто повеќе“, изјави спортскиот директор на Бостон, Бред Стивенс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dho-mazula-ostanuva-na-klupata-na-boston/feed/ 0
Бостон на чекор до историја https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-na-chekor-do-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-na-chekor-do-istorija/#respond Sun, 28 May 2023 08:19:16 +0000 https://kurir.mk/?p=839652

Кошаркарите на Бостон изборија „мајсторка“ во финалето на Источната конференција во НБА лигата, совладувајќи го синоќа во шестиот натпревар Мајами со 104-103 на гостински терен, а победничкиот кош со звукот на сирената го постигна Дерик Вајт. Бостон израмни во серијата на 3-3 и во седмиот натпревар пред своите гледачи ќе има шанса да стане прва екипа во историјата на НБА лигата која победила во плејоф серијата по негатива од 0-3. Покрај Вајт, голема заслуга за триумфот на Бостон имаа и Џејсон Тејтум со 31 и Џајлен Браун со 26 поени, иако обајцата не успеаја да погодат ниту една тројка од 12 обиди. Решавачкиот седми натпревар е на програмата во Бостон во ноќта меѓу понеделник и вторник во 02:30 часот по средноевропско време. Победникот ќе игра во големото финале за шампионската титула против Денвер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-na-chekor-do-istorija/feed/ 0
НБА: Бостон обезбеди полуфинале на Истокот откако ја елиминира Атланта. https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-boston-obezbedi-polufinale-na-istokot-otkako-ja-eliminira-atlanta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-boston-obezbedi-polufinale-na-istokot-otkako-ja-eliminira-atlanta/#respond Fri, 28 Apr 2023 08:17:34 +0000 https://kurir.mk/?p=828561

Кошаркарите на Бостон се пласираа во второто коло од плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата, откако на гостински терен славеа против Атланта со 128:120 и со тоа ја добија серијата со 4:2. Бостон ќе игра во полуфиналето на конференцијата против Филаделфија, која на стартот од плеј-офот го елиминираше Бруклин со 4:0. Џејлен Браун ги предводеше Селтикси на овој меч со 32 поени, Тејтум забележа 30 поени и 14 скока, Маркус Смарт додаде 22, додека Ал Хорфорд мечот го заврши со десет поени и 12 скока. Тре Јанг беше најефикасен кај Атланта со 30 поени и десет асистенции, но во последните две четвртини промаши 12 од 13 шута. Првиот натпревар од полуфиналната серија на Истокот меѓу Бостон и Филаделфија е закажан за ноќта меѓу понеделник и вторник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-boston-obezbedi-polufinale-na-istokot-otkako-ja-eliminira-atlanta/feed/ 0
Тренерот на Бостон суспендиран цела сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/trenerot-na-boston-suspendiran-cela-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/trenerot-na-boston-suspendiran-cela-sezona/#respond Fri, 23 Sep 2022 07:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=736484

Актуелниот НБА вицешампион Бостон го суспендираше својот прв тренер Име Удока (45) за целата претстојна сезона 2022/23 поради „кршење на клупската политика“. Удока имаше „непристоен интимен однос“ со вработена во клубот што се коси со клупскиот кодекс на однесување, иако односот бил обострано доброволен. Во клупското соопштение лиферувано синоќа се посочува дека одлуката за иднината на Удоку во редовите на Бостон по завршување на следната сезона ќе биде дополнително донесена. –Им се извинувам на играчите, навивачите и на целата организација на Бостон, како и на моето семејство затоа што ги изневерив. Жалам што екипата ја доведов во толку тешка ситуација и ја прифаќам одлуката на клубот, изјави Удока. Улогата на прв тренер во новата сезона на клупата на Бостон ќе ја извршува досегашниот помошник на Удока, Џое Мацуља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/trenerot-na-boston-suspendiran-cela-sezona/feed/ 0
Бостон размислува да го ангажира Кармело Ентони https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-razmisluva-da-go-angazira-karmelo-entoni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-razmisluva-da-go-angazira-karmelo-entoni/#respond Wed, 31 Aug 2022 09:02:15 +0000 https://kurir.mk/?p=726488

Бостон размислува да потпише со слободниот агент Кармело Ентони по веста за повредата на Данило Галинари. Италијанскиот напаѓач заработи скинат менискус на левото колено и ќе го пропушти Евробаскет 2022 година. Се очекува Галинари да остане надвор од тренинг кампот на Селтикс и да се врати на терените во ноември. Триесет и осумгодишниот Ентони сЕ уште е слободен агент. Минатата сезона со Лејкерси имаше просек од 13,3 поени и 4,2 скока по натпревар. Претходно беше објавено дека Ентони е заинтересиран да се врати во Њујорк, за кој настапуваше од 2011 до 2017 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-razmisluva-da-go-angazira-karmelo-entoni/feed/ 0
НБА планира Бостон и Филаделфија да ја отворат новата НБА-сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-planira-boston-i-filadelfija-da-ja-otvorat-novata-nba-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-planira-boston-i-filadelfija-da-ja-otvorat-novata-nba-sezona/#respond Tue, 16 Aug 2022 12:00:39 +0000 https://kurir.mk/?p=719297

Раководството на НБА-лигата планира со натпреварот на Бостон против Филаделфија да биде отворена сезоната 2022/23, објави инсајдерот Шамс Чаранија. Селтикси, предводени од Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, стигнаа до финалето во 2022 година. Филадефија на Џоел Ембиид и Џејмс Харден беа запрени во второто коло од плеј-офот. Средбата ќе се одржи на 18 октомври во Бостон и најверојатно ќе започне порано од другите натпревари од првиот натпреварувачки ден, со оглед на временските зони. Заутре е најавено објавувањето на целосниот распоред на натпревари за новата сезона. Претходно беше објавено и дека на првиот натпревар од регуларниот дел од сезоната, Голден Стејт ќе биде домаќин на Лејкерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-planira-boston-i-filadelfija-da-ja-otvorat-novata-nba-sezona/feed/ 0
Кер: Сакаме да ја земеме титулата во Бостон https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ker-sakame-da-ja-zememe-titulata-vo-boston/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ker-sakame-da-ja-zememe-titulata-vo-boston/#respond Wed, 15 Jun 2022 07:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=691077

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, изјави дека има намера да ја заврши финалната серијата во НБА-лигата во шест натпревари. – Сакаме да ја освоиме титулата во Бостон. Ќе ја завршиме серијата во Бостон, рече Кер. Шестиот натпревар ќе се одигра на 17 јуни на теренот на Бостон селтикс со почеток во 3 часот по македонско време. Доколку домаќините победат шампионот ќе се решава на седмиот натпревар во Сан Франциско. Голден Стејт може да ја освои четвртата титула во последните осум години кои тимот ги играше под водство на Кер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ker-sakame-da-ja-zememe-titulata-vo-boston/feed/ 0
Голден Стејт го победи Бостон и го презема првото водство во НБА финалето https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/golden-stejt-go-pobedi-boston-i-go-prezema-prvoto-vodstvo-vo-nba-finaleto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/golden-stejt-go-pobedi-boston-i-go-prezema-prvoto-vodstvo-vo-nba-finaleto/#respond Tue, 14 Jun 2022 06:27:37 +0000 https://kurir.mk/?p=690484

Голден Стејт го победи Бостон со 104:94 во петтиот натпревар од финалето на НБА. По ова победа Голден Стејт води со 3:2 и е на само еден чекор од трофејот во најсилната кошаркарска лига на светот. Ниту 27 поени и 10 скока на Џејсон Тејтум не беа доволни Селтикс да го избегнат поразот. Во победничкиот тим се истакна Ендрју Вигинс кој исто така оствари дабл-дабл – 26 поени и 13 скока. Шестиот натпревар ќе се одигра на 17 јуни во Бостон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/golden-stejt-go-pobedi-boston-i-go-prezema-prvoto-vodstvo-vo-nba-finaleto/feed/ 0