боткоин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Nov 2020 13:21:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png боткоин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Биткоинот падна на десетдневниот минимум, повлече и други крипто валути https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-padna-na-desetdnevniot-minimum-povleche-i-drugi-kripto-valuti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-padna-na-desetdnevniot-minimum-povleche-i-drugi-kripto-valuti/#respond Thu, 26 Nov 2020 13:21:30 +0000 https://kurir.mk/?p=434838

Биткоинот денеска падна на најниско ниво во последните 10 дена, поради распродажбата што се прошири на други помали дигитални монети. Биткоинот, најголемата крипто валута во светот, падна за дури 13 проценти на 16.317 американски долари, од највисоките 19.521 долари во средата. Според последните податоци, тргувањето во моментов е во пад од 8,0 проценти. Во текот на годинава, биткоинот зајакна за околу 150 проценти, достигнувајќи ниво малку под својот рекорд на сите времиња, од 19.666 долари. Неговиот раст е поттикнат од побарувачката за поризични средства, но оние што се сметаат за отпорни на инфлацијата, како и очекувањата дека крипто-валутите ќе бидат широко прифатени како платежно средство. Дванаесетгодишната историја на биткоинот е проследена со огромни подеми и подеднакво остри падови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-padna-na-desetdnevniot-minimum-povleche-i-drugi-kripto-valuti/feed/ 0
Биткоинот повторно станува јака валута https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-povtorno-stanuva-jaka-valuta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-povtorno-stanuva-jaka-valuta/#respond Mon, 16 Nov 2020 11:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=430145

Биткоинот постојано се сметаше за неуспешен проект, но во последните неколку недели, најстарата и најголема криптовалута во светот повторно зајакна поради надежите за нагло зголемување на побарувачката, велат аналитичарите. На почетокот на коронакризата, биткоинот се сметаше дека е голем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади американски долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше до границата од десет илјади долари, до пред неколку недели, пишува Дојче веле. Во меѓувреме, најважната криптовалута не само што успеа да ја надомести драстичната загуба од пролетта, туку нејзината цена се зголеми за повеќе од 53 проценти од почетокот на септември. Само во октомври, биткоинот доби вредност од околу 30 проценти, пренесува СЕЕбиз. Аналитичарот Тимо Емден вели дека поради неизвесниот изборен резултат во САД и во потрага по алтернативни можности за инвестирање – некои инвеститори прибегнале кон криптовалути. Тој смета дека на овој начин, инвеститорите сакале да се заштитат од турбуленциите на берзата. Исто така, крипто-валутите во моментов се повеќе се тема на разговор на ниво на централните банки. На пример, Европската централна банка (ЕЦБ) е скептична во однос на биткоинот, но размислува за воведување на дигиталното евро. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-povtorno-stanuva-jaka-valuta/feed/ 0