ботокс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Aug 2023 11:45:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ботокс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопјанка преживува ПЕКОЛ по ставање ботокс: Внимавајте кај кого ќе се боцкате, еве што ми се случи мене! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/skopjanka-prezhivuva-pekol-po-stavane-botoks-vnimavajte-kaj-kogo-ke-se-botskate-eve-shto-mi-se-sluchi-mene-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/skopjanka-prezhivuva-pekol-po-stavane-botoks-vnimavajte-kaj-kogo-ke-se-botskate-eve-shto-mi-se-sluchi-mene-foto/#respond Thu, 24 Aug 2023 11:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=870418

Доколку се двоумите дали да ги „испеглате“ брчките со ботокс и каде, искуството на скопјанката Александра Трајчевска, можеби ќе ви помогне во одлуката. Таа својот случај го сподели со нас, за да помогне во подигнувањето на свеста кај луѓето кои користат естетски третмани, односно МНОГУ да внимаваат кај кој доктор го прават тоа. -Луѓето кои сакаат да прават било каква естетска корекција, многу треба да внимаваат кому му го доверуваат тоа. Бидејќи сите станаа доктори и кој ќе стигне боцка. Да не веруваат во сертификати, работни искуства по Србија, Бугарија и слично. Сторените последици сведочат за тоа колку некој ја познава работата и дали вреди да се нарече Доктор. Последиците кои ќе ви се случат се пострашни од некоја брчка или неправилност, а да не зборуваме за психичкото здравје, вели Александра за КУРИР. Наместо разубавување, таа добила птоза. Птозата на очните капаци е состојба во која горниот очен капак се спушта над окото и може да биде предизвикана од стареење, повреда на окото или несакан ефект по операција на окото, меѓу другото. Во случајот на Александра, птозата била предизвикана од вбризгување на ботокс, најверојатно во погрешен дел и ставање ботокс повеќе од што е потребно, што предизвикало сериозно спуштање на очниот капак. Во досегашната пракса, околу 5 проценти од луѓето кои одат на третмани со ботокс имаат проблеми со спуштање на очните капаци. Овој број паѓа на помалку од 1% доколку го изврши медицински професионалец. Докторот и ординацијата, Александара се уште не ги објавува, бидејќи планира правдата да ја бара по судски пат, а како што вели и да ја добие „битката“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/skopjanka-prezhivuva-pekol-po-stavane-botoks-vnimavajte-kaj-kogo-ke-se-botskate-eve-shto-mi-se-sluchi-mene-foto/feed/ 0
3 причини заради кои користење на БОТОКС И ФИЛЕР во МЛАДОСТА може да биде ризично https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/3-prichini-zaradi-koi-koristene-na-botoks-i-filer-vo-mladosta-mozhe-da-bide-rizichno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/3-prichini-zaradi-koi-koristene-na-botoks-i-filer-vo-mladosta-mozhe-da-bide-rizichno/#respond Fri, 24 Mar 2023 16:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=816107

До пред неколку години, зголемувањето на усните со филери се сметаше за табу тема. Во денешно време, ако не сте направиле ботокс инјекции или филери на усните, сигурно е дека познавате барем некој што има. Иако овој вид на разубавување стана вообичаен, медицинските експерти не советуваат употреба на ботокс и филери доколку сте помлади од 30 години. Луиз Волш, медицинска сестра од Лондон, ги открила причините поради кои не се согласува да прави ваков тип на интервенција на лица помлади од 30 години. 1. Збрчкани усни Годините најпрво се видливи на делот од лицето околу усните, бидејќи кожата во таа регија е склона кон брчки. – Ако инјектирате дермален филер додека сте уште млади, може да го забрзате процесот на стареење – предупредува Волш. Повтореното ставање на филери во усните може да предизвика кожата да ја изгуби својата природна еластичност, бидејќи филерите може да иницираат истегнување на кожата со текот на времето. Луиз дава пример дека кожата може да се истегне кога ќе се здебелите. Ако ослабете, кожата малку ќе се опушти и повеќе нема да биде мазна како порано. – Истото може да се случи и со вашите усни. Не сакам да им вбризгувам филери кај младите, бидејќи како што ќе стареат, тие дефинитивно ќе мора да се соочат со проблемот со брчките околу усните, па ќе имаат двоен проблем – вели Луиз. 2. „Отпорност“ на ботокс – Ако инјектирате ботокс во рани години, може да се случи со текот на времето да откриете дека станува помалку ефикасен – предупредува Луиз и додава: – Ако ботоксот почнавте да го користите во раните дваесетти години и тој делувал 10 години, во четириесеттите и педесеттите, кога навистина ви е потребен, можеби нема да биде толку ефикасен. Иако не е сигурно дека тоа ќе се случи, во индустријата за убавина има бројни полемики на оваа тема. 3. Телесна дисморфија Не е само кожата на младите луѓе која е изложена на ризик од инјекции на ботокс и филер; Луиз се плаши и за менталното здравје на луѓето кои со децении ги користат овие видови на производи за убавина и подмладување. – Младите можеби мислат дека пополнетите усни или ботокс ќе ги израдуваат и упорно ќе додаваат филери, верувајќи дека така ќе бидат совршени и среќни. Но, многу често тоа не е она што ќе ги израдува – предупредува Луиз. Телесната дисморфија е состојба на ментално здравје во која едно лице поминува многу време грижејќи се за недостатоците на својот изглед, особено на лицето. Овие недостатоци за другите често остануваат незабележани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/3-prichini-zaradi-koi-koristene-na-botoks-i-filer-vo-mladosta-mozhe-da-bide-rizichno/feed/ 0
Српската пејачка со македонско потекло е силна како лавица – докторот и заби игла во лицето, а таа повеќе не може да крие што се случува (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/srpskata-pejachka-so-makedonsko-poteklo-e-silna-kako-lavica-doktorot-i-zabi-igla-vo-liceto-a-taa-povekje-ne-moze-da-krie-shto-se-sluchuva-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/srpskata-pejachka-so-makedonsko-poteklo-e-silna-kako-lavica-doktorot-i-zabi-igla-vo-liceto-a-taa-povekje-ne-moze-da-krie-shto-se-sluchuva-foto/#respond Thu, 12 May 2022 13:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=675699

Фолк пејачката Гоца Божиновска (57) која има македонско потекло е позната како пејачка која води сметка многу за својот изглед. Таа на сметка на својот изглед добива и многу комплименти, па така редовно посетува салони за убавина, а овој пат истото реши да го сподели со фановите. Со оглед на тоа дека годините си го прават своето, пејачката реши да посети естетски хирург и да се подмлади. Гоца на Инстаграм објави фотографија од ординација каде докторот и забива игла во лицето вршејќи ботокс за подмладување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/srpskata-pejachka-so-makedonsko-poteklo-e-silna-kako-lavica-doktorot-i-zabi-igla-vo-liceto-a-taa-povekje-ne-moze-da-krie-shto-se-sluchuva-foto/feed/ 0
ФОТО: Никол Кидман претера со ботокс или фотошоп https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-nikol-kidman-pretera-so-botoks-ili-fotoshop/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-nikol-kidman-pretera-so-botoks-ili-fotoshop/#respond Thu, 05 May 2022 12:27:23 +0000 https://kurir.mk/?p=672365

Никол Кидман никогаш не признала дека била на естетски корекции, иако со години низ Холивуд се зборува за тоа. Кидман очигледно негативните коментари од минатото, во кои беше обвинувана дека претерува со ботоксот, а лицето и изгледа како заледно, ги сфатила сериозно, па почна малку по малку да го враќа природниот изглед. Сепак, сега објави нова фотографија на која позира насмеана, а многумина забележаа дека лицето и е необично затегнато. Дали е во прашање повторно ботоксот или фотошоп се уште не е познато.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-nikol-kidman-pretera-so-botoks-ili-fotoshop/feed/ 0
Кортни Кокс раскажа како се откажала од ботоксот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kortni-koks-raskaza-kako-se-otkazala-od-botoksot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kortni-koks-raskaza-kako-se-otkazala-od-botoksot/#respond Tue, 22 Feb 2022 09:56:26 +0000 https://kurir.mk/?p=634742

На Кортни Кокс ѝ е удобно во својата кожа и, „со нетрпение очекува“ да наполни 60 години, што треба да се случи за неколку години. – Се чувствувам младо. Имам многу пријатели во нивните 30-ти и не размислувам за тоа. За мене ние сме на иста возраст додека, всушност „не го проучам“ тоа, изјави ѕвездата од „Пријатели“ и серијалот филмови „Врисок“ за „Сандеј тајмс“. Секако, и за неа е тешко да поверува дека 2-3 години ќе го достигне своето седмо десетлетие. – О Боже, тешко е дури и да се слушне или каже тоа. Не, не можам да верувам. Нема ништо лошо во тоа да имаш 60 години, едноставно не можам да поверувам. Времето минува толку брзо. Но, нема сомнение дека сум „поприземјена“, научив толку многу во мојот живот – во што да уживам, што да направам повеќе и кога да се откажам, вели таа. Кокс неодамна претходно објасни зошто веќе не употребува ботокс и „научила да го прифаќа“ своето вистинско лице. Сега, вели таа, се помирила со стареењето. – Едно време си велите „О, јас се менувам. Изгледам постара“… И се обидував „да ја бркам“ таа младост со години. Сѐ дури не сфатив дека, со овие г**нарии – инјекциите, всушност изгледам навистина чудно и правам работи со моето лице што никако не би ги направила сега, раскажува Кокс. Едно нешто што Кокс не го доживеала додека растела, е притисокот на социјалните мрежи, коишто таа ги искусува како мајка на 17-годишната Коко – нејзината ќерка со поранешниот сопруг Дејвид Аркет. Глумицата знае дека Коко има стотици илјади следачи на Инстаграм кои го гледаат секое нејзино движење. – Не ми се допаѓа што таа има толку обожаваели. Едноставно ми е чудно. Што ги привлекува луѓето?, се прашува Кокс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kortni-koks-raskaza-kako-se-otkazala-od-botoksot/feed/ 0
Скандал на натпреварување: На камили им вбризгувале боток и хијалурон https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skandal-na-natprevaruvanje-na-kamili-im-vbrizguvale-botok-i-hijaluron/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skandal-na-natprevaruvanje-na-kamili-im-vbrizguvale-botok-i-hijaluron/#respond Fri, 10 Dec 2021 09:27:25 +0000 https://kurir.mk/?p=606471

Саудиските власти дисквалификувале дури 40 камили од натпреварување за убавина кое почнало минатиот месец, а на кое одгледувачите се борат за награда вредна околу 66 милиони долари. Животните биле отсранети од изборот бидејќи биле „средувани“ спротивно на правилата. Се утврдило дека дел од камилите примале инјекции ботокс, а биле подложни и на други „поправки“. Годишниот фестивал на камили е во организација на кралското семејство, а жирито за победникот одлучува врз основа на главата, вратот, грвата и држењето на животното. Ботоксот, затегнувањето на лицето и другите козметички измени кои камилите би требало да ги направат поубави се строго забранети. Изборот за најубава камила трае еден месец и се одржува во пустина. Судиите користат специјализирана напредна технологија за да се открие неовластено разубавување на животните. Оваа година дошле до шокантни податоци, десетина одгледувачи на камили ги растегнувале усните и носевите, користеле хормони за јакнење на мускулите. Дури им вбризгувале ботокс и хијалурон во усните и главите за да изгледаат поголеми. -Сакаме да ги запреме сите лоши активности и измами кога станува збор за разубавувањето на камилите. Организаторите ќе изречат стори казни за сите манипулатори, порачаа властите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skandal-na-natprevaruvanje-na-kamili-im-vbrizguvale-botok-i-hijaluron/feed/ 0
Ботоксот ефикасен за хронична главоболка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/botoksot-efikasen-za-hronichna-glavobolka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/botoksot-efikasen-za-hronichna-glavobolka/#respond Mon, 06 Dec 2021 10:03:28 +0000 https://kurir.mk/?p=604666

Мигрените се прилично непријатно невролошко нарушување кое најчесто се јавува периодично и епизодно. Неочекуванo, третмани кои можат да помогнат при оваа состојба се – оние со ботокс, кој инаку обично и првично се користи во естетската медицина, а дури потоа за главоболка. Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) во 2010 година го одобри ботоксот за третман на хроничната мигрена, откако бројни трудови покажаа дека тој е ефикасен. Пред ботоксот, имаше различни лекови (бета-блокатори, антидепресиви, антиконвулзиви) и сите тие имаат системски несакани последици. Предноста на ботоксот е што делува локално без повеќето овие несакани влијанија. За време на третманот, професионалци лекари инјектираат ботокс во мускулите на лицето, скалпот, вратот и рамената. Оттаму навлегува во нервните завршетоци близу местото на убодот и ја нарушува врската за болка во мозокот. Најчеста несакана последица на ботоксот е болка и оток на местото на инјектирање. Во ретки случаи, луѓето пријавуваат и замижани очи или лигавење, но повеќето вакви ефекти се привремени и исчезнуваат во рок од неколку дена. Инјекциите на ботокс за мигрена обично се даваат на секои три месеци, што ги спречува пациентите да развијат антитела на токсинот. За разлика од другите третмани, тука нема употреба на апчиња. За многу пациенти, мигрената на крајот исчезнува и третманите со ботокс се намалуваат. Иако ботоксот може да биде корисен, тој не секогаш одговара за секого. Луѓето со мускулни или нервни нарушувања, како што е АЛС (Лу-Гериговата болест), треба да внимаваат на ботоксот. Иако опасноста е мала, ботоксот може да го зголеми ризикот на отежнато голтање или дишење кај оние со претходно постоечки невромускулни состојби. И бременоста е секогаш прашање за кое треба да се разговара со вашиот лекар, особено затоа што хроничните мигрени се почести кај жените. Треба да се истакне дека сѐ, секој потфат треба да се презема само по консултација со лекар, а не самостојно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/botoksot-efikasen-za-hronichna-glavobolka/feed/ 0
Забранет ботоксот за малолетници во Англија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zabranet-botoksot-za-maloletnici-vo-anglija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zabranet-botoksot-za-maloletnici-vo-anglija/#respond Fri, 01 Oct 2021 11:13:44 +0000 https://kurir.mk/?p=571288

На малолетните лица во Англија отсега им е забрането да ставаат ботокс. Законот со кој тоа се забранува стапи во сила денеска, а целта е да се заштитат младите од несаканите последици од овој вид третмани. Според Би-Би-Си, веќе подолго време траат обидите законски да се регулира ова прашање. Некои сметаа дека ова не треба да бидат крајно ограничувачки забрани. Според властите, 41.000 малолетни Англичани лани биле подложени на третман со ботокс. Забрана најверојатно ќе има и во Велс и во Шкотска, а нема најави дека тоа наскоро ќе се случи и во Северна Ирска. Во меѓувреме, се упатуваат повици за спречување на малолетниците да бараат решенија вон Англија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zabranet-botoksot-za-maloletnici-vo-anglija/feed/ 0
Атрактивната Ана повторно направи интервенција: Има само 27 години, а еве што не престанува да прави (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atraktivnata-ana-povtorno-napravi-intervencija-ima-samo-27-godini-a-eve-shto-ne-prestanuva-da-pravi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atraktivnata-ana-povtorno-napravi-intervencija-ima-samo-27-godini-a-eve-shto-ne-prestanuva-da-pravi-foto/#respond Tue, 13 Jul 2021 08:15:30 +0000 https://kurir.mk/?p=535850

Атрактивната Ана Корач, поранешна учесничка во реалното шоу „Задруга“, не крие дека имала бројни интервенции на лицето и телото, благодарение на што нејзиниот физички изглед е многу поразличен од оној по кој беше препознатлива пред неколку години. Сепак, иако се чинеше дека го довела својот изглед до совршенство, Ана нема намера да запре тука, за што сведочат нејзините нови објави на Инстаграм. 27-годишната Ана отиде по којзнае кој пат да стави ботокс, а потоа гордо покажа како изгледа по интервенцијата. Иако многумина коментираат дека претерува бидејќи е млада, на другите воопшто не им пречи и велат дека Ана е совршена.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atraktivnata-ana-povtorno-napravi-intervencija-ima-samo-27-godini-a-eve-shto-ne-prestanuva-da-pravi-foto/feed/ 0
Марија Шерифовиќ со ботокс и силикони?! Погледнете ја оваа трансформација (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marija-sherifovikj-so-botoks-i-silikoni-poglednete-ja-ovaa-transformacija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marija-sherifovikj-so-botoks-i-silikoni-poglednete-ja-ovaa-transformacija-foto/#respond Sat, 08 May 2021 11:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=507551

Пејачката Марија Шерифовиќ е многу активна на социјалните мрежи, претежно на Инстаграм, но никогаш не користи филтeри кога се слика, како што прават многу јавни личности. Сепак, сега таа не можеше да одолее на новиот филтер на Инстаграм, кој стана хит на оваа мрежа. Имено, тој покажува како би изгледале како да имате премногу силикон во усните, јагодичките и ботоксот на лицето. Пејачката објави видео со споменатиот филтер на Инстаграм и на тој начин ги изненади, но и слатко ги насмеа своите следбеници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marija-sherifovikj-so-botoks-i-silikoni-poglednete-ja-ovaa-transformacija-foto/feed/ 0