божикен пост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 Nov 2021 08:04:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png божикен пост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува божикниот пост: Трае 40 дена и воведен е по примерот на Исус Христос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-bozikniot-post-trae-40-dena-i-voveden-e-po-primerot-na-isus-hristos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-bozikniot-post-trae-40-dena-i-voveden-e-po-primerot-na-isus-hristos/#respond Sun, 28 Nov 2021 08:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=600792

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези. Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости. Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век.
Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград  во 1166 година. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-bozikniot-post-trae-40-dena-i-voveden-e-po-primerot-na-isus-hristos/feed/ 0
Внимавајте: Во време на строги пости, мрсното се продава како посно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-vo-vreme-na-strogi-posti-mrsnoto-se-prodava-kako-posno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-vo-vreme-na-strogi-posti-mrsnoto-se-prodava-kako-posno/#respond Thu, 29 Nov 2018 12:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=133614

Внимавајте, бидејќи во време на строги пости, мрсното се продава како посно. Во маркетите се продаваат „посни“ производи што содржат казеин и сурутка во прав, а потрошувачите не знаат дека овие две компоненти имаат животинско потекло и дека се, практично, измамени. За време на Божикниот пост под ознака „посно“ на рафтовите се нуди храна што содржи млеко, желатин од животинско потекло, свинска маст и други мрсни состојки. Според експертите, за посни производи се сметаат тие во кои млечните масти се заменети со растителни, но токму тука е манипулацијата. -Производите што содржат казеин или сурутка (во прав) воопшто не се посни бидејќи потеклото на овие две компоненти е животинско. Точно дека од млекото се одделува млечната маст и таа се заменува со растителна, но казеинот останува, и затоа производот не може и не треба да се декларира како растителен, уште помалку како посен. Слично е и со сурутката, објаснуваат експертите, пренесува порталот Скопје инфо. Сурутката е исклучително здрава, има висока хранлива вредност, ја забрзува дигестијата, ама е со животинско потекло. Се апелира потрошувачите повеќе да внимаваат при купувањето и секогаш да ги читаат декларациите. Тие што постат треба да се информираат и за храната што ја консумираат во рестораните и сендвичарите, а се нуди како посна имајќи предвид дека може да биде подготвена на места и во садови во кои се готват и продукти од животинско потекло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-vo-vreme-na-strogi-posti-mrsnoto-se-prodava-kako-posno/feed/ 0