Божиќно послание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Dec 2022 16:59:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Божиќно послание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Вселенскиот патријарх божиќното послание го објави и на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvpat-vo-istorijata-vselenskiot-patrijarh-bozikjnoto-poslanie-go-objavi-i-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvpat-vo-istorijata-vselenskiot-patrijarh-bozikjnoto-poslanie-go-objavi-i-na-makedonski-jazik/#respond Wed, 21 Dec 2022 16:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=778735

Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство, нагласува вселенскиот патријарх Вартоломеј во овогодишното божиќно послание до православните христијани во светот, од кои некои Божик го празнуваат на 25 декември, додека оние кои се водат по Јулијанскиот календар на 7 јануари. Вселенскиот патријарх оваа година првпат во историјата посланието го објави и на македонски јазик, со тоа што на православните христијани во Македонија, Христовото раѓање им го честита на мајчиниот јазик. -Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите, порачува меѓу другото Вартоломеј. Тој нагласува дека овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. -Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата, нагласува Вартоломеј во посланието. Во продолжение следува интегрално божиќното послание на Вартоломеј на македонски јазик:
+ В А Р Т О Л О М Е Ј ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП КОНСТАНТИНОПОЛСКИ – НОВ РИМ И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА БЛАГОДАТ, МИЛОСТ И МИР ОД РОДЕНИОТ ВО ВИТЛЕЕМ СПАСИТЕЛ ХРИСТОС Сечесни браќа Архиереи, Возљубени чеда во Господа, Светата Црква денес го празнува Рождеството по плот на предвечниот Син и Слово Божјо, „страното и преславно“ таинство, „сокриено од вековите и родовите“ (Кол. 1, 26). Во Христа конечно се открива вистината за Бога и за човекот, како што најбогословски објаснува свети Кирил Александриски: „Ние сме луѓе по природа, а Он натприродно, од човекољубие слегувајќи, стана човек. Слуги Божји по природа сме ние како твари; слуга се направи и Он, натприродно приведувајќи се, кога стана човек. Но и обратно: Он е Бог по суштина – богови сме и ние, натприродно издигнувајќи се преку благодатта, зашто сме луѓе; Син по природа е Он, синови и ние според положбата, како повикани на братство со Него“ (Кирил Александриски, Книга на сокровишта за Светата и Единосуштна Троица, PG 75, 561). „Познајте ја вистината и вистината ќе ве ослободи“ (Јн. 8, 32). Господ наш Исус Христос е „патот и вистината и животот“ (Јн. 14, 6), Он е ослободителот на човекот „од ропството на врагот“. Не постои живот и слобода без Вистината или вон Вистината. Можноста да му дадеме на својот живот онакво значение какво што посакуваме не е слобода, туку современа верзија на прародителскиот грев, самозатворање на човекот во една самодоволна и самобендисана самостојност, без осет за слободата како врска со Бога и со сочовекот. Рождеството Христово е време за самопознание, разбирање на разликата помеѓу „Богочовекот“ и „човекобогот“, свесност за спасителното христијанско учење: „Не Го нарекуваме обожен човек, туку Бог вочовечен“ (Јован Дамаскин, Точно излагање на православната вера, PG 94, 988). Благовесното соопштение на Рождеството Христово годинава созвучи со барабаните на војната и ѕвечењето на оружјата во Украина, која ги трпи страшните последици од една дрска и неправедна инвазија. За нас Христијаните, сите војни се братоубиствени и меѓуплеменски, како што објави Светиот и велик собор на Православната црква: „последица на злото и гревот во светот“ (Мисијата на Православната црква во современиот свет, IV, 1). Во случајот на Украина уште важат зборовите на свети Григориј Палама за нему современите крвави судири помеѓу православните во Солун: „Сите ја стекнавме како заедничка мајка свештената Црква и Православието, чиј началник и совршител е Христос, Божјиот вистински Син, Кој вам не ви е само Бог, туку и брат благоизволи да ви биде и Отец“ (Григориј Палама, За меѓусебниот мир, PG 151, 10). Во лицето на Христа се изврши „возглавувањето“ на сите, објавувањето на единството на родот човечки и свештеноста на човековата личност, отворањето на патот кон „по подобие“ и се откри мирот „што го надминува секој ум“ (Фил. 4, 7). Христос е „вашиот мир“ (Еф. 2, 14) и Нему Му е посветен историскиот и знаменит свет храм „Свет Мир“ [Агиа Ирини] во Градот на Константин. Нашиот Спасител ги нарекува блажени „миротворците“, зашто „синови Божји ќе се наречат“ (Мт. 5, 9), ја претставува идејата за праведност и љубов дури и кон непријателите. Православната црква на Божествената Литургија се моли „за мир одозгора“ и „за мир на целиот свет“. „Твојот мир и Твојата љубов дарувај ни ги, Господи Боже наш, зашто ни даде сè“, се молиме, славејќи Го Дарителот на сите добра, во текот на Литургијата на Великиот Василиј. Ние, кои од Бога добивме сè, сме должни, како такви на кои им е извршено врвно добротворство, да се бориме за мирот повеќе отколку останатите луѓе, според библиското: „Кому му е дадено многу, многу и ќе се бара од него“ (Лк. 12, 48). Во оваа смисла, сè што од страна на Христијаните се извршува спротивно на ова начело, не е на товар на Христијанството, туку на оние кои дејствуваат кон престапување на Божествените заповеди. Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство. Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите. Овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата. Преосвештени и Богољубиви браќа и возљубени чеда, Христос се раѓа – прославете Го, Христос од Небесата – сретнете Го, Христос на Земјата – возвишете се! Следејќи го поттикот на светиот претходник на Нашето Смирение на Престолот на Константинополската црква, Григориј Богослов, да го празнуваме роденденот на Спасителот на светот во духовна веселба, „не световно, туку надсветовно“, бегајќи од „сè што е излишно и повеќе од потребно; давајќи им на гладните и на другите што молат, кои се од истата глина и смеса [со нас]“ (Григориј Богослов, На Богојавление, односно Рождеството на Спасителот, PG 36, 316). Ви посакуваме на сите вас да имате умилително и славословно свето Дванаесетдневие, кое е вистинско исполнение на времето и зрак од светлината на вечноста. Нека претстојната 2023 година се покаже, по благоволението и благодатта на воплотениот за нас и за нашето спасение Бог Слово, период на мир, љубов и солидарност, вистинска година на благоста Господова. На многу и благословени години! Рождество Христово 2022 † Константинополскиот огнен молитвеник кон Бога за сите вас.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvpat-vo-istorijata-vselenskiot-patrijarh-bozikjnoto-poslanie-go-objavi-i-na-makedonski-jazik/feed/ 0
Божиќно послание на г.г. Стефан: Да подариме грижа и љубов, воплотеното Слово Божјо е најдобар показател дека промената започнува од личноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjno-poslanie-na-g-g-stefan-da-podarime-griza-i-ljubov-voplotenoto-slovo-bozjo-e-najdobar-pokazatel-deka-promenata-zapochnuva-od-lichnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjno-poslanie-na-g-g-stefan-da-podarime-griza-i-ljubov-voplotenoto-slovo-bozjo-e-najdobar-pokazatel-deka-promenata-zapochnuva-od-lichnosta/#respond Mon, 03 Jan 2022 15:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=615786

Да подариме грижа и љубов, воплотеното Слово Божјо е најдобар показател дека промената започнува од личноста, вели во своето Божиќно послание на г.г. Стефан. † СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него1. Возљубени чеда во Господа, Радосниот празник на Христовото рождество е спасоносниот ден во кој се помириja небото и земјата и денот кога Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се роди во времето. Денес предвечниот Бог „стана човек заради човекот“ и „Бог се вочовечи за ние да се обожиме“3. Денес, на овој величествен ден, Милостивиот Господ го ослободи човековиот род од ропството на гревот и му ги отвори вратите на рајот. Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен. А човекољубивиот Бог уште на почетокот го избрал човековиот род за спасение, посиновувајќи го преку Својот Единороден Син – Господ Исус Христос, со што дал можност …сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината8. Тоа единство меѓу Бога и човекот било посакувано и очекувано од сите праведни и богољубиви луѓе во старозаветната историја. Уште многустрадалниот Јов копнеел да биде во близина на Бога, воскликнувајќи: О, да знаев како да Го најдам, да можев да се приближам до престолот Негов! Но дури кога се исполнило времето, Бог Го испратил Својот Син, Кој се родил од Пресвета Дева Марија и како Богочовек го спасил паднатиот во грев човеков род. Возљубени празникољупци, По милоста Божја, еве, и годинава се удостоивме да го дочекаме Празникот на нашето спасение, па затоа да Му благодариме на Бога за непроценливиот дар на љубовта, дарот даден како белег на оние коишто се фалат со Неговото име. Токму во овие денови на празнувања, во време на дарови и во време на прославување, повикани сме да ја побараме смислата на празникот, смислата на дарувањето, смислата на славењето, да ја откриеме пораката не само на човековите обичаи, туку и на човековиот живот, и на неговата определба и цел. Зашто, има ли некаква корист за човекот празнувањето на Божик без Бога? Која е ползата од чествувањето без духовна радост? Божествениот Златоуст вдахновено го осмислува празнувањето: „Бидејќи сите се веселат од радост, и јас сакам да се веселам, сакам да играм, сакам да торжествувам. Но… наместо музички инструменти, ги носам даровите Христови. Зашто тие ми се надеж, тие ми се живот, тие ми се спасение…“. Ваквото разбирање на празниците, ваквите зборови што придонесуваат за духовен спокој, се вистинскиот начин што ни е потребен во ова време на предизвици. Даровите Христови му ја донесоа на човекот надежта дека ќе празнува со Бога и во Бога и му ја објавија смислата на животот, што ја беше загубил поради престапот на прародителите. И, еве, во време кога светот ги слуша само оние нешта коишто сака да ги чуе, Светата Црква го крева својот глас и му говори на современиот човек со зборови разбирливи, зборови нови, зборови од неговиот сопствен јазик, но коишто не се во согласност со неговиот начин на живеење. Црквата живее и постои во два света, но својот здив го добива од Небесното Царство, како од вистинска Татковина на секој човек. Ете, таа Црква нè повикува да ја разбереме суштината на Божик, на Божик како празник на Божјата подадена рака, како празник за обновување на човековите духовни сили и празник на возобновените можности на човековата личност. Поради тоа, на овој ден да си спомнеме и за последниве исклучително тешки години, исполнети со искушенија, предизвици, болки и разделби. Навистина, како човештво се соочивме дека, и покрај големиот технолошки развој посведочен во нашиов животен век, над нас висат катастрофи со кои човекот е премал да се соочи сам… Црквата, таа духовна мајка, преживувајќи ја историската и општествена реалност, му го нуди својот топол глас на современиот изморен и исплашен човек, своето автентично сведоштво дека, сепак, причината за болеста и за распадливоста во човекот е гревот. Болеста, како и секое друго зло во светот, е последица на секој наш грев, на секоја наша неправда што ја нанесуваме, на секоја омраза што ја допуштаме, на секој гневен поглед што го упатуваме… Возљубени чеда во витлеемскиот Богомладенец, Во Црквата пееме дека Христос дојде во светот за да ја отстрани оддалеченоста на човекот од Бога, да го разруши ѕидот на поделбата меѓу небесните и земните12. Бог се соедини со човекот, а како што вели свети Григориј Богослов: „Тоа што се има соединето со Бога, тоа и се спасува“13. А Спасителот, Кој е пред нас и со нас на секоја Божествена Литургија, ни се дава како лек за секоја наша болка, како прошка на секое наше прегрешение, како залог за единство во Неговата благодат. Само Тој е моќен, преку овие дарови, да ни ја врати слободата, се разбира, доколку се определиме да Го следиме Неговиот пат. Во време кога сите бараме и очекуваме промени во овој свет на економска и социјална нееднаквост и на политичка поделеност, воплотеното Слово Божјо е најдобар показател дека промената започнува од личноста. Богомладенецот Христос, Кој во овој свет се покажа како мало и навидум немоќно дете, ја започна најголемата промена во историјата на светот, промена која продолжува до денес и ќе трае до крајот на времето. Нам, како на членови на Неговото свето тело, на Црквата, Тој може да ни ја даде силата и способноста да бидеме и ние почеток и продолжение на промената во светот. Христос, како Творец на сите, не се открива секому посебно, туку на својата Црква. Христос е Спасител на сите луѓе, и да се биде во Него значи да се биде дел од Неговата божествена заедница ‒ дел од Неговата Црква. Во секое разделено општество, во секоја разделена земја, христијаните се тие коишто треба да го понудат единството и да настојуваат на него, покажувајќи им Го на другите луѓе Оној Кој им дава можност за обединување ‒ не само помеѓу себе, туку и во Бога. Единството во Светата Црква се остварува преку смирението и преку послушанието, преку согласноста во Светиот Дух. Гласот на полнотата на Црквата, е гласот на Светиот Дух, Кој говори од единството, а не од поединецот. А за да бидеме такви, треба да се облечеме во Господа, да се удостоиме да учествуваме во Неговата вечна радост и да се исполниме со Неговиот божествен мир. Впрочем, животот на секој вистински христијанин треба да е постојано доживување на Христовиот живот на земјата. За да го исполниме тоа, треба да сме дос­тојни членови на Црквата, да живееме во Црквата и со Црквата, со која Господ Христос раководи. Бог е Оној Кој дава и зема, Кој помага и гради, без Кого залудни се сите човечки напори19. Она што можеме да го направиме за другите во секоја прилика, е да покажеме грижа. Грижата за доброто на човекот во еден свет што лежи во зло, грижата за здравјето на другите во едно време на погибија и на страдање, грижата за насушниот леб на оние кои се во тешкотии и во економска несигурност, грижата за ближниот – тоа е она што ќе го спаси светот и нас со него. Затоа, и на овој Божик, и во сите дни, заедно со даровите, да подариме и грижа, да подариме и љубов! Милостивиот Бог нека ни дава сила да се покажеме и ние како Христоносни јасли, да ги издигнеме срцата кон небото и да не го забораваме својот призив и својата должност, благодарејќи Му на Спасителот за непроценливиот дар на љубовта, што им го дал како белег на оние кои Го носат Неговото име. Возљубени чеда на мајката Македонска Црква, Од нас, како од македонски народ, држава и Црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа и дополнителна внимателност при решавањето на наметнатите прашања, коишто во последно време некои ги исправија пред сите нас. Да внимаваме, зашто никогаш и никаде не се дошло до вистината со отстапки од своите духовни, национални, историски и културни посебности. Само народи коишто немаат свое, посегаат по туѓо. Затоа никој и пред никого, нема право да се откажува од она коешто, како дар Божји и како сенародно наследство, им припаѓа и на поколенијата пред нас, како и на оние по нас. Ниедна привремена добивка не е достојна замена за последиците што можат да произлезат од загубата на она што нè прави посебен народ, на ова парче македонска земја, дарувано од Бога и зачувано со безбројните жртви на нашите предци. Честитајќи ви го Божик, на сите чеда на Македонската Православна Црква, овде во Татковината и насекаде по светот, ви посакуваме мир и изобилни дарови од Новородениот Богомладенец, поздравувајќи ве со радосниот поздрав: Х Р И С Т О С С Е Р О Д И ! Честито и од Бога благословено новото лето Господово! † СТЕФАН, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ со членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија † ПЕТАР, Митрополит Преспанско–пелагониски и администратор Австралиско–новозеландски † ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски † НАУМ, Митрополит Струмички † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско–канадски † ПИМЕН, Митрополит Европски † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско–гостиварски † ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско–осоговски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjno-poslanie-na-g-g-stefan-da-podarime-griza-i-ljubov-voplotenoto-slovo-bozjo-e-najdobar-pokazatel-deka-promenata-zapochnuva-od-lichnosta/feed/ 0