Божин Вељановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Aug 2018 10:38:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Божин Вељановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шестчлено семејство од скопско моли за помош, откако гром им ја изгоре куќата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shestchleno-semejstvo-od-skopsko-moli-za-pomosh-otkako-grom-im-ja-izgore-kukjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shestchleno-semejstvo-od-skopsko-moli-za-pomosh-otkako-grom-im-ja-izgore-kukjata/#respond Fri, 17 Aug 2018 10:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=88872

Пожар предизвикан од гром, во вторникот, без дом остави шестчлено семејство од скопското село Нова Брезница. Божин Вељановски, татко на четири деца, вели дека гледал како куќата му гори, но не можел да преземе ништо. По пожарот, тој и сопругата спијат кај роднини и бараат начин и материјали за пак да имаат покрив над главата, пишува Макфакс. -Кога дојдов, ја видов мојата куќа како гори. Немаше пристап да се дојде до неа. Не ни остана буквално ништо, само рушевина. Немам ништо, од алишта имам само ова што е на мене. Моите деца се школуваат во Скопје кај татко ми и брат ми, јас и сопругата живеевме во оваа куќа. Не знам дали може да се санира. Имав детска соба, спална, кујна, дневна, трпезарија. Сега – ништо. Не знам како понатаму, вели Вељановски за Макфакс. Од опожарената куќа се останати само столбовите, кои не се стабилни. Целата е распадната. Покривот, гредите, ќерамидите, па сè до облеката, покуќнината, белата техника, сè е целосно проголтано од пожарот. Вељановски вели дека не знае што ќе прави, а очекува помош од фирми и хумани граѓани. Тој не сака пари, туку градежен материјал за одновно да изгради дел од куќата каде што ќе живее со сопругата, пренесува порталот. Противпожарната бригада штетата ја проценила на 60-70 илјади евра, вели Вељановски. Приходите на шестчленото семејството се речиси 500 евра, со кои тие се прехрануваат, објаснува Божиновски. Две од неговите деца во септември треба да ја почнат школската година, а тој не знае како ќе продолжи понатаму. Соседите се подготвени да му помогнат да ја поправи куќата доколку има градежен материјал. Целиот текст може да го прочитате на Макфакс]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shestchleno-semejstvo-od-skopsko-moli-za-pomosh-otkako-grom-im-ja-izgore-kukjata/feed/ 0