бпц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Dec 2022 10:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бпц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „БПЦ го призна томост на СПЦ за автокефалност на МПЦ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bpc-go-prizna-tomost-na-spc-za-avtokefalnost-na-mpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bpc-go-prizna-tomost-na-spc-za-avtokefalnost-na-mpc/#respond Wed, 14 Dec 2022 09:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=775349

Светиот синод на Бугарската православна црква на својата редовна седница под претседателство на бугарскиот патријарх Неофит донел одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква“, објавија бугарските медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според овие написи, Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да се нарекува „Православна црква во Република Македонија“. Според медиумите, бугарскиот патријарх Неофит во своите диптиси на Божик ќе го вклучи и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, но како „архиепископ скопски Стефан“, бидејќи БПЦ „не ја признава титулата со која што вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во литургиско сослужување архиепископот Стефан и МПЦ“. Бугарскиот црковен сајт doxologiainfonews.com наведува дека Синодот на БПЦ го оспорува името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, бидејќи според Статутот на БПЦ „правен наследник на Охридската архиепископија е Бугарска патријаршија“. На заседанието на Синодот, не било разгледано прашањето за признавање на автокефалноста на Православната црква на Украина доделена од Вселенската патријаршија. Медиуми во Софија ги критикуваат ваквите ставови на членовите на Синодот на БПЦ оценувајќи дека тие најверојатно се усвоени под влијание на раководителот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот волоколамски Антониј, кој минатата недела престојувал во посета на Софија и неколку епархии во Бугарија. Според овие написи, митрополитот волоколамски Антониј воедно на неколку митрополити од бугарскиот Синод „им дал инструкции“ да не ја признаваат Православната црква на Украина и томосот за нејзина автокефалност издаден од вселенскиот патријарх Вартоломеј. Дописникот на МИА од Софија јави дека се очекува Бугарската патријаршија да излезе со официјално соопштение за заседанието на Синодот и за донесените одлуки. Инаку, по одлуката на Вселенската патријаршија за примање во канонско единство на МПЦ-ОА, БПЦ во јуни годинава реши да ја признае нашата Црква и влезе во канонско единство со неа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bpc-go-prizna-tomost-na-spc-za-avtokefalnost-na-mpc/feed/ 0
НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Бугарската црква ја призна МПЦ како Северномакедонска црква! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-bugarskata-crkva-ja-prizna-mpc-kako-severnomakedonska-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-bugarskata-crkva-ja-prizna-mpc-kako-severnomakedonska-crkva/#respond Tue, 21 Jun 2022 14:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=693713

За разлика од Српската Православна Црква која како црква мајка го додели името Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија, бугарската црква не признава под називот Православна Црква од Северна Македонија, oбјави верскиот портал Религија МК. Оваа одлука ја донел Синодот на БПЦ, откако ги разгледал писмата од Вселенската патријаршија за кревање на шизмата од МПЦ-ОА и од Српскиот патријарх Порфириј. Сепак, БПЦ смета дека за официјалното име на МПЦ-ОА, дополнително треба да разговара Синодот. -Денеска на свoето заседание, во полн состав, Светиот Синод ги разгледа писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Српскиот патријарх Порфириј во врска со каноничниот статус на Православната црква на Северна Македонија и по спроведеното гласање одлучи: Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги прифаќа решенијата за подигање на шизмата и влегува во канонско и евхаристичко општење со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија треба да иде дополнително разгледано, стои во соопштението на БПЦ. Со ова практично Бугарската црква е четвртата црква во Православниот свет, која донесе одлука за сослужување со МПЦ-ОА, по Вселенската Патријаршија, Српската црква и Грчката (која ја поздрави одлуката). Кога ќе се случи првото официјално сослужување меѓи МПЦ-ОА и БПЦ, засега нема најава објави порталот Религија МК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-bugarskata-crkva-ja-prizna-mpc-kako-severnomakedonska-crkva/feed/ 0
СПЦ и БПЦ се уште молчат за одлуката на Вселенската Патријаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-i-bpc-se-ushte-molchat-za-odlukata-na-vselenskata-patrijarshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-i-bpc-se-ushte-molchat-za-odlukata-na-vselenskata-patrijarshija/#respond Wed, 11 May 2022 13:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=675164

Бугарската и Српската православна црква се уште без коментар за одлуката на Вселенската Патријаршија за враќање на Охридската Архиепископија во канонското единство во православниот свет. Но затоа не запираат реакциите во медиумите во Бугарија и Србија, дека на БПЦ И СПЦ, соседните цркви на МПЦ, им пречи признавањето на Охридската Архиепископија. Во недостиг на официјален став од БПЦ, бугарските аналитичари порачуваат дека не смее да биде призната ОА како македонска, бидејќи за нив БПЦ е наследничка на Охридската Архиепископија и е веќе сместена во црковниот устав. Исти тонови доаѓаат и од српските познавачи на црковното прашање. Со, како што ја нарекуваат – неканонската одлука на Цариградската патријаршија, не само што се прејудицирало решение на прашањето за македонскиот раскол, туку Цариград со ова сакал целосно да ја деградираат силата на евентуалниот томос кој СПЦ би го дала на православните Македонци. Во кратки црти, би рекол дека ова што го направила Цариградската Патријаршија, наводно великодушно кон Скопје, тоа е Данајски подарок. Нема ништо од тоа. Ова е блефирање, дека цариградскиот Патријарх, односно Цариградската Патријаршија, имаат клучна улога во решавњето на ова прашања, а ниту имаат ниту може да имаат бидејќи тоа е надвор од рамките на Канонот – вели Јован Јањиќ – српски професор. И домашните аналитичари не ги кријат сомневањата дека БПЦ и СПЦ лесно ќе го надминат и прифатат зборот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Според нив, максимумот кој може да го очекуваме од СПЦ е да понуди широка автономија, а што ќе направи бугарската црква , освен да не сослужува со македонските свештеници никој од црковните познавачи не може да претпостави. Од друга страна, македонската јавност се уште е во дилема – колку е добро или не признавањето на Охриската Архиепископија без да го создржи името “Македонија“ или македонска. За дел од упатените во црковна политика, тоа е позитивно бидејќи ако би се признала Православна Црква на Македонија со претставката „северна“ реално , таква црква, би постоела само 4 години, од промената на името со Преспанскиот договор. Македонските владици треба многу да внимаваат со употребата на уставното име, бидејќи тоа после ја повлекува и самата титула на поглаварот на МПЦ, дали во неа ќе ја има додавката „македонски“, сетоа тоа треба на време на да утврди, расчисти за да после не дојдеме во ситуација која нема да ни одговара вели за Алфа, Бранко Ѓорѓевски, новинар и познавач на црковното прашање. Уште поважно во целата ситуација е каков став ќе заземе МПЦ во преговорите кои се очекуваат со Српската Црква. Дијалогот започна далеку од очите на јавноста, а со оглед на тоа дека ништо не се открива, најверојатно зад затворени врати и ќе продолжи. Српската православна црква на 15-ти мај ќе оддржи Собор во Сремски Карловци, каде најверојатно на маса ќе се најде и прашањето за независноста на македонската црква. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-i-bpc-se-ushte-molchat-za-odlukata-na-vselenskata-patrijarshija/feed/ 0
Толку беше од „поддршката“ на „братска Русија“- порака од Москва да не се дозволи решение на спорот со МПЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tolku-beshe-od-poddrshkata-na-bratska-rusija-poraka-od-moskva-da-ne-se-dozvoli-reshenie-na-sporot-so-mpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tolku-beshe-od-poddrshkata-na-bratska-rusija-poraka-od-moskva-da-ne-se-dozvoli-reshenie-na-sporot-so-mpc/#respond Thu, 17 May 2018 09:34:30 +0000 https://kurir.mk/?p=55135

Директорот на Рускиот институт за стратешки истражувања Леонид Петрович Решетников е човекот кој ги натерал бугарските владици членови на Синодот на БПЦ да не одат на 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија. Решетников кој по воено звање е Генерал- полковник, чин добиен во руското разузнавање, имал средба со тројца влијателни владици во Софија на која ги уверил дека треба да прекинат со посредувањето за признавање на МПЦ- ОА. Рускиот генерал го искористил одсуството на патријархот Неофит кој е во болница и на тројцата митрополити им пренел порака од Москва дека не смеат да дозволат решение на спорот со МПЦ, велат информациите од бугарски извори. Според истите извори, Русија не сака признавање на МПЦ од страна на БПЦ затоа што и самата има сличен проблем со Украинската православна црква. Инаку, Решетников лани доби највисок орден за заслуги од страна на СПЦ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tolku-beshe-od-poddrshkata-na-bratska-rusija-poraka-od-moskva-da-ne-se-dozvoli-reshenie-na-sporot-so-mpc/feed/ 0
Синодот на БПЦ не ја прифати поканата на г.г. Стефан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-na-bpc-ne-ja-prifati-pokanata-na-g-g-stefan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-na-bpc-ne-ja-prifati-pokanata-na-g-g-stefan/#respond Mon, 14 May 2018 17:22:30 +0000 https://kurir.mk/?p=54114

Претставници од Бугарската православна црква - Бугарска патријаршија нема да учествуваат на одбележувањето на  1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија, што ќе се одржи на 27 и 28 мај во Охрид. Ова го одлучи Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница, а во врска со поканата од поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. Против учеството на одбележувањето во Охрид, на седницата гласале осуммина владици, а за биле петмина. Според најавите од МПЦ-ОА, 1000-годишниот јубилеј ќе биде одбележан со црковно-државни свечености на 27 и 28 мај во Охрид. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-na-bpc-ne-ja-prifati-pokanata-na-g-g-stefan/feed/ 0
Бугарскиот патријарх се огласи по барањето на МПЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-patrijarh-se-oglasi-po-baranjeto-na-mpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-patrijarh-se-oglasi-po-baranjeto-na-mpc/#respond Mon, 19 Feb 2018 08:13:33 +0000 http://kurir.mk/?p=22757

Кога ќе треба да ја исполниме должноста, тоа и ќе го направиме, изјави бугарскиот патријарх Неофит за Бгнес, во врска барањето на Македонската православна црква - Охридска архиепископија до Бугарската православна црква да и биде црква-мајка и да се бори за нејзината автокефалност. Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на Македонија и Бигорскиот манастир, патријархот Неофит го оценува како „радосна вест“. На прашањето дали по топлиот пречек, наскоро може да се очекува заедничко сослужение меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, патријархот Неофит вели дека „тоа што се случи е радосно, но оти деталите ќе се разгледуваат во иднина во меѓуцрковните односи“. - Кога ќе биде неопходно, кога ќе треба да се исполни должноста, тоа ќе го направиме, изјави Неофит одговарајќи на прашање дали наскоро ќе ја посети Македонија, откако покана му упати поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан. Претседателот Румен Радев, потсетува Бгнес, заедно со пловдивскиот владика Николај и старозагоскиот Кипријан, изминатиот викенд беа пречекани со биење на камбани и мноштво народ во најголемиот македонски манастир - Бигорскиот. Тоа беше и прва посета на некој странски претседател на Бигорската обител. Пред да го посетат манастирот, двајцата бугарски митрополити имаа средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-patrijarh-se-oglasi-po-baranjeto-na-mpc/feed/ 0
Иринеј: Потегот на МПЦ, дело на неуки архиреи и политички договор на двоецот Заев-Борисов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irinej-potegot-na-mpc-delo-na-neuki-arhirei-i-politichki-dogovor-na-dvoecot-zaev-borisov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irinej-potegot-na-mpc-delo-na-neuki-arhirei-i-politichki-dogovor-na-dvoecot-zaev-borisov/#respond Wed, 03 Jan 2018 10:29:07 +0000 http://kurir.mk/?p=5804

Интервју на новинарот Милорад Вучелиќ со епископот бачки Иринеј за божикното издание на весникот „Печат“. Во продолжение го пренесуваме делот од интервјуто, во кој епископот бачки Иринеј се осврнува и на „неукиот потег на МПЦ“ и на „неканонската одлука на Бугарската православна црква, која се однесува на канонската јурисдикција на Православната охридска архиепископија“. Неодамна стигна вест од Европскиот суд за човекови права во Стразбур дека канонската Православна охридска архиепископија го добила спорот против македонската држава. После оваа пресуда, македонската држава е должна да ја регистрира Православната охридска архиепископија, која е во канонско единство со Српската православна црква и на чие чело е неговото блаженство архиепископот охридски и митрополит скопски Јован Вранишковски. Значи ли тоа дека во Поранешната Југословенска Република Македонија ќе настапат подобри денови за канонската Православна охридска архиепископија охридска и ќе престанат прогоните на нејзините архиереји, свештенство и монаштво? – Пресудата на Европскиот суд за човекови права, основана на начелата на правото и правдата, треба да ја набљудуваме во светлината на јануарските денови од 2004 год., кога скопските власти ги апсеа архиереите на Православната охридска архиепископија, кога претепуваа монахињи, го запалија манастирот во Нижеполе, покрај Битола, упаѓаа ноќе во домовите на верниците, им се закануваа и ги шиканираа. Исто така, треба да ја согледуваме во светлината на низата монтирани судски процеси и страдања на самиот архиепископ Јован. Со оваа пресуда, скопските власти се осуетени за понатаму да не постапуваат така. Православната охридска архиепископија од севкупното православие признатата канонска автономна црква, која ја врши полнотата на спасоносната мисија и има поглавар, епископат, свештенство, монаштво и верници, сега е и полноправен субјект на јавното и граѓанското право. Тоа, и мене, и на сите нам, ни влева надеж дека ПОА ќе биде толерирана и барем декларативно рамноправна со расколничката црковна организација, која de facto (иако, не и de iure), ужива статус и привилегии на државна црква. Само неколку дена по објавувањето на пресудата на Европскиот суд од Стразбур, стигна веста од Софија дека на адресата на Синодот на БПЦ е упатена една молба од Скопје од страна на непризнатата македонска црква. Во таа молба, од БПЦ се бара „мајчинство” за неканонската „Македонска црква”. Пред неколку дена е објавено дека Синодот на БПЦ ја услишал оваа молба, ја прифатил улогата на мајка-црква, во чијшто скут „Македонската црква” би се обидела да стекне легалност и автокефалност. Оваа одлука на Синодот на БПЦ придвижува многу болни сеќавања и отвора стари рани. Што мислите Вие за тоа? – Настаните, хронолошки се одвиваа токму така како што рековте (пресудата во Стразбур во корист на ПОА, а непосредно потоа и обраќањето кон БПЦ), но, јас не знам дали помеѓу нив постоела некоја причинско-последична поврзаност, или се работело за случајно, стихијски, синхронизирани случувања. Како и да било, постапката на Црквата во раскол претставува преседан во вкупната историја на Црквата, а од стојалиште на православната еклисиологија и канонското право – чиста фарса. Кратка анализа и оцена, како на акцијата на таканаречената МПЦ, така и на реакцијата на БПЦ, изнесов неодамна на страниците на „Вечерње новости”, а тука би се осврнал само на два аспекти – текстуалниот и политичкиот. Синодот на Бугарската патријаршија, имено, – судејќи по словото и духот на неговото официјално соопштение, – експлицитно и недвосмислено не ја прифати улогата на „Црква Мајка”, ниту ѝ вети на „Македонската православна црква” канонско општење и признавање на автокефален статус. Наместо тоа, бугарскиот синод формираше комисија, која има за задача да помогне при решавање на проблемот на создадениот раскол, и тоа со консултација и во соработка со останатите Православни Цркви. Ми се чини, ова е границата на неканонско вплеткување во животот на друга автокефална црква (српската), која бугарската црква не може да ја помине, доколку не сака и самата себе да си го дозволи искуството на расколот со сестринските цркви, искуство кое во својата историја веќе го имала, и тоа не еднаш. Не може да се избегне впечатокот – а, има и непосредни сведочења од самата бугарска црква – дека целиот потфат е мотивиран од политички, државно-национални цели, во духот на старата егзархиска теза за етничкиот бугарски карактер, не само на денешна Република Македонија, туку и на одделни делови на Србија и Грција. Со самото тоа, инспириран е, и поттикнат, по сè судејќи, од политичари и државни чинители од Скопје и Софија. Не знам, но не би се чудел, целото сценарио да е разработено на последниот состанок на двајцата премиери, Заев и Борисов, во Струмица, во режија, или, барем со активно учество на расколничкиот струмички владика Наум. Актерите и не кријат многу, дека нивните акции се политички координирани. Притоа, нив, се разбира, Црквата со своите канони, устројство и поредок, совршено не ги интересира. Нивната намера е чисто црковниот проблем да го решат со политичко насилство и со политичка цел. Со тоа „маѓепсаниот круг” се затвора: се враќаме на дамна изминатите децении, кога Комунистичката партија на Југославија ја основа таканаречената Македонска Православна Црква, за подоцна да ја дарува со фантомска автокефалност (документите за сето тоа веќе одамна се објавени). Проблемите нема да се решат со политичките договори на двоецот Борисов – Заев, и со неуката акробатика на поедини архиереји, кои инаку искрено и длабоко ги жалам, бидејќи virus-от schismaticum ги фрлил во долга духовна болест. Напротив, се плашам дека се оди кон нови поделби помеѓу верниците, не толку помеѓу оние од канонската Охридска Архиепископија, колку помеѓу оние, кои од незнаење или под влијание на пропаганда, припаѓаат на расколничките црковни структури. Интегралниот текст на интервјуто можете да го прочитате на следниов линк: http://spc.rs/sr/episkop_bachki_irinej_predugo_lutamo_kroz_lavirinte_idola_opsena_samoobmana]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irinej-potegot-na-mpc-delo-na-neuki-arhirei-i-politichki-dogovor-na-dvoecot-zaev-borisov/feed/ 0