брачни парови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Jul 2022 12:58:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брачни парови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 30 проценти од семејствата во земјава се брачни парови без деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-procenti-od-semejstvata-vo-zemjava-se-brachni-parovi-bez-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-procenti-od-semejstvata-vo-zemjava-se-brachni-parovi-bez-deca/#respond Wed, 27 Jul 2022 12:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=710857

Во земјава има вкупно 538 348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Над 26 илјади семејства или 4.9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над девет илјади семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години Над десет проценти или околу 58 илјади семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живеe со нив. Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.1. Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или 25,5 проценти живеат во четиричлени домаќинства, додека бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5,6 проценти. Бројот на населените станови во земјава, според податоците од Пописот 2021 изнесува 531 987 или 63,4 проценти од вкупниот број на станови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-procenti-od-semejstvata-vo-zemjava-se-brachni-parovi-bez-deca/feed/ 0
Непотизам на листата на Левица: Шест брачни пара на иста советничка листа во Охрид! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepotizam-na-listata-na-levica-shest-brachni-para-na-ista-sovetnichka-lista-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepotizam-na-listata-na-levica-shest-brachni-para-na-ista-sovetnichka-lista-vo-ohrid/#respond Sat, 18 Sep 2021 09:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=565153

Левица ја објави кандидатската листа за членови на Совет во Општина Охрид на која се наоѓаат имињата на 23 кандидати. Но, она кое е впечатливо е дека неколку презимиња на кандидатите се повторуваат по два пати, со што се наметнува прашањето дали се работи за членови на исто семејство. Дојчиноски – Дојчиноска, Илијоски – Илијоска, Наумоски – Наумоска, Јованчев – Јованчева се само дел од презимињата кои се повторуваат, а Виолета Аврамоска, која е носител на советничката листа за ,,Фокус” потврдува дека се работи за брачни парови. -Имаме брачни парови, наши кандидати, кои заслужуваа да бидат листата. Имаме и кандидати кои се активисти со исто презиме, а не се ниту роднини, тоа е примерот со Ристески. Бројот на брачни парови-кандидати е шест – вели Аврамоска. На прашањето, доколку сопружници успеат да влезат во Советот, дали на тоа се гледа како на чекор кој би донел продуктивност за граѓаните, или пак би можело да има несакани ефекти во носењето на одлуки, таа е категорична и тврди дека сите активисти си работат посебно, без разлика дали се сопружници или не. -Сите тие активисти си работат посебно, секој со своите способности. Секој од нив придонесе да се изгради огранокот во Охрид. Независно дали се брачни парови, секако дека нивното работење во Советот би било продуктивно и не би предизвикало никакви несакани ефекти – тврди Аврамоска, појаснувајќи дека во своите редови имаат неколку правници, асистент на архитектонски факултет, студенти на медицина и на правен факултет. Не е прв пат на советничките листи да се кандидираат брачни парови, и јавноста се сеќава на случајот со магистарот по правни науки, Сашо Николов, кој на изборите во 2017 година беше носител на независна листа во Неготино, а на истата ги вметна синот, ќерката и сопругата. Тогаш за ,,Фокус” изјави дека е горд што членови на неговото семејство се дел од кандидатите. -Ова не е прв пат на мојата независна советничка листа да ја назначам и сопругата Наталија. Во 2009 година, исто така таа беше на мојата листа, како последна, со реден број 15, и ми донесе среќа, влегов во Советот. Затоа и на овие избори, ја ставивме последна, за среќа. И ќерката и синот се исто така дел од листата, не го ставивме само постариот син, кој има своја професија со која што е окупиран-извести Николов во 2017 година, но не успеа да освои доволно гласови и влез во Советот. Годинава тој ја предводи советничката листа на ТМРО во Неготино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepotizam-na-listata-na-levica-shest-brachni-para-na-ista-sovetnichka-lista-vo-ohrid/feed/ 0
10 причини зошто жените ги оставаат мажите, а тоа не е неверство https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/10-prichini-zoshto-zenite-gi-ostavaat-mazite-a-toa-ne-e-neverstvo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/10-prichini-zoshto-zenite-gi-ostavaat-mazite-a-toa-ne-e-neverstvo/#respond Sat, 07 Jul 2018 19:01:08 +0000 https://kurir.mk/?p=73317

Неверството во бракот не е првото нешто поради кои жените ги оставаат своите парнери, покажува истражувањето на онлајн сервисот за истражување „NextLove“, туку двете најголем причини се различните цели на партнерот и непрестаните расправии. Овој сервис направи список од 10 причини поради кои жените се одлучуваат на развод, а тоа да не неверството. Овој сервис одлучи да истражи кои се причините поради кои жените се одлучуваат да го напуштат својот партнер. На својата интернет страница анкетирале 43.000 жени за причините поради кои на својот партнер му рекле збогум. -Неверството понекогаш дури се покажува како добро средство за спасување на бракот, но многу често е прични за негов распад, изјави за Дејли мејл извршниот директор на сервисот, Сигурд Ведал. Анкетата покажала дека 29.2 отсто од жените како причина за развод од бракот го навеле неверството, а Ведал напоменува дека недостатокот од заеднички животни интереси на партнерот, кои ќесто се причина за распад не бракот, може да биде и повод за неверство. Караниците се нашле на третото место најчести причини за пропаст на бракот, а тоа го кажале 10.9 отсто од анкетираните. Според анкетата, четвртото место го зазема недостатокот на интимност со сопругот. Поголемиот дел од жените сакаат активен сексуален живот и ако не го добијат во својата спална соба, ќе го побараат на друго место, што доведува до распад на бракот.

-Недостатокот на интимност може да го уништи бракот, а како резултат на тоа, брачните партнери водат одвоени живот, објаснува Ведал и открива дека поголемиот број мажи и жени се пријавуваат на нивниот сервис поради ваквите ситуации во бракот. Менталната болест е петта причина за распад на бракот, за што потврдиле 5.6 проценти од анкетираните. Живот со парнер кој има нарушено ментално здравје е голем предизвик и покрај огромните напори за вложување во спас на бракот, тој често се распаѓа. На шестото место е лошото однесување на партнерот, за што во анкетата одговориле 5 отсто од жените. Овој одговор опфаќа и физичко, емоционално, но и финансиско злоставување. Досадата како убиец на односите го навеле 4.2 отсто, додека зад неа на осмото место се наоѓа физичкото злоставување. На последните две места се нашле проблеми во куќата и проблемите со парите. Вендал смета дека резултатите прилично добро ги отсликуваат најчестите причини поради кои жените се откажуваат од бракот и бараат развод и напоменува оти е добра работа што по нивниот развод се подготвени на љубовта да и дадат втора шанса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/10-prichini-zoshto-zenite-gi-ostavaat-mazite-a-toa-ne-e-neverstvo/feed/ 0
НЕМА МЕСТО ЗА ЉУБОВ: Нив бракот од корист им беше на прво место- на своите сопружници им земаа големо богатство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nema-mesto-za-ljubov-niv-brakot-od-korist-im-beshe-na-prvo-mesto-na-svoite-sopruznici-im-zemaa-golemo-bogatstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nema-mesto-za-ljubov-niv-brakot-od-korist-im-beshe-na-prvo-mesto-na-svoite-sopruznici-im-zemaa-golemo-bogatstvo/#respond Thu, 12 Apr 2018 19:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=38556

Се стекнаа со богатство со еден паметен потег- развод! Некои од нив пред бракот со познатите личности едвај спојувале крај со крај, но животот потполно им се свртел Погледнете кои се некои од „најсреќните“ разведени познати: Бритни Спирс и Кевин Федерлајн Кога ја запознал Бритни Спирс, Кевин Федерлајн бил танчер кој живеел во изнајмен стан. После разводот од пејачката чие богатство се проценува на милиони, Кевин успеал да ја зголеми својата банкарска сметка и тоа многукратно. Добивајќи и целосно старателство над децата, како и куќата на Малибу, која ја пејачката ја купи додека беа во брак, може да се каже дека разводот од Бритни не му паднал воопшто тешко. Кеш Ворен и Џесика Алба Кеш Ворен работеше како асистент продуцент на филмот „Фантастична четворка“. Му тргна од рака да го освои срцето на една од тогаш најплатените актерки во Холивуд, Џесика Алба. Оваа врска, подоцна и брак го прославија Кеш, кој денес е најпознат филмски продуцент на светот. Лусијана Барозо и Мет Дејмон Лусијана Барозо работела како келнерка во бар. Била приморана да работи дупли смени и да ги служи гостите. Животот и се променил од корен во 2003 година, кога во нејзиниот бар влегол познатиот актер Мет Дејмон. Од келнерка во бар стана сопственик на ланец угостителски објекти, би можело да се каже преку ноќ... Габриел Обри и Хали Бери Манекенот Габриел Обри тешко наоѓаше работа, но животот потполно му се промени кога се ожени со оскаровката Хали Бери. После пет години следеше бурен развод, од кој исто така извлече ќар. Актерката на манекенот му уплатува месечно по 16.000 на име алиментација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nema-mesto-za-ljubov-niv-brakot-od-korist-im-beshe-na-prvo-mesto-na-svoite-sopruznici-im-zemaa-golemo-bogatstvo/feed/ 0