брада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Aug 2023 19:45:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што говорат темните влакна на брадата за вашето здравје? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-govorat-temnite-vlakna-na-bradata-za-vasheto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-govorat-temnite-vlakna-na-bradata-za-vasheto-zdravje/#respond Tue, 01 Aug 2023 19:45:30 +0000 https://kurir.mk/?p=862446

Сите имаме светли влакна кои го покриваат лицето и вратот, и сосема е нормално да се појави некое потемно меѓу нив. Меѓутоа, ако забележите повеќе од вообичаеното количество темни влакна на брадата и вратот, тоа може да укаже на медицинска состојба што треба дополнително да ја испитате. Количината на влакна на лицето често зависи од вашата генетика, возраст и хормони. Тестостеронот е општо познат како машки полов хормон, но секој го има - жените едноставно имаат пониски нивоа. Овој хормон има врска со диктирањето на растот на влакната на телото. Може да забележите дека вклучително и влакната на лицето се менуваат во текот на вашиот живот поради голем број фактори, почнувајќи од пубертетот, потоа бременоста и менопаузата. Ова често се должи на промени во нивото на хормоните. Имајте на ум дека малку влакна на брадата, вратот, горната усна и лицето се сосема нормални и нема од што да се вознемирувате. Меѓутоа, ако имате темни влакна на лицето, вратот, градите и стомакот, како и на долниот дел на грбот, задникот или бутовите, или може да се сведе на нешто што се нарекува хирзутизам. Според упатствата на NHS, хирзутизмот е поврзан со андрогени хормони и може да се активира ако се зголемат нивоата на овие хормони или ако вашето тело стане почувствително на нив. Ненадејните промени во влакната на лицето може да значат дека вашето тело испраќа сигнал дека нешто се променило. Постојат голем број медицински состојби кои можат да предизвикаат промена на нивото на хормоните или хормонална нерамнотежа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-govorat-temnite-vlakna-na-bradata-za-vasheto-zdravje/feed/ 0
Зошто на жените им се допаѓаат мажи со брада? Истражувањето даде можно објаснување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-na-zhenite-im-se-dopagaat-mazhi-so-brada-istrazhuvaneto-dade-mozhno-objasnuvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-na-zhenite-im-se-dopagaat-mazhi-so-brada-istrazhuvaneto-dade-mozhno-objasnuvane/#respond Mon, 22 May 2023 12:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=837437

Во истражувањето учествувале жени на возраст меѓу 18 и 70 години Мажите кои имаат брада се сметаат за попривлечни и подоминантни од понежниот пол, покажа истражувањето на Универзитетот во Квинсленд во кое учествувале 919 жени на возраст од 18 до 70 години. Нивната задача била да ги оценуваат фотографиите на мажи без брада, мажи со брада, како и фотошопирани фотографии. Испитаниците ги оценувале потенцијалните партнери и за авантура и за сериозна врска. Според резултатите, највисоки оценки добиле фотографиите од мажи со изразито машки црти и густа брада, особено кога станува збор за воспоставување долгорочни партнерства и врски. Но, не сите жени биле фасцинирани од мажите со брада, најчесто поради хигиенски причини, наведувајќи дека брадата собира бактерии. Сепак, карактерот игра клучна улога во привлекувањето на спротивниот пол, а истражувањата покажуваат дека жените во голема мера ја одредуваат личноста и особините на личноста врз основа на нивната брада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-na-zhenite-im-se-dopagaat-mazhi-so-brada-istrazhuvaneto-dade-mozhno-objasnuvane/feed/ 0
Талибанците им порачаа на државните службеници да носат брада, во спротивно ќе добијат отказ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-porachaa-na-drzavnite-sluzbenici-da-nosat-brada-vo-sprotivno-kje-dobijat-otkaz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-porachaa-na-drzavnite-sluzbenici-da-nosat-brada-vo-sprotivno-kje-dobijat-otkaz/#respond Mon, 28 Mar 2022 12:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=654596

Авганистанските талибанци им наредија на сите владини службеници да носат брада или ќе бидат отпуштени, потврдија три извори за западни медиуми. Претставници на Министерството за промоција на доблести и спречување пороци од денеска веќе почнаа да ги посетуваат државните служби за да проверат дали сите вработени се придржуваат до новите правила. Талибанците, исто така, пропишаа строг кодекс на облекување, а државните службеници ќе треба да носат долга, широка туника и панталони и турбан или капа. Покрај тоа, тие мора да се молат во одредено време во текот на денот. Минатата недела талибанците им забранија на жените да летаат со авион доколку немаат машка придружба, а на средношколките се уште не им е дозволено да се вратат на училиште. Вчера наредија сите забавни паркови да вршат сегрегација врз основа на пол, што значи дека семејствата повеќе не можат да одат на тие места заедно. Според распоредот на министерството, жените од недела до вторник ќе можат да одат во забавните паркови во и околу Кабул и ќе мора да носат исламски хиџаб, додека мажите ќе можат да се забавуваат од среда до сабота.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-porachaa-na-drzavnite-sluzbenici-da-nosat-brada-vo-sprotivno-kje-dobijat-otkaz/feed/ 0
Германија: Без брада, само со мустаќи- ново корона правило https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/germanija-bez-brada-samo-so-mustakji-novo-korona-pravilo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/germanija-bez-brada-samo-so-mustakji-novo-korona-pravilo/#respond Thu, 10 Feb 2022 11:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=629576

Во време кога неколку европски земји најавија или веќе ги укинаа мерките за коронавирус, во Германија се воведуваат дополнителни „чудни“ мерки. Така, Медицинскиот универзитет во Грајфсвалд, во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија, им забранил на студентите да носат брада. Секој кој досега носел брада мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата не може, како што тврдат, добро да се стави на лицето. Од Универзитетот по електронска пошта ги известиле студентите „да се погрижат лицето да им биде во согласност со хигиенските правила“, пишува весникот „Нордкурир“. Студентите можат да пуштат само мустаќи, а ако сакаат да одат на вежби и предавања, мора да ја избричат ​​брадата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/germanija-bez-brada-samo-so-mustakji-novo-korona-pravilo/feed/ 0
Пуштањето брада може да биде корисно за машкото здравје https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pushtanjeto-brada-moze-da-bide-korisno-za-mashkoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pushtanjeto-brada-moze-da-bide-korisno-za-mashkoto-zdravje/#respond Fri, 03 Dec 2021 12:57:25 +0000 https://kurir.mk/?p=603647

Д-р Каран Рангарјан, хирург и предавач на Универзитетот на Сандерленд, редовно споделува совети околу медицината… Така, во едно од последните видеа на неговиот интернет-простор, тој тврди дека пуштањето брада може да биде корисно за машкото здравје. Лекарот објаснува дека влакната го штитат лицето, секако – под услов на редовна и правилна хигиена. – Истражување коешто ги спореди болничките работници со брада и оние без брада покажа дека избричените мажи имаат трипати поголема веројатност да фатат МРСА, рече тој. МРСА е бактерија којашто е отпорна на многу антибиотици, што значи дека е потешка за лекување од многу други зарази. – Причината можеби е тоа што бричењето создава микроабразии кои се совршено место за размножување на овие бактерии, појаснува тој. Според него, брадата всушност, исто така, ја прави кожата „супер-мека“. – Ова, затоа што брадата не само што ја штити кожата од стареење со тоа што го спречува изложувањето на сонце, туку делува и како заштита од постојано допирање на кожата на лицето, од случајно отстранување на мастите коишто ги произведуваат Вашите лојни жлезди, кои пак, ја одржуваат вашата кожа мрсна и хидрирана. Брадата, исто така, може да го намали ризикот од изгореници и рак на кожата. Постојат докази дека влакната на лицето ја намалуваат изложеноста на ултравиолетва светлина за една третина во споредба со – избричените лица. Сепак, иако влакната на лицето можат да ја намалат ризикот од рак на кожата како меланом, треба да не ја фрлајте кремата за сончање, заклучи тој. Од објавувањето, видеото досега собра над 300.000 прегледи и стотици коментари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pushtanjeto-brada-moze-da-bide-korisno-za-mashkoto-zdravje/feed/ 0
Жените “лудуваат“ по мажи со брада, дознајте зошто е тоа така! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zenite-luduvaat-po-mazi-so-brada-doznajte-zoshto-e-toa-taka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zenite-luduvaat-po-mazi-so-brada-doznajte-zoshto-e-toa-taka/#respond Sat, 13 Mar 2021 14:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=481861

Во последниве години, брадата стана тренд и еден од најпосакуваните украси на лицето на мажите. Една од причините зошто е ова вака е бидејќи на машкото лице му дава дополнителна доза на маженственост, а според истражувањето, жените повеќе ги привлекуваат мажи кои имаат брада, отколку оние кои немаат. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Квинсленд опфатило 8.500 жени од кои било побарано да оценуваат фотографии од мажи според тоа колку ги сметаат за привлечни и дали ги сметаат како потенцијални партнери за краткорочна или долготрајна врска. Мнозинството жени ги оцениле мажите со брада како попривлечни и подобар избор за долга врска, додека мажите без брада им биле привлечни само за афери или кратки врски. Според авторите на истражувањето, жените природно ги привлекуваат карактеристики кои се асоцираат на повисоко ниво на тестостерон. Со други зборови, таквиот изглед на жените им оддава впечаток на зрелост, а со такви мажи се чувствуваат посигурни. Освен брадата, карактеристики кои ги прават мажите привлечни се и длабок глас и нагласена вилица, што се исто така два показатели на високо ниво на тестостерон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zenite-luduvaat-po-mazi-so-brada-doznajte-zoshto-e-toa-taka/feed/ 0
Рики Мартин со новата објава ги збуни фановите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/riki-martin-so-novata-objava-gi-zbuni-fanovite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/riki-martin-so-novata-objava-gi-zbuni-fanovite-foto/#respond Tue, 26 Jan 2021 09:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=459906

49-годишниот пејач Рики Мартин со својата нова фотографија на Инстаграм ги изненади своите следбеници. Мартин ја избланширал својата брада, а многумина веднаш помислиле дека изненадно обелел. „Кога ти е здодевно, избланширај се“, напиша Рики во описот на фотографијата која собрала над 770.000 лајкови.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/riki-martin-so-novata-objava-gi-zbuni-fanovite-foto/feed/ 0
Видео: Се избричил за прв пат после 10 години и ја шокирал неговата сопруга која никогаш не го видела без брада https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-se-izbrichil-za-prv-pat-posle-10-godini-i-ja-shokiral-negovata-sopruga-koja-nikogash-ne-go-videla-bez-brada/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-se-izbrichil-za-prv-pat-posle-10-godini-i-ja-shokiral-negovata-sopruga-koja-nikogash-ne-go-videla-bez-brada/#respond Mon, 25 May 2020 17:57:08 +0000 https://kurir.mk/?p=350127

Додека многу во карантинот пуштаат брада, професионалниот модел и амбасадор за производи на нега на брада Карлос Коста го направи сосема спротивното, тој ја избричи брадата за прв пат после 10 години -Поминаа 10 години откако си го имам видено лицето и тоа се променило, вели тој -Сега имам 40 години, сум остарел и сакам да видам како изгледам без брада, вели Карлон и додава дека неговата жена која ја запознал пред седум години никогаш не го видела без брада. - Не се сеќавам дека сум бил ваков, вели Карлос отатко ја избричи брадата. За неговата сопруга Џена ова претставуа шок. -Ова е чудно. О боже не можам да те гледам, не личиш на севе“, вели Џена во видеото откако за прв пат ќе гоп види својот сопруг без брада.. По првиот шок таа воочува дека Карлос сега всушност изгледа помладо. -Знаеш што е чудно? Сега можам да ти ги видам усните додека збориш. Кога подобро ќе размислам, никогаш не сум видела како ти се движат усните додека зборуваш, вели Џена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-se-izbrichil-za-prv-pat-posle-10-godini-i-ja-shokiral-negovata-sopruga-koja-nikogash-ne-go-videla-bez-brada/feed/ 0
Интервју за КУРИР со д-р Арсова: Жените да внимаваат со косата, а мажите со брадата – и вака може да се пренесе коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-za-kurir-so-d-r-arsova-zenite-da-vnimavaat-so-kosata-a-mazite-so-bradata-i-vaka-moze-da-se-prenese-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-za-kurir-so-d-r-arsova-zenite-da-vnimavaat-so-kosata-a-mazite-so-bradata-i-vaka-moze-da-se-prenese-koronavirus/#respond Tue, 14 Apr 2020 13:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=332095

Во тек на пандемијата со коронавирусот треба да одбегнуваме често доприање на косата заради можноста на задржување на Ковид-19 на влакното. Истото важи и за мажите кои имаат брада. Миењето на косата и брадата треба да биде дневна рутина за да го деактивираме вирусот. На овие теми во интервју за КУРИР разговараме со трихологот д-р Елена Арсова, сопственик на Hair Clinic Beograd.  Се пренесува ли Ковид-19 на косата?  Д-р Арсова: Дефинитивно Ковид-19 може да се пренесе на косата, со допир или по пат на капки во воздухот. На пример, додека чекаме во ред во маркет може да ја местиме косата со прсти откако сме допирале разни производи. Исто така, ако во наша близина потенцијално заразен кашла или кива, преку капките во воздух може да падне вирусот на нашата коса. Неопходно е да се воздржиме од често допирање на косата и да држиме дистанца од другите на 2 метра додека сме во ризична средина. Дали тоа значи дека треба секогаш да ја миеме косата откако ќе излеземе надвор од својот дом? Д-р Арсова: Освен што треба редовно да ги миеме рацете, задолжително треба да ја миеме и нашата коса, доколку сме биле излезени. Поради тоа што секој од нас несвесно ја допира својата коса и тоа релативно често, се зголемува можноста за пренос на вирусот од косата на лице. Кај мажите препорачувам секојдневно миење на косата доколку излегувале, а кај жените може и секој втор ден, ама денот кога не ја мијат косата, да ја врзуваат за да не биде во контакт со лицето. Колку коронавирусот “преживува“ на косата? Д-р Арсова: Коронавирусот ни е познат само неколку месеци, така што немаме доволно информации за неговиот капацитет на преживување. За сега е познато дека може да остане активен во воздухот неколку саати, а на различни површини до неколку дена. Иако уште нема точни информации околу тоа колку долго може да опстане на косата, но факт е дека може да преживее на влакното, пократко отколку на мазни површини. Сепак, вирусот може да се пренесе од коса на лице, нос или очи на два начини: кога прамените коса ни паѓаат директно на лицето или кога со прстите ја допираме косата, а потоа лицето, носот или очите, Вирусот најчесто се пренесува преку прсти, бидејќи во текот на денот со прстите допираме најмногу површини, несвесно, а потоа своето лице. Каков шампон е адекватен за да го уништиме Ковид-19 на влакното? Д-р Арсова: Кога бирате шампон за вашата коса, треба да го проверите дали содржи SLS (Sodium Laureth Sulphate), кој е одличен сирфактант. Сурфактанти се молекули кои имаат амфифилни својства, односно врзуваат и масти и вода. На пример, ако во еден сад ставиме масло и вода, тие нема да се помешаат. Но, ако додадеме детергент, сапун или шампон, ќе дојде до дисперзија на маслото, затоа што амфифлите фактички го разградуваат маслото на мали честици. На ист начин и шампонот или сапунот го дезинтегрираат вирусот. Ковид-19 има маслена обвивка, па шампонот буквално ги разградува масните компонентни на вирусот и го раздвојува на мали честици кои водата ги испира од косата.  Освен на косата, Ковид-19 исто така и на брадата се задржува? д-р Арсова: Поради хипстерскиот тренд, многу мажи носат подолга брада. Наједноставно е брадата да се избричи или да се мие секојдневно. Исто така, интересен факт е дека многу од мажите ја избричија и својата глава. Која е вашата препорака? Д-р Арсова: Препорачувам да се придржувате на препораките на надлежните, и да останете дома, редовно да ги миете рацете и секако косата, да ги дезинфикувате редовно предметите кои често ги допирате како и работните површини. И секако, бидете солидарни затоа што солидарноста е единствен третман за коронавирусот во овој момент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-za-kurir-so-d-r-arsova-zenite-da-vnimavaat-so-kosata-a-mazite-so-bradata-i-vaka-moze-da-se-prenese-koronavirus/feed/ 0
ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Мажи мора да се збогувате со брадата доколку сакате да се заштитите под маската од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-mora-da-go-znaete-mazi-mora-da-se-zboguvate-so-bradata-dokolku-sakate-da-se-zashtitite-pod-maskata-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-mora-da-go-znaete-mazi-mora-da-se-zboguvate-so-bradata-dokolku-sakate-da-se-zashtitite-pod-maskata-od-koronavirus/#respond Thu, 02 Apr 2020 09:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=326080

Од Универзитетската болница во Нанси,  една од најдобрите болници во Франција, доаѓа предупредувањето за можната неефикасност на маската ФФП2 за лицата со брада, јави дописникот на МИА. -Носењето брада ја прави маската ФФП2 неефикасна, вели Сирил Махие, секретар на синдикатот „Форс Увриер“ при универзитетската болница во Нанси. Прашањето беше покренато за време на еден од дневните состаноци помеѓу раководството на болницата и синдикатите и „дирекцијата на болницата го потврди она од што се плашевме“, објаснува Сирил Махие. -Со влакната од брадата, хереметичноста/непропустливоста помеѓу маската и кожата на лицето не може да се направи правилно и затоа персоналот кој носи брадата со маска ФФП2 се изложува на коронавирус, иако мисли дека се заштитени, забележува претставникот на синдикатот. -Побарав да се испрати меморандум до раководителите на различните сервиси во болницата, за да се информира целиот засегнат персонал, вели синдикалистот. Многумина од медицинскиот персонал ќе мора да ги бричи брадите за да дишат поспокојно под маската ФФП2, како што се издадени директиви во одредени болници, на пример Саутемптон во Велика Британија или Квебек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-mora-da-go-znaete-mazi-mora-da-se-zboguvate-so-bradata-dokolku-sakate-da-se-zashtitite-pod-maskata-od-koronavirus/feed/ 0