браќа манаки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 05:24:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png браќа манаки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Завршува фестивалот на кинематогаферите од светот „Браќа Манаки“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshuva-festivalot-na-kinematogaferite-od-svetot-braka-manaki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshuva-festivalot-na-kinematogaferite-od-svetot-braka-manaki/#respond Fri, 29 Sep 2023 05:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=883060

Со проекција на македонскиот игран филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, проект во кој кинематографер е Душан Кардалевски, вечер во Битола завршува 44 издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Според востановената традиција, пред доделување на фестивалските награди за најдобрите кинематографери за кои одлучуваат неколку жири комисии, на сцената во НУ Центар за култура во Битола ќе биде доделена наградата специјална златна „Камера 300“ за посебен придонес во филмската уметност која годинава му припадна на Шејмус Мекгарви. Лауратот Мекгарви првите филмови ги снимил по дипломирањето во 1988 година, а во 2004 година е награден со медал Лимиер за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува Кралското фотографско друштво. Мекгарви кој во Битола одржа мастер клас, двапати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија-кинематографија во филмот „Покајание“ и за филмот „Ана Каренина“. Во својата кариера, Мекгарви е потписник на педесеттина филмови, меѓу кои „Педесет нијанси на сивото“, „Годзила“, „Величествениот шоумен“..., а неговиот најнов филм „Вонка“, каде исто така е кинематографер, премиерно ќе биде прикажан оваа година, во декември. Медиумски покровител на ИФФК „Браќа Манаки“ годинава е Медиумската информативна агенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshuva-festivalot-na-kinematogaferite-od-svetot-braka-manaki/feed/ 0
Eдинствениот македонски краток филм „Mавера“ вечерва се прикажува на Браќа Манаки https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/edinstveniot-makedonski-kratok-film-mavera-vecherva-se-prikazhuva-na-braka-manaki/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/edinstveniot-makedonski-kratok-film-mavera-vecherva-se-prikazhuva-na-braka-manaki/#respond Thu, 28 Sep 2023 13:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=882853

Краткиот игран филм „Мавера“ е во официјалната селекција на кратките играни филмови на 44 издание од интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ како единствен Македонски краток филм ќе биде прикажан на eвчерва во Центарот за култура во Битола со почеток од 19:00 часот. Овој проект е независно финансиран, без надворешна поддршка, а притоа е селектиран од голема конкуренција на Македонски и странски филмови со високи буџети, во режија и сценарио на Батухан Ибрахим, кој е и продуцент на филмот заедно со Стефан Ѓоргиевски, кој исто така е и кинематографер на проектот. Монтажер е Драган Спасов а дизајнот на звук е на Ристо Алчинов. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска. -Заедно работиме од студентски денови, сметам дека многу добро функционираме во нашата работа и комуникација. Батухан ја сподели неговата идеја за Мавера со мене, генерално сличните проблеми не засегаат па и оваа приказна ми беше многу блиска. Во процесот бев од првиот момент, уште од самата идеја, па постојано комунициравме во фаза на сценарио, разменувавме идеи, мислења и лични искуства, вели Ѓорѓиевски. Ибрахим вели дека со Ѓорѓиевски ги работеле сите заеднички студентски филмови, вежби а покрај тоа и останати проекти кои што не се филм. -Новиот проект кој што е поддржан од Агенцијата за филм исто така го работиме заедно, многу добар тим сме и функционираме одлично. Во овој процес тој беше вклучен од првиот момент, врз основа на нашето пријателство комунициравме уште од првите мигови, односно уште од креирање на идејата, јас ја споделив со него. Секако од почетокот бевме одлучни дека двајцата ќе бидеме продуценти на филмот, дека ќе биде тежок нашиот пат но успеавме, додава Ибрахим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/edinstveniot-makedonski-kratok-film-mavera-vecherva-se-prikazhuva-na-braka-manaki/feed/ 0
Збирката ФОНД 580 „Браќа Манаки – Битола 1853-1964“ е прогласена за културно наследство од особено значење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-fond-580-braka-manaki-bitola-1853-1964-e-proglasena-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-fond-580-braka-manaki-bitola-1853-1964-e-proglasena-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachene/#respond Wed, 30 Aug 2023 18:45:06 +0000 https://kurir.mk/?p=872683

Збирката на движно културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки - Битола 1853-1964“ која се наоѓа во Државниот архив на Република Северна Македонија – Одделение Битола е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. -Владата донесе одлука со која на оваа вредна збирка ѝ е овозможено трајно зачувување во изворна состојба; се обезбедуваат поволни услови за опстанок на исклучителната документација и задржување на сите податоци што ги носи со себе како сведоштво. Високиот степен на заштита овозможува ширење на сознанијата за вредностите и значењето на збирката и за нејзината улога во културната идентификација, а се спречуваат и секаков вид дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање, соопшти Министерството за култура. Збирката ФОНД 580 „Браќа Манаки - Битола 1853-1964“ содржи документација, фотодокументација и предмети од професионалниот живот на браќата Милтон и Јанаки Манаки или вкупно: 1253 архивски единици документација со 3867 листови; 7041 фотографии позитиви (хартиени копии); 6702 стаклени негативи (4951 заведени со описи, 1751 заведени без описи); 1071 рол филмови; 2087 план филмови; 49 единици фото и киноопрема; 1364 страници научно-информативно средство. Во образложението на Одлуката се истакнува: „Збирката заради својствата како автентичност, реткост, репрезентативност, разновидност, интегралност, зачуваност, старост, втемеленост и припадност, како и заради критериумите уникатност, исклучителност, впечатливост, влијателност, поврзаност и висок степен на автентична зачуваност е сведоштво за едно време кое е од поширок интерес за проучување на мултикултурната балканска демографска структура општествено-економските и културно-историските прилики од регионална и европска важност“. -Со прогласувањето на Збирката на браќата Манаки за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, овие над илјада и двесте артефакти добиваат режим на заштита од прв степен, што значи дека доброто ќе добие трајна заштита и систематизација што ќе овозможат едукативна програма за општествено-социолошки, културни и историски теми, нејзина дигитализација и можност за истражувачки, публикациски и други репрезентативни потреби кои вклучуваат јавно користење и достапност на доброто. Одделението во Битола на Државниот архив, ќе овозоможи поголема вклученост на јавноста и меѓународна афирмација на богатото културно наследство содржано во оваа збирка, наведува Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-fond-580-braka-manaki-bitola-1853-1964-e-proglasena-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachene/feed/ 0
Средба на Пендаровски со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-rakovodstvoto-na-festivalot-braka-manaki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-rakovodstvoto-na-festivalot-braka-manaki/#respond Tue, 22 Aug 2023 14:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=869662

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски. -На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на програмата на годинашниот 44-ти интернационален фестивал на филмска камера ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од целиот свет, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски. Шефот на државата ја поздравил речиси петдеценицската традиција на фестивалот и истакнал дека го радува фактот што од година в година се повеќе се збогатува програмата на „Браќа Манаки“, а Битола ја посетуваат звучни имиња од светската филмска индустрија. -Со тоа, како што потенцираше претседателот, фестивалот е промотор, не само на Битола како град, туку воопшто на македонската култура во светот, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pendarovski-so-rakovodstvoto-na-festivalot-braka-manaki/feed/ 0
Изложба на дигитализирани фотографии на браќата Манаки во Кинотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-digitalizirani-fotografii-na-brakjata-manaki-vo-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-digitalizirani-fotografii-na-brakjata-manaki-vo-kinoteka/#respond Sun, 04 Sep 2022 09:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=728470

Дигитализирани фотографии од фотографскиот опус на браќата Манаки ќе бидат изложени во фоајето на Кинотеката на Република Северна Македонија до 7 септември. Автор на оваа изложба е Роберт Јанкулоски (1969), фотограф, режисер, кинематографер и проучувач на историјата на фотографијата на овие простори. По повод јубилејот, покрај најавената изложба, на 7 септември, на последниот ден од Фестивалот на нем и класичен филм, посетителите на проекциите на трите етнолошки документарни филмови на Вера Кличкова ќе добијат ДВД со дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки. Милтон Манаки (09.09.1882, Авдела, Грција – 05.03.1964, Битола, Македонија) и неговиот постар брат Јанаки (1878-1954) се филмски пионери не само во земјава, туку и пошироко на Балканот. Јанаки, кој работел како професор по цртање и калиграфија, во 1989 во Јанина отворил фотографски дуќан, и тука започнува заедничката работа на браќата. Милтон го изучува фотографскиот занает токму таму, под менторство на неговиот постар брат Јанаки. Во 1905 година, браќата се селат во Битола, тогашен Монастир – важен политички, економски и културен центар во Румелискиот вилает на Отоманското царство, каде што го отвораат познатото „Ателје за уметничка фотографија“. Речиси петнаесет години подоцна го градат и отвораат киното „Манаки“ кое со кратки периоди на затворање (зарди пожар, банкротирање и слични „непогоди“) работело од 1921 до 1939 година. По смртта на Јанаки, во 1955 година, Милтон целокупната филмска и фотографска оставина ја депонирал во Државниот архив на тогашна ФНР Југославија. Во 1976 година, по основањето на Кинотеката, филмските ленти се предадени на чување во овој наш национален филмски архив, и во текот на изминативе децении тие беа реставрирани и заштитени со изработка на архивски копии, а во 2011 година и дигитализирани, дигитално реставрирани и прогласени на национално културно наследство. Фотографскиот опус, пак, денес се чува во Државниот архив, односно во Одделението на Државниот архив во Битола. Мал дел од овие материјали се и дигитализирани од Роберт Јанкулоски и „Македонскиот Центар за фотографија“ (МЦФ) – па и прикажани во рамките на неколку тематски изложби на Балканов и во Македонија и во монографијата „Манаки, приказна во слики“, а допрва следи комплетна дигитализација од страна на Архивското одделение во Битола што годинава доби можност да ја започне на дигитализација на „Фондот 580“ на браќата Манаки кој заедно со огромниот фотографски материјал содржи 20.000 фајлови што Архивското одделение ги чува во своите депоа заедно со „камерата 300“. Во тек е постапка за прогласување на комплетната архивска граѓа од фондот на браќата Манаки во Државниот архив – за културно наследство од исклучително национално значење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-digitalizirani-fotografii-na-brakjata-manaki-vo-kinoteka/feed/ 0
На ИФФК „Браќа Манаки“ доделување на златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-dodeluvanje-na-zlatna-srebrena-i-bronzena-kamera-300/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-dodeluvanje-na-zlatna-srebrena-i-bronzena-kamera-300/#respond Fri, 26 Aug 2022 05:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=724145

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ завршува вечер со доделување на златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ на најдобрите кинематографери кои учествуваа на 43. фестивалско издание. Во главната програма беа емитувани 14 филмови, од кои најголем дел пристигнаа од фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари. -Меѓународните филмски фестивали ја имаат мисијата да ја развиваат филмската уметност, да ја помагаат филмската индустрија и да го слават филмот во светски рамки. Затоа за филмските фестивали се потребни и исклучителни дела со силен авторски печат, но истовремено солидни дела направени од филмските професионалци кои се наменети за пошироката публика, рече Слаѓан Пенев, селектор на главната фестивалска програма. ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува под покровителство на претседателот на државата и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-dodeluvanje-na-zlatna-srebrena-i-bronzena-kamera-300/feed/ 0
Хрватско-српскиот филм „Чичко“ вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/hrvatsko-srpskiot-film-chichko-vecher-na-iffk-brakja-manaki-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/hrvatsko-srpskiot-film-chichko-vecher-na-iffk-brakja-manaki-vo-bitola/#respond Wed, 24 Aug 2022 08:05:55 +0000 https://kurir.mk/?p=723048

Битола, 24 август 2022 (МИА)–Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ продолжува со програмските содржини, а во рамки на натпреварот за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ вечер ќе биде емитуван хрватско-српскиот филм „Чичко“ во режија на Давид Капац и Андрија Мардесиќ, а кинематографер е Милош Јаќимовиќ. Хрватско-српскиот филм „Чичко“ светска премиера имаше на фестивалот Карлови Вари во Чешка, каде го доби признанието „Проксима“, потоа беше емитуван на филмскиот фестивал во Пула, Хрватска каде режисерите и сценаристи Капац и Мардесиќ беа наградени за филм со најдобро сценарио, а неодамна филмот беше емитуван и на Фестивал на европскиот филм во Палиќ, крај Суботица. Меѓународната презентација на „Чичко“ во кој главната улога ја толкува познатиот српски актер Предраг Мики Манојловиќ, продолжува вечер во Битола на ИФФК „Браќа Манаки“, каде според програмата ќе биде емитуван и италијанскиот филм во конкуренција „Осумте планини“ во кој кинематографер е Рубен Импенс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/hrvatsko-srpskiot-film-chichko-vecher-na-iffk-brakja-manaki-vo-bitola/feed/ 0
Оскаровецот Ентони Дод Ментл на ИФФК „Браќа Манаки“: Секогаш ги сакав игрите со светлината https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oskarovecot-entoni-dod-mentl-na-iffk-brakja-manaki-sekogash-gi-sakav-igrite-so-svetlinata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oskarovecot-entoni-dod-mentl-na-iffk-brakja-manaki-sekogash-gi-sakav-igrite-so-svetlinata/#respond Sun, 21 Aug 2022 20:20:01 +0000 https://kurir.mk/?p=721799

Британско-данскиот кинематограф Ентони Дод Ментл, годинешен добитник на наградата Златна „Камера 300“ за животен опус, на мастер клас во Битола истакна дека секогаш ги сакал игрите со светлината, иако во еден период мислел дека ќе биде сликар. Пред аудиториумот, заедно со својот домаќин, а годинешен добитник на почесна златна „Камера 300“, Најџел Волтерс, кинематограферот Дод Ментл потсети дека како млад работел разни физички работи во Британија и во Данска, потоа поминал подолг период во Индија, каде што своевремено живееле и работеле неговите баба и дедо. Таму на најдобар начин го споил воодушевувањето од пејзажите и питорескниот социјален живот на тој континент, но и – фотографијата, истакна оскаровецот Дод Ментл пред аудитоирумот во Битола. -Моите најпознати соборци од разни фази на кариерата се Трир кој секогаш сакаше да провоцира, потоа Винтерберг во „Семејна прослава“, Дени Бојл, со чиј филм „Сиромашниот милионер“ го освоив „Оскарот“ за кинематографија и други…Секој филм е „ѕверка“, има свој живот, и си зазема сопствена форма, па крајниот исход може да биде непредевидлив, истакна Ментл. На мастер класот беа емитувани извадоци од неколку значајни филмови во кои камерата е во рацете на Дод Ментл. -Сите кинематографери треба да го прават тоа што го сакаат и ги возбудува, посочи Ентони Дод Ментл на крајот на неговиот мастер клас кој го водеше Најџел Волтерс, дологодишен прв човек на ИМАГО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oskarovecot-entoni-dod-mentl-na-iffk-brakja-manaki-sekogash-gi-sakav-igrite-so-svetlinata/feed/ 0
Во Битола почнува фестивалот на кинематограферите од светот „Браќа Манаки“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitola-pochnuva-festivalot-na-kinematograferite-od-svetot-brakja-manaki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitola-pochnuva-festivalot-na-kinematograferite-od-svetot-brakja-manaki/#respond Fri, 19 Aug 2022 06:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=720774

Кинематограферите од светот од денеска до 26 август ќе бидат на Фестивалот „Браќа Манаки“ чие 43. издание ќе се реализира во битолскиот Центар за култура, Офицерски дом, кино „Манаки“ и летна тераса на КИЦ-Битола. Свеченото отворање е закажано за вечер во 21 часот во големата сала на НУ Центар за култура каде ќе биде поставен црвениот ќилим за ѕвездите на фестивалот, а за публиката на големото платно ќе биде емитуван францускиот игран филм „Мајка и син“ во кој кинематограферка е Елен Луварт. Оваа година има 14 филмови во главната програма, а меѓу фаворитите за златна „Камера 300“ се филмот „Триаголник на тагата“, кој оваа година на фестивалот во Кан ја доби „Златната палма“, потоа „Алкарас“ кој премиерно беше прикажан на Берлинскиот фестивал и е добитник на главната награда „Златна мечка“, потоа филмот „Вози ја мојата кола“ од 2021 година, кој на Канскиот фелстивал лани ја доби наградата за најдобро сценарио, а потоа доби и многу други награди, меѓу кои БАФТА наградата за најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, „Златен глобус“ и „Оскар“ за најдобар интернационален игран филм, но и филмот „Божјата рака“, кој премиерно беше прикажан во Венеција минатата година и доби „Сребрен лав“ од жирито. Во конкуренција се и два македонски филма – „Снежана умира на крајот“, македонско-кипарски филм и „Мими“, македонско-хрватско-црногорска продукција. На вечерашното свечено отворање доаѓа Ентони Дод Ментл, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело, а на свеченото затворање на Фестивалот ќе присуствува една од легендите на кинематографијата, Џон Метисон. Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се одржува под покровителство на претседателот на државата и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitola-pochnuva-festivalot-na-kinematograferite-od-svetot-brakja-manaki/feed/ 0
„1000 години Сведок на Светлината“ на фестивалот Браќа Манаки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/1000-godini-svedok-na-svetlinata-na-festivalot-brakja-manaki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/1000-godini-svedok-na-svetlinata-na-festivalot-brakja-manaki/#respond Tue, 16 Aug 2022 09:20:00 +0000 https://kurir.mk/?p=719210

Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ посветен на големиот јубилеј на Бигорскиот манастир ќе биде прикажан во Битола, во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“. -Со посебна радост информираме дека документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ на КАТ продукција, на 24 овој месец (вторник), а во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, ќе биде прикажан во 20:30 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, рече сестра Ефимија. Додаде дека проекцијата е слободна и можат да ја проследат сите заинтересирани. Потсетува дека филмот „1000 години Сведок на Светлината“, кој е во режија на Илија Ико Каров, е снимен по повод нашиот голем јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година. -Филмот, пак, ја доживеа својата свечена премиера во Македонскиот народен театар на 15 април оваа година и постигна огромен интерес и позитивни критики од вљубениците во филмската уметност ширум светот, посочи сестра Ефимија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/1000-godini-svedok-na-svetlinata-na-festivalot-brakja-manaki/feed/ 0