браќа миладиновци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Nov 2022 07:49:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png браќа миладиновци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на „Philosophia Christiana“ и „И на небо и на земја“ од Милан Ѓорѓевиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-philosophia-christiana-i-i-na-nebo-i-na-zemja-od-milan-gjorgjevikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-philosophia-christiana-i-i-na-nebo-i-na-zemja-od-milan-gjorgjevikj/#respond Sat, 19 Nov 2022 07:49:48 +0000 https://kurir.mk/?p=763236

Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечер ќе се одржи дискусија на тема „Лице во лице“. Во рамки на дискусијата ќе бидат промовирани книгите „Philosophia Christiana“ и „И на небо и на земја“ од Милан Ѓорѓевиќ, како и на уште едно издание во превод на овој автор – „Византиска философија“ од бугарскиот историчар на философијата, професор и автор на дваесетина дела Георги Каприев. Милан Ѓорѓиевиќ е вонреден професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите философија, психологија и православно богословие XV – XXI век. Автор е на голем број научни и стручни трудови од областа на византиската философија, византиското богословие, патрологијата, христијанската етика и аскетското богословие, пастирската психологија и книжевноста, објавени на германски, англиски бугарски, српски и македонски јазик, во стручни и научни списанија и зборници во земјава, САД, Германија, Бугарија и Србија. Автор е и на монографијата Nikolas Kabasials – ein Weg zu einer Synthese der Traditionen, објавена за престижната издавачка куќа Peeters на германски јазик. Како што е најавено, по воведниот збор на претседателот на Филозофското друштво на Македонија, Љупчо Митковски, во разговорот за личниот однос како предуслов на знаењето ќе учествуваат проф. д-р Владимир Петрушевски, проф. д-р Ристо Солунчев, како и авторите проф. д-р Георги Каприев и проф д-р о. Милан Ѓорѓевиќ. Дискусијата ќе биде дел од тековниот „Христијански философски форум II“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-philosophia-christiana-i-i-na-nebo-i-na-zemja-od-milan-gjorgjevikj/feed/ 0
Збирката „Збунети компаси“ на Зоран Анчевски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-zbuneti-kompasi-na-zoran-anchevski-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-zbuneti-kompasi-na-zoran-anchevski-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/#respond Wed, 10 Aug 2022 08:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=716446

Збирката „Збунети компаси“ на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2022 година. Од 39 пристигнати книги во потесен круг, како што соопшти националната установа „Струшки вечери на поезијата“ влегле „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски, „Политики на стравот“ од Славица Гаџова-Свидерска, „Чинук“ од Ристо Лазаров и „Капе времето“ од Виолета Танчева-Златева. За изборот на наградата „Браќа Миладиновци“ на 61. фестивалско издание одлучувала жири-комисијата во состав на Наташа Аврамовска, претседател и членовите Иван Додовски, Марија Ѓорѓиева-Димова и Габриела Стојаноска-Станоеска. – Поетската книга „Збунети компаси“ на Зоран Анчевски, во издание на „Или-Или“ е зрело и интимно, во извесна смисла и исповедно поетско, односно автопоетичко огласување на авторот. Лирскиот израз на Анчевски во оваа поетска книга се огласува од средиштето на длабоката вкотвеност во појавноста на светот што нѐ опкружува, среде нејзината мена, која е воедно и тежиште на јарболот на аксиолошката вертикала по која угоре заблазува и удолу, пред стрмоглавоста, зазира духот, стои во образложението на жири-комисијата. Зоран Анчевски (1954) е поет, универзитетски професор, преведувач, есеист. По вторпат е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, откако во 2018 ја доби за стихозбирката „Небесна пантомима“. Има објавено девет поетски збирки, а добитник е на повеќе награди во земјава и странство, меѓу кои „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга „Патување низ скршени слики“ (1984), меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004). Објавил голем број есеи, критички осврти и студија од доменот на книжевната теорија „За традицијата“ (2007). Приредил и превел на англиски јазик, неколку антологиски избори македонска поезија и куса проза. За неговото преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Григор Прличев“ (2001). Избори од неговата поезија се преведени и објавени на повеќе од дваесет јазици во странски списанија и антологии. Неговите избрани песни на македонски и англиски јазик се објавени во 2011 година, а СВП ја објави на англиски јазик и наградената книга „Небесна пантомима“ (Celestial Pantomime, 2019). Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со Управниот одбор на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-zbuneti-kompasi-na-zoran-anchevski-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/feed/ 0
По барање на студентите: Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе биде отворена 24 часа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-baranje-na-studentite-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-kje-bide-otvorena-24-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-baranje-na-studentite-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-kje-bide-otvorena-24-chasa/#respond Thu, 13 Jan 2022 08:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=618712

По барање на студентите, работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде 24 часа. Град Скопје соопшти дека тоа било договорено на вчерашната средба на градоначалничката Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Ева Цветковска и Вера Палевска. -Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни. Градоначалничката Арсовска искажа недвосмислена поддршка за нивните предлози и потенцираше дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист, информира Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-baranje-na-studentite-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-kje-bide-otvorena-24-chasa/feed/ 0
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од утре со посебен протокол за работа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-od-utre-so-poseben-protokol-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-od-utre-so-poseben-protokol-za-rabota/#respond Mon, 31 Aug 2020 09:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=397149

Од утре читалниците во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работат од осум до 19 часот, од понеделник до петок. За работењето на читалниците ќе важи посебен протокол, за да се овозможи заштита на корисниците и на вработените од ширењето на коронавирусот. Како подготовка пред отворањето на читалниците во целиот објект се отстрануваат сите места за седење што се надвор од читалниците; на јасно видливи места се истакнуваат информации според кои – се забранува присуство во другите простории на објектот каде што се наоѓа читалницата (хол, аула, простории за одмор); предмети (чанти, ранци) не смеат да се оставаат на подот; вратите и прозорците не смеат да се затворат; храна и пијалаци не смеат да се оставаат на масите; означени насоки за движење во објектот каде што се наоѓа читалната; задолжително носење маска за лице во просториите на читалницата; масите и столчињата се наоѓаат на растојание од најмалку 1,5 до 2 метра и е ограничен бројот на посетители во читалните (во читалницата 1 на прв кат има 30 седишта, а во читалницата 2 на втор кат – 25 седишта); вратите и прозорците се оставаат отворени, истите тие се фиксираат; пред влезот се остава сунѓер со средство за дезинфекција на обувките; пред влезот на читалницата се поставува средство за дезинфекција на рацете; секое место за седење се нумерира; автоматите за самопослужување пијалаци и храна не се во функција. За влез и излез од објектот важат следните протоколи – пред секое влегување се дезинфицираат рацете; лицето задолжено за прием на студентите и распределување на местата во читалницата задолжително носи ракавици, маска и очила/визир за заштита; пред влегувањето во читалницата се мери телесната температура на корисникот; на пријавницата се покажува членска карта и се добива соодветно место за седење; се евидентираат времето, името, презимето и податоците за контакт; странката одговара на прашања дали бил/а во контакт со лице заразено со вирусот и дали има забележливи симптоми; напуштањето на местото за седење се најавува на пријавницата. За одржување на хигиената во објектот, санитарните простории ќе се дезинфицираат на секои два часа; по напуштање на местото за седење тоа ќе се дезинфицира и ќе се распределува по изминати десет минути. Централните вентилациски системи, вентилатори, клима-уреди и слично не се ставаат во употреба; се внимава на редот, мирот и одржувањето дистанца надвор од објектот; се работи според претходно утврдено работно време (од 8 до 19 часот од понеделник до петок, сабота и недела читалниците не работат); списокот со претходно запишани лица што ја посетиле читалницата и нивните информации за контакт се чуваат две недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-od-utre-so-poseben-protokol-za-rabota/feed/ 0
Дурловски: Да останеме доследни на заветот на Миладиновци кои достоинствено ги презентираа пред светот, посебностите на македонскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durlovski-da-ostaneme-dosledni-na-zavetot-na-miladinovci-koi-dostoinstveno-gi-prezentiraa-pred-svetot-posebnostite-na-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durlovski-da-ostaneme-dosledni-na-zavetot-na-miladinovci-koi-dostoinstveno-gi-prezentiraa-pred-svetot-posebnostite-na-makedonskiot-narod/#respond Thu, 25 Jun 2020 14:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=362939

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, Игор Дурловски во придружба на кандидатите за пратеници денеска положи свежи цвеќе пред споменикот на браќата Миладиновци и го повика македонскиот народ да остани доследен на заветот на кој што тие достоинствено го претставувале во светот. Да останеме доследни на заветот на Миладиновци, кои достоинствено и одговорно ги презентираа пред светот, посебностите на македонскиот народ, неговата култура и традиција, пишува во својата објава Игор Дурловски. #159ГодиниОдИзлегувањетоНаЗборникотНаМиладиновци #ОбноватаДоаѓа #ИсправиСеМакедонијо ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durlovski-da-ostaneme-dosledni-na-zavetot-na-miladinovci-koi-dostoinstveno-gi-prezentiraa-pred-svetot-posebnostite-na-makedonskiot-narod/feed/ 0
Има ли криминал тежок 100.000 евра во постапката за топол оброк за основците во општина Аеродром? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ima-li-kriminal-tezok-100-000-evra-vo-postapkata-za-topol-obrok-za-osnovcite-vo-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ima-li-kriminal-tezok-100-000-evra-vo-postapkata-za-topol-obrok-za-osnovcite-vo-opshtina-aerodrom/#respond Thu, 06 Feb 2020 10:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=300014

По неуспешниот тендер распишан на 23 декември минатата година за топол оброк во училиштата на територија на Општина Аеродром, спротивно од критериумите во новата постапка, во еден ден е завршена целата процедура и е избран најповолен понудувач, објавува НетПрес. Имено, на 24 јануари е добиена согласност за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас и истиот ден е донесена одлука за нова набавка, изготвена е тендерска документација, изготвен е записник од отворањето на понудите, Комисијата за јавни набавки извршила евалуација и е склучен договор со избраната фирма. Иако во тендерската докуменатција е потенцирана итноста на постапката, сепак минимизирањето на дадените рокови и експедитивното решавање за тендер вреден 6 милиони денари или 100.000 евра (за времетраење од два месеци), упатува на легитимни сомнежи и покрај тоа што набавката е во интерес на децата во сите осум основни уличишта во Општина Аеродром. Исто така, спротивно на утврдената тендерска документација, рокот за достава на понудите е 27 јануари, ама и покрај тоа изборот е донесен три дена порано, поточно на 24 јануари, иако во документите е наведено дека понудите не смеат да се отвораат пред наведениот утврден краен рок за нивно доставување. Со ова ускратена е можност за пријавување и на други евентуално заинтересирани фирми.     Симптоматично во оваа постапка е и делот во кој и покрај тоа што договрниот орган како услов за добивање на тендерот ја прецизира и месечната цена по ученик, која не смее да биде повисока од 2.000 денари со вклучен ДДВ, една од двете фирми кои учествувале нуди повисока цена. Тоа го прави и покрај тоа што јасно е нагласено дека секоја друга понуда од старт ќе биде елиминирана од Комисијата за јавни набавки. Сето ова изгледа дека една од двете фирми свесно нуди цена која ја надминува посочената вредност на понудата што е прифатлива за училиштето. Несфатливо е, зошто самата фирма би се дисквалификувала од старт и тоа во конкуренција од само два понудувачи? Имено, фирмата „Атриум ДИ-МИЛ“ дава понуда од 1.750 денари без ДДВ, односно 2.065 денари со вклучен ДДВ. А, фирмата која експресно го доби тендерот „Далма Фоод и Кетеринг“ доставила понуда од 1.694, однсоно 1.999 денари со вклуен ДДВ. Всушност само еден денар помалку од цената која договорниот орган бара да не се надмине.       И двете компании понудувачи, потоа, имаат потпишано изјава дека се откажуваат од правото на жалба во врска со изборот на најповолен понудувач, поради „крајна итност“. Веројатно поради „брзата“ постапка, која има низа неправилности, во извештајот за спроведената постапка, иако постапката ја спроведува ООУ „Браќа Миладиновци“, како договорен орган стои Општина Аеродром. Па, оттука не е јасно со кого новоизбраната фирма склучува договор, дали со ООУ „Браќа Миладиновци“ или со Општина Аеродром, бидејќи на дел од документите стои основното училиште, а на дел Општината.     Нејасно е и тоа што во постапката се бара сумата да не надминува 2.000 денари со вклучен ДДВ, иако претходно било плаќано по 1.500 денари за дете. Разликата од 500 денари, пак, сега општината најави дека ќе го субвенционира за секоа дете. На 29 јануари, Советот на Општина Аеродром донесе одлука за субвенционирање на топлиот оброк во основните училишта, во изност од 500 денари. Но, за да им се вратат овие пари на родителите, Општината ќе спроведе јавен повик на кој ќе може да учествуваат сите родители на децата кои користат топол оброк. Се поставува прашањето зошто работата е искомплицирана и во постапката не е наведена сума од 1.500 денари, туку за 500 денари повисока и потоа разликата да се субвенционира? Второто полугодие во осумте основни училишта во скопската општина Аеродром почна без топол оброк за учениците во одделенската настава. Еден ден пред почетокот на наставата родителите беа известени дека постапката за избор на најповолен понудувач за топол оброк уште не е завршена. Претходната постапката била поништена на 24, јануари, и во истиот дена се реализираше и изборот на новата фирма која два месеци ќе треба да обезбедува оброк за повеќе од 2070 деца, а во вредност од околу 100.000 евра. Но, и покрај навидум решениот проблем со низа законски нерегуларности, избраната фирма од денеска нема да доставува храна за децата чии родители не го потпишале договорот за исхрана. Објаснувањето е дека фирмата за овие неколку дена претрпела загуба бидејќи топол оброк доставувала за сите деца кои претходно се хранеле во училиштата, а дел за дел од нив родителите се уште не ги потпишале новите договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ima-li-kriminal-tezok-100-000-evra-vo-postapkata-za-topol-obrok-za-osnovcite-vo-opshtina-aerodrom/feed/ 0
Пожар во гимназијата „Браќа Миладиновци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-gimnazijata-brakja-miladinovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-gimnazijata-brakja-miladinovci/#respond Fri, 24 Jan 2020 10:17:58 +0000 https://kurir.mk/?p=294048

Во зоопросторијата на гимназијата „Браќа Миладиновци“ во скопската населба Драчево утринава избувна пожар на кој сè уште интервенираат скопските пожарникари. Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје за МИА изјавија дека на терен се испратени три возила и оти пожарот е сè уште активен. Пожарот бил пријавен околу 10 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-gimnazijata-brakja-miladinovci/feed/ 0
На СВП ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-svp-kje-bide-soopshten-dobitnikot-na-nagradata-brakja-miladinovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-svp-kje-bide-soopshten-dobitnikot-na-nagradata-brakja-miladinovci/#respond Fri, 24 Aug 2018 05:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=91382

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година на 57. Струшки вечери на поезијата ќе биде соопштен денеска на прес-конференција. Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали. Во потесен избор се стихозбирките „Небесна пантонима“ од Зоран Анчевски, „Под Дервишовото сиќе“ од Андреј Ал Асади, „Гласови“ од Јордан Даниловски, „Остави ме да си доиграм“ од Јовица Ивановски и „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска. Авторите на петте книги што влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ вчера го претставија своето творештво, а најдобрата книга ќе биде преведена на англиски јазик. На програмата денеска е меѓународното поетско читање „Матине“, поетски портрети, поезија на пат, ноќите без интерпункција... Фестивалот ќе заврши в недела со манифестацијата „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ На годинашните57. Струшки вечери на поезијата учествуваат 30 поети од 29 земји и 50-тина поети од Македонија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-svp-kje-bide-soopshten-dobitnikot-na-nagradata-brakja-miladinovci/feed/ 0
Пет стихозбирки во трка за наградата на СВП „Браќа Миладиновци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pet-stihozbirki-vo-trka-za-nagradata-na-svp-brakja-miladinovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pet-stihozbirki-vo-trka-za-nagradata-na-svp-brakja-miladinovci/#respond Wed, 15 Aug 2018 10:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=88135

Пет поетски книги се избрани во потесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година и од нив ќе биде прогласена победничката стихозбирка. Наградата ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата за најдобра поетска книга на македонски јазик меѓу две фестивалски изданија. Годинава во трка за наградата се: „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски; „Под дервишовото сиќе“ од Андреј Ал Асади; „Гласови“ од Јордан Даниловски; „Остави ме да си доиграм“ од Јовица Ивановски и „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска. Директорот на СВП Мите Стефоски денеска на прес-конференција, на која ја соопшти програмата на 57-то издание на фестивалот, рече дека од 41 книга во конкуренција за наградата, жирито ги селектирало овие пет наслови во најтесниот избор. Одлуката на жирито за наградата ќе биде соопштена на прес-конференција во рамки на претстојните СВП, кои ќе се одржуваат од 22-ри до 27 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pet-stihozbirki-vo-trka-za-nagradata-na-svp-brakja-miladinovci/feed/ 0