брако – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Sep 2021 12:39:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png брако – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БРАКО: Забелешките при техничкиот прием никако не можат да се поврзат со несреќата, уредно беа отстранети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brako-zabeleshkite-pri-tehnichkiot-priem-nikako-ne-mozat-da-se-povrzat-so-nesrekjata-uredno-bea-otstraneti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brako-zabeleshkite-pri-tehnichkiot-priem-nikako-ne-mozat-da-se-povrzat-so-nesrekjata-uredno-bea-otstraneti/#respond Thu, 09 Sep 2021 12:39:42 +0000 https://kurir.mk/?p=561542

БРАКО ДОО изразува најдлабоко сочувство за вчерашната трагедија во Тетово и ги отфрла како шпекулации информациите во некои медиуми дека има каква било поврзаност со несреќата во модуларната болница. Компанијата тврди дека оној дел од работите кои биле нејзина одговорност при изградбата, се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет. Воедно ги повикува истражните органи, побрзо да ги расчистат околностите кои доведоа до овој трагичен настан. -Нашата компанија, која работи по највисоките стандарди за квалитет, е испорачувач на модуларни префабрикувани контејнери на споменатата модуларна болница. Во интерес на објективно информирање на јавноста, сакаме да потенцираме дека оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет. Пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои беа наша обврска се тестирани и проверени, за што впрочем е доказ уредниот технички прием на објектот, кој е потоа предаден во употреба, а согласно ригорозните стандарди на Светската Банка како финансиер на проектот, а преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика, наведува БРАКО. Според компанијата, забелешките кои се појавиле при техничкиот прием и кои се спомнуваат од некои медиуми, биле во најголем дел од естетска природа и никако не можат да се поврзат со несреќата. Уредно биле отстранети во зададениот рок, пред пуштање на болницата во употреба. -Повикуваме целокупната документација за техничкиот прием да биде објавена од страна на надлежните институции. Нашата компанија ги повикува сите истражни органи, што побрзо да ги расчистат сите околности околу овој трагичен настан, и да излезат со детали од истрагата. Компанијата стои на располагање за стручна помош, информации и соработка со сите надлежни институции, а со цел да се разјасни случајот во најкус можен рок, истакнува БРАКО. Во соопштението се додава и дека компанијата е згрозена од манипулациите со овој случај. -Апелираме и повикуваме, оваа трагедија и губитокот на човечки животи да не се користи како средство за дневно политички и лични препукувања. БРАКО е компанија која работи повеќе од 20 години и е доминантно извозно ориентирана за светксите пазари и извезува во 42 држави, меѓу кои Шведска, Велика Британија, Холандија, Белгија, САД итн. каде исто така се бараат и почитуваат највисоки стандарди. Најостро ги демантираме сите шпекулации чија единствена цел е оцрнување на нашата компанија, а не откривањето на вистинските причини за трагичниот настан. За сите нови сознанија или информации навремено ќе ја информираме јавноста, наведува БРАКО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brako-zabeleshkite-pri-tehnichkiot-priem-nikako-ne-mozat-da-se-povrzat-so-nesrekjata-uredno-bea-otstraneti/feed/ 0
Шахпаска потпишува тендер, Кочо Анѓушев добива 3,6 милиони евра, народот плаќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-potpishuva-tender-kocho-angjushev-dobiva-3-6-milioni-evra-narodot-plakja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-potpishuva-tender-kocho-angjushev-dobiva-3-6-milioni-evra-narodot-plakja/#respond Tue, 06 Apr 2021 09:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=492989

„Брако“ веќе го наплати поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, откако преку посебна сметка за итно справување со КОВИД-19 на Министерството за труд и социјална политика веќе му се префрлени 3,62 милиони евра на добитникот на меѓународниот тендер, пишува Фактор.мк. По добиено одобрување од Светка банка, на истекот од минатата година со велешката компанија беа потпишани два договори за набавка на модуларните болници и за набавка на мебел и немедицинска опрема. „На двата јавни повици најниска понудена цена доставена е од Брако ДОО Импорт-Експорт, Велес, Република Северна Македонија, со тоа што на меѓународниот тендер за модуларните болници оваа компанија учествуваше со заедничко вложување со друга компанија. Вкупната вредност на двата договори изнесува 287.371.490,00 денари. Како што ѝ е познато на јавноста во градовите Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Скопје - Козле и Дебар веќе се инсталирани и опремени модуларните болници. Додека во Ресен и Тетово инсталацијата е во тек. Досега се исплатени 223.076.984,00 денари“, гласи одговорот од Министерството за труд и социјална политика. Повикот за набавка на 17 модуларни монтажни болници преку заем од Светска банка беше објавен лани во октомври преку “United Nations Development Business”, како и повикот за набавка на мебел и немедицинска опрема за опремување на модуларните монтажни контејнери. целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-potpishuva-tender-kocho-angjushev-dobiva-3-6-milioni-evra-narodot-plakja/feed/ 0
Од полскиот инвеститор за кој наводно беше наменето укинувањето на царината за литиум-јонски акумулатори која единствено компанијата на Анѓушев ги увезува, ни трага ни глас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-polskiot-investitor-za-koj-navodno-beshe-nameneto-ukinuvanjeto-na-carinata-za-litium-jonski-akumulatori-koja-edinstveno-kompanijata-na-angjushev-gi-uvezuva-ni-traga-ni-glas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-polskiot-investitor-za-koj-navodno-beshe-nameneto-ukinuvanjeto-na-carinata-za-litium-jonski-akumulatori-koja-edinstveno-kompanijata-na-angjushev-gi-uvezuva-ni-traga-ni-glas/#respond Mon, 19 Feb 2018 15:56:37 +0000 http://kurir.mk/?p=22983

Три месеци поминаа од кога владата на Република Македонија ја укина царината за увоз на литиум-јонски акумулатори, и сè уште нема детали дали и кога ќе инвестира во земјава полската компанија која беше посочена како оправдување за ваквата мерка, пишува Економски.мк. Во ноември  Владата ја укина царинската давачка, која претходно изнесуваше 15 отсто. Тие истакнаа  дека тоа се прави по барање на потенцијален инвеститор од Полска кој би произведувал електрични автобуси и мопеди. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека преговорите со компанијата се сè уште во тек. Имено, оваа мерка предизвика сомнежи и бранувања во јавноста затоа што само една компанија од Македонија би имала огромна корист од оваа мерка а тоа е компанијата на актуелниот вице- премиер Кочо Анѓушев. Компанијата Брако на Кочо Анѓушев е компанија што ги увезува овие  акумулатори и ги вградува во електрични возила. Ова не е  прв пат луѓе кои се дел од  сегашната владејачката структура на  Република Македонија да ги искористуваат нивните позиции за да носат закони кои се наменети за нивен сопствен бенефит додека македонските компании се оставени сами на себе. Голем дел од експертската јавност го критикуваше планот за економски развој на владата на Република Македонија и го окарактеризира како селективен и не фер. Малите компании се жалат дека мерките се така скроени да средствата одат само кај подобро стоечките компании додека за малите компании кои се моторот на секоја економија се маргинализирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-polskiot-investitor-za-koj-navodno-beshe-nameneto-ukinuvanjeto-na-carinata-za-litium-jonski-akumulatori-koja-edinstveno-kompanijata-na-angjushev-gi-uvezuva-ni-traga-ni-glas/feed/ 0