бракови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 17:39:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бракови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Расте бројот на склучени бракови: 75 парови го кажале судбоносното ДА во Дебар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/raste-brojot-na-sklucheni-brakovi-75-parovi-go-kazhale-sudbonosnoto-da-vo-debar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/raste-brojot-na-sklucheni-brakovi-75-parovi-go-kazhale-sudbonosnoto-da-vo-debar/#respond Wed, 16 Aug 2023 17:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=867580

Од секторот за бракови при општина Дебар потврдуваат дека годинава е забележан раст на бројот на оние кои го кажале судбоносното "да". -Во изминатите седум месеци од годинава регистрирани 75 бракови, наспроти истиот период минатата година кога имавме 48 бракови. Тоа секако и поради фактот што добар дел од иселениците кои престојуваат во родниот крај на вечна љубов се заколнуваат тука во нашата канцеларија, која функционира во општинската зграда, рече Афрдита Шахини од секторот за бракови при општина Дебар. Според неа, поголемиот број се бракови на млади кои живеат во некоја земја на ЕУ, главно во Италија, Швајцарија, Германија, а потекнуваат од Дебар. - Кога зборуваме за бракови  во општина Дебар мора да нагласиме дека жителите на селата Џепиште и Отишани имаат канцеларија на Управата за матична евиденција каде може да склучат брак. Таму се регистрирани девет бракови оваа година, зашто младите од овие две села најчесто тоа го прават во Дебар, нагласува Шаини. Поради масовната миграција, години на ред бројот на бракови ни оддалеку не може да се спореди со претходно. Ако пред повеќе од една деценија имаше и околу 300 бракови годишно, сега во просек има по 100 бракови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/raste-brojot-na-sklucheni-brakovi-75-parovi-go-kazhale-sudbonosnoto-da-vo-debar/feed/ 0
Негативен природен прираст и помалку склучени бракови во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negativen-priroden-prirast-i-pomalku-sklucheni-brakovi-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negativen-priroden-prirast-i-pomalku-sklucheni-brakovi-vo-makedonija/#respond Wed, 30 Nov 2022 11:45:54 +0000 https://kurir.mk/?p=768803

Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица бележи намалување од 28.9% во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња. Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во ова тримесечје од годината склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5.1 % во споредба со истиот период од 2021 година. За третиот квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13.0 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negativen-priroden-prirast-i-pomalku-sklucheni-brakovi-vo-makedonija/feed/ 0
Љубовта им траеше кратко: Најкусите бракови меѓу славните личности (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ljubovta-im-traeshe-kratko-najkusite-brakovi-megju-slavnite-lichnosti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ljubovta-im-traeshe-kratko-najkusite-brakovi-megju-slavnite-lichnosti-foto/#respond Thu, 21 Oct 2021 07:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=582880

Среќниот живот, понекогаш,  трае само – неколку дена. Следат некои од најкратките бракови на светската филмска и музичка сцена. Ким Кардашијан и Крис Хамфрис Поранешната американска кошаркарска ѕвезда ѝ беше втор сопруг на старлетата Ким Карашијан. Раскошната телевизиска венчавка се одржа во август 2011 година, а нивниот брак заврши за 72 дена. Памела Андерсон и Рик Соломон Првото искуство на олтарот на двојката ѝ беше на 6 октомври 2007 година во Лас Вегас. Разводот дојде по 68 дена. Сепак, парот се смируваше и се разделуваше многупати следните години и повторно се венчаа во јануари 2014 година. Се разведоа по 173 дена. Дру Баримор и Џереми Томас Во 1994 година, 19-годишната Дру се омажи за 32-годишниот Џереми. Еден час претходно, во 5 часот наутро, двојката најми свештеник. Дру поднесе барање за развод 39 дена подоцна. Еди Марфи и Трејси Едмундс Двојката се венча на скромна свеченост на островот Бора Бора. Само три дена по венчавката, двајцата го напуштија островот одделно. И, по 14 дена официјално се разведоа. Кармен Електра и Денис Родман Денис Родман успеа да го собори својот личен рекорд од претходниот брак, кој траеше 82 дена. Нешто повеќе од една седмица заеднички живот, НБА-кошаркарот поднел барање за развод, а причината, официјално, била тоа што бил во алкохолизирана состојба за време на венчањето. Бритни Спирс и Џејсон Александар Во јануари 2004 година, американската пејачка се омажи за нејзината љубов од детството – Џејсон Александар, во Лас Вегас. Нивниот брак траеше нешто повеќе од два дена – 55 часа. Заза Габор и Фелипе де Алба Мексиканскиот глумец Фелипе де Алба беше сопруг број 8 за некогашната светска филмска ѕвезда. Двојката кажа „да“ на брод на брегот на Мексико. Следниот ден бракот беше поништен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ljubovta-im-traeshe-kratko-najkusite-brakovi-megju-slavnite-lichnosti-foto/feed/ 0
Во Албанија лани 22 отсто помалку бракови споредено со претходната година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-lani-22-otsto-pomalku-brakovi-sporedeno-so-prethodnata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-lani-22-otsto-pomalku-brakovi-sporedeno-so-prethodnata-godina/#respond Tue, 23 Feb 2021 13:42:03 +0000 https://kurir.mk/?p=472788

Пандемијата, која минатата година, неочекувано го погоди целиот свет, во Албанија промени многу планови, како и многу демографски индикатори во земјата. Карантинот што траеше од средината на март до почетокот на мај целосно го парализираше животот во земјата. Но и следните месеци не беа идентични со изминатите години, со дополнителна грижа и ограничено движење. Сето тоа секако свое влијание имаше и во бројот на бракови во земјата, кој е значително помал споредено со претходната година. Според статистичките податоци што албанските институции ги пријавуваат до Евростат, минатата година во земјата биле склучени околу 17.500 илјади бракови, што преставува пад од 22 отсто. Ова е најмал број на бракови од 1990 година, кога имало над 30.000. Гледано одделно по месеци, падот на бројот на оние кои го кажале судбоносното „да“ започнал во март, кога биле склучени само 640 бракови, од околу 1.700 истиот месец претходната година. Во април, на врвот на карантинот, имало само 71 брак, со намалување од 96 отсто во споредба со истиот месец претходната година. Најголем број бракови има во август, околу 2.300, но сепак е помал за девет отсто во споредба со август претходната година, тренд што е поврзан со доаѓањето во родниот крај на емигрантите за летниот одмор. Во следните месеци, иако ограничувањата беа намалени, бројот на бракови продолжи да опаѓа (-11,7% во септември и -14,3% во октомври). Само во ноември бројот на браковите е приближно на истото ниво со ноември 2019, со намалување 4,5 отсто. Враќањето на ограничувањата во декември и неможноста емигрантите да дојдат во родниот крај, како резултат на зајакнатите мерки во земјите каде што живеат, бројот на бракови е помал за 13,4 отсто. Дури и пред пандемијата, бројот на бракови во земјата се намалуваше, меѓу другото како последица на стареењето на населението, голема емиграција, промени во животниот стил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-lani-22-otsto-pomalku-brakovi-sporedeno-so-prethodnata-godina/feed/ 0
Намален бројот на склучени бракови за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-sklucheni-brakovi-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-sklucheni-brakovi-za-vreme-na-pandemijata/#respond Thu, 31 Dec 2020 12:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=450680

Голем е бројот на граѓани кои годинава не ја крунисаа својата љубов со брак поради пандемијата на коронавирусот што трае повеќе од десет месеци. Со забраната за масовни собири, веселби и дружења, дојде до откажување на претходно закажаните свадби и венчавки, а мал е бројот на оние кои се решија да склучат брак само пред матичар. Оваа година, како што велат од Управата за водење матични книги, бројот на склучени бракови е 7000, што е за околу 4500 помалку од лани. За склучување брак во време на пандемијата се воведоа и протоколи. Присуството на гостите беше сведено на минимум со почитување на пропишаните мерки за заштита, како одржување дистанца, носење маски и дезинфекција. -На регистрацијата може да присуствуваат матичарот, брачните партнери и нивните двајца сведоци. Присутните мора да носат маски и ракавици и да се држи дистанца од два метра со матичарот. Истото важи и за во салите и за на терен на отворено, додека кога се на отворено може уште пет – шест лица на дистанца со маски. Церемонијата е скратена на 10 минути, посочуваат од Управата. И додека бројот на склучени бракови е намален, во третото тромесечие од оваа година регистриран е пораст на бројот на разводи. -Во период од три месеци добиени се 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу постапки за разводи регистрирани се во Скопје, Тетово и Куманово. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-sklucheni-brakovi-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
Во Унгарија само брачните двојки ќе можат да посвојуваат деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ungarija-samo-brachnite-dvojki-kje-mozat-da-posvojuvaat-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ungarija-samo-brachnite-dvojki-kje-mozat-da-posvojuvaat-deca/#respond Tue, 15 Dec 2020 15:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=443591

Унгарскиот Парламент денеска усвои Закон, со кој на истополовите двојки практично им се забранува да посвојат деца.
Со Законот, предложен од Владата на премиерот Виктор Орбан, се дозволува само брачните двојки да можат да посвојат деца, додека на самците тоа ќе им биде овозможено само со посебна дозвола од министерот за семејство. Во Унгарија не се дозволени истополови бракови. Унгарскиот Парламент исто така го измени и Уставот, спортед кој семејството се дефинира како заедница помеѓу татко, кој е маж и мајка, која е жена. Хомосексуалците досега можеа да посвојуваат деца, ако еден од партнерите аплицираше за посвојување на дете како самец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ungarija-samo-brachnite-dvojki-kje-mozat-da-posvojuvaat-deca/feed/ 0
Бурното љубовно минато на Јелена Карлеуша: Убиство на свршеникот, развод со првиот сопруг… https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/burnoto-ljubovno-minato-na-jelena-karleusha-ubistvo-na-svrshenikot-razvod-so-prviot-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/burnoto-ljubovno-minato-na-jelena-karleusha-ubistvo-na-svrshenikot-razvod-so-prviot-soprug/#respond Tue, 01 Dec 2020 15:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=437074

Денес важи за една од најпопуларните јавни личности во регионот, која води луксузен живот и гламурозен животен стил, но на почетокот на кариерата, Јелена Карлеуша (42) беше доста различна од поп-дивата што ја знаеме денес. Доста млада, таа ја имаше несреќата да го загуби свршеникот и тоа на доста брутален начин – беше убиен при враќањето од погребот на својот пријател. Имено, Карлеуша беше во љубовна врска со Зоран Давидовиќ Чанда, за кого многумина шпекулираа дека има врска со српското подземје и со криминални дејствија. Во 1999 година, Јелена и Чанда се свршија, а на 23 март 2000 година тој беше убиен. Пејачката за убиството ги обвинуваше Аркан и Цеца, со која се’ уште е во „војна“, а по трагедијата, се повлече од сцената. Кога ѝ се врати на музичката кариера, отпеа песна за покојниот свршеник – „Балада за Зоран“. Нa 23 септември 2004 година, Јелена се омажи со познатиот српски бизнисмен Бојан Кариќ. Меѓутоа, бракот им се распадна во март во 2005 година, наводно поради прељуба од страна на пејачката. Сепак, сестрата на Бојан, Данијела имаше што да каже за бившата снаа: Таа не се омажи со него заради пари, тие се сакаа. Постоеја девојки што сакаа да влезат во нашето семејство заради интерес, но Јелена не е една од нив. Со неа убаво се согласував, ми беше една од најомилените снаи. Карлеуша приватно е мошне пристојна и фина личност, секогаш ми укажуваше почит и немам нешто лошо да кажам за неа. За неа имав убаво мислење и се’ уште го имам.“ Во 2008 година, Јелена Карлеуша се омажи со фудбалерот Душко Тошиќ со кого ги роди своите ќерки Атина и Ника. Нивниот брак го раздрма наводната афера на поп-дивата со фудбалерот Огњен Врањеш, но успеаја да им одолеат на проблемите и медиумскиот линч и да го одржат бракот. Кога бев мала ,најмногу ме нервираше сиромаштијата. Ме болеше кога ги гледав мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат. Бев скромно девојче, кое не бараше ништо. Само да ми веруваат дека еден ден ќе успеам. И ми веруваа. Јас успеав заради нив“, изјави Карлеуша непосредно пред својот 40-ти роденден. И така беше… Денес таа е една од најпознатите личности во Србија и пошироко, која само на Инстаграм ја следат над милион следачи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Извор: УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/burnoto-ljubovno-minato-na-jelena-karleusha-ubistvo-na-svrshenikot-razvod-so-prviot-soprug/feed/ 0
Коронавирусот ги стопираше склучувањата на браковите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-gi-stopirashe-skluchuvanjata-na-brakovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-gi-stopirashe-skluchuvanjata-na-brakovite/#respond Mon, 13 Apr 2020 09:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=331316

Иако подрачните одделенија на Управата за водење на матичните книги работат непречено, коронавирусот е причина речиси воопшто да нема или да се откажуваат процедурите за склучување бракови, говори искуството на вработените во тетовското подрачно одделение. Граѓаните и посебно младите согласно препораките за намалување на ширењето на коронавирусот ја избегнуваат оваа животна определба и се решаваат процедурата да ја направат во иднина. Во тетовското подрачно одделение велат дека вработените одат на работа и од тој аспект нема пречки за потпишување во матичната книга на венчаните. Единствена рестрикција има за присуство на луѓе при одвивање на церемонијата. Дозволено е да има само пет лица внатре за да има доволно оддалеченост и да бидат присутни само двајцата кои склопуваат брак, двајца сведоци и матичарот. – Одделението работи без проблем. Согласно препораките и мерките на Владата, намален е капацитетот на вработените. Од друга страна, намален е интересот сега да се склучуваат браковите. Надвор од нашите службени простории воопшто нема склучување бракови бидејќи, нели, не работат угостителските објекти, а нема венчавки ни во верските објекти, во црквите, како што било практика досега. Има и откажувања на пријавите. Лично сметам дека бракот сега дојде време да се смета како луксуз поради атмосферата, така што сите сега ја одложуваат оваа работа, вели Нагип Назмиу, раководител на тетовското одделение на Управата за водење на матичните книги. Отец Марјанчо Мадевски од тетовската епархија објаснува дека кај православните верници додека трае велигденскиот пост (од 2 март до 19 април) согласно правилата на Македонската православна црква не се прават венчавки. Сепак, има барања од младоженците за одложувања и во периодот што следува. – Венчавки закажани пример за во мај се одложуваат. Младите се одлучуваат на тоа поради состојбата со коронавирусот, а воедно бидејќи не се знае дали ќе работат рестораните во тој период. Имаме примери кои презакажуваат од мај за неколку месеци понатаму, во август и септември, објаснува отец Марјанчо Мадевски. И угостителските објекти кои не смеаат да работат сега, се договораат со заинтересираните свадбени прослави да се прават во понатамошните периоди на годината. – Нема откажувања, туку презакажувања, со тоа што се договораме и презакажаниот термин повторно да се разгледа со оглед на тоа како ќе се одвива ситуацијата и мерките околу коронавирусот, објаснува Жарко Неделковски, сопственик на угостителски објект за свадби. Статистичките показатели во Управата секоја година укажуваат на опаѓање на бројката на склучени бракови и сега ја потврдуваат состојбата со негативниот тренд. На целокупното тетовско подрачје заедно со руралните одделенија во февруари лани се склучени 142 брака, додека во февруари 2020 има 108 брака. Во март 2019 имало 131 брак, додека во март 2020 само 82 брака. Во текот на 2019 во Тетовско вкупно имало склучено 1 224 брака. На годишно ниво за целата држава има 11 059 склучени бракови. Управата за водење на матичните книги има 178 месни канцеларии низ целата држава каде што може да се стави потпис за склучен брак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-gi-stopirashe-skluchuvanjata-na-brakovite/feed/ 0
Последната деценија опаѓа бројот на склучени бракови во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poslednata-decenija-opagja-brojot-na-sklucheni-brakovi-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poslednata-decenija-opagja-brojot-na-sklucheni-brakovi-vo-hrvatska/#respond Fri, 14 Feb 2020 16:45:10 +0000 https://kurir.mk/?p=304117

Во последните десет години, се помалку двојки во Хрватска се одлучиле да стапат во брак. Според официјалната статистика минатата година склучени се 19.921 бракови, додека нивниот број во 2009 година изнесувал 22.382 бракови. Според хрватскиот Државен завод за статистика во изминатата деценија најмалку бракови се склучени во 2013 година – 19.146. Минатата година најниска стапка на склучени бракови забележени се во Истарската жупанија (3,8 на илјада жители). Статистиката покажува и оти во периодот од 2009 до 2018 година зголемен е бројот на граѓански бракови, а пад бележат верски бракови. Во 2009 година, 36,5 проценти од браковите биле граѓански, а според најновите расположливи податоци за 2018 година, тој удел се искачил на 49,9 отсто. Според тоа, имало 50,1 проценти верски бракови во 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poslednata-decenija-opagja-brojot-na-sklucheni-brakovi-vo-hrvatska/feed/ 0
Македонците се помалку стапуваат во брак- Се намалиле и разводите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-se-pomalku-stapuvaat-vo-brak-se-namalile-i-razvodite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-se-pomalku-stapuvaat-vo-brak-se-namalile-i-razvodite/#respond Fri, 17 May 2019 10:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=199029

Намален е бројот на склучени, но и на разведен бракови, покажува статситиката. Минатата година се склучени 13.494 брака или 2,1 отсто помалку од 2017-та, а бројот на разводи достигнал 1.620 што е намалување од 18,8 проценти. Според Државниот завод за статистика, најмногу бракови, 1.665 или 12,3 отсто се склучени во август, а најмалку, 738 или 5,5 отсто во март. Најчесто е стапувањето во прв брак со 93 проценти учество на жените и 91,8 отсто на мажите. Во втор брак со учество од 7,7 отсто и во трет брак со учество од 0,5 проценти од вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Во 2018 година, најголем број бракови, 4 446, се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години или 32,9 отсто. Според возраста, и кај мажите најголем број бракови, 4.999 или 37 проценти се склучени во истата старосната група од 25 до 29 години. Просечната возраст при склучување прв брак е 26,9 години за невестата и 29,6 години за младоженецот. Минатат година најмалку бракови, 63 или 3,9 отсто, се разведени во август, а најмногу, 172 или 10,6 проценти во декември. Според траењето на бракот, најголем број разводи, 322, се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-se-pomalku-stapuvaat-vo-brak-se-namalile-i-razvodite/feed/ 0